Го изненадувам, еве почесто во последно време Тој за среќа е гладна година, исто ко мене и си се радуваме заедно кога има нешто зготвено Можам слободно да кажам дека најубавите рецепти и идеи ги смислуваме заедно. Многу ми е драго затоа што е таков човек што можеме да си правиме муабет за храна до бескрај, и да уживаме во истата
Дечко ми овие работи воопшто не ги сфаќа ко изненадувања освен првиот пат. Уствари ја сум тип што нонстоп сака да спрема нешто, без разлика дали храна, или изненадувања во друга форма. Пошто знам дека на работа многу се исцрпува, многу пати се случило да му спремам дали благо (палачинки), дали мафини, или ќе му спакувам ручек, и ќе му го однесам за време на пауза. Торта првпат спремив за првата месечнина, а и он ми имаше спремено со мајка му и сестра му за мојот роденден (сигурно само декорирал). Како и да е, мене многу повеќе ме радуваат негови изненадни вниманија отколку на некој наш посебен датум. Мислам дека партнерот треба да се опсипува со љубов, внимание и грижа постојано, а не само за месечнини, годишнини и родендени.
Сакам да го изненадам маж ми со некоја убава торта. Наредниот месец му е роденден и планирам да му направам торта со интересен изглед.
Јас подобро најпрвин себеси со една торта да се ,,изненадам", ама не знам да ја направам, а пари немам готова да купам
Poveke sum po soleni raboti ne se ni obiduvam da se zamackam do lakti i da ne ispadne nisto Edna kupecka ke mu zemam gospod da me vidi
Му имам два пати за роденден правено торти. Првата беше скроз чоколадна, округла, цела со киткат и одозгора расфрлани мини орео, м&м и малечки розеви, црвени и бели срциња и врзана со лента. Втората беше чоколадна со цели лешници и фил од рум, округла, со киндер буено бело цела од страните, одозгора со рендано бело, млечно и црно чоколадо и со црвена лента.
Треба сега да му правам торта за роденденот ама немам идеја со што да му ја украсам веќе 3 дена мислам и немам идеја Сакав да му порачам ама пак незнаев каква Ќе направам нешто ама што не знам уште треба да смислам до среда.
Порачај денес и утре или задутре ќе ја имаш тортата. Поарно така отколку да се малтретираш да правиш. За ланскиот роденден му порачав торта на маж ми. Сакав безобразно да изгледа, ама децава сакаа со апликација. На торти не наоѓа маана.
Решив да правам не ми е тоа проблем туку се мислев со што да ја украсам. Имам идеја да ја обложам со бел марципан и да напишам одгоре ,,среќен роденден тато те сакаме најмногу со мама" и плус такво боди имам за синко со таков натпис. Се надевам ќе излези убава.
@orhideea земи направи сама, секако долколку имаш простор. Домашно е домашно, а и е секогаш полно со љубов. Немора да се замараш со 3-4 различни пандишпани, па 10 фил-крем... Едноставно нешто, имаш готови кори, смисли или изгуглај некој фил, или пак касато тортиче во било каков сад да се стегне, и после декорирај до бесвест.
Си имам проверен рецепт за роденденска торта ја правам неколку пати што се вели и го имам фатено редот и омилена е на мм. Со 2 фила и 2 пандишпани е. И декорацијата ја смислив само незнам како ќе излезе прв пат ќе правам со готов марципан.
Би го изненадила. Некоја убава чоколадна со декорации ако е за посебна прилика може и некоја во форма на срце врвено
На дечко ми му правам торти повеќе од оние што не се печат и тоа без некоја посебна причина и не е некоја изненада дека предвреме знае дека нешто ќе направам. А за некои така поспецијални прилики правам од таа што најмногу ја сака со мноооооогу чоколадо