Во изработка сум на страна на интернет која би била за учење на нови вештини. Сакам да слушнам мислење од вас дали би биле заинтересирани за ваква страна на која ќе треба да платите некоја минимална сума и сите информации да ви се достапни, значи онлајн лекции? И колку вие би платиле за страна за учење? Вашите мислења ќе ми помогнат да одлучам дали да го понудам ова во Македонија или директно во странство. Секое мислење е добредојдено.
@macencef На какви вештини поточно мислиш? И дали онлајн лекциите ќе бидат на македонски или на англиски јазик? Според мене ако тоа го понудиш тука во Македонија подобро би било да биде на македонски, бидејќи има луѓе кои не знаат англиски или послабо го знаат. Исто така според мене според нашиов стандард цената не би требало да биде многу висока, со што би можело секој заинтересиран да си дозволи, на пример 500-1000 денари на месечно ниво.
Се согласувам со @cresa-jagoda и имаш добра замисла. Мене сепак ме интересира дали ќе изработиш некаков демо пакет? Јас лично би сакала да ѕирнам какво е нештото пред да го земам. Пр. Ако имаш 101 лекција, една лекција да иди бесплатно за некој да можи да се одлучи дали сака да земи. Друго да не се повторувам се е кажано во мислењето над мене.
Па таа цена мислам и дека е и висока за овој стандард, секако би имало повеќе пакети, ама основниот нема да биди ни 500 денари месечно, реално така е. Па сакам да бидат и на двата јазици и дополнително лекции за македонци за учење на англиски и обратно, нормално наменети за странци и иселеници, кои не ни знаат македонски повеќе. Темите баш сакам да слушнам предлози, кои би биле популарни за женска популација? @theowndemon супер идеја и зошто да не? нека има една демо лекција, па ако ти се допадне - ќе си платиш пакетот. Нормално, на македонски и на англиски, нели, странциве да не се чудат што е ова сега. И контактирајте ме двете во лп за било какви идеи, сакам брајнсторминг од вас двете. убав ден
Во врска со демото, ќе продаваш цел пакет 101 лекција наеднаш или месечно ќе додаваш? Многу е важно ова. Зошто ако е наеднаш рачунај мора да биди тоа поскапо, и мора демо зошто никој нема да ти плати големи пари ако не знај дали добива квалитет. А ако е месечно, цената нека не е превисока ама па не и прениска и првиот месец нели бесплатно можи да види корисникот како му се допаѓа, а и не мора зошто нели месечното можи да го прекини кога сака, а демото можи да биди достапно за секој без разлика на кој пакет оди, ама прв бесплатен месец секогаш влечи повеќе корисници. Ако ги правиш и двата, прво израчунај колку ќе ти кошта еден месец па прерачунај колку би ти коштал целиот пакет, па на целиот пакет намали малку пари да биди попримамлив наместо месечниот, накратко да иди поевтино да го земеш целосниот. Према мене мислам на ова да посветиш повеќе внимание. Околу темите е апсолутно на тебе, почни од тоа што те интересира тебе и за кое имаш најмногу знаење и извори. Со среќа и кога ќе бидеш готова извести.
1. Онлајн учење на далечина? Нема потреба од употребување толку многу зборови кога можеш да кажеш на поедноставен начин: - учење онлајн / учење преку Интернет Се надевам дека нема да ми замериш на забелешката. Многу е важно да поедноставуваш што е можно повеќе кога нудиш нешто вакво. 2. Ќе имаш професори кои ќе ги подготвуваат лекциите? Или ќе преземаш од Курсера, Кан и слични страни? Ако преземаш и преведуваш или се инспирираш, мора да наведуваш извори. Последно што ни треба е уште една копирана страна со лош превод на македонски. Ми се допаѓа идејата. Ама имај на ум дека едноставните лекции на Интернет обично се бесплатни. За ученици од основно и средно, ја имаш Khan Academy и е целосно бесплатна. За повозрасни ученици има многу страни и таму обично се плаќа за сертификат, но ако не сакаш сертификат повторно е бесплатно. И тие се цели курсеви спремени од универзитетски професори. Со план, со задачи, со фидбек. Вредат пари. Знам дека вреди да се плати и цената што ја имаш на ум е пристапна. Сепак, знаејќи дека за остатокот од светот тоа учење е бесплатно, не знам дали Македонецот ќе ти плати. Ти предлагам да размислиш за друг начин на финансирање, преку реклами на сајтот. И би сакала да е во соработка со професори кои ќе придонесуваат со оригинална содржина. Да не е копија.