Дали би се смириле со некој со кој сте се скарале?

Дискусија во 'Сингл' започната од Ane_na_Bisera16, 25 декември 2020.

  1. Ane_na_Bisera16

    Ane_na_Bisera16 Активен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2020
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    42
    Пол:
    Женски
    Дали би се смириле со некого кој ви дава шанса да се смирите со него а претходно сте имале проблеми со него? :)
     
  2. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    1.258
    Допаѓања:
    7.632
    Пол:
    Женски
    Која е поентата на анкетата погоре, кога може да избереш и да и не во исто време? :D
    Неодредена е исто како прашањето. Се зависи од ситуацијата.
     
    На sunshinebabe, Justicija, thelittle17 и 6 други им се допаѓа ова.
  3. joyful

    joyful Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    1.687
    Пол:
    Женски
    Зависи од многу работи.
    Во каква врска сте - емотивна, фамилијарна, пријателска
    За каков вид на проблем станува збор.
    Биди поконкретна.
     
    На cresa-jagoda и Purplelilac им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    19.251
    Допаѓања:
    122.462
    Пол:
    Женски
    Ако се работи за пријателство, јас мислам ако не е голема кавгата и можете да си опростите тогаш сметам дека е во ред.
    Меѓутоа ако е нешто посериозно тогаш не секој заслужува втора шанса.
     
    На edna_malecka и Kimberly11 им се допаѓа ова.
  5. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    699
    Допаѓања:
    2.580
    Пол:
    Женски
    Не би се смирила.
    Затоа што за да дојде до кавга е потребно да го помине прагот на толеранција кој што е доста висок за мои блиски и не тек така ми текнува да се лутам и заминам без причина.
    Сум имала таков случај, сме се смириле на некој начин, комуницираме меѓутоа и двете знаеме дека не е како порано.
    Кажаниот збор и довербата многу тешко се враќаат.
     
    На Sindell, sunshinebabe, Svetoslava и 9 други им се допаѓа ова.
  6. little chili

    little chili Активен член

    Се зачлени на:
    12 декември 2020
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Според мене зависи и за која личност се работи,дали е од блиско семејство,пријател,партнер,но сепак чим претходно сум имала проблеми треба да имам во предвид дека постои голема шанса да имам пак такви проблеми,така да најверојатно не би се смирила.Бидејќи не секој заслужува повторно да си го трошиш времето и трпението.
     
    На sunshinebabe, edna_malecka, LadyLollypop и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. GirlWithACat

    GirlWithACat Активен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2020
    Пораки:
    190
    Допаѓања:
    256
    Пол:
    Женски
    Едноставно НЕ. Зошто сум се скарала во прв план? За да не се смирам пак.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    2.131
    Допаѓања:
    22.043
    Не, не се ни карам со некого, па да има можност за мирење. Ако изминал рокот на некоја релација , или некој ми згазне врз прст, повеќе се дешава fade away отколку кавга. А рамнодушност е углавном непоправлива кај мене.
     
    На Осе, Justicija, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Emotional123

    Emotional123 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    3.713
    Допаѓања:
    10.550
    Пол:
    Женски
    Кас не се расправам за ситница. Не би прекинала пријателство за глупости.
    Ако веќе сум прекинала, тоа значи дека меѓу нас има проблем кој не може да се надмине и не се навраќам повторно.
     
    На fana и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  10. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    234
    Допаѓања:
    1.798
    Пол:
    Женски
    Прашањево нема смисла спореед мене.
    И да да како што кажа Calltica погоре имаш грешка во насловот
    Оке според мене се зависи од ситуацијата и тоа со која личност треба да се смирам
    Секој заслужува 2ра шанса, ако еднаш згреши зошто да не се смириме повторно?
    Човек се менува.
     
  11. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    4.761
    Допаѓања:
    58.043
    Јас би рекла дека втората шанса најчесто нема никаква улога, луѓето не се менуваат.
    Секогаш кога сум давала втора шанса сум останала разочарана поради повторена грешка.
    За ситници обично и јас не се расправам, но ако е нешто сериозно не, не би се смирила. Ќе простам, но
    ќе го прекинам контактот.
     
    На sunshinebabe, sofija014, Осе и 4 други им се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    1.925
    Допаѓања:
    5.840
    Пол:
    Женски
    Темата ти е во сингл и најверојатно прашањето ти е во тој контекст. Јас досега не сум се смирувала со некој што немал почит спрема мене (а имало простор за нешто повеќе) и едноставно ми пречело таквото никакво поставување. Имало иницијатива после х време за смирување, но никогаш не сум прифатила. Јас лично не сум правела проблем на некој, така да битно ми било што сум излегла фер. Не одговарам како некој се поставува спрема мене од почеток, бидејќи после е обично доцна за смирување.
     
    На martovsko cveke и Summerbaby им се допаѓа ова.
  13. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    5.085
    Пол:
    Женски
    Нема врска дали станува збор за пријателство, врска со партнер, или некој од фамилија, јас лично сум личност што кога ставам крај на некој однос тоа е Амин и за век и веков, без разлика дали ќе се каам понатаму и да имам шанса да се смирам со таа особа не го правам тоа затоа што чим еднаш пукнало негде и дошло до ладење после нема простор за поправка.

    Е поради оваа моја особина без разлика дали е лоша или добра за некого имам само 1 блиска особа во мојот живот, а кругот на пријатели ми е сведен на 3 особи. За мене доволно.
     
    На Summerbaby, Осе и poenta им се допаѓа ова.
  14. GirlRose

    GirlRose Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2014
    Пораки:
    3.071
    Допаѓања:
    15.990
    Ќе те замолам за подетален вовед оти ова врска нема.
    Со една реченица не се отвара тема.
    Какви проблеми? Тепачки, кубење коси или вреѓање во стил „дебела си“ или пак оговарање?
    Што е причината за карањето?
     
    На Purplelilac му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.765
    Допаѓања:
    4.090
    Пол:
    Женски
    Можам. Ама сепак ЗАВИСИ што се случило
    Не сакам кога некој во караница ќе ме навреди мене, моето семејство или некој кој го сакам.
    Тоа е газење на нерв и тешко заборавам
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Justicija

    Justicija Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    4.032
    Допаѓања:
    15.520
    Пол:
    Женски
    Јас воопшто не се карам , само рамнодушно си заминувам ,и не возвратувам на нивните отровни стрели , мислам игнорирањето е најдобрата одмазда ,така да Не е мојот одговор ! Штом станам рамнодушна на нешто многу е доцна за било какво смирување !
     
    На thelittle17 и Snowflake97 им се допаѓа ова.
  17. Amellie13

    Amellie13 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    2.642
    Допаѓања:
    39.706
    Пол:
    Женски
    Зависи од она за кое сме се скарале и колку пати се случило.
    За ситници избегнувам да се карам, а и општо онака, со исклучок на сериозни ситуации во кои сум била намерно повредена.
    Имам повисок праг на толеранција и сум давала повеќе шанси за да заборавиме и продолжиме понатаму, ама еднаш ко ќе ставам крај ставено е засекогаш.
    Порано бев повеќе наивна и затоа толку време се задржав со токсични луѓе што газеа на мене и ме вртеа како сакаат. Сѐ исфрлив од животот и оние кои ми се блиски ми се стекнати само во последните 3 години.
    Луѓето скоро секогаш знаат што прават, па повеќе од една шанса не верувам дека би дала (и тоа во случај ако другата страна искрено се кае). :)
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  18. mira.mira

    mira.mira Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2016
    Пораки:
    584
    Допаѓања:
    5.607
    Da,ako realno zborime I toj saka da se smiri I ako e prv pat karanjeto.Ako me manipulira I se povtoruva ne se moram se odalechuvam. Bidejki vnimavam vo svoeto odnesuvanje prva ne odam da se miram.
     
  19. edna_malecka

    edna_malecka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    2.294
    Допаѓања:
    7.428
    Пол:
    Женски
    Зависи зошто дошло до кавга, воглавно не.
    Секој треба да биде свесен што прави..
     
  20. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    9.976
    Допаѓања:
    114.451
    Пол:
    Женски
    Сум простила и сум се смирила.
    Не сум заборавила.
    Или можда сум.:wasntme:
    Зависи кај ме дирнале.]:)
    Ако е некаде дубоко и не простувам.
    А дубоко е практична работа. Трупаш и мрзнеш.
    На крај моеш да се изненадиш после долго време што се од г*мненици си ставил у нутра.:doh:
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.