Никогаш не можете да бидете доволно сигурни дека видеото,сликите или шта год, нема да стигнат до рацете на оние кои не би требало да ги видат... За дел од секунда со интернетов може било кој, буквално било кој да ги види непожелните работи. Ако не сега, за година две, три,пет или кога и да е, ќе се провлечат некако било да се правени надвор од земјава или во неа, а јас ни под разно не би живеела таков живот, постојано исполнет со сомнеж, страв можеби или срам. Мислам, со ова и јасно до знаење го дадов и уствари одговорот мој на темава. Не би се снимала, фоткала или што ти знам јас.
но ако ги исклучиме овие ограничувачки фактори дали длабоко во себе посакуваш тоа да го направиш или и да постојат идеали услови не би го направила тоа.
Е незнам како можат да се исклучат факторите што ги спомна анабела-а. Тебе михаела ти се чудам на годините и на мислењата што ги пишуваш по форумев, не го свакај ова како навреда ама не можам да ја замислам мајка ми која е отприлика на твои години вакви свакања да има како твоите. Не би го направила тоа, од причините кои ги наброја Анабела-а
Со самото прашање што сега ми го постави Михаела, сметам дека темава ја тераш во сосем погрешна насока. Можеби мојот одговор тогаш би требало да биде дел од одговорите во темите за вашите сексуални фантазии или слично. Инаку, штом веќе тераме натака, фер ќе биде да одговорам. Кога би ги исклучила сите ограничувачки фактори кои ме спречуваат да го сторам тоа, повторно не би се снимала. Мислам,у реду је кај секого да ,,палат'' различни ствари, ама ете кај мене и не предизвикува некое посебно воодушевување, нечие возбудување на моја голотија или сцени. Индивидуална ствар е.
Тоа е затоа што во реалниот живот сите имаме маски, и затоа неможеш мајкати да замислиш со вакво мислење како моето, затоа што она си створила една слика за себе во вашите очи како што сака вие да ја гледате. Најверојатно неможеш да ја замислиш мајкати ниту како има секс, бидејки очигледно никогаш за тоа не сте разговарале а можеби е најперверзната особа во кревет. Како што ниту една мајка неможе да свати дека нејзиното дете е насилник или хулиган или недај боже наркоман, затоа што во главата си створила своја слика за него која очигледно е поразлична од реалноста. И, те молам и тебе и другите да си го кажеме сопственото мислење на одрдена тема баз да им судиме на другите и без да ги отценуваме нивните мислења со зборовите не ти доликува на годините, туку доколку имаме конкретна забелешка може да спориме а што на кого доликува неможеме ние да судиме.
Рече дека си мала а толку зрело размислуваш браво. Точно е тоа дека сите на прва викаме не ма нема шанси а фсушност го мислиме спротивното, е тоа е нашиот двоен морал. И во многу вакви шкакливи теми велиме да би го направила тоа но надвор од Македонија тука не. Значи она што не гуши е токму тој двоен морал на пр доколку јас се сликам гола и тоа дојде до рацете на некоја колешка, соседка .... Веднаш ќе речат види ја курва, а и тие би го направиле истото само што немаат храброст. Доколку сака некој што ќе одговори со не да ми каже што има лошо доколку некој ве види на слика или на видео гола? Зарем облеката е побитна од самото тело? Зошто стигматизираме одредени делови од телото дека по никоја цена не би требало да дојдат пред очите на другите? Мислам во денешно време тешко е да се каже што е морално а што неморално. Според мене неморално е да земеш пари со измама да украдеш а не е неморално ако чесно си ги заработиш парите а плус ќе си приуштиш едно задоволство. Да не се лажеме а секоја девојка и годи да се палат и воодушевуваат на нејзиното тело барем мене то ми импонира.[/quote] душо точно дека денеска не се знае многу за моралот и тешко се дефинира, ама и ти кога би гледала девојка која има интимни моменти со непознат маж, или девојка би рекла дека е курва и 100% не би сакала некоја таква да му биде жена на брат ти или пак на детето твое, тргни и од таа гледна точка, не би било вкусно ти на интернет да ја гледаш снаата твоја како има интимни моменти со некојси непознат, или пак ако имаш ти ќе пропаднеш во земја ако таа снимка ја видат родителите на момчето твое или пак твоите родители, па не пари цел свет да ти го дадат ќе го одбиеш за тој срам да не го трпиш. пошто честа не е вредна 1 000 000 000 евра или незнам таму која цифра да ја напишам пред толку нули.
А, дали тоа значи дека ако те нема на интернет ти не практикуваш секс? Дали доколку снаати ја нема на интернет тоа значи дека претходно не ја поминал пола град? Зарем неморални се само оние што се снимиле а оние што се растураат без камера се светици? Дали ти за брати ќе бираш некоја што претходно не видела маж и што имаш ти и јас со изборот на братми или сестрами? Е токму ти најдобро го опиша двојниот морал.
Сакам речам-незнам кажам,тоа е ... Михаела ,толку конфузни и нејасни размислувања немам прочитано,право да ти кажам. А за двојниот морал....друг пат.
Малце и ми е настрано и лудо на мене она создавање слики на мајки или татковци во акција, јас со мајка ми имам просечен однос на релација мајка - ќерка, го знае она што јас сметам дека би требало да го знае, и на било кои теми разговараме онаму до каде што сметам дека е доволно да се оди, не сакам да навлегувам премногу во детали, особено не на теми поврзани со секс или слично. Мислам,никој не би сакал да знае што им прават најблиските во кревет, каков им е сексуалниот живот или дали се најперверзни особи на свет. Не се отворам до крајност, кога ќе видам дека доволно е изнесено на тацна, јас самата сечам,стоп, толку е, доста се информации. Михаела, со почит на годините, мислам дека има многу да се научи од тебе некогаш,ама тука испомеша еден куп работи. Сега кога ги читам мислењава твои во темава, пробувам да формирам некоја слика, и се мислам дали ти ја носиш уствари таа ,,маска'' во реалноста која те соединува или некогаш те двои од толпата. Во секој случај, верувам ни на тебе не би ти било пријатно кога сосем ,,случајно'' би погледнала експлицитни снимки од твои најблиски.Ма веќе не знам ни што да мислам
Во секој случаj ѕвезди е во наводници, а претпоставувам знаеш што тоа значи. И зошто да си викам што би било кога би било, кога знам дека тоа е фантазија. Убаво е да си фантазираме, но се има граници. Тоа со ''уфураната'' нема да го коментирам, за да не дојде до не сакани последици.
Ne ! ni za milionska suma ne bi go napravila toa, ne bi se snimala niti pak za samta sebe si da se gledam toa mi e neopislivo mnogu odvratno.
Не е проблемот дали сме во Македонија или не, ова ми е рамно на познатата фраза "ама 21 век е". Тука веќе ми е продавање лажен морал. Како.. "не би јас тоа, знаеш ова е Македонија". Ахам, значи ако не сме во Македонија би се снимале. Штознам, некако од темава многу индиректни подпрашања и прашања можат да се провлечат. Лично јас, никогаш не би се снимила. Прво и основно за самата себе. Не сакам такво нешто, не ме возбудува тоа, не сум љубопитна, не гледам ништо интересно. Баш напротив мислам дека би била милион пати поздрвена и не би можела да се опуштам кога знам дека во моментот целиот чин се снима. За мене ова е рамно на сликање пред огледало во вц и прчење на уста. Исто како што мислат децата што се сликаат така дека се Парис Хилтон или Кардашијан, а излегуваат смешни и исмевани, така и тие што гледаат порно клипови мислат дека и они така ќе изгледаат ако се снимаат. Не си играјте само повеќе ќе си ги видите недостатоците на телото. Зашто ова не е филм. А да не збориме па за пари, јавност, гледање, интернет, семејство... итн. Тоа е јасно веќе да не се повторувам. На некој начин кога убаво ќе подразмислам, нарцисоидно е. Толку многу се сакате себе и своето тело и мислите дека сте секс бомби, па да сакате сето тоа да го "урамите"?
Ниту би се снимала за пари, ниту би дозволила дечко ми да ме сними, дури ни кога ќе ми биде маж. Да сум сакала да се снимам макар и разголена вероватно до сега мојата професија би била модел. Не е за срамот, не е за менталитетот. Едноставно до мене е. Да ме гледа секој еден, а тешко дека во денешно време, дури и во Америка да сум, нема да дојде таа слика или пак видео до тука. Така да, не би сакала цел свет да си се самозадоволува на мене. Јас нема да осудувам никого што се снимал, секој си знае како му е. Само ми е помалку жално, кога гледам дека некои девојчиња мислат дека сите ги ценат и почитуваат само заради тоа. Толку плитко размислуваат. Мислат дека на тој начин ќе добијат внимание од машките.