Дали би се јавиле на туѓ телефон?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Kukla994, 29 ноември 2015.

  1. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.949
    Допаѓања:
    45.429
    Чекајте, не ме напаѓајте.
    Нека не ви боде очи насловот и да си речете "Ауу нее никако, Кукло се мрдна ли?! :o"

    Секако дека прво што ни паѓа на памет на вакво прашање е - Не никако.
    Од култура, не се чепка по туѓи лични работи, знаеме сите.
    Но денес ми се случи нешто што би сакала да споделам со вас :)

    На работа на една колешка и се јави сестра и и ја повика веднаш да си оди дома и се дигнал притисокот на мајка и ,и и било многу лошо.
    Секако сета испаничена набрзина се спрема и замина.
    По некое време заѕвони телефон.
    Гледам накај нејзината маса-од таму идеше звукот.
    Незнаев што да правам, не се ни приближив до масата а место не ме држеше. Најлошо од се беше тоа што во тие моменти бев сама.
    Ѕвонеше два пати до крај а јас само го гледав од далеку.
    Кога почна да ѕвони по трет пат не издржав и станав.
    Одејќи накај масата си викав ако е сестра и ке се јавам а ако е некој друг нема.
    Гледам, пишува дека е сестра и.
    Го земав телефонот во рака и сета нервозна и се тресев а никако не помислував да потрчам да и го дадам бидејќи таа беше замината со автомобил.
    Собрав храброст и се јавив.
    Најпрвин се извинив и веднаш кажав дека со ***** е се во ред да не помислат нешто лошо, бидејќи ако ти се јави друг а ти очекуваш друг глас-шок е.
    На се помислив за да не се исплаши девојчето зошто доволно беше исплашено и испаничено.
    Убаво и објаснив дека таа е на пат а мобилниот го заборави на работа дека набрзина излезе, а јас си дозволив да се јавам поради тоа што знаев за состојбата на мајка и.
    Девојчето убаво ми се заблагодари што така сум постапила бидејќи после толку ѕвонење на се помислила...
    Завршивме со разговорот, седнав вдишив длабоко и ми олесни после таквата реакција на девојчето, културно и умно, а можеше да биде и лошо.
    После неколку часа дојде колешкава, ми се заблагодари што се јавив и и кажав на сестра и да не се грижат, а јас му објаснив и се извинив а таа неќеше ни да слушне за извинувањето мое безпотребно. За неја безпотребно ама јас чувствував должност да си се извинам. Ете, помина се добро и мајка и била подобра :)

    Искрено, не разгледав дали имат ваква тема, ако имат нека се премести мислењево или ако немат врска нека фаќат магла в канта :D
    А и незнаев каде да го сместам ова искушение па си дозволив да отворам нова тема. Незнам, можеби имате и вие вакво искуство па ке споделите, или па сте биле во ваков случај а не сте се јавиле на телефонот и сега се каете поради тоа...или ке ми кажете дека добро постапив, или па ке ме искарате...шознам. :D
     
    Последна измена: 29 ноември 2015
    На Dust, Valerin, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr и 12 други им се допаѓа ова.
  2. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.949
    Допаѓања:
    45.429
    Хммм..да. Заборавив да напоменам дека со колешката се знаеме и пред работата, не кузнај колку ама не сме непознати а доколку случајов би бил со колешка која се знаеме само 2 месеци, незнам дали вака би постапила...можеби да ама незнам.
    Како би постапиле вие?
     
  3. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.017
    Допаѓања:
    680
    Ne!cekam da prekine so znonenje i naredno vadam baterija za da ne zamara pak!zboruvam za na maz mi tel.zato sto cesto pati gi zamenuvame zaradi iks pricini.
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.560
    Допаѓања:
    4.664
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека ти добро си постапила,зошто и сама кажа дека ако не си кренела есестра и би испаничила по толку ѕвонење што значи пдообро да кренеш и да и ја кажеш целата ситуација,отколку да оставиш така.
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, karak и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Marjan007

    Marjan007 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    3.937
    Во твојот случај би постапил потполно исто...
    Сум имал случка каде што на помладиот колега со кој што имаме излегувано и надвор од деловниот свет да му ѕвони неговиот братучед кој што и јас го познавам добро...тогаш имам на шала кренато и звучев како брачата:lol:, најпрво се збуни човечето но потоа сконта кој е...
    Но на постарите колеги не, најчесто му го носам да се јава ако се тука, додека пак ако не се не го ни чепкам...откога ќе дојде му кажувам дека има ѕвонето...
    Но сепак зависи од случка, во твој случај и јас би постапил така...
    Браво женичке :* !!!
     
    На theowndemon, atala, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.949
    Допаѓања:
    45.429
    Тоа што се работеше за здравјето на мајка и, ете тоа пресуди да се јавам, инаку можда не би. :)
     
    На kikkki му/ѝ се допаѓа ова.
  7. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    6.671
    Допаѓања:
    192.324
    Пол:
    Женски
    И јас би постапила на ист начин.
    Е сега има ситуации и ситуации.. ако дотичната личност воопшто не ја познавам или пак кратко ја знам не би се јавила ниту погледнала никако, ако личноста ја знам и си се поштувам со нејзе ќе се јавам, имам доста блиски особи да така имало и имало вакви ситуации нит сум се навредила нит таа се навредила, се знаеме се поштуваме си живееме, ама има разлика од блискост до блискост нели?!
     
    На theowndemon, cresa-jagoda, macence994 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.620
    Допаѓања:
    14.325
    Пол:
    Женски
    Па добро во такви ситуации на итни случаеви и јас би се јавила би објаснала што е како е. Тоа ми е во ред.
    И јас пример да му ѕвонам така на некој што знам дека не е добар или е пијан или нешто, ќе ми олесни ако некој се јави и ми одговори дека се е во ред со личноста.

    На пример на брат ми кога му ѕвони упорно телефонот се јавувам ама секако му ги познавам другарите. И му викам пример спие, не е тука, ќе ти се јави после итн.
    На дечко ми не би кренала на телефон, на другарки можеби ако се знам со личноста која што ѕвони..
    На други луѓе дефинитивно не.
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.662
    Допаѓања:
    7.598
    Пол:
    Женски
    Има разлика од ситуација до ситуација.

    Всушност немам навика да кревам на туѓи телефони, но во твојов случај и јас би постапила така.

    Имало случаеви кога на брат ми телефонот по 10 пати ѕвонел, (а него никаде го немало) што ме нервирало до бескрај, но не сум се јавила, ниту му го знам друштвото, ниту пак некои од броевите му беа запишани.
    Сум се јавила можеби некогаш кога ѕвонеле тетка ми или баба ми, паничарки се и двете ако ја нема мајка ми на телефон вртат кај мене, брат ми, па на домашен, цел циркуз прават.

    Чепкање по туѓи телефони или одговарање на туѓи повици чисто онака тоест ради некултура, многу сум против.
    Постои нешто што се вика приватност и истото треба да се почитува.
     
    На VladeMila и Kukla994 им се допаѓа ова.
  10. Bloom19

    Bloom19 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 март 2015
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    1.601
    Пол:
    Женски
    Зависи на кого е телефонот и кој се јавува. Да речеме дека дечко ми го бара упорно брат му, мајка му или некој другар што го познавам би се јавила, но доколку е некој што не го познавам, подобро нека си се јави самиот. И општо, не само на него туку на сите луѓе што ги познавам, не ми е пријатно на некој да му ја нарушувам приватноста, освен ако не бидам замолена да се јавам во момент кога е зафатен/а да се јави лично. :)
     
    На cresa-jagoda и Kukla994 им се допаѓа ова.
  11. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    71.245
    Пол:
    Машки
    Систер, кaкo и пoвеќетo и јaс се сoглaсувaм декa испрaвнo си пoстaпилa. Сепaк се рaбoтелo зa итен случaј,a и кaкo штo ти кaжaлa сестрa и нa сештo пoмислилa.
    Акo е нештo итнo тoгaш би се јaвил и јaс, зoштo дa не. Немaм нaвикa дa кревaм нa туѓи телефoни. Се случувaлo нa мaјкa ми телефoнoт дa звoни, нaјчестo и врти брaтучеткa ми и aкo не е вo сoбa и гo нoсaм зa тaa дa се јaви. Ми викa: "Пa, штo не се јaвиш?", јaс и oдгoвaрaм декa тoa не е мoј телефoн и декa тaa требa дa си oдгoвaрa нa пoвиците. Истoтo гo oчекувaм и oд другите, мене кoгa ми ѕвoни некoј дa не се јaвувa нaместo мене. Меѓутoa брaт ми пoнекoгaш си се јaвувa, нит гo знaе, нит гo пoзнaвa и викa: "Аaa, Рaјт не е тукa, тaму oтишoл, вaму oтишoл. Јaви се пoкaснo." :x

    Инaку и aкo испуштaм некoј пoвик oд некoгo, не му се јaвувaм јaс, чекaм пaк дa ми се јaви. Не сaкaм дa си трoшaм кредит бе, кoј сaкa ќе ме пoбaрa.:devil:
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    3.949
    Допаѓања:
    45.429
    Ete, sega sum uste malku pomirna stom imam poddrska I stom poveketo, skoro site do sega isto bi postapile.
    Dobro sto si go iskazav toa so mi lezese na dushichka :D
     
    На cresa-jagoda, Bloom19 и Mr. Right им се допаѓа ова.
  13. girl.09

    girl.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2013
    Пораки:
    173
    Допаѓања:
    49
    Во твојата ситуација би постапила исто. Додека инаку не би се јавила колку сака нека ѕвони, не е мој, не чепкам. Тоа го правам со една единствена мисла „Не го прави некому, она што несакаш да ти го прават тебе“.
    Постојан разни ситуации, ако бидам замолена да се јавам или од претходно ми е кажано дека ќе ме бараат на туѓ телефон, тогаш сметам дека е океј.
     
    На cresa-jagoda и Kukla994 им се допаѓа ова.
  14. Sesil

    Sesil Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    27 ноември 2014
    Пораки:
    5.285
    Допаѓања:
    117.480
    Пол:
    Женски
    Во оваа ситуација би постапила баш исто.
    Инкако на туѓ телефон кревам ако е на ептен блиска особа и ако ја познавам личноста што звони, инаку не.
     
    На Kukla994 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.294
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    @Kukla994 SUPPORT!! :D

    Стојна мури, и телефон ви даваат на таа нива?!!??! машалааа германска нива напредна . Ние по децата уште праќаме :smirk:

    Шала на страна, арно си постапила и ја би исто.
    Лично, кревам на телефонот на мајка ми пошто обично баба ми звони и тоа непрекинато :rofl: а мајка ми никогаш не го носи телефонот со себе или пак не го слуша низ куќа.
    На другарки, дечко, брат и др лица не кревам никогаш. Зашто? - Не знам искрено, непријатно ми е,

    А од друга страна, страшно иритирачки ми е кога звонам на некоја другарка па ќе ми крене некоја шеста другарка (која не сум ја барала очигледно :^)) или дечко и, а па и од домашните на дм ми се има случено да ми кренат еднаш. Понепријатна ситуација амин за мене. :mp::call::!:
     
    На Someonespecial, girl.09, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    26.629
    Пол:
    Женски
  17. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    10.897
    Допаѓања:
    280.544
    Ne.
    I ne bi sakala nekoj na mojot da se javi
     
  18. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Кукле,ти супер си постапила,како што треба.Жената си го заборавила,а бил итен случај,не се секирај ич.
    Е сега,јас не верувам да би кренала,без разлика ситуацијата,ама тоа е до моите навики.
    Искрено познавам луѓе што креваат без да прашаат,а да не зборам за купот што одма гледаат кој ѕвони.
    Јас така не можам.
    На мајка ми телефонот знам да кренам многу ретко,кога ептен нешто е зафатена.
    Дури и на брат ми и сестра ми не кревам,оставам да ѕвони,бидејќи оној што му требаш пак ќе те бара.
    А на мојот давам,т.е во многу ситуации знам да речам крени,не можам и сл.
     
    На Kukla994 и jovanovska94 им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.140
    Пол:
    Женски
    Кревам слушалка на телефонот на татко ми. Се случува кога е на работа да си го заборави телефонот дома, ама тоа е ретко. Во тој случај кажувам дека татко ми е на работа, за да знаат луѓето да не сметаат на него ако нешто им треба. Се зависи од тоа кој го бара. Можеби го бара за некоја итна работа. Кревам слушалка и на телефонот на маж ми, ама и тоа е ретко.
     
  20. Dennings

    Dennings Популарен член

    Се зачлени на:
    18 септември 2013
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    2.640
    Пол:
    Женски
    Имам една другарка на која кога и да и вртам секогаш дечко и ми се јавува. Па шали, па смеи, па мисли дека е хумористичен, а јас сум и се јавила за нешто битно и не ми е до заебанции. И тоа таа е до него , а тој дали од љубомора,глупост или радозналост секогаш крева и замара кога не ми е до тоа. Иритира многу..
    Кревам само кај мајка ми на телефон кога не е до него или е зафатена и ќе ми рече да се јавам.
    Евентуално кај дечко ми кога тој не може и ќе ме замоли. Не знам непријатно ми е да му ѕвонат неговите или другари и јас да се јавувам. Сепак негов телефон е, него го бараат.
     
    На Valerin, Lotus-14, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.