Најправилна одлука си донела Кукле, сепак било итен случај. Јас не кревам на туѓи телефони, освен на мајка ми, и тоа само кога ќе јавуваат баба ми или тетка ми. А онака, не се сеќавам да сум кренала на некој друг телефон.
јас ова мн го мразам , кога звонам кај сестрами на мобилен ми се јавува свекрвае , што мајка бараш да креваш на телефон кога знаеш дека тој повик не е за тебе ???? WTF
Знам да се јавам кај сестра ми, мајка ми, братучедка ми и кај 2-3 другарки што сум поблиска, ама најчесто што ѕвонат се луѓе што ги знам.
Јас имам една мана, страшно љубопитна сум кога ѕвони туѓ телефон, пример на колешка, другарка, дечко и слично во случај тел да е на маса, поблиску до мене па да ѕвони и чисто да ѕирнам што пишува на екран. Ете мана ми е! Секој си има по некоја,мене ми е оваа. Не дека кревам, не дека се загледувам ко луда, но ете знае да ми привлече внимание и да свртам поглед. Секогаш кога сум кревала на туѓ телефон било на телефон на моите блиски кога ќе ме замолеле. Два пати кренав против туѓа волја. Првиот пат, кај дечко ми, упорно му вртеше една постара госпоѓа која го симпатише неколку години и се за празници му врти, овој мојов не и крева не тел нит и враќа ама ради работа некоја од порано не и се испонашал на тел и еден ден после година и кусур ѕвонење на празници, баш пред некое време и кренав јас чисто да види дека нема потреба да ѕвони кога гледаш дека никој не ти враќа.Бев крајно културна и кажав дека дечкото мој е зафатен и дека тој ќе ја бара. А он не и се прејави нормално, па да не ја заречам не е јавена од тогаш. Второ, сестра ми имаше забава дома две три девојчиња славеа роденден кај нас во стан каде што сме под кирија, и се напиле и едно девојче било толку многу пијано што заспало у дневна. Се враќам јас дома нареден ден во 7 саат да се спремам за работа и во дневна гледам девојче спие цврсто а телефонот на маса ѕвони без престан, ја се истуширав, се шминкам се облеков , телефонот не престанува. ЗНаете она кога едно за едно ви вртат, пробав да ја разбудам дури ја будев видов дека мајка и ѕвони зашто пишуваше мама на екран и ја будам и кажувам, Ивана ти ѕвони тел мајка ти те бара молим те крени,она не ме регистрира, едвај очи отвори и пак заспа. И тогаш кренав, затоа што знаев дека женава е престрашена, а јас крајно смирена и сталожена многу полека прво и кажав дека ќерка и спие која сум што сум и слично, женава хистеришеше на телефон, нормално 20 годишна ќерка не се вратила дома, она врти а никој не и крева. Среќа се смири женава кога и објаснив па после пола час ми се заблагодаруваше, но мајка како мајка сака да знае дека детето е океј па некако успеав и напраив кафе и викнав такси и со неа кај мајка и дома правец и женава ќефови. Така да, има ситуации кога е неизбежно или за нечие добро да крениш на телефон. Но само во тие ситуации а не тек така ќе ти текне и да си креваш на др. телефони тоа е некултура според мене.
Пример доколку личноста ми го даде тел во раце и ми рече јависе кажи вака и вака,(доколку сме во кафуле а она излезе до вц или слично но неможе да оди со тел а чека повик) би се јавила. секако А доколку ѕвони телефон од другарка или нешто слично Не би се јавила доколку не ми рече. Сепак тоа си е своја приватност на секого, не смеам јас да кревам на туѓ телефон, ниту пак сакам некој на мојот.
Зависно од ситуацијата и јас би или не би се јавила. Некогаш колешката ме замолува ако е на некој состанок, а чека некој повик, па јас да и се јавувам.Инаку во ситуациите што сте ги навеле во дискусијава, мислам дека е во ред што сте се јавиле.
Јас вообичаено не би се јавила на туѓи телефони без разлика дали ги познавам или,пак,не ги познавам тие коишто се јавуваат,само би погледнала на идентификаторот на телефонот кој се јавува за да пренесам на тој за кого што е повикот бидејќи не чувствувам потреба да одговарам на туѓи повици и сметам дека тоа е многу некултурно,а во такви ретки исклучоци како што е и случајот на @Kukla994 тогаш би се јавила бидејќи се работи за итен случај!Браво @Kukla994,навистина правилно си постапила,секоја ти чест!
Не,никогаш не кревам на туѓи телефони,само татко ми кога ѕвони на мајка ми а таа не можи да се јави,или некој од браќата.На дечко ми му дигам само кога тој ќе ми кажи ако е некој другар или брат му,а така сама не.
Јас не се јавувам на туѓ телефон, па дури ни тогаш кога ќе ми кажат да се јавам доколку не можат во даден момент. Телефонот секако регистрира кој те барал, така да нема потреба друг да се јавува наместо тебе. Е сега, во ситуацијава што си ја опишала @Kukla994 ОК е да се јавиш. Ама, не знаеш никогаш како ќе реагира другата страна и покрај тоа што добро си направила. Инаку, има доста кои и од љубопитство се јавуваат, како еден мој бивш колега. Не сум ли во канцеларија - па и на кратко време, а ми ѕвони мобилниот, си земаше за право да се јавува. Па потоа следуваа караници, ама по одреден период, пак истото од него - љубопитен, бетер од жена.
Единствено се јавувам на тел од мајка ми или татко ми ако видам дека некоја баба ѕвони, а ако се пријатели/колеги/роднини не кревам. Исто и кај брат ми (ако не е присутен) само ако е некој од стариве домашни. Инаку не се јавувам никаде, ни пак сакам некој кај мене да се јави. Ама во ситуација од првиот пост, мислам и јас исто би постапила...ако би знаела дека се јавува сестра и, а на мајка и и е лошо, па да не се креваат дополнителни паники, би се јавила.
Во ситуации како оваа би се јавила зошто знам дека би спречила поголема паника од онаа која веќе е настаната. Но лично ме нервира кога се јавувам кај некој и имам нешто да си кажам и пример ми се јавува дечкото/другарот и си тера заебанции... Првенствено ми е тотална непочит, а таму женската особа се смее ко Мистер Бин да го гледа во живо. Затоа од оваа причина никогаш не дозволувам некој да се јави на мој телефон во мое присуство. Сега боже мој да го заборавам телефонот па ме бараат моите од дома и да се јави некој сосема коректен однос одколку од памет да се извадат и да си вртат упорно. Не посегнувам по туѓ телефон да ѕирнам кој ѕвони или да се јавам, зошто мразам коа мене би ми го направил некој.
Зависи. 1) Дали го познавам човекот на кој му ѕвони телефонот 2) Дали го познавам човекот кој ѕвони на телефонот 3) Дали имам дозвола Често се случва другарка ми да оди до некаде да ми го остај телефонот и да ми речи „Еј можи да се јави цуцито, крени“, па дури се врати таа си муабетам со тој кој ќе се јави, нормално ќе знај дека сум јас. Или седнати во кафич ќе ми остај телефонот дур излези надвор па дур ѝ го дам си зборам, или само им кажувам „Еј неможи да збора“. На телефон кај дечко ми имам дозвола да јавувам ама ако не другар му - не кревам (воедно и мој другар,а и тој само тогаш си дава за право да крени на мој телефон, иако има дозвола). Не ми е згодно. Глупо ми е. На телефони кај моите дома обично не одговарам сем ако не ѕвони некој од фамилијата. Со други па и ретко сакам да кренам. Глупо ми е. Во секој останат случај го носам телефонот до сопствениот или го притискам на копчето за звукот за да престани да ѕвони гласно па после ако не заборам (надежно), ќе кажам дека ѕвонел телефонот. Некогаш можи да ми текни и по неколку саати, ама битно да не е забораено ... Од друга страна, не ми пречи некој да одговори на мојот телефон. Често кога играм и ѕвони некој му велам на брат ми да крени и да му кажи кој и да е дека ќе преѕвонам за едно 15-20 минути. Дечко, другарки - ако познаваат некој и им се муабети, а јас не сум таму, а мојот телефон е во нив - нека повелат. Воопшто не ми смета. Има врска дали мојот број стој на телефонот или нивниот кога тие двата си збораат? Крај краева ако пријателот кој ме бара е некој паничар па воопшто не кренам, можеби илјада мисли низ гла ќе му одат (обично јас сум тој пријател... )
Во ситуација да најдам туѓ загубен телефон и некој зазвони би кренала за да се обидам да најдам начин да го вратам на сопственикот.
Кога живеев струмица бев на кафе во гоосип ,упорно звонеше телефон проверив дали е на сепаре каде што седев а се слушаше многу блиску со раката фатив од страните и видов галакси бел од новите модели ,на келнер му го дадов некоj заборавил му кажав ,звонеше пак баш ке кревав да видам дали е сопственик на тел келнерот рече даj ми го ако го бараат ке им го дадеме му кажав важи нема проблем. По некое време доjде девоjка крупна праша дали сме нашле телефон кажав да на келнер го дадовме ,заплачана бриши солзи вика благодарам многу пиjаjте нешто од мене ,и рековме нема потреба наjважно телефон го наjде и пак кажа благодарам многу и отиде и пак доага дека телефон немало предадено каj шанкот ,фино лепо станав и jа однесов каj келнерчето вака и вака пред неа на него му повторив ситуациjа како беше , отиде бараше низ шанк рече можеби колега го зел ке и го даделе ,кога си одев бев вц на огледало се гледав го видов дотичниот келнер чепкаше низ телефонот и повеке таму не отидов , друг пат секако би кренала на повик чиj и да е ке кренам ако сопст на тел не е до него,а и дома така правам кревам и им кажувам каде се дали прават нешто во момент па да не можат да кренат па нема смисла да звонат упорно
Ние со друштвото имаме договор. Кога ѕвони мобилен без оглед на тоа кој е, се јавуваме ако оној кој треба да одговори не е тука. За среќа досега никој од нас се нема најдено во непријатна ситуација. Но, добро сепак ова правило важи кога си во круг на поблиски личности, во спротивно не. Секако, и при итна ситуација како во случајот на @Kukla994, која според мене одлично постапила.
Анаконда, ме насмеа. Не и замерувај, на жената може и се допаѓаш па сака да направи малку муабет со тебе. Единствено ако не сте во добри односи, тоа е друго.