1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали би удриле туѓо дете?

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Isobel, 9 јули 2018.

  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Онака. Ме интересираше.
    А дечко имаш? Мажена си? Колку години имаш? Вработена си?

    И тоа ме интересира :)
     
  2. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Женска имам моментално :D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.075
    Допаѓања:
    6.635
    Пол:
    Женски
    Мразам невоспитани и лоши деца, размазени на таквите ако не и удреш васпитна нема да престанат со нивното дрско однесување, бидејќи со збор палаво дете не се разбира :D
     
    На cresa-jagoda и sjdgo им се допаѓа ова.
  4. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Дали беше виц или нешто така, ама ние изгледа од "рајот" сме - зошто " ќотекот од рајот излегол".
    Не можам да поверувам како се расфрламе со "залепи му ја", "плесни го" ко добро утро добар ден :x
    Оди во некоја културна држава со нормални закони кои финкционираат па влепи му да те видам!! Па уште и на туѓо :!:

    Читајќи го ова се разочарав од мислење на една млада чичност!
    А тек од ова се запрепастив :x

    А сега, не знам по кои закони и по кое воспитување постојат сеуште луѓе кои поддржуваат " воспитување" на деца со ќотек и применуваат на своите деца, но длабоко сум разочарана што вакви има да ги риниш со лопата :(
    Децата се како сунгери и впиваат тоа што гледаат, па чим се тепаат други деца, многу јасно е дека тоа однесување го копираат а најчесто го научиле дома - или биле " воспитувани" така или биле "воспитувани" гледајќи такви содржини на тв или нет.
    Јас лично осудувам родители кои тепаат деца. Во себе. Не се дрзнувам да им се мешам во воспитување ма колку и да ми се блиски, ама ќотек и воспитување се сосем различни поими!
    Макар и шамар е насилство.
    И јас имам деца, темпераментни, палави, бесни :whew: Сум имала ситуации во кои те носат на раб на лудило, но наместо да плескам и шамарам јас практикувам гушкање, пеење, одвлекување внимание и да се смири ситуацијата почнувам со зборење.

    Досега, не сум се нашла во ситуација да треба да реагирам на друго дете нити некој друг родител ми удрил дете.
    И за колкаво дете збориме? Зошто не е исто 2 годишно, 5 годишно или 16 годишно. Но едно е исто - ќотекот не е решение за ништо.
    Насилството раѓа насилство!
    Имав среќа и чест да ме воспитаат прекрасни родители едниот психолог а другиот педагог и само за едно ме оставиле покусо - не знам што е ќотек!!
     
    На makedonkamak, bittersweet, Alishan30 и 7 други им се допаѓа ова.
  5. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.407
    Пол:
    Женски
    Боже,јас моето не би го удрила,а не нечие туѓо.
     
    На makedonkamak, mode-kristina и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.456
    Допаѓања:
    19.572
    Пол:
    Женски
    Да се едуцира и да се воспитува дете, не е лесно. Строгост, авторитет и респект кон родител и останати, не значи тепање и понижување на детето. Треба да им бидат всадени вистински вредности, но не со тепање, не со еден, два, три, десет шамари. Така имате пример на родител, кој дава сигнал дека шамарот/тепањето е во ред, детето да го употреби во ситуација која нема да биде согласна со неговите желби и интереси. Што мислите, дека едно шамарче не може да доведе до фрустрација и неправилно насочување на емоциите?! Во случајов, иницира агресија. Од една страна го учите оти тепањето не е во ред, а од друга, па што има врска ако мавнете по некое шамарче.

    Шлаканица е телесна повреда. И тоа е напад. И е физичка злоупотреба. Зошто?! Кога има толку многу други начини и методи за правилно воспитување. Зошто да го бираме најболниот начин за детето, а за нас најлесниот?!

    На жалост, од темава гледам дека ваквиот начин на воспитување е се уште на репертоар, како еден од воспитните мерки. А трагедијата е, тој тоа не е.

    Ако сакате вашите деца да ве слушаат од страв да не бидат удрени, а не дека знаат зошто не смеат да го прават тоа и тоа и ако сакате вашите деца да го пренесат ваквиот начин на воспитување на нивните деца, тогаш продолжете со заостанати размислувања од времето кога ќотекот од рајот излегол.
     
    На WildMk, makedonkamak, theowndemon и 4 други им се допаѓа ова.
  7. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.223
    Допаѓања:
    124.267
    У кое школо ќе работи девојчето од погоре да не го запишам детето таму.
     
    На WildMk, Bozica1980, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  8. honest girl

    honest girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 септември 2015
    Пораки:
    446
    Допаѓања:
    1.654
    Пол:
    Женски
    Ок ајде јадам јас деца за ручек :D
     
  9. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.002
    Допаѓања:
    118.146
    Пол:
    Женски
    Многу пати сум била во ситуација каде буквално децата ми скокале на глава.тоа не е милост-тоа е невоспитување од страна на родителите.
    Не,никогаш не би удрила туѓо дете,па макар и од кожа да ме извади.децата не се криви.
    Се лутам на родителите кои не ги воспитале,не реагираат кога дете како дете ќе се размази и ќе урла по дома.на гости многу пати сме биле во ситуација.со мечеви децата да не удираат и демек колат-се е тоа од цртаните по мобилните кои ги гледаат.го прашувам зошто правиш вака-одговор:"ми дојде многу сила",ја преврте масичката и стаклото сол го стори:xне за друго.стакло се купува.не дај боже оно ќе се исече(facepalm)
    Не го оправдувам тоа но не реагирам,советувам.Дете е.
    Родителите се криви зошто го дозволуваат тоа.
     
    На WildMk, mode-kristina и theowndemon им се допаѓа ова.
  10. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    14.642
    Допаѓања:
    116.348
    Пол:
    Женски
    Има многу размазени и невоспитани деца,но не треба да бидат тепани.Насилството не е решение.
     
    На Joi и WildMk им се допаѓа ова.
  11. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.514
    Допаѓања:
    27.297
    Пол:
    Женски
    Јас сум мајка на машко дете од 1,5 година. Посветена сум многу во осознавањето на детската психологија, но сеуште сум на почеток, па имам многу дилеми. Ставот по ова прашање ми е дека нормално деца не се тепаат и дека постојат многу начини за правилно да се воспита дете, ама ако сето тоа се започне навреме.

    Мене ме интересира вие родители на постари деца (што го мислите истото и што велите насилство иницира насилство), како ги учите децата да реагираат кога некој ги малтретира и тероризира? Дали ги учите да му вратат на напаѓачот или сепак се држите до тоа дека насилството не треба да го практикуваат па по цена и да бидат здраво истепани?

    Второ, имам случај во комшии, девојче од 5 години често знае да ги нападне децата на улица па дури и тие поголеми од неа. Ако нешто не е по нејзино директно мава на ќотек и хистериша (инаку е остроумно и интелигентно).
    Мајка и ја казнува и ја тепа, меѓутоа нормално нема никаков ефект (а воспитниот стил и е таков и според неа тоа е правилно). Исто и девојчето во нервоза удира по своите родители и по баба и.
    Јас кога сум била сведок на ситуација сум пробала смирено да разговарам со девојчето, ама не се разбира од збор. Скоро имав гостинка и си играа на улица и дојде гостинкава дома расплакана (8 години има), оваа и залепила шамар, ја подучив да не се закача, ама ако уште еднаш и го направи истото да и врати и таа.
    Утре знам ќе дојде ден ќе го истепа и син ми, како да реагирам тогаш? Ќе разговарам со родителите, ќе ја истепаат.... ќе разговарам со нејзе, нема ефект.... да си го затворам детето дома, не планирам... ??? Ете не сум умна како би постапила, а размислувам уште од сега зошто знам дека ќе се деси и не сакам тогаш во афект да изреагирам неправилно.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  12. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Како што постојат насилници во помалите годишта, постојат и во постарите. Доколку удрам јас дете тогаш тоа ќе се смета за казниво дело, но доколку дете удри дете тогаш работите се сосем други.

    Рецимо имате дете што е во 5то одделение и е малтретирано од неваспитано човече на негова возраст. Во 8мо одделение имате исто така неваспитано човече што малтретира други воспитани човечиња во негов клас. Се што е потребно е да пронајдете начин (а најчесто е со подмитување на фини материјални добра) да постарово го воспита помалово неваспитано чоече затоа што некогаш работите се решаваат на таков начин, односно за насилство мора да употребиш насилство за да добиеш мир, само од поинаков вид.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Не сум удрил и не верувам дека би удрил. Би го пријавил во полиција. Не планирам да се влечам по судови и да плаќам огромни казни.
     
  14. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.880
    Допаѓања:
    13.400
    Дете од 4-5 години ќе пријавиш во полиција?
     
    На Someonespecial, Rebecca_R и WildMk им се допаѓа ова.
  15. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    Ако го удри, ќе реагираш кај родителите, ако не се поправи, ќе им кажеш дека ќе ги тужиш нив.
     
    На mode-kristina и Someonespecial им се допаѓа ова.
  16. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.239
    Пол:
    Машки
    Во ред. Не сум ја прочитал убаво темата. Мислев дека не е прецизирано за која возраст станува збор.

    За 4-5 годишно дете сигурно не би удрил.
     
    На Joi му/ѝ се допаѓа ова.
  17. ilkane

    ilkane Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Би го прекршил од ќотек
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    А тебе да те фати некој да те прекрши од ќотек? Што мислиш?
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ilkane

    ilkane Активен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2018
    Пораки:
    24
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    јас не малтретирам никого
     
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.182
    И ако те малтретира дете, ќе го прекршиш од ќотек?
    Па после татко му ќе те прекрши од ќотек?
    Па некој татко му?
    Па после тој некој ќе биде прекршен од некој близок на таткото?

    И до кога?
    Дури не шетате сите прекршени?
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.