Не би удрил туѓо дете. Би пробал да разговарам со неговите родители. Ако не оди би пријавил кај надлежните институции. Друго чаре не гледам. Со ќотек само јас би заглавил уште повеќе.
Па и не е... од школо бркаат насилни деца, од дома, не можеш да го избркаш, пример. Друга работа, ако и покрај тужба има насилство, тоа се додава во тужбата, па ќе одговараат за повеќе дела родителите, па се замешуваат и социјални служби, па визити, па истраги. На ретко кој родител би му било сеедно да му чепкаат низ приватниот живот и да ги преиспитуваат неговите методи на одгледување дете.
а од каде си сигурна дека од училиште бркаат такви деца....нели е задолжително основното и средното образование?
Оти знам деца кои се избркани од школи поради недолично однесување. Иако е задолжително, ќе го префрлат во друго, ако и таму прави проблеми, во трето... на крај или ќе го испишат или родителите ќе го зауздаат, посебно ако е помало.
Можат, ако загрозува други. Едно што ако е тужен ќе одговара, друго ќе мораат да платат казни за непосетување на школо.