Не е? Па добро, секогаш има исклучоци за кои е во ред да се тепаат деца, затоа и постојат и закони за заштита од физичко насилство.
Значи не се разбираме, во конвенцијата може да пишува се, но тоа не се факти.....факт е дека сум го истепал......
Пишува, затоа што е факт кој е поткрепен од психолози кои се занимаваат со проблематиката околу физичкото и психичкото злоставување. Значи: Факт е, дека не треба да се тепаат деца. Друг факт да биде, дека ти си го истепал детето, но тоа не го менува првиот факт, дека не треба да го тепаш. Апро-по, ти следи соодветна казна, посебно, ако си во нормална држава, каде што најверојатно, ќе ти биде одземено детето. И така... Доволно е објаснување за денес, благодарам што ми го пополни времето.
Дечки зошто рипате одма? Да не дае господ да ви дојде на глава .Во тој случај верујте дека и би убиле .Македонија е држава каде што насилниците колку и да ги пријавуеш џабе е.Не оправдувам насилство но за дете и би убила. Бтв имам пријавено еднаш мвр ништо не презеде.
Никогаш не би удрила туѓо дете,ако треба да се скара малце во ред ма да ни тоа си има родители кои треба да го воспитуваат. Имам видено мн лоши вакви работи и не ми се збори
Ама,ако скршиш од мавање дете кое го малтретира твоето дете,и тоа дете ќе биде казнето,ама и ти.Тоа дете ќе оди во поправен дом,а ти во затвор и ќе ти биде одземено твоето дете.И што би постигнал во тој случај ? Би упропастил две семејства.
Дали би удрила?Незнам Ако се работи за поголемо дете да го малтретира моето сигурно би Нормално ако предходно не поминало со разговор со родителите и упорно се повторува... За мали дечиња да се рчкаат ми е сосема нормално,зборувам за дечиња по 2-3 годинки
Се изјаснив на почеток на темава дека туѓо ДЕТЕ не би помислила а камоли да удрам ама туѓо ДЕТИШТЕ.... значи станувам сабајсабајле пуштам тв слушам оддаваат последна почит за никола и си велам е за ова ќе лежам во затвор. Значи да ми осакатат дете.... Не одговарам за постапките. А она детско малтретирање задевање деца мали се решава со разговор.
Во нормално општество, ако ти удрат дете реагираш до родител, училиште, кои пак ако не можат да се справат го носат на психолог. Е ама кај нас добиваш одговор од типот ,,де деее, деца се тие,, ,,таков е и дома што да му правам,, Гледајќи како се однесуваат родители на насилни деца, би воспитувала мое никогаш прво да не крене рака ама ако го удрат дур не види крв да не попушта. Нек звучи ова злобно колку сака ама со вакви случувања покрај внуците се среќавам секој ден. Мајките уво не ги боли, ни да го искараат нивното, ништо... ИСтите тие ако им искараш дете, само да повишиш тон реагираат. Епа сеа коа ,,не,, го боли туѓото дете, зарем нивнотo го боли.
Никогаш не би удрила туѓо дете. Моите дали пет пати се по газе плеснати во олку години. Не сакам удирање на деца. Ама,по живци ми газат родители кои се смеат кога детето мава на нив или по други и велат дете е.Или кога прават ршум по туѓи куќи а тие со прст не мрдаат. Море,уста пена ми фаќала од зборење за големиот да знае што е добро а што не.Сега исто и со малото правам и ќе правам.Најлесно е да го натепаш,ама после и тоа ќе мисли дека така треба. Дете се воспитува до 5 години,кој што сака нека каже. Доколку друго дете мава по моите,ќе го трнам настрана и ќе му објаснам убаво,доколку е поголемо ќе се потрудам да се засрами.
Прво разговор со детето и со родителите, ако разговорот не помага и продолжи детето лошо да се однесува, ако не можат да го воспитаат родителите со збор во тој случај од мене ќе си добие воспитна. Нема да дозволам некој да ми малтретира дете. Ниту ќе дозволам мое дете да биде агресивно кон други деца и возрасни. Од родителот зависи однесувањето на децата. Но, некои родители се невоспитани, па затоа и децата им се такви.
Ма знам... Повеќето родители што ги познавам, користат доктори и полицајци за да си ги плашат децата.
Ни туѓо ни свое. Лузни психички може и муабет да направи, што ако го удриш детето ако направи некоја глупост? Ќе чека и од инат пак ќе ја направи. Не сум ни за насилство меѓу возрасни, камо ли дете да удриш.
Какви погани деца има, ти иде од земја да ги стресеш..имаме едни невоспитани пред зграда што играат секоја вечер и сите коли од нив се изгребани, ретровизори пукнатини лулашки и клацкалица како со моторна пила пресечени...ужас'!! Да, би ги удрила кога ќе ги фатам...уф, од гаќи ќе ги истресам!!!!