Да. Се приврзувам за ситници, за луѓе и за места. И ја мразам оваа моја особина и се обидувам да ја сокријам максимално зошто сметам дека со премногу емоции и приврзаност кон предмети, места и луѓе, ништо не се постигнува.
Многу брзо и лесно се приврзувам за лица и за места.На пример само што сум се запознала со некого ако ми одговара веднаш се приврзувам за тоа лице,а и за места исто така
Најчесто да како и секој Рак .Инаку раковите се личности кои многу се приврзуватт за се имам читано дека и стари непотребни работи по дома чуваат ,а не пак за луѓе или места. Пример јас за едно чупе Симона и Олимпик Бич(плажата) монгу се приврзав и кога дојден денот за бегање дури и солзи испуштив
За луѓе научив да не се приврзувам лесно, затоа што добив неколку животни лекции дека сите врски се минливи. И пријателските и љубовните. Дури и оние чии корени се далеку во минатото и биле доволно длабоки за да ви дадат чувство дека ќе траат вечно. За места си дозволувам лесно да се приврзам и не се ни обидувам да се одбранам од убавината и шармот на некој град. Луѓето на прв поглед може да делуваат она што не се, ама местата не.
Имав навика да се приврзувам многу брзо со секого,без разумно расудување,па после да не можам да се откинам од таа личност.Сега веќе не сум приврзано премногу со никого,ја научив лекцијата и сум строго уверена дека на крај секој ќе те изневери,па сакам да си заштедам патење колку можам повеќе. За места воопшто не се приврзувам,ме фаќа носталгија кога заминувам од место на кое сум имала убави моменти, но ништо повеќе. Ама пак се приврзувам премногу со кучиња,иако знам дека нема да бидат тука секогаш,повеќе ме повредува нивното отсуство отколку на одредени луѓе.
за луѓе да...неколку пати изгорена ама сепак се приврзувам,а за места не едноставно неможам да менувам многу места
Не сум тип на личност која брзо и лесно се приврзува за луѓе и места. Напротив, секогаш сум резервирана во контактите со дугите.Луѓето знаат да не бидат вистинските во разговорите со нас,да ни се приближат,да се зближиме и да се отвориме пред нив,а потоа да бидеме повредени и разочарани.Човечкото битие има чуден нарав кога е во прашање егзистенцијалноста. Со текот на времето сите врски стануваат минливи,само потребно е да ја научиме животната лекција. За разлика од луѓето,местата се такви какви што сме ги спознале и за нив ни останува во сеќавање онаа убава перцепција што несебично ја споделуваме со другите.
Не сум тип на личност која брзо и лесно се приврзува за луѓе и места. Напротив, секогаш сум резервирана во контактите со дугите.Луѓето знаат да не бидат вистинските во разговорите со нас,да ни се приближат,да се зближиме и да се отвориме пред нив,а потоа да бидеме повредени и разочарани.Човечкото битие има чуден нарав кога е во прашање егзистенцијалноста. Со текот на времето сите врски стануваат минливи,само потребно е да ја научиме животната лекција. За разлика од луѓето,местата се такви какви што сме ги спознале и за нив ни останува во сеќавање онаа убава перцепција што несебично ја споделуваме со другите.
Ооо, да! Ако сум имала убави моменти. Сепак зависно од моето расположение и мислење. И луѓето. Пред две години бев Црна Гора на одмор 15 дена и одвај чекав да си одам. А излегував секоја вечер, запознав многу луѓе. Лани бев на истото место кај истите луѓе, исто 15 дена, не излегував многу навечер но запознав одлични личности. Ги знаев и претходниот пат но поинаку се поставивме едни спрема други. Се отепав од плачење на заминувањето. Цел пат плачев. Незнам што е работата, ама изгледа се приврзувам за личности, место како место и нема некое значење.
Лесно се приврзувам со луѓе, дури за скоро време и ги проценувам какви се. До сега не сум имала некои посебни места, не се поврзувам со места воопшто. Имам некои омилени, но не значи дека не седам на други места низ град.
Јас лесно се приврзувам за луѓе кои од прв поглед ми се допаднале и муабетот од прва убо ни почнал..иначе за места не се приврзувам ич ама ич од причина што со посебна личност секое место е посебно
Многу лесно се врзувам и за луѓе и за места. Секако тоа се луѓе кај кои ја осеќам позитивната енергија и места кои прават да се чуствувам добредојдена и пријатно како и дома. Затоа и ретко експериментирам со промена на местата во кои се движам, а уште помалку со луѓето со кои се дружам.
Да, многу лесно се приврзувам. Лесно се спријателувам со луѓе, еден убав муабет во којшто ќе сфатам дека со некого имаме слични интереси и ќе ја проценам личноста ми е доволен, особено брзо се зближувам со весели, позитивни луѓе со коишто ми е пријатно. А лесно знаат да ми влезат во срце и места за коишто имам убави спомени, и знам да бидам и претерано носталгична и сентиментална...