Сѐ зависи до однесувањето на луѓето. Ако се фини спремна мене, брзо ќе се приврзам за нив. А истото важи и за места. Ако има фини луѓе, секако дека се приврзувам и посакувам засекогаш да сум таму. Ако не, посакувам веднаш да си одам.
Не.Ќе ми треба доволно време да се навикнам на таа личност/место,истотака ќе ми треба повеќе време да ја запознаам таа личност,а за места па малку побавно се приврзувам за места бидејќи којзнае што има на тоа место.
По толку време повторно ми се врати вербата дека сите машки не се исти. Но како тоа го сфатив дури сега? Дали можеби е доцна? Дали можеби ја пропуштив шансата кај него? Не знам, ниту самата не знам. Се појави од никаде, мислам уште од мала го знам, но тогаш воопшто не го поднесував. Едно време бевме скроз одалечени, но ете, пак се зближивме. Не знам зошто, ниту како, но со него чувствувам дека сите врати ми се отворени. Покрај тој дечко се чувствувам заштитено. Поминаа три години, а мене воопшто не ми беше грижа за ниту едно машко, но вечерва се беше поинаку. Моите чувства се испомешаа. Дојде Тој кај мене на кафе, потоа излеговме. Се собравме во маалото и се забавуваме. Тој кажа дека ќе се тепа, нешто во мене затрепери, едноставно се плашев, а зошто не знам. Едноставно оваа вечер за се што правев ми беше потребно негово мислење, а зошто? Зошто одеднаш толку ми стана важен? Оваа вечер се почувствував многу приврзана за него, а како, не знам, навистина не знам. До вчера ми беше како и сите други машки – само гледаат да не искористат, нас – женските. Да, Тој беше меѓу тие, но спрема мене беше поразличен, не беше оној кој беше кон другите. Се обидувам да ги средам мислите, но никако не можам. Зошто ми стана толку важен? Зошто се плашев за него? Зошто Тој кон мене не се однесува како спрема сите други? Зошто се чувствував толку приврзана за него? – прашања на кои можеби никогаш нема да најдам одговор. Devojki, izvinete ama morav nekade da se ispraznam <3
Не толку за места, колку што се приврзувам за луѓе и тоа ми е гоооолема грешка. Иако немам дома, за животни се приврзувам за секунди, кучиња поточно. Си имам играно со куче на роднина околу саат-два, неможам да ви опишам која празнина ја осеќав после, колку само ми фалеше. Знам дека ако земам дома нема да се одвојам од него, ама кога ќе ти речат дома не ..
Да премногу се приврзувам со луѓе, ги чувстувам длабоко во мене не како блиски или сродни души, туку како да се дел од мене. А штом е разделбата на повидок паѓа тага, носталгија па и некоја солза колку истата да нафати влага.
За места се приврзувам брзо. Успевам да ја видам убавината во секое место, да си најдам мир и спокој. Сакам кога посетувам нови места, но исто така сакам повторно да им се вратам на посетените. Исто така се стремам да ја видам и убавината во секој човек, но не секогаш успевам во тоа . Можеби затоа не се приврзувам брзо со луѓето. Ми треба повеќе време за да научам дали да можам да им верувам, па потоа сум отворена кон нив и дозволувам да ми завземат значаен дел од спомените. Таквите луѓе се многу малку, но затоа и разделбата со нив е многу поболна