Мислам дека сето тоа зависи од карактерот на човекот што го запознавам, меѓутоа лесно се привзрувам. Сепак тој/таа треба на некој начин да остави добар впечаток, нешто што ќе ме натера да ми биде драг/а, нешто што ќе остави траг во мене.... Како и да е лесно се приврзувам и затоа после за разделба и оддалечување ич муабет да непраам мака ќе си мачам некое време додека заборавам
За места можеби. За луѓе не, не се приврзувам многу за луѓето оти сите тие еден ден ќе си заминат без да кажат ништо.
Одговорот е Не . Зошто ? Затоа имам многу тежок карактер и не можам да комуницирам со секакви луѓе . Зашто многу луѓе ме повредиле и си заминале . А не се приврзувам ниту за места .
Дааа, многу. Дури и кога одам на одмор многу се приврзувам за местото за само 10 дена, ми се случило дури и со плачење да напуштам едно место. А тажна обавезно сум.
Порано бев по таква, сега некако и па и не баш. Можеби оти работам, па немам многу време за приврзување и такви работи. Но, во принцип се многу се приврзувам и потоа страдам и ми е тешко кога ќе се оддалечиме со таа личност без некоја одредена причина, заради ситуацијата што така налага и последователноста на настаните. Се е минливо но, ете понекогаш сме приморани секој да го фати својот пат и да се продолжи понатаму )}))))
Јас се поврзувам со луѓе тогаш кога мислам дека е во ред со таа личност да се поврзам. Прво ми е важно да барем малку да е сличен/а на мене карактерно да нема недоразбирања и онака баш се посветувам на тие личности кои што ги сакам тука сум за нив секогаш кога и да е и што да им треба во секое време. Се привикнувам на се на секакви ситуации и не ми смета тоа зошто така животот го имам сватено незнаеш утре на кое место ќе бидеш, со кого, како ќе живееш итн. Животот е предизвик.
Па зависи каква е личноста, ама и да се приврзам секогаш сум спремна на се, па така полесни ми се разочарувањата. Едноставно тоа е тоа а живот оди даљее А за места не баш.