Минуваат денови, нижиме години а и ние со нив. Еден ден нема да се препознаеме во огледало, само нашата душа е тоа што ќе остане, само душата не старее. Дали се чувствувате во склад со годините што ѓи имате? Јас на пример никако неможам да се координирам, еднаш ми е душата напред, еднаш назад, годините ми бегаат пред мене и позади мене, некогаш сум со едната нога ко у гроб а со другата нога на кора од банана...пролонгирана адолесценција Дури и гардеробата не ми е во склад ниту со годините ниту со душата Имате ли и вие ваков проблем како мене или кај вас душата и годините се во нормален сооднос??
Voopsto ne se cuvstvuvam deka dusava mi e vo sklad so godinite ne prasuvaj zosto bidejki ni sama ne znam , no nekako ubavo mi e ..haha i jas to voopsto ne go narekuvam problem bidejki ako ti se problem alistata mozes da go promenis stikot kako sto se cuvstvuvas
Кога станува збор за работните обврски, е тогаш некако се ускладувам, ама за друго сум ван контрол....и стално ме опоменуваат дека не се однесувам спрема годините
Душа имам на старица ама пусти памет застанал некаде во средношколски денови Така да ништо не ми се ускладува со годините Не би се согласила дека душата не старее, напротив и те како старее ...
Во одреден дел во склад сум со годините и зрела личност сум, посебно кога е професионалност, кариера во прашање, однесување спрема возрасни и ред други ствари, можеби оти повеќе со памет одлучувам и размислувам. Ама кога се емоции во прашање сум дете, посебно кога некој ќе ме повреди. Има причини, настани ситуации поради што сум дете со скршено срце. Нема фластер за некои рани, да имаше ќе го купев. Едно од моите омилени изреки е "Без разлика колку сме зрели, секогаш ќе бидеме дете што ќе се расплаче кога ќе го повредат."
Премногу озбилно го разбирам животот и работите околу мене за разлика од мои врсници, дури некогаш ми е жал што е така но нема што да се прави.Дури и поубаво и подобро разговарам со некој повозрасен на било која тема а не со некој мој 16 годишен врсник, на повеќето се им е од шала и зафрканции.. Кога споменавте гардеробата и јас да кажам дека и таа не е во склад со моите години кога ги гледам моите врсници секој ден во различно, а јас класични фармерки, класичен џемпер или дуксер, еден модел на патики го купувам повеќе пати, но така се чувствувам убаво. Околината и состојбата во која живеев ме натераа така и да јас несакав.. Уште од мал сам дома, моите од утро до мрак на работа, само навечер ги гледав по 1 час и за викенд, сам готвам, сам чистам, сам си ја перам облеката понекогаш и воопшто не ми е срам од тоа иако некои полуписмени ликови ме исмеваат со тоа покажувајќи ја простотијата во нив... Да не должам, не сте единствени, многу се како нас, барем многу имам запознаено.
Прашањето е дали ти е во склад со годините, колку ти е стара душата, толку ли ти е старо и телото!? Што душа била таа твојата
До толку не ми е во склад со годиниве, до толку е напредна душава моја ( на мајка златна таа ) , толку прошла уште пред години, што е дивно чудо и што ја имам уште... Колку, толку моја си е...
Ахх, можеби ти си во подобра состојба од мене...јас сум некако во расчекор положба и многумина ме квалификуваат како недорасната, незрела
Пробај некако да не биде така, ако си во години во кои уште човекот се развива тоа ќе се среди.. Сепак не си до толку, се гледа по мислењата и темите. нема за што да се грижиш..
Во склад е, да не студирав можеби и немаше да бидам толку избувлива и нетрпеллива. Само еднаш сум се чувствувала како да имам од една до сто години. Тоа беше моментот кога мојата несудена љубов ме прегрнуваше и ме опсипуваше со нежност и бакнежи. Во исто време се чувствував како бебе, како тинејџерка, дама која сака цел живот да е со него и како постара жена зошто секогаш се грижев за него
Кај мене се се споило од деца преку тинејџерки до дами и старици . Можам да се расплачам од срце како мало дете , да сослушам и посоветувам како мудра старица , да се однесувам како дама или да лудувам како тинејџерка . Незнам што се напила мојава душа , ама во неа живеат четири различни генерации
Телефонот нема да ми дозволи многу да пишам само ќе кажам општ осврт дека ова зависи од поќе фактори. Хронолошки Психолошки Функционален Социјален Воглавно нашата возраст ја определува календарот (хронолошка) ама не секогаш ние се чувствуваме така, некогаш се чувствуваме постаро некогаш подиво (психолошка), воглавно некој не се чувствува зрело ни на 40, а да речиме теоретски е до 20 година. Многу влијај со шо во моментот се занимаваме, работиме (функционална) и најбитно .... Со која група на луѓе се дружиме и го врвиме времето (социјална) ама на ова не се мисли како тие се чувствуваат туку колку години реално имаат. Многу е нормално да не се осеќаме во склад со годините, па ни јас не се осеќам. Знам да бидам сериозна и да размислам, ама знам и да го пуштам мозоко на лер. Воглано зависи со кој сум опкружена, дома и на факс гледам поќе да размислувам да се развивам и да работам на себе додека сум со другари и дечко ми се осеќам како дете. Гардеробата никогаш не ми била во склад со возраста туку со моменталното расположение. Како шо растам помалку и помалку имам допир со гардеробата која ја носат мои врснички.
Прочувајќи срања од типот на метафизика и психологија дојдов до заклучок дека имам стара душа ( околу 10 милиони години според кармичките системи). Тука во овој физички свет функционирам релативно во склад со годините ,многу често и бегам од оските на моите години, понекогаш се чуствувам многу постаро кога висам со мои врсници бидејќи голем % (80%)од нив се нееволуирани личности и не ме исполнува тој факт. Уште повеќе не ме прави среќен фактот дека и многу возрасни луѓе се заталкани со балансот за душата и годините. Тоа е тажно. Мораат да се освестат под итно! Клучна ствар за еволуција и пронаоѓање на баланс се искуството, свесноста и исполнетите цели ... @baba Rada ти имаш проблем со балансот. Мораш да се осознаеш прво како битие за да можеш подоцна да ја оформиш личноста како карактер. Облеката е олицетворие на карактерот, личноста ја градиш ти како физичко и духовно битие. :3 Ако се разбираш од психологија многу попрофи би се експресирала душевно а штом имаш прашања на таа тема, имаш јак импулс за да дознаеш нешто повеќе за тоа, треба свесно да го примиш моментот и промените ќе се случат сами и ќе бидеш среќна поради тој момент.
Ах мори Бабо те сакам со темиве знаеш. Ми личиш на баба ми која отвараше разни теми за муабет, бог да ја прости. Да се надоврзам на темата. Душата во склад на годините според мене ќе биде на исто мерило кога ќе имате мир. Ако го немате мирот вие сте изгубиле се. Понекогаш за многу работи та дури и за детски имам душа, омразата е таа што ни го зазема поголемиот дел од внатрешноста поради која не тера да изгледаме психички несозреано. Во одредени ситуации не смеете да изреагирате никако. Замисли гледаш повредено врапче и го одминуваш. Физички созреан ќе си речеш не му е ништо, психички несозреан ќе му помогнеш, е тоа е душата. Спрема мене и за мене во душа сум многу кревка личност. Не би требало да кажам слаба, треба да препознаете спрема кого да бидете добри и спрема кого да бидете лоши. Душата не греши, душата е нашиот внатрешен глас кој за жал никогаш не се следи.
Тука некаде се на исто рамниште, со мали осцилации. Едно со друго се потпомагаат секогаш. Кога едното ќе потфрли, другото превзема улога вредна и така се до сто и една.