Времето не можеме да го фатиме, не можеме да го запреме, да го сочуваме, да го одложиме ниту да го изгубиме.....а сепак се однесуваме кон него како нешто што може да биде акумулирано, сочувано и потрошено. Ако побрзаме, ќе стигнеме и ќе заштедиме време...повеќе гледаме на часовникот отколку во фаците на други луѓе...се немаме време, само некаде брзаме и ...притиснати од времето бараме време Зошто ни е толку тешко да управуваме со времето? Времето е живот, животот е време..и секој од нас има свое време. Прашањето е дали ти го користиш своето време максимално или им дозволуваш на други да ти диктираат и да ти го користат? Исполнето ли е твоето време со некоја смисла Јас размислувам уште, но колку повеќе трошам од своето време и гледам дека ми нема некоја смисла и дека други ми го трошат цел живот времето.
Ех бабе оддамна те немаше со нова тема, па дури и чудно ми падна Изгледа малку си не читнала во ФМЌ за времето и патување низ времето па сме те инспирирале. Сепак не бивало и нас младиве за нешто За прашањата: Не мислам дека го користам максимално на најдобар можен начин. Верувам дека би можела да направам многу повеќе за себе доколку умеев да балансирам подобро со користењето на истото. Не би рекла дека други ми го диктираат, но често знам да толерирам да ми менуваат дневен распоред пред се' бидејќи сакам да покажам разбирање. Друг пат пак знам и целосно себично да се однесувам во однос на моето време, бидејќи сфаќам дека за да може да те вреднуваат другите првин треба да се вреднуваш себеси. Сакам да верувам дека начините на кои ја градам сегашноста имаат некаква вредност во однос на моето постоење. Дали е навистина така, ќе покаже времето
Некои стручњаци сметаат дека односот спрема времето е пропорционален со годините или како старееме, така времето т.с.чувството за време ни станува релативно кратко....на жалост не можеме да го успориме времето иако велат дека ние луѓето сме сами креатори на времето... времето е живот налик на клацкалка...минато иднина минато иднина....а смисла, никако да пронајдам...наместо тоа мене да ме брка, јас го бркам цел живот...а дали морав??
Поентата е да си задоволен од тоа како го поминуваш времето... Не е битно, дали за себе 'го трошиш' или за други.
Д али има воопшто поента кога еден ден ќе речеш: кога ли помина, кога ли дојде,еве пак е Велигден????? Мислиш ли дека секојдневната рутина, навиката со која живееме како на пр. облекување, јадење, чистење , готвење идр...прават задоволство или ние се обидуваме да мислиме дека сме задоволни, оти додека сета таа рутина ја обавуваме, ние со мозокот сме на триста страни, нели? премногу сме врзани со сеќавања од минатото, раѓање на деца, блиски пријатели, нечија смрт,..сеќавања за кои мислиме дека не се толку многу одамна, иако во стварноста поминале многу години....Сознанието дека во стварното време поминало може да делува шокантно, како да тој дел од животот исчезнал...
Воопшто не ни треба да очекуваме нешто, треба сами да бараме и ствараме....нели времето ни е ограничено, па затоа и не треба да го трошиме на туѓи размислувања, да расправаме за туѓи животи...едноставно кажано, ние живееме во склад со размислувањата на други. Значи погрешно
Моментите на слободно трошење на времето ми се ретки.Уживам во нив. Животот е кучка,па понекогаш морам да терам плански. Сепак,сфатив дека некои луѓе не се вредни за моето внимание и време. Ко што реков во други теми,себеси си реков get over and move on.
Во последниве неколку години мислам дека знам многу малку работи..... сакам да научам повеќе за историјата за природата, науката, астрономијата .... и некако се плашам дека немам време за да истражам доволно работи , да прочитам доволно книги , да ислушам доволно песни , да изгледам доволно филмови .... Се чуствувам потполно исто како пред 10 години и не жалам дека поминува времето, дека постепено ми старее телото , само можеби жалам за моментите безгрижност , тогаш кога не бев свесна за суровата вистина за тоа што се случува во светот и за болките на другите луѓе, за тоа колкава бескурпулозност сртуи низ големите маси , какво лудило предизвикува геноцид и најстрашното ГЛАД која сами си ја предизвикуваме , а неможе да се спречи .... а со годините се повеќе станувам свесна за овие вистини и ја чуствувам таа болка.
Има смисла моето време, има и твоето и на сите други кои не читаат. Треба само да се живее сегашноста. Се додека го гледаме возот кој не одминува нанапред, забораваме да ја гледаме сегашноста. Се додека го гледаме возот кој доаѓа од назад, задлабочени во минатото-пак не размислуваме за сегашноста. Затоа треба да се качиме и да го гледаме возот кој стои и не чека нас, стои пред нас и на него да се качиме. Ниту понапред ниту поназад. тука и сега, и затоа свесно треба да го живееме своето време. Бабе браво за убавата тема, почна да се оправаш со поубави теми
Што и да правиш, ќе ти биде: 'Кога ли дојде пак Велигден'. Во одминати години, нормално е да имаш средовечна криза. Кога ќе се соочиш со својата смртност. И за мене зборам ова 'одминати години'. Не дека некој скроз се помирил со тоа дека ќе умре, ама барем да си најдиш утеха во нешто. Времето секако ќе помини, дали си седел дома секој ден по цел ден, или си шетал секој ден по цел ден. А дали 'вистинско' задоволство прават секојдневните обврски и навики..? Не знам... ама си викам дека да... Како ќе си го 'убедиш' мозокот да мислиш, така ќе си мислиш.
Треба да живееш како секој ден да ти е последен. Не треба да мислиме што ќе направам по х години. Тие години може нема ни да се случат.
Со таа ли смисла ги трошиш деновите од животот или го трошиш времето..како сакаш....но како може да живееме така??? неможе никако затоа што има некој што ни го диктира времето, ни го организира...мора да признаеме... Времето бадијала што го трачиме нема смисла затоа што само тоа и бараме...барајќи ја смислата ние брзаме, трчаме, колку повеќе бараме, помалку добиваме, колку повеќе се обидуваме да бидеме среќни ние сме несреќни, колку повеќе имаме пак сме нзадоволни....ама баш во ништо неможам да најдам смисла...се некако ми излегува од контрола, имам мањак на време а кога ќе сумирам што сум направила, не е соодветно со потрошеното...незнам како да објаснам, но не пронаоѓам смисла во ништо веќе...се ми е некако натурено, заповедано......
Има смисла само ако го трошиш времето на тоа што сакаш да го потрошиш. Во моето има. Работам тоа што сакам, правам работи кои ги сакам, се дружам со луѓе со кои сакам, сум со човек кој го сакам... што уште ми треба?!
Спреми си една торбица со храна како во народнине приказни и качувај се по планините, барај го Господ да ти даде одговори на сите твои прашања, со себапот после нам ќе ни ги пренесеш. Ако не сакаш сама, да дојдам со тебе, ми се шета во природа. И знај дека сум многу тажна во случај да не добиваш хонорар за започнатите теми на форумот.
Нема потреба да одам во планините, Бог е со мене...го прашав зошто нема смисла во моето време кое пребрзо тече и како песочен часовник само го вртам горе доле горе...и ми рече дека и нему не му текнува која му била смислата кога го створил човекот
Кога го прочитав насловот, си го преформулирав во Има ли смисла "Во моето време" , и мислев дека ќе се збори за некои средовечни луѓе кои жалат по времето во Југославија Времето е релативна ствар. Немате појма како кога сте таму горе во авион, како времето губи смисла. Да не седев на интернет колку што седам, до сега ќе завршев пет факултета. Едноставно живееме во хаотично и динамично општество, и затоа немаме време за многу работи. А и секако се работи за приоритети. Ако ти се сака, ќе најдеш време. Ако ти е исполнет денот, времето лета, ако не, трае цела вечност. Сетете се каде бевте и што правевте на 21 март 2018. Толку многу работи можат да се сменат за само една година. Понекогаш посакувам средно да траеше осум години, или моите дваесетти дупло, да се изнаживеам малку повеќе, затоа што животот е само миг. Spoiler пс, многу ми се безвезе оние компарации, жената поминува три години од животот во шминкање, човекот поминува 1/3 од својот животен век во спиење..итн, е баш сакам бе да отспијам една третина и после фајнли да бидам free to do the things i Really Love to do, don't get me wrong, обожавам да спијам, ама понекогаш се чувствувам остануваат толку многу недовршени работи во текот на 24 часа
Ај да возиме точак тогаш (само да се тргнеме од форумот) Човекот е создаден за да научи да го сака Бог повеќе од се останато, но тоа е друга тема.
Во последно време истово размислување ме мачи, зошто сум во брзање во гужви, како да се извршат обврските за пократко време а како што треба да се извршени и стигнувам до заклучок дека времето и вака и така поминува но важно е со какви луѓе, обврски и активности го исполнуваме она слободно време, надвор од работното време во кое сакале или не сакале да си признаеме дозволуваме други да ни диктираат како ќе го користиме работното време. Во слободното време имам приметено дека губам осет за време кога покрај мене има интересни луѓе или активности, а кога е обратна ситуацијата мислам дека векови поминуваат. Слободното време се трудам да го обликувам како сакам и да има смисла иако и тоа е некоја излузија како што рекол Albert Einstein - “Time is an illusion.”
У бабе..филозофски. Секако ми минува некое време во празен од, секој ден Колку и да се трудам , неизбежно е, бар за мене. Плус јас имам потреба и од време сама со себе, без никој друг, па себична сум и за тоа. Смислата е да најдам среќа, исполнување, задоволства психо-физички. Ама факт е дека животот е и патење сам по себе, пробувам да научам и од неизбежната патња. Вака -така ќе си помине животот , а еден е. Затоа не се замарам сега со мнооооогу рабори со кои се замарав порано и така добивам во време и почитави нервиња. Телото некако ми е поистрошено од духот, јер не го пазам ко што треба