1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали вашето време е исполнето со некаква смисла?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од baba Rada, 18 март 2019.

  1. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Времето не можеме да го фатиме, не можеме да го запреме, да го сочуваме, да го одложиме ниту да го изгубиме.....а сепак се однесуваме кон него како нешто што може да биде акумулирано, сочувано и потрошено.
    Ако побрзаме, ќе стигнеме и ќе заштедиме време...повеќе гледаме на часовникот отколку во фаците на други луѓе...се немаме време, само некаде брзаме и ...притиснати од времето бараме време:?:

    Зошто ни е толку тешко да управуваме со времето?
    Времето е живот, животот е време..и секој од нас има свое време.

    Прашањето е дали ти го користиш своето време максимално или им дозволуваш на други да ти диктираат и да ти го користат?
    Исполнето ли е твоето време со некоја смисла:?:

    Јас размислувам уште, но колку повеќе трошам од своето време и гледам дека ми нема некоја смисла и дека други ми го трошат цел живот времето.
     
    На Peperutce1115, Herrera, Јаневски и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Purplelilac

    Purplelilac Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2016
    Пораки:
    2.417
    Допаѓања:
    34.776
    Пол:
    Женски
    Ех бабе оддамна те немаше со нова тема, па дури и чудно ми падна :D
    Изгледа малку си не читнала во ФМЌ за времето и патување низ времето па сме те инспирирале. Сепак не бивало и нас младиве за нешто :wasntme:

    За прашањата:

    Не мислам дека го користам максимално на најдобар можен начин. Верувам дека би можела да направам многу повеќе за себе доколку умеев да балансирам подобро со користењето на истото.
    Не би рекла дека други ми го диктираат, но често знам да толерирам да ми менуваат дневен распоред пред се' бидејќи сакам да покажам разбирање. Друг пат пак знам и целосно себично да се однесувам во однос на моето време, бидејќи сфаќам дека за да може да те вреднуваат другите првин треба да се вреднуваш себеси.


    Сакам да верувам дека начините на кои ја градам сегашноста имаат некаква вредност во однос на моето постоење. Дали е навистина така, ќе покаже времето :) :o:
     
    На Peperutce1115, Amellie13, poenta и 3 други им се допаѓа ова.
  3. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Некои стручњаци сметаат дека односот спрема времето е пропорционален со годините или како старееме, така времето т.с.чувството за време ни станува релативно кратко....на жалост не можеме да го успориме времето иако велат дека ние луѓето сме сами креатори на времето...
    времето е живот налик на клацкалка...минато иднина минато иднина....а смисла, никако да пронајдам...наместо тоа мене да ме брка, јас го бркам цел живот...а дали морав??
     
    На SnowWhite8 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Поентата е да си задоволен од тоа како го поминуваш времето... Не е битно, дали за себе 'го трошиш' или за други.
     
    На tamche995, Peperutce1115, Dadusicka и 11 други им се допаѓа ова.
  5. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски

    Д

    али има воопшто поента кога еден ден ќе речеш: кога ли помина, кога ли дојде,еве пак е Велигден?????
    Мислиш ли дека секојдневната рутина, навиката со која живееме како на пр. облекување, јадење, чистење , готвење идр...прават задоволство или ние се обидуваме да мислиме дека сме задоволни, оти додека сета таа рутина ја обавуваме, ние со мозокот сме на триста страни, нели?
    премногу сме врзани со сеќавања од минатото, раѓање на деца, блиски пријатели, нечија смрт,..сеќавања за кои мислиме дека не се толку многу одамна, иако во стварноста поминале многу години....Сознанието дека во стварното време поминало може да делува шокантно, како да тој дел од животот исчезнал...
    :?:
     
    На cavalli и WildMk им се допаѓа ова.
  6. Swatt

    Swatt Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2019
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    367
    Пол:
    Машки
    Јас не знам што вие очекувате од животот?
     
  7. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ни треба да очекуваме нешто, треба сами да бараме и ствараме....нели времето ни е ограничено, па затоа и не треба да го трошиме на туѓи размислувања, да расправаме за туѓи животи...едноставно кажано, ние живееме во склад со размислувањата на други.

    Значи погрешно:!:
     
    На Tanjamm и daylight им се допаѓа ова.
  8. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.756
    Допаѓања:
    122.158
    Пол:
    Женски
    Моментите на слободно трошење на времето ми се ретки.Уживам во нив.
    Животот е кучка,па понекогаш морам да терам плански.
    Сепак,сфатив дека некои луѓе не се вредни за моето внимание и време. ]:)
    Ко што реков во други теми,себеси си реков get over and move on. 8)
     
    На Notorious-B, hermosa и baba Rada им се допаѓа ова.
  9. naturallmess

    naturallmess Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2018
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    3.694
    Пол:
    Женски
    Во последниве неколку години мислам дека знам многу малку работи..... сакам да научам повеќе за историјата за природата, науката, астрономијата .... и некако се плашам дека немам време за да истражам доволно работи , да прочитам доволно книги , да ислушам доволно песни , да изгледам доволно филмови .... Се чуствувам потполно исто како пред 10 години и не жалам дека поминува времето, дека постепено ми старее телото , само можеби жалам за моментите безгрижност , тогаш кога не бев свесна за суровата вистина за тоа што се случува во светот и за болките на другите луѓе, за тоа колкава бескурпулозност сртуи низ големите маси , какво лудило предизвикува геноцид и најстрашното ГЛАД која сами си ја предизвикуваме , а неможе да се спречи .... а со годините се повеќе станувам свесна за овие вистини и ја чуствувам таа болка.
     
    На hermosa, WildMk, *Снегулка* и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Alishan30

    Alishan30 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јуни 2018
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    118.572
    Пол:
    Женски
    Има смисла моето време, има и твоето и на сите други кои не читаат. Треба само да се живее сегашноста.
    Се додека го гледаме возот кој не одминува нанапред, забораваме да ја гледаме сегашноста. Се додека го гледаме возот кој доаѓа од назад, задлабочени во минатото-пак не размислуваме за сегашноста.
    Затоа треба да се качиме и да го гледаме возот кој стои и не чека нас, стои пред нас и на него да се качиме. Ниту понапред ниту поназад. тука и сега, и затоа свесно треба да го живееме своето време.

    Бабе браво за убавата тема, почна да се оправаш со поубави теми:hug:
     
    На Peperutce1115, Dadusicka, naturallmess и 9 други им се допаѓа ова.
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.249
    Што и да правиш, ќе ти биде: 'Кога ли дојде пак Велигден'.

    Во одминати години, нормално е да имаш средовечна криза.
    Кога ќе се соочиш со својата смртност.
    И за мене зборам ова 'одминати години'.

    Не дека некој скроз се помирил со тоа дека ќе умре, ама барем да си најдиш утеха во нешто.
    Времето секако ќе помини, дали си седел дома секој ден по цел ден, или си шетал секој ден по цел ден.

    А дали 'вистинско' задоволство прават секојдневните обврски и навики..?
    Не знам... ама си викам дека да...
    Како ќе си го 'убедиш' мозокот да мислиш, така ќе си мислиш.
     
    На dunika, Notorious-B, naturallmess и 2 други им се допаѓа ова.
  12. GirlyGirly

    GirlyGirly Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2018
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    697
    Треба да живееш како секој ден да ти е последен.
    Не треба да мислиме што ќе направам по х години. Тие години може нема ни да се случат.
     
    На Snowflake97 и baba Rada им се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Со таа ли смисла ги трошиш деновите од животот или го трошиш времето..како сакаш....но како може да живееме така???
    неможе никако затоа што има некој што ни го диктира времето, ни го организира...мора да признаеме...

    Времето бадијала што го трачиме нема смисла затоа што само тоа и бараме...барајќи ја смислата ние брзаме, трчаме, колку повеќе бараме, помалку добиваме, колку повеќе се обидуваме да бидеме среќни ние сме несреќни, колку повеќе имаме пак сме нзадоволни....ама баш во ништо неможам да најдам смисла...се некако ми излегува од контрола, имам мањак на време а кога ќе сумирам што сум направила, не е соодветно со потрошеното...незнам како да објаснам, но не пронаоѓам смисла во ништо веќе...се ми е некако натурено, заповедано......:(
     
  14. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Има смисла само ако го трошиш времето на тоа што сакаш да го потрошиш.
    Во моето има. Работам тоа што сакам, правам работи кои ги сакам, се дружам со луѓе со кои сакам, сум со човек кој го сакам...
    што уште ми треба?!
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Спреми си една торбица со храна како во народнине приказни и качувај се по планините, барај го Господ да ти даде одговори на сите твои прашања, со себапот после нам ќе ни ги пренесеш. Ако не сакаш сама, да дојдам со тебе, ми се шета во природа.
    И знај дека сум многу тажна во случај да не добиваш хонорар за започнатите теми на форумот.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.585
    Пол:
    Женски
    Нема потреба да одам во планините, Бог е со мене...го прашав зошто нема смисла во моето време кое пребрзо тече и како песочен часовник само го вртам горе доле горе...и ми рече дека и нему не му текнува која му била смислата кога го створил човекот:*
     
  17. Calla

    Calla Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    1.512
    Кога го прочитав насловот, си го преформулирав во Има ли смисла "Во моето време" , и мислев дека ќе се збори за некои средовечни луѓе кои жалат по времето во Југославија :lol:
    Времето е релативна ствар. Немате појма како кога сте таму горе во авион, како времето губи смисла.
    Да не седев на интернет колку што седам, до сега ќе завршев пет факултета. :rofl: Едноставно живееме во хаотично и динамично општество, и затоа немаме време за многу работи. А и секако се работи за приоритети. Ако ти се сака, ќе најдеш време.
    Ако ти е исполнет денот, времето лета, ако не, трае цела вечност.
    Сетете се каде бевте и што правевте на 21 март 2018. Толку многу работи можат да се сменат за само една година.
    Понекогаш посакувам средно да траеше осум години, или моите дваесетти дупло, да се изнаживеам малку повеќе, затоа што животот е само миг. :f:
    пс, многу ми се безвезе оние компарации, жената поминува три години од животот во шминкање, човекот поминува 1/3 од својот животен век во спиење..итн, е баш сакам бе да отспијам една третина и после фајнли да бидам free to do the things i Really Love to do,:D don't get me wrong, обожавам да спијам, ама понекогаш се чувствувам остануваат толку многу недовршени работи во текот на 24 часа :sun:
     
    Последна измена: 21 март 2019
    На baba Rada и PaLaVa им се допаѓа ова.
  18. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.191
    Пол:
    Женски
    Ај да возиме точак тогаш (само да се тргнеме од форумот)

    Човекот е создаден за да научи да го сака Бог повеќе од се останато, но тоа е друга тема.
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Во последно време истово размислување ме мачи, зошто сум во брзање во гужви, како да се извршат обврските за пократко време а како што треба да се извршени и стигнувам до заклучок дека времето и вака и така поминува но важно е со какви луѓе, обврски и активности го исполнуваме она слободно време, надвор од работното време во кое сакале или не сакале да си признаеме дозволуваме други да ни диктираат како ќе го користиме работното време.
    Во слободното време имам приметено дека губам осет за време кога покрај мене има интересни луѓе или активности, а кога е обратна ситуацијата мислам дека векови поминуваат.
    Слободното време се трудам да го обликувам како сакам и да има смисла иако и тоа е некоја излузија како што рекол Albert Einstein - “Time is an illusion.”
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Dentina

    Dentina Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    39.412
    У бабе..филозофски.
    Секако ми минува некое време во празен од, секој ден Колку и да се трудам , неизбежно е, бар за мене. Плус јас имам потреба и од време сама со себе, без никој друг, па себична сум и за тоа.
    Смислата е да најдам среќа, исполнување, задоволства психо-физички. Ама факт е дека животот е и патење сам по себе, пробувам да научам и од неизбежната патња. Вака -така ќе си помине животот , а еден е. Затоа не се замарам сега со мнооооогу рабори со кои се замарав порано и така добивам во време и почитави нервиња.8) Телото некако ми е поистрошено од духот, јер не го пазам ко што треба:x
     
    На poenta и baba Rada им се допаѓа ова.