Треба да се запрашаме Има ли смисла она што го правам? Затоа што, она што е важно е како го исполнуваме времето, а не колку време сме изгубиле или колку време имаме на претек. Квалитет, не квантитет.
Кога би проверила дали твоето време е исполнето со смисла или така само бесмислено го постави прашањето, сигурно ќе имаше одговор...ама некој треба да ги активира вијугите во мозокот а не импулсивно и саркастично да поставува прашања со кое сакаш да му се потсмеваш на некој...уствари на мене, нели. Цел живот учев да растам, да созреам, да знам сама да функционирам, да работам да заработам...ми одредуваат тајминг, од толку до толку часот, цел живот подредена на време...и што...што дека го трчавме времето рачунато во минути и часови...што имам од тоа...имам сега само едно слободно неограничено време ви кое немаш сила да направиш ништо од тоа што си пропуштила... Цел живот, од раѓање па до смрт, има некој и нешто што ти диригира, што ти свирка а ти играш пл негово.
Нема шанси на овие години да им дозволам на други да ми диктираат. Па мене шефот на работа не ми диктира, не пак небитни личности. Се имам зближено со колегиве, имаат доверба во мене, се осеќам слободно на работа и можам сама да одлучувам. Респектот што го добивам тука е незаменлив, слободно можам да се префрлам во било кој департмент, те до толку ми е дозволено бидејќи штом луѓево ме прифатија како нивен човек, како да сум германец, се осеќам на сигурно. Ете дури се мислев да дополагам за други сертификати па да се качам на повисоко ниво тука. На моиве од дома одамна не им дозволувам да ме замараат со тој прост македонски менталитет од кој ми се сере. Исто се однесува и за мажи и оние кои ми се пуштаат, нема никакви шанси да им дозволам да ме контролираат. Другарките најблиски ги сакам многу, сите ми се пример за успешни луѓе, интелигентни , им се восхитувам и од нивна страна немам апсолутно никакви критики и ограничувања. И да бабо, времето ми е исполнето со надоградување во кариера, со напредување.
Делумно го имам испланирано утрешниот ден како ќе ми помини, кои ми се обврски да ги одработам (нешто што јас сакам да го сторам) и пак да имам време за нешто дополнително. Што значи живеам во иднината т.е за утрешниот ден и така секој ден. И всушност кога ќе видиш смислата во моето време е правење на бесмислени работи.
се сеќавам на факултет имаше една професорка секогаш ни викаше: Користете го времето рационално. Јас моето време колку што можам го користам за одмор секако покрај завршените обрски.
Не се враќа ова, баба Радо https://mkd-news.com/ovie-fotki-ke-...oto-site-koi-rastea-vo-80-90-setite-galerija/ Јас не се сеќавам на повеќето ствари од сликите, значи мала сум уште Ама до кога?
^ 94-та тука. Се сеќавам на сите предмети. Многу ми паѓа тешко стареењето, кое е пропратено со носталгија од изгубеното време. П.С. Недостасуваат белегзиите, оние дрвените и оние со око страшните - против уроци.
Колку и да звучам себично, така сум воспитана, да го организирам и обликувам СВОЕТО ВРЕМЕ како што јас сакам и на начин како што мене ми одговара. Не дозволувам некој од страна да ми диригира и наметнува свои планови. И за мене тоа е сосем нормално, затоа што сите сме различни, со различни интереси и различни приоритети. Различни работи не задоволуваат и исполнуваат. Дека максимално го искористувам секој момент не би рекла. Никој не може апсолутно целосно да ја искористи секоја секунда од животот. Тоа не зависи само од нас туку и од околностите. Времето во кое живееме, брзиот начин на живот, технологијата, средствата за уживање многу често знаат да не тргнат од колосек. Смислата е во сегашноста, затоа што нема утре. Има само денес и овде. Свесна сум за се што ми се случува, затоа што јас одлучувам да биде такво. Секој мој избор, секоја моја постапка, моите одлуки, целите кои што си ги поставувам, трудот кој што го вложувам влијаат врз квалитетот на мојот живот и еден ден ќе ја комплетираат смислата на моето постоење.
Да, гледам често да ми е исполнето времето.И да имам занимација. Кога не ми е исполнето барам занимација или спијам да не оди фира.
Бабе во право си за ова, се замараме што кој ќе каже, да угодиме на сите, на крајот на никој не сме угодиле. Сепак, треба себе да си се ставиме на прво место, да работиме на остварување на нашите цели.