Навистина Е дел од семејството. Јаде, пие, спие, извршува физиолошки потреби во нашиот дом. Кога беше болна сериозно, бевме потресени. Не ја сметам за мое "дете", иако во досието кај ветеринарот е со нејзино име и наше презиме Сепак на шала му велам на маж ми "крзнената ќерка" напраи ова и ова ( кога ќе извалка нешто). На ќерка ми, ми е глупаво да и речам "сестра ти".. Мислам... Јасно ми е кој е кој. Но ја сакаме сите, иако таа само нив двајца ги сака, јас сум нужно зло дома
Моментално имам миленик. Не можам да издржам. Донесен е на инсистирање на маж ми. Го убедувам да го даде на некој да го чува. Јас од нас не можам да исчистам. Уште миленичето ми фалеше.
@Adidas888 Потребата за чистење не е изговор. Постојат ролери, четки и чешли. Кој/а може да си дозволи и кај човек да го носи на шишање.
- Дали домашното животно е член од семејството? Да, подеднакво важен. - Дали домашното животно е татко, мајка, син, ќерка? Н Е!
Тоа да. Ама јас не сакам миленици да чувам. Еднаш чував (пред да се омажам) и доста ми беше. Маж ми сака куче. Нема шанси да донесе, па што сака нека прави после.
Постојат ама има раси што лом прават, реално со две деца плус животно стварно треба да сакаш иначе нема да ја добие онаа нега која ја заслужува… Желче или рипче самерке Преубав е
Ама, ако го сакаш мажот треба да го сакаш и животното. Чистењето по еден миленик и не е повеќе од неколку минути до пола саат работа. Ако имаш време за мислења на форум, ќе имаш и за чистење по миленикот. А, можат и децата да се научат да чистат по него. Ете и маж ти да чисти, ќе си поделите по денови кој кога да биде на ред да чисти и готово.
Јас не сакам едноставно да ми се лепат влакна насекаде. Во алишта, во перници, во шкафови.... порано не ми беше проблем, се шетав цела налепена со влакна ама сега неможам. Ми се гади едноставно. А за во двор нема проблем. Би чувала и мачки и кучки и зајци и коњи, абе цело животинско царство
Фала, женскица е. Сее влакна како да ги има за извоз. За право, не ја носиме на стрижење сосем кратко, туку како лавче е истрижана за да не и е многу жешко. Ја пипнеш ли, веднаш се чисти
Така нешто може. Децава сакаат, ама мислам дека и за тоа ќе им помине меракот. Како и за се друго. Јас се плашам од кучиња и мачки. Уште дома да ми се плеткаат. А маж ми е златен. Не сака обврски. Сака само да ги гледа животните, а да помага не.
Немам на перници и шкафови, а и на облека. Се линее мојава многу, но се' оди на тепих и на прекривачи на мебел. А тие се перат. По кревети не ја пуштаме во постелнината. За облеката не знам како, ама немам, сеуште добро гледам. Облеката за надвор зборувам, хеланки и маички за дома секој ден заедно со другите се фрлаат за перење.
Не дека ја сакаме како дете, ама како член на семејството - да. Ја знам како диши, знам кога се плаши, кога е среќна, си имаме меѓусебна поврзаност, со поглед се разбираме. И таа е среќна со нас, и ние со неа. Споредбата со дете не ми е адекватна... поинаква љубов е таа кон миленик, си има свое место. Плачев кога ја оставив на стерилизација, тој саат-два бев во исчекување, не бев при себе. Кога беше неарна, искрено бев загрижена и бев спремна се да направам за да оздрави. Ми доаѓа да си ја гушкам, да си и зборувам, друштво ми е, семејство ми е. Тоа не значи дека ја гледам како дете, туку како мое куче, и си ја сакам на свој начин. Постојат различни видови љубов на светот, искрена љубов кон миленик е една од нив.
Da , imavme malo mace ne bese dolgo so nas pred okolu 2 meseca go zedovme ,se si bese vo red ,sabajle stanuvam go gledam umrelo dusava me boli , malava go bara I rekov se izgubilo nekade , puknav od maka denes, mnogu sum nervozna, edno mirno bese ko detence samo barase da go drziz v skut I da go galis Mnogu mi e maka , od sto umrelo ne znam
Баш вака се осекам јас И нормално дека се дел од семејството. Секој што зема милениче за да му биде забава/играчка за детето/чувар на дворот ич не го заслужува..
Вака некако иде, најголем фекал од луѓе ми се оние кои ќе земат и пуштат, после години заедно тукутака. Не заслужувате ништо добро а и се глеа какви личности сте. И да не го сакате” ко дете”, останете си доследни и чувајте го добро .
Мачето мое си го земав 2020 околу 4ти или 5ти Април и оттогаш е како член на семејството, all inclusive дом со 3 различни јадења преку ден, каде сака спие, љубов, галење, чешлање, водење грижа за него околу ветеринар, пилули, апчиња за глисти и се останато... Се на се' јас и тој се гледаме како браќа, затоа што во негови (мачешки години) мислам дека сме врсници. Премногу си го сакам Витослав мој. <3
6 години љубов е мојата Симба.И да е член од семејството.На милост знам да и кажам бебе мое кога би имала дете не би биле брат и сестра или две сестри но сепак она има посебно место во нашите живои и нашиот дом.