Секако дека животинче цел ден што сте заедно ќе си се сакате, не знам што е толку чудно. А и ја од милост на мачорот мој на мајка син му викав, и му викав за татко ми иди кај дедо ти, а он на него му викаше иди кај мајка ти, и плус мајка ми исто си ги вика ќерка слеш син на мајка. И плус plot twist, увек коа некоја од уличните ќе беше во парење, или трудна ќе дојдеше, мајка ми ја караше демек се ебавала млада, само акала, скитала, ороспија била. Спојлер Ве молам само без Анима Мунди и Пета трагикомедии, неам капацитет и за вакви заебанции да терам правдини. Иди ти провери се што стварно сметаш ако некоја од љубов и милост рекла на милениче на мајка син, дека смета од дундата и излегло и дека цицка ќе му даде.
Имам две кучиња, црни арапини мои најубави АМА јас не сум им мама.. Тие не ми се деца. Ги сакам и ако некој крене рака на нив, можам да го убијам. Дел се од семејството и ги сакам како и останатите членови на потесното и поширокото семејство.. Ама јас никад не би можела да им речам.. Дина убава таа на мама ајде да ручкаме... Бела мило, ајде да одиме да какаме па после ќе ти дадам грицки.. Имам таква другарка и за мене е ту мач..ваљда моиве 33 години ме ставаат у класа на старомодни баби
На секој нормален му е јасно дека тие се крзнени деца не вистински. Исто така секој сопственик на своите миленици има право да им се обраќа како сака. Што боли брига некому како комуницира со миленикот. Посебен случај за набљудување се луѓе кои имаат миленици , а се однесуват со нив ко со мебел односно без никаква емотивна врска. Е тие не се токму со паметот, а не некоја што му рекла љуби те мајка во жаргон на мачорот.
А, некои од нас се ежат од вакви мислења. Ужас! Кој сака нека си ги нарекува така, не е битно што ти се ежиш.
Не им е развиена свеста, дека животните имаат емоции како нас, луѓето. Дека препознаваат сопственик, читаат емоции од него и другите и сакаат со цело срце, безрезервно и безусловно
Да ни беше член на фамилијата, денес за жал го загубивме. Ни беше и бебе и дете и мајкин и дадин…не знам како ќе влезам дома сега без да ме пречека, не знам како мајка ми ќе легне да спие без тоа да рипне до неа…не верувам дека ќе спие некое време таму. Многу боли, како за човек. Беше со нас 13 години скоро, се надевавме дека ќе живее уште многу, беше здрав наизглед, никогаш со некој поголем проблем, хранет, мазен и пазен. Не знаевме дека има проблеми со срцето, мислевме дека од старост е забавен малце…да знаевме сигурно порано ќе превземевме нешто. Чувајте си ги луѓе, гушкајте си ги и викајте си ги како сакате, додека се со вас, апсолутно нека бидат како член на фамилијата.
Пораснав со Цици (мачор) кој беше дел од фамилијата до сам крај. 9 месеци ја растев и чував Мици (мачка) која за жал моравме да ја дадеме бидејќи откривме дека сестра ми е алергична во даден момент ги чував и двајцата. Сега имам 2 кучиња-Луна и Муле (таа му е мајка), а пред некое време си имав и ластовички. Сите ми се(биле) бебиња, и му викам(сум му викала) бебе мое/бубе мое/батино/дадино/цонце или како и слично да ми дошло на ум (а и на име, нагалено), а јас нивна мама/дада. Да цитирам: Сочуство
Кога почина татко ми, чекавме кученце од пинчот што го паревме, татко ми премногу се радуваше ама не го дочека кутрето, се роди 15 дена покасно. После 40 дена од кога се роди кутрето го земавме како спомен и нешто што татко ми многу го чекал, бев во тешка состојба бидејќи бев преблиска со татко ми и кутрето мислам дека воскресна дел во мене, уште го чува мајка ми заедно со постариот пинч и имам лабрадор плус, значи три. Толку многу ги сакам, посебно кутрето што го земавме како нешто што татко ми многу го чекал. Неможам да ви го опишам кутрево, значи не сум сретнала такво кутре, мислам од очи љубов му искача, да не беше кутрето не знам како ќе поминев тој период, само кутрето ме смируваше. Па не мамино, секако го викам, зашто се дел од нашиот живот и се семејство, да не кажувам дека се поверни од луѓе. Никој не ми се радува така коа ќе дојдам дома. Јас немам верба многу во луѓе што не сакаат животни.
Да. Мене ме загрижуваат луѓе кои имаат миленици а не ги сметаат како дел од семејство туку стриктно газда/потчинет динамика и си ја мерат силатата преку животното.
Јас си чувам маче, дел од семејниот буџет е ама е милениче и не е дете. ( Бебе мое, дете мое може да биде и братче мое, сестричке моја... Не сте го родиле вие! Дали го сакам? Да, го сакам. Дали како моето дете? Не, не како моето дете! Дали како мојот сопруг? Не! (Таквото викање на домашното милениче ми е само лигавење при зборувањето особено кај млади луѓе (кои немаат деца). Запрашајте се некој што чува хрчак, желче, риба, папагал и др. Како звучи тоа ми е дете!?) Баба ми и дедо ми на село чуваа многу мачиња и кучиња. За сите се грижеа со љубов. Сепак мачињата за да немаат глувци, бубачки лисици. Кучињата да нема волци. Секогаш дедо ми велеше тие ни се како деца,но во поинаква смисла на зборот.
Да ни беше член на фамилијата, денес за жал го загубивме. Ни беше и бебе и дете и мајкин и дадин…не знам како ќе влезам дома сега без да ме пречека, не знам како мајка ми ќе легне да спие без тоа да рипне до неа…не верувам дека ќе спие некое време таму. Многу боли, како за човек. Беше со нас 13 години скоро, се надевавме дека ќе живее уште многу, беше здрав наизглед, никогаш со некој поголем проблем, хранет, мазен и пазен. Не знаевме дека има проблеми со срцето, мислевме дека од старост е забавен малце…да знаевме сигурно порано ќе превземевме нешто. Чувајте си ги луѓе, гушкајте си ги и викајте си ги како сакате, додека се со вас, апсолутно нека бидат како член на фамилијата.[/QUOTE] Се пресеков кога прочитав...идентичен случај како загубата на мојот непребол, не напушти толку неочекувано и ми остави безброј неодговорени прашања...многу касно откривме дека има срцева слабост, мојата одлука да почнеме со терапија беше фатална. Буквално со денови се трудев да ги најдам апчињата тука во Мк, имав толку голема надеж кога ја испи првата таблета, за точно пола саат мајка ми да ми се јави дека и починал во раце...точно две години поминаа во Јуни, болката е иста а празнината станува се поголема. Искрено сочуство, биди силна...
Хахаха ја чував егзотични морски прасиња, па си викав бебе мое… иако е глодар над 7 години живееше .. Моментот е поврзаноста со животното, што гледам повеќето ја осеќаат како дел од семејство а не како “ чуваш куќа” ловџија итн, не оспорувам дека куче е куче си има свои инстинкти но коа ти е дома како да не го наречеш со некој мил збор… Повеќето што ги среќавам се со деца па ќе ми кажат ова е мојот трет син .. или нормално го тупнале на родител и сеа од бегај животно станува дел и автоматски станува син/ ќерка хаха
И ние збориме за ваква поинаква смисла на зборот бебе дете. Инаку јас чувам зајаче исто од родот глодари али љубов е љубов од милост е бебе мое не дека осеќам дека го родив и сум му вистинска биолошка мајка