E se složivam. Tuka ide moeto mislenje, prvo lugjeto, pa životnite da se obezbedat. Ama mislam deka i lugjeto što se iživljavaat vrz životni imale traumi bilo od čovek bilo od životni. Začaran krug e toa. Ne e ligavenji ni vrz dete od ulica da se sožališ, kako što me napadnaa pogore, ne bil primerot dobar. Epa sega da imam sto denari i da kupam hrana za mačka izvini ne mi ide, pre na toa gladnoto dete kje mu kupam (pari ne davam im gi zimaat) Ne e na arno ako taka site trgneme da razmisluvame - pogolema empatija za životni nego za čovek, podobro da se osekjame so životni nego so lugje. Tie taka što mislat, ne osuduvam, daleku od toa, ama si imaat problem. Zboram za ekstremni slučai.
Животните не се исти како луѓето. Тие се далеку подобри и попаметни од нас. Со еден збор: фасцинантни. Го прават светот волшебен, со се природата и без нив, истиот би бил едно големо ништо
Напротив колку имаш поголема емпатија кој секој, макар и мравка толку по голем човек си…ама ништо што ти би сфатила , такашто… И пишувај на кирилица ,прочитај ги бар правилата на форумов.
Imaat vlakna, imaat bakterii koi se za čovekot poprilično opasni, možat da ubijat/ugušat dete nesakajkji ( imav takov slučaj vo komšii, mačka na bebe staro 10 dena mu sednala vrz glavčeto, toplo i bilo i bebčevo se uguši)
Ова е неодговорност на човекот. Одговорен родител не дозволува да дојде до ова. Тука нè има многу што од раѓање сме опкружени со мачиња и кучиња, па еве живи и здрави сме.
Imam mače, imam kuče, imam i dete, sega ušte edno kje stigne za nekoj den, nedela. Nikogaš ne može da gi stavam na isto nivo, ednostavno neprirodno e. A inače ne go vadi ova od kontekst...muabetot beše, ako site taka počneme, nema da ne ima, ke nema više deca, samo životni kje šetaat lugjevo so količki, kje im plakjaat tretmani, a deca ni za lek, jbg poteško e pogolema odgovornost, poskapo, životinče e polesno..
Шо да не вадам од контекст, сама ти рече отишол у курац светот, е ради размислувања вакви ко моиве и на другите истомисленици или ја не сфатив што ти беше целта? Кој вика да не се раѓаат деца, и да го нема човечкиот род? Мешате стварно баби и жаби и не разбирате. Нигде не реков дека иста одговорноста е како дете кога имаш и куче или маче. Но дека има одговорност - има, за тие кои стварно сакаат да се грижат, а не да ги сметаат како што вика погоре членката за играчки и да ги шутнат коа ќе им здосадат. Просто е. И пак забегано викаш, аман, ок е, не глеам која е потребата да се должи толку.
Попрво би наранила животно отколку човек, поблагодарно ќе е. И што ви е гајле на вас па дали некој сака на миленик да си ги троши парите или па на дете? Секако од ваш џеб не ги вадат за толку да се припотресувате. Башка што планетава е пренаселена, па и многу луѓе ја гнасат и се гнасни повеќе од животните.
Планетата баш уште повеќе луѓе сака, баш тоа и треба моментално. Ако решиле да чуваат милениче место деца која си ти да им каже дека се изопачени. Која надменост човече. Имањето деца е себичен чин во моментот, зошто ниту сме на раб на изумирање, ниту морталитетот е многу висок на планетава општо. Ги имаме децата буквално само за свое лично и емотивно задоволство, никаква услуга не правиме на светот. Така дс споредбата ич не ти држи вода. На крај ако толку ти смета што се прибираат животни и им се помага на истите, место на децата, што ти раѓаше деца, што не посвои да помогнеш? Јас го чувам животното и избирма како ќе му се обраќам, на ниеден начин тоа не те засега тебе. Забеганост е термин кој можеш на твоите блиски да го употребиш, на форим кон други членови не.
Моите мачки се моето најтесно семејство. Со нив спијам, со нив се будам, со нив читам, учам, готвам, штрафам полици и чистам. За нивната исхрана и здравје се грижам можеби повеќе него за мојата, за нивната добробит нема што нема да направам. Моја љубов и моја душа се. Ги сметам за мои "деца", секако не мислам дека ги родив само да родам дете ќе ми биде 5то Едно (кучето) ми почина, уште не ми е верно кога ќе размислам, кога ќе видам слики... Знам дека природниот животен век им е пократок од мојот и си викам, подобро е така, да ме надживеат нема човек што може да ги сака колку што ги сакам јас. Не што се дел од моето семејство, дел од моето битие се. Не знам што те боли кој како си го вика животното. Сите ми се мајкини. Фуј подалеку од сите нас. Мајка ми најтешко од сите поднесе кога почина кучето, а ќе речеш најмалку се приврзува. Дур живеев со нив као не го обожаваше мачорот, ама го думкаше во раце оти бил вознемирен од петардите за НГ, му гмечеше диња оти јаде диња ама ладна ја нејќел итн. Исто и татко ми као не го обожаваше, ама му беше жал да е сам цел ден па ќе си го прибереше во работна соба, на тастатура му спиеше, итн. Сега кога ќе дојдат кај мене тој како куче на врата трча по нив, повеќе на него му зборат него на мене Другите два мачори немаат живеено со нив, па ни мачорите се баш опуштени кога ќе дојдат, ни они не се баш толку љубовни, ги галат ама не како најстариот
Со свои пари што сакаш прави, со мои што сакам ќе правам. Преферирам да помагам на животни, затоа сите до едно од улица ми се, не купувам. Моите 100 денари на кого ќе ги дадам, никако не се твој проблем, како што не се мој проблем твоите 100 денари. Со такво размислување и подобро да немаш животни, јас не разбирам луѓе кои не си ги сметаат животните за еднакво вредни членови, немам потреба никаква да размислувам и да правам хиерархии. На кој не му чини (од моја фамилија, пријатели) каков е мојот став и однос кон животните, нема потреба да биде дел од мојот живот. Да немав пријатели кои имаат човечки деца и на животните им се обраќаат како на деца, ќе речев ај до тоа е, не сум родила. Ама пошто знам доволно такви, а знам и другаркава што ми се породи, со новороденчето во количка одеше да ги нахрани мачките што ги хранеше и пред да биде бремена, и лани на 50 степени бремена. Или го имаш "нештото" во себе, или го немаш, и океј е. Само не се мешај кај што не ти е место, во туѓи џебови, семејства и матки. И да, моите мачки доаѓаат пред сите луѓе на светов, јебига, мое право. Кој ме прифаќа ме прифаќа, кој не - негов проблем, не мој.