1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Дали верувате во Божји чуда?

    Доколку е позитивен вашиот одговор пишете што сте доживеале или што сте слушнале од други. Можеби вашиот пример ќе им помогне на некои кои веруваат и се во иста ситуација.
    Поздрав :)
     
    На Таа Сум, tessie, sweet10 и 3 други им се допаѓа ова.
  2. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    ДА, ВЕРУВАМ.

    Да почнам од себе. Еве еден пример.
    Една бабичка која беше прилично стара (моја роднина подалечна роднина), беше многу болна. Имаше големи болки во кичмата, пришто неможеше да се движи. Лежеше во постела, потполно неподвижна, секојдневно со најсилни лекови. Беше како парализирана. Другите ја хранеа, и ставаа памперси, за жалење. Ја носеа во Скопје на зрачење (бидејќи потекнуваше од помал град каде немаше таков апарат), но и од таму ја вратија, бидекќи било доцна и немало лек. Очекуваа така да биде цел живот, живот кој и се броеше со часови, минути.
    Еден ден, поточно за трет ден Воскресение (Велигден), ја посетиле две жени, нејзината внука и свекрва и. Разговарале и и рекле да се Причести. Во почетокот се двоумела, но прифатила. Цел живот од малечка не била причестена, откако ја носеле нејзините родители во Црква. Се двоумела, бидејќи и кој и да е на нејзино место ќе си рече, ете мислат дека ќе умрам, па сакаат да ме Причестат. Како и да е, се согласила. Внуката организирала да отиде свештеник дома и да ја исповеда и причести. Свештеникот ја причестил. Откако поразговарале и си заминал, можеби за некој невозможно и невистинито, бабичката се подигнала и седнала во постелата каде што лежела. Најблиските не можеле да си поверуваат на тоа што го гледале. За неколку денови станала од постела и почнала со помош од други и со бастунче да се движи. Така живееше се до нејзината смрт, до пред извесен период, бидејќи беше многу стара.
    Еве еден пример кој не се случил можеби пред илјади години за да се поверува. Се случи пред неколку години.
    Се надевам дека некој ќе извлече поука. Поздрав :)
     
    На Ackkaa ^^°, edna_malecka, Iva9612 и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Kika30

    Kika30 Нов член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    31
    :) Ако се смета за божјо чудо тоа што паѓав по скали како фудбалска топка од горе до доле, по 20 скали и не ми беше ништо..Тогаш ете мој одговор :D
     
    На Betty* и ribce27 им се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Повест за Зоја

    Вистинит настан кој ги потресол и ги привел кон покајание стотина жители од градот Кујбишев (денес Самара) во Советска Русија во 1956.

    Во градот Кујбишев живеело едно семејство: благочестива мајка и нејзината ќерка. Вечерта на Нова година (31 декември по нов календар) 1956 година, Зоја поканила седум свои другарки и неколкумина млади луѓе на вечера со игранка. Во тек биле Божикните пости и мајката ја молела Зоја да не приредува вечера, но ќерката си останала на своето. Таа вечер мајката отишла во црква да се помоли.

    Гостите се собрале, но вереникот на Зоја, Николај, сеуште не бил дојден. Девојките и момчињата се поделиле на парови, а Зоја останала сама. Од здодевност, многу не размислувајќи, ја симнала иконата на св. Николај Чудотворец од ѕидот и рекла: „Ќе го земам овој Николај и ќе одам да играм со него!”, не слушајќи ги притоа другарките кои ì советувале да не го прави тоа богохулство. „Ако има Бог, тој ќе ме казни”, одговорила таа.

    Почнала да игра, свртела круг, два, кога одеднаш во собата се кренала некаква незамислива врева, виор и сина светлост како молња, заслепувачка.

    Веселбата се претворила во ужас. Сите од страв побегнале од собата. Само Зоја останала да стои со иконата на светецот, притиснета на градите, скаменета и ладна како мермер. Никакви напори на скоро пристигнатите лекари не можеле да ја повратат. Иглите, од инјекциите кои сакале да и ги дадат, се кршеле и се свиткувале удирајќи во мермерното тело! Сакале да ја пренесат во болница, но не можеле да ја помрднат од местото. Нозете како да и биле приковани за подот. Но, срцето чукало. - Зоја била жива! Оттогаш таа не можела ни да јаде ни да пие...

    Кога мајка и се вратила и видела што се случило, ја изгубила свеста и била префрлена во болница од каде што се вратила по неколку дена. Нејзината верба во милоста Божја, топлите мајчини молитви за помилување на несреќната ќерка ја обновиле нејзината животна сила. Зоја дошла при себе и со солзи се молела за простување и помош.

    Во првите денови куќата на Зоја била опкружена со мноштво свет: верници кои дошле или штотуку допатувале оддалеку, љубопитни луѓе, медицинари и духовни лица. Но, наскоро, по наредба на власта, куќата била затворена за посетители. Во неа, на замена, дежурале по осум часови двајца полицајци. Некои од дежурните, кои биле млади (28 и 30 години), побелеле од ужас кога околу полноќ Зоја ќе почнела страшно да вреска. Непрестано по цели ноќи покрај неа се молела нејзината мајка.

    „Мамо, моли се! Моли се, гинам во гревови! Моли се!” - викала Зоја.

    За сè што се случило бил известен и Патријархот и бил замолен да се помоли за оздравување на Зоја. Патријархот одговорил: „Кој ја казнил, тој и ќе ја помилува!”

    Од посетителите, подоцна кај Зоја биле пуштени:

    1. Познат професор по медицина кој допатувал од Москва. Тој потврдил дека срцето не престанало да работи.

    2. Свештеници повикани на молба од мајката да ја земат иконата на св. Николај од рацете на Зоја. Но ни тие не можеле да ја извлечат иконата од скаменетите раце на ќерка ì.

    3. Јеромонахот Серафим од Глинската пустина, кој пристигнал во Кујбишев по повод празникот Рождество Христово, и извршил молебен за водоосветување и ја осветил иконата. Потоа рекол: „Сега треба да чекаме знаци за Велигден! А ако не се појават, значи е крај на светот!”

    4. Митрополитот Николај, кој исто така извршил молебен и рекол дека „новите знаци треба да се чекаат на Велигден”, повторувајќи ги зборовите на благочестивиот јеромонах.

    Во пресрет на празникот Благовештение (таа година се паднал во сабота, на третата недела од Великиот пост) дошол кај чуварите на Зоја еден благообрзен Старец и ги замолил да го пуштат кај неа. Но, дежурните полицајци одбиле да го пуштат. Старецот дошол и другиот ден, но пак, од страна на дежурните полицајци, бил одбиен. Третиот ден, на самиот празник Благовештение, дежурните го пуштиле. Стражата слушнала како милозливо ì рекол на Зоја: „Дали се умори од стоењето?”

    Поминало извесно време, и кога дежурната стража сакала да го изведе Старецот, него го немало во собата...

    Сите биле убедени дека тоа бил самиот св. Николај.

    Така Зоја престојала на нозе 4 месеци (128) дена до Велигден, кој таа година се паднал на 23 април (6 мај по нов календар).

    Ноќта, на Велигден, Зоја почнала намерно гласно да извикува: „Молете се!”

    Ноќната стража ја зафатиле морници и ја прашале: „Зошто толку страшно викаш?” Следел одговор: „Страшно! Земјата гори! Молете се! Сиот свет гине во гревови! Молете се!”

    Од тој момент таа оживеала, мускулите ì омекнале, живнале. Конечно ја легнале во постела, но таа продолжила да вика и да ги повикува сите да се молат за светот кој гине во гревови, за земјата која гори во своите беззаконија.
    „Како си останала жива досега? Кој те хранеше?!” - ја прашувале.

    „Гулабите, гулабите ме хранеа”, бил одговорот кој јасно го објавувал помилувањето и простувањето дадено од Десницата на Господ Спасител. Господ ì ги простил гревовите на Зоја со застапништво на светиот Угодник Божји, милостивиот Николај Чудотворец, но и поради нејзините големи страдања и стоење простум во текот на 128 дена.

    Сето ова што се случило толку многу ги потресло жителите на Кујбишев и неговата околина, така што многу луѓе, гледајќи ги чудесата, слушајќи
    ги криците и молбите да се молат за луѓето кои гинат во гревови, се обратиле во верата. Итале во црквите со покајание. Некрстените се крштевале. Оние кои не носеле крст, почнале да го носат во она време кога буквално можеле да платат со глава. Обратувањата биле толку масовни, што во црквите немало доволно крстови за сите кои ги барале.

    Со страв и солзи се молел народот за простување на гревовите, повторувајќи ги зборовите на Зоја: „Страшно, земјата гори, гинеме во гревови! Молете се! Луѓето гинат во беззаконијата!”

    На Велигден, на третиот ден, Зоја отишла кај Господа, поминувајќи тежок пат на стодваесетиосумдневно стоење пред лицето на Господа поради искупување на гревовите. Светиот Дух ја сочувал во живот душата нејзина, воскреснувајќи ја од смртните гревови за во идниот вечен ден на Воскресението на сите живи и мртви да воскресне во тело за живот вечен. И самото име на девојката Зоја (на грчки „зои”) значи - живот. Амин.

    Напомена:

    Во советскиот печат во тоа време исто така имало пишувано за случајот на Зоја. Одговарајќи на писмата кои стигнувале во редакцијата на познатиот весник, некој важен научник потврдил дека случката со Зоја не е измислена, но притоа изјавил дека во прашање е некој вид вкочанетост, досега непознат на науката. Невистинитоста на ваквата претпоставка е очигледна зашто: прво, кај вкочанетоста, т.е. премреноста, нема такво камено затврднување на кожата, па затоа лекарите можат на болниот да му дадат инјекција; второ, премрениот може да се носи од место на место и тој лежи, додека Зоја само стоела, и тоа стоела толку многу колку што обичните луѓе не се во состојба да стојат и при тоа не можеле да ја помрднат од местото; трето, премреноста сама по себе не го обраќа човекот кон Бога и не донесува откровение од Небото, а во случајот на Зоја не само што илјадници луѓе се обратиле во верата кон Бога, туку и верата своја ја покажале преку дела, т.е. се крстиле и станале морални: не само што признале дека постои Бог, туку станале и христијани. Јасно е дека причината за тоа не била премреноста, туку делувањето на самиот Бог: Тој со чудата ја утврдува верата за да ги избави луѓето од гревовите и од казната за гревовите.
     
    На Маца 1123, Таа Сум, Milobebence и 9 други им се допаѓа ова.
  5. meruska

    meruska Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    103
    Да верувам.Јас не сум можела да останам бремена секој ден се обидував на лекар ми кажаа некои глупости не се за на темава и еден ден седнав на гогле барам имиња за бебиња и маж ми вика аман ќе биде чекај и видов едно име сто значи во превод божји дар и реков ако останам бремена и имам ќерка ке и го дадам ова име и после месец дена јас останав бремена верувај те или не тоа е божја зелба за се сто ни се случува и божјо искушеније
     
    На edna_malecka, душленце, Таа Сум и 8 други им се допаѓа ова.
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    НЕВЕРОЈАТНО НО ВИСТИНИТО-НАЈГОЛЕМО ЧУДО НА ВЕКОТ ВО РОМАНИАЈА



    Во едно мало село во Романија, веќе подолго време немало постојан свештеник. Жителите на селото често оделе кај Патриjархот, со барање да им испрати свештеник. Но, Патријархот не ги задоволил нивните барањата. Селаните не се откажувале и постојано оделе кај Патријархот, кој не се однесувал ништо поразлично кон нивните барања отколку на почетокот, велејќи дека нема вишок свештеници, па затоа не може да им испрати во селото. Меѓувремено, луѓето умирале без погреби и помени, други луѓе се земале еден со друг без чинот на венчавање, имало деца и постари кои не биле крстени.
    Еден ден, ненајавено, дошла кола пред црквата и се појавил свештеник. Селаните се изненадиле. Кога отишле во црквата да го пречекаат, го запрашале: “Како дојде во селото, кога Патријархот ни рече дека нема свештеник за да ни прати?“ Свештеникот им одговорил: “Нели се залагавте да ви се испрати свештеник? Сега веќе го имате“. Сите селани биле задоволни од присуството на новиот свештеник.
    Тој веднаш се зафатил со работа. Ги поминал сите гробови и прочитал молитви за починатите. Крштевал и венчавал, и ги причестувал со Телото и Крвта Христови.
    Еден ден ги викнал селаните во црквата и им рекол: “Јас си заминувам сега, мисијата е завршена“. Но, селаните натажени и збунети од одлуката, го запрашале: “Само што дојде, а си заминуваш?! Но, свештеникот не се премислил и стоел на својата одлука. Кога селаните виделе дека ништо не можат да сторат, му се заблагодариле.
    По некое време, селаните повторно отишле кај Патријархот, да му заблагодарат што им испратил свештеник и да го замолат ако е можно наскоро да им испрати друг, но Патријархот не знаел кој свештеник бил таму. Им рекол дека не им испратил свештеник, бидејќи немал, и го побарал Протосингелот, да провери со него. Му се јавил и го прашал, но и тој рекол дека не пратил никого. “Што правеше свештеникот кај вас?“, прашал Патријархот. Селаните му одговориле: “Венчаваше, крштеваше, извршуваше опело за нашите родители, она што на секој свештеник му е должност“.
    Потоа Патријархот ги прашал дали им дал некој документ и дали ги завел извршените свети тајни? “Секако“, рекле селаните, “ни даде документи и ги заведе во црковните книги“. “Дали некој виде што запиша во нив? И со кое име се потпиша?“ - прашал Патријархот, а селаните му одговориле: “Сите документи се на романски јазик, но имаше потпис на јазик што не сме го виделе претходно, а ние не сме толку едуцирани да разбереме.“ Патријархот дал указ да бидат донесени книгите, за да се види кој е тој свештеник. Кога селаните се вратиле со книгите, Патријархот останал без зборови. Не можел да поверува на своите очи. Навистина, сите документи биле напишани на романски, но потпишаното име било на грчки, Нектариј, епископ на Пентаполис(Егински).



    Свети Нектариј Егински

    Свети Нектариј е роден на 1 октомври 1846 година, во Силвира, регионот на Траки (Грција), како петто од вкупно шест деца во сиромашно семејство. Неговото име било Анастасиос Кафалас. На возраст од 14 години се преселува во Константинопол (Истанбул), каде што почнува да работи за да може да го продолжи образованието. Во 1866 година се преселува на островот Киос, каде што наредните години го надополнува своето образование. Бидејќи беше од сиромашно семејство, кога сакаше да замине од својот дом, немаше пари за да го плати билетот на бродот, а капетанот не сакаше да го пушти да влезе без билет. И неколку дена бродот не можеше воопшто да се помрдне. Дојдоа најдобрите мајстори, но не можеа да откријат зошто бродот не може да исплови. Свети Нектариј целото тоа време седеше спроти бродот нажален, и дури кога капетанот му го фати погледот, сфати зошто бродот не може да тргне. Во моментот кога го пушти свети Нектариј да се качи, во тој час бродот исплови. Во 1876 година, на возраст од 30 години се замонаши и го доби името Нектариј. Во 1885 година дипломираше на Универзитетот во Атина. За време на своето студирање, напиша многу книги и даде многу свои коментари на Библијата. По дипломирањето, заминува во Александрија, Египет, каде што е ракоположен за јеромонах и служи во црквата во Каиро. Заради неговата побожност и дарба за проповед на Евангелието, во 1889 година е назначен за Митрополит на Пентаполи од Патријархот Софрониј. Остана во Каиро една година, и неправедно и без објаснување беше преместен далеку од Египет, како резултат на клевети и лаги кажани за него. Во 1891 година се враќа во Грција, и две години служи на Евија. Во 1894 година именуван е за директор на Црковното училиште, каде неговите служби оставаат длабок траг и печат. Напиша многу студии и книги, за сето време додека служеше во Атина. Во 1904 година, на барање на неколку монахињи основа женски манастир на островот Егина. Манастирот го посвети на Света Троица, а изградбата заврши во 1910 година. Исто така, основа и многу цркви и параклиси низ целиот остров. Во декември 1908 година, на возраст од 62 години, ја напушти функцијата директор, и се пресели во манастирот, каде што остана до крајот на својот живот, во длабоко тихување како монах. Додека се градеше манастирот, секогаш им помагаше на работниците, работејќи заедно со нив. Многу сакаше цвеќиња и дрвја. Се претстави пред Господ на 21 ноември 1920 година (во 22 часот), на 74-годишна возраст. Последните неколку години свети Нектариј боледуваше, и последните денови ги помина во болницата во Атина. Кога го пренесуваа од Атина во Егина, мирото непрестајно течеше од неговото чело. Сите беа вчудоневидени. Преблагиот мирис најпрвин се разлеа низ целата болница, па потоа и низ цела Егина. Во болницата, кога докторите дојдоа да го пресоблечат, случајно неговата кошула ја фрлија на соседниот кревет на кој лежеше парализиран човек. Во истиот момент кога тој се допре до кошулата на свети Нектариј, се излекува. На неговиот погреб присуствуваше многуброен народ. Пристигнуваа од секаде, за да се допрат до свети Нектариј. За Свететител е прогласен на 20 април 1961 година. Секој 22 ноември мноштво народ доаѓа во манастирот на свети Нектариј за да се поклони на неговите мошти.
     
    На душленце, Таа Сум, tessie и 4 други им се допаѓа ова.
  7. twisterworp

    twisterworp Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    19
    Ова лето бев на одмор во Охрид и го читав Самуил ако знај некој то е книга од библијата
    и една вечер сонив сон имаше една табла и на неа на српски пишеше BOG je poslao Isusa da ucini dobro
    а името беше,тајно и лично име на Господ, кое нема да го пишам, во црква прашав и ми рекоа дека Евреите го викале со тоа име.
     
    На edna_malecka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dzanina

    dzanina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    291
    Допаѓања:
    117
    А што мислите за ова што се случи во Египет ,сега читав во А1 дека во Египет се појавила снимка на четвртиот јавач на апокалипсата - снимен на крвавите улици на Каиро.
    Ја гледав снимката и неверојатна е дали мислите дека е тоа стварно или некаква монтаза :worried:
     
  9. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Само добрите работи се Божји чуда?
     
    На edna_malecka, sweetbebi и Aisha им се допаѓа ова.
  10. princessofthedark

    princessofthedark Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2010
    Пораки:
    1.018
    Допаѓања:
    149
    не верувам во божји чуда од причина што не верувам во Господ.
     
    На katerina222 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Не сакам да верувам ама некако језиво ми е,постојат виши сили, а оваа снимка не знам, не верувам да е монтажа, уфф страсно се ближи крајот.. А се сеќавате пред 4-5 години во кочанско манастирче што се појави Св. Петка на сликата? Е тоа беше ептен да те наежи сликата ја носеа и кај владиката, неможат да објаснат, се докажа дека не е монтажа..незнам ја верувам во чуда.
     
  12. machorka

    machorka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    58
    Same here 8)
     
    На Akiii му/ѝ се допаѓа ова.
  13. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Верувам во божји чуда исто како што верувам во господ .

    Јас верувам и еве го мојот пример:
    Гледав oprah show и темата беше многу жална сите кои изгубиле драги лица во несреќа или во нешто слично.
    Гости во емисијата беа маж и жена кои изгубиле своите три малолетни деца едното 2 години друго 4 години и трето не се сеќавам точно, едното било машко а другите две женски,несреќата се случила кога камион удрил во нивната кола и настрадале само децата кои седела на задното седиште додека мажот и жената останале живи. Тоа било некаде 2007 година од тогаш тие одела на терапија за да остнат силни затоа што не можеле да се соочаат со тоа што му се случило размислувале за самоубиство, но благодарение на терапијата т.е. психијатарот кај кого оделе остнале храбри и сеуште се заедно.
    По неколку години оделе на вештачко породување за да имаат деца иако претходно си имале ветено дека никогаш повеќе нема да имаат деца но по извесно време повторно родила и тоа три близначиња од кои
    едното машко а другите две женски.

    И како да не се наежиш после ова :x
     
    На Таа Сум, iloveyou29, stiki18 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Како што верувам во Господ, ВЕРУВАМ и во неговите чуда.
     
    На edna_malecka, Iva9612, iloveyou29 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. oceangirl

    oceangirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    184
    Допаѓања:
    69
    We believe in God!
     
    На Ackkaa ^^° му/ѝ се допаѓа ова.
  16. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Абе се това убаво ама многу нелогично............... зашто тој човек за кого викаат дека бил самиот светец кој исчезнал од собата на зоја барал дозвола од чуварите ? зар неможел исто така да се појави во собата како и што исчезнал од неја ?
    А за оној попо од романија па и не је некое чудо , нели може да е бил некој поп кој ги слушнал сељаците како молат за да им се прати попче па на своја рака отишол, и од страв да не го казни владиката се потпишал како тој гркот ?

    Е добро де шо чудо е ако изгинале децата ? не је никакво чудо това што после родила три деца !
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Е како не е чудо кога пред тоа децата што и загинале биле едното машко и две женски а потоа родила близначиња од кои1 машкото другите 2 женски тоа не верувам да е случајност и после 3 изгубени деца господот повторно да ти дај 3 деца тоа е стварно чудо !!!!
     
    На iloveyou29 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  18. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    верувам во 4уда и верувам во господ а кој не верува немора да го наметнува своето мисленје на оние сто веруваат секој има право сам да се определи да верува сто сака ама при тоа немора да разубедува и да пропагира на друг
     
    На LittlePinky, Whitecloud95, Ella.313 и 3 други им се допаѓа ова.
  19. crazylady

    crazylady Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    5.198
    Допаѓања:
    8.431
    Потполно се согласувам со тебе :D
     
    На Betty*, MarchelineAmaru и eleni23 им се допаѓа ова.
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266

    Прво, чудото со Зоја е следно.
    Навистина можеби во твоите очи и во нечии други изгледа така, но целта на појавувањето и исчезнувањето на Св. Николај е тоа да се покаже дека светите луѓе, светителите сепак се живи. Можеби се упокоиле како и другите луѓе, но го имаат благословот од Господ во секое време да се појават на земјата во своето сопствено тело како што и живееле. Тоа е светоста, тоа е совршенството за кое треба да се стреми секоја душа додека живее на земјата. За на крај да ја постигне бесмртноста и душата да ја наследи вечноста.
    Целата на повторното појавување на светителот и по трет пат, означува дека светите луѓе можат да се вратат на земјата и да прават се што правеле додека биле живи, иако се упокоени и се населени во Небесната Земја.

    За вториот пример ќе ти одговорам со прашање.
    Дали ти својата другарка со која се дружиш нема да ја препознаеш на некоја слика?
    Значи така и тие луѓе кои сакале свештеник во своето место добиле, живееле со него, го запознале, се дружеле, го посетувале (но сепак не го знеле кој е вистински) и дали тие после толку долг период кој го поминале заедно нема да го препзнаат на слика? Можеби потписот кажува едно, но ликот објаснува се.
    Тука е одговорот на твоето прашање.
     

    Прикачени фајлови:

    На sweet10 и Whitecloud95 им се допаѓа ова.