Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.253
    Допаѓања:
    4.311
    Ако е така, зошто (и дали) тогаш Бог прави вакви „чуда„?
    Секој има право да верува, но зарем Бог преку чудово не им го одзема лебот на експертите? Каде е Божјата праведност тогаш? Не го напаѓам вашето право да верувате дека во црквата се случило чудо, само забележувам некои работи кои не ми одат во прилог на тоа дека „чудото„ е Божјо. Инаку и јас верувам во Бога.
    Убаво е ако така учи верата, но тоа треба и да се живее во пракса, што пак очигледно не е случај во црковните институции бидејќи таму луѓето се рангираат по хиерархија, сите се еднакви но има поеднакви меѓу еднаквите, до олтарот нема секој пристап и тн.

    Преку чудово испаѓа дека наводно дотичната црква е некако попосебна од другите. Но вакви чуда имало и низ другите вери, на пр. во исламот или хиндуизмот. На видеово се гледа каде статуите на хинду божествота го испиваат понуденото млеко - и тоа во хинду храмовите ширум светот. Па сега, ако чудата се критериум, испаѓа дека Бог ги повикувал луѓето да станат хиндуси... ;)

    http://www.youtube.com/watch?v=tzhfPSxkdb4
     
  2. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Чудата не се никакви критериуми, ниту со нив Бог ги повикува луѓето да станат верници. Со чудата Бог само ја покажува неговата моќ. На нас останува дали ке веруваме или не...
     
    На Libera, Page и Gordana10 им се допаѓа ова.
  3. MissElly

    MissElly Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    103
    Случајов со фрескиве што сами се чистеле..БОЖЈЕ ЧУДО ИЛИ НЕ?
     
  4. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Пракса? Никој во светов не го практикува на правилен начин христијанството, а што не негирам дека има исклучоци.А црквата не е посебна од другите, дали е Исус, Алах, Буда, Бог е, тоа што црквата го потенцирала ова како чудо, незначи дека е посебна од другите или пак дека другите не се толку битни, не.Потребно е малку и од друг агол да ги гледаме работите, за да ја согледаме комплетно целата ситуација.
     
  5. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    380
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    Значи не ми се верува какви коментари читам али сепак секој со своето мислење.Кој верува во Господ ке верува и во ова.Нема логика да е дело на црквата затоа што откако изјавија на вести за ова има многу посетители а кажуваат дека чудото и понатаму се случува што значи сигурно нема пред посетителите да фарбаат да прават трикови.Да се деси ова во друга земја има и те како да се чудат и да зборат ама такви се кај нас луѓето и Господ да се симне нема да веруваат.Верувам во ова и во Господ
     
    На Ella.313, Gordana10, Elennaa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    тоа е за да верувас дека бог постој, и да не си го замислува бог некој на свој нацин, тоа е бог кој има мок, и сила, да направи сто сака. а за да виде некој верник, со сила не мозе никој да го тера,а бог е тој кој само он упатува на прав пат и никој друг. бог не е зависен од нас ние сме зависни од него, ако бог сакасе немасе да постоиме ние, на овој свет. ние сме дојдени како негова милост, на овој свет и него да го обозаваме и да веруваме сите во еден и семокен единствен Bог
     
  7. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас од секаде слушам но никако да дослушнам. Што точно се случило во св. Димитрија?
     
  8. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Наводно фреските сами се чистеле од нечистотиите што ги собирале со години.
    Мене ова искрено ми личи на начин да се зголеми посетеноста на црквата и да се заработат пари од иконите, оти црквата беше пред затварање. Почитувам верници и религија, ама сите знаеме поповите како си изнаоѓаат начини да измамат пари од народот кој со стравопочит ги впива нивните „чуда.“
    Туку прочитав и за случај на бремена цура од Чаир која наводно била девица и требала да се породи деновиве. (Може е само на заебанција не знам.)
    Ама да бе, сега пред Велигден, кога оваа е деветти месец, им текна да пишат за случајот, првите месеци ич не било чудно веројатно, мислим, сите сме родени од мајки-девици.
     
    На paulina2 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Не сум којзнае колкав верник, но верувам дека постојат чуда, знаци кои ни ги дава "некој" или "нешто".
    Напразно зборувате, бидејќи не сте отишле самите да се уверите, ако ништо друго, еве отидете и направете ги веројатни вашите изнесувања овде. За се што ќе се случи мора да има некој неверник (не зборувам за верба во религија, мислам општо, да не верува во ништо, секогаш спротивно да тврди).
    Нелогично е да тврдите дека нешто не постои а ни самите не сте сигурни во тоа, бидејќи не сте се обиделе да потврдите со факт или искуство. Отиди во црквата, убеди се прво себеси дека тоа не е така како што велат многумина, па после пренеси им го твоето искуство на луѓето. Не само твоето, туку и на сите оние кои сакаат да убедат во нешто а ниту самите не се сигурни во истото.
    Јас сакам да отидам деновиве, да видам. Дури тогаш можам да тврдам дали нешто е вистина или не, дали е исценирано или е дело на природата или некоја виша сила.
    Можеби ова е знак за нешто, кој верува искрено ќе дознае за што. Секој со својата верба.
     
    На Acerola му/ѝ се допаѓа ова.
  11. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    апсолутно се слагам со тебе многу убаво размислување....мислам ако јас верувам во Бога нема да имам никаква потреба да отидам во црква за да видам дека се случило нешто.А што се однесува до овој случај читав деновиве на интернет многу начини на кои моше да се случи тоа фрските да ја повратат бојата....еден од причините беше дека црквата долго време била затворена па со отварањето и влегувањето на кислород внатре довело до избристрување на истите.
    верувам во Исус како човек кој постоел и кој имал моќ и помагал...но не верувам во религии,цркви..попови.религиите се измислени од страна на моќните со цел да се предизвикаат војни низ светот.Имено кога ќе погледнете сите војни во историјата имаат едниствено религиска основа.Црквите пак се направени со цел да се заплашуваат луѓето ,да се влијае на нив...на нивното размислување ....Исус не ги измислил црквите....црквите се направени мнооогу долго време после неговата смрт од страна на Римјаните со цел да се влијае на сиромашниот народ.И на тој начин народите се поделени на религии и вери.
    Многу ме нервира што очигледно нашите медиуми мн го искористуваат случајов за политички и разни други цели! Им се одзема вниманиео на луѓето од вистинските проблеми кои постојат во државава.
    Ок ако е божјо чудо ....јас и така верував во виша сила..мене не ми е потребно ова за да се уверам во Бога а на оние кои им е потребно тие не се ни вистински верници како што се прикажуваат.
    Убаво е да веруваш но не е убаво да им го мотаат паметот на луѓето.....а црквите...поповите,религиите очигледно го прават тоа.
     
    На Blondy.92 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.997
    Пол:
    Женски
    Абе види, нека е чудо, ама нека ми докаже некој.
    Оти и ти види, испитај, па изнеси ми докази, па ако треба ќе појдам и јас па ќе ти ја изнесам после мојата теорија, не вака на празно и ја и ти неотидени да се клањаме. Ама битно да има некој спротивно да тврди..
     
    На paulina2 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Јас си верувам во вакви чуда. Може ова нема никаква врска со Исус, но сепак има нешто од внатре што ме тера да верувам во вакви работи. Јас денес првпат дознав и многу ми беше криво зошто не сум знаела од почетокот. Деновиве сто посто ќе идам да видам.
     
    На badem4e му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Јас сега слушнав на тв, дека вечерва светнал и светиот олтар, се наежив.После ќе имало на вести, па ќе видам што се случило.Ако вечерва светнал и олтарот, тогаш нема шанси да е тоа направено од црквата, посебно ако се случило пред очите на луѓето.Тоа е, се случува за да се уверат луѓето.Незнам што друго да кажам.
     
  15. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
    Јас верувам во чудото за фреските. На тв велат дека се случувало пред очите на лугето. Сирурно има нешто инаку не верувам преку вечер да се белат фреските за да изгледат по светли како што изгледат.
    Сепак кој верува во Бога верува и во ова.
     
  16. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Сабајле на Канал5 во таа утринската емисија, Здраво Македонијо мислам дека се викаше, се јави една жена се претстави со име и презиме и зборуваше за овој случајот со фреските.
    Отишла вчера сабајлето (или во недела не сум баш сигурна) во црквата ама вратата била затворена и немало ич свет. Почекала малку додека отворат и кога отворил свештеникот влегла. И вели дека го видела помошникот како стоел на скала и и бришал сликите.
    И како после ова да не се сомневаш? :)

    Јас во себе сепак си посакувам да биде вистинско Божјо чудо ама многу факти го оспоруваат ова.
    Жената така вели, ако лаже- гревот е нејзин, јас само пренесувам што чув, можете и да ја гледате репризата од емисијата ако ја има на интернет.

    И ајде баш ме интересира дали некој овде на форумот беше таму и виде со свои очи, и ако има некој да каже дали е стварно дека фреските се чистат таму, пред луѓето или е само нафилувано од страна на медиумите.
     
  17. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.468
    Jас верувам во господ, сега не сум претерано побожна, ама си верувам.

    Aма попови, подалеку од мојата куќа и од животот. Cакам да верувам дека е божјо дело, ама знаејќи колку се подмукли тоа поповите, и скептична сум.
    Kое духовно бре попе? :D Tи ќе ми збориш за духовно, а по снегот не можеш да дојдеш да пееш на 40 дена? и тоа 3000 зимаш.
    Aбре ајде глејте си ја работата, и не викнав поп за велигден.
    преку црквите се вртат пари бре, тие се мафија, и не ми е гајле што ќе кажете. Hе сите, ама повеќето да.
    па уште и муабетот го вртат деца да правиме |( давај ми 600е секој месец, и 3 ќе ти ги родам дедо попе
     
    На faye и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  18. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.377
    Пол:
    Женски
    Св.Димитрија! Колку и да верувам во Бога и неговата моќ, и колку и да сакам да верувам во ова чудо, толку и се плашам дека е ова маркетинг.
    Од друга страна, како ги исчистиле иконите - со сјај и памучно крпче???? Знам дека процедурата за чистење на фрески е долг и премногу скап, тоа неможе да го прави обичен поп туку вешти лица, имам гледано како чистат, со тенки чепкалки во специјална телност, дел од милиметар по дел....

    а тоа дека од отварањето на вратата, па кислород па незнам што - тоа се глупости, колку цркви биле долго време затворени, па наеднаш да влези кислород и не се исчистиле, дај не верувајте во секакви глупости

    Навистина незнам што да кажам друго и да мислам ...
     
    На ivimis и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Охриџаните че умрат од љубомора. 365 цркви, а чудото фоф Скопје се деси :)

    ( На беровски дијалект, преземено од фб :) )
    :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На enca.69 и cupcake19 им се допаѓа ова.
  20. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Јас бев денеска...
    Вчера една другарка ми прати слика од тој делот горе како квадрат што е исчистен и денеска јас кога бев се гледаше веќе пола лик од фреската, а на сликата не се гледа... Башка слушнав внатре од луѓето што подолго време седеле внатре збореа како демек еден сентиметар се исчистил, се гледала пола уста од ликот, а јас кога погледнав се гледаше веќе цела уста, додека пак на сликата од другаркава од вчера не се гледа устата... Ама објаснив :D :D некој можда и ќе ме сфати

    Немам оформено мислење дали верувам или не... Ќе почекам уште некој ден, и ќе појдам пак до црквата, може и повеќе пати...

    Па може и ќе поверувам.