Дали верувате во Божји чуда?

Discussion in 'Религија' started by Serafima, Dec 9, 2010.

  1. HardSex

    HardSex Популарен член

    Joined:
    Apr 25, 2011
    Messages:
    498
    Likes Received:
    2,425
    Gender:
    Male
    Причини за домашни божји чуда:

    1.Црквата не го остварила својот бизнис план т.е. потфрлила

    2.Заташкување на целава л'крдија со рускиов патријарх во однос на проблемите на релација Mакедонска-Српска православна Црква.

    3.Дисциплинирачка порака на Владата на Р.М..Сите вие бунтовни души кои не сте задоволни од моменталните состојби,помолете се на Бога.
    Слушнете го неговиот глас.Нека неговите моќни зборови,длабоко резонираат. :D
    Нека ритамот на Семоќниот бидe во перфектна хармонија со отчукувањата на вашите срца.
    Во меѓувреме додека вие се молите и чекате Семоќниот да ги реши проблемите,колективното ограбување продолжува.
    Продолжуваат вработувањата со партиска книшка(у име Оца и Свјатога Духа),продолжува непотизмот,продолжуваат непотребни проекти како Скопје 2014(во име на Отецот и Светиот Дух),продолжуваат сплавови и Фаланги,па дури и кочии,продолжуваат неуспешни пописи кои чинат милиони,продолжуваат заплашувањата и заканите пред,за време и по изборите,продолжуваат милионските кампањи(политички маркетинг)(во име на Отецот и Светиот Дух),продолжуваат...Листата нема крај.Lead by f'ing example.Anyone?

    Едно е јасно politics=showbiz for ugly people,со исклучоци ту и тамо.Гледање СителТВ=популаризирање
    на недоквакана музичка ѕвезда на MTV.Just turn your TV on,lay-back and enjoy.Од тотален анонимус имаш национална,меѓународна атракција.

    Фактот што чекаме Бог да ни ги исчисти фреските,во ситуација кога се расфрламе со милиони,доволно говори за односот на луѓето кон религијата и религиозните објекти.Сега сите сакаат да се сликаат и да ги видат божјите чуда,што е тотална спротивност.

    Меѓународни божји чуда

    Рускиот патријарх носи часовник од $30 000,а просечен американец зема $45 000-50 000 годишно,
    од кои сигурно повеќе од една третина му одат у даноци,одземи плус кирии,одземи плус транспорт,одземи плус храна,на крајот можеш со прстот у уста да останеш,слично како и македонецот,со таа разлика што ние у апсолутен износ никаде не фигурираме,освен на bad-boy листите каде сме неизбежни. :D

    Патријархот жив го фаќаат,но он негира.Па пиши бриши,па photoshop.
    Мистериозниот часовник исчезнува овој пат како резултат на божјо чудо од меѓународен карактер :D Па уште ќе ги казнеле оние кои се одговорни за обелодeнувањето.Сериозно, каде е љубовта,чесноста и искреноста кои се у центарот на вашето учење?
    ОК,можеби донекаде е и америчко масло,но генерално е невидена л'крдија.

    За крај, Саркози сака во ситуација кaде неговиот рејтинг паѓа,да ја убеди јавноста дека тој ја работи само Карла,за разлика од неговиот главен потенцијален противкандидат(бившиот главен типац на IMF)
    кој наводно е*бел што стигнел.Во ситуација каде французите/французинките важат за прилично либерте у сексуална смисла,мислам дека ќе му треба божјо чудо. :D

    Немој нас јебат :D .
     
  2. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Joined:
    Dec 8, 2009
    Messages:
    387
    Likes Received:
    234
    Чудесно самообноање на фрески и икони во православните земји

    Чудесно самообновена икона на Мајката Божја Троеручица

    Чудо на самообновување на фреските во црквата на свети Никола во Твер, Русија

    Во август 1961 година, во соборната црква на Светото Преображение во Лос Анџелес иконата на Мајката Божја Троеручица чудесно почна самата да се обновува. Долго време стоела на западниот ѕид од старата црква зад свеќникот.

    превземено од Премин Портал
    http://preminportal.com.mk/content/view/9880/1/
     
  3. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Joined:
    Jul 7, 2011
    Messages:
    120
    Likes Received:
    81
    Јас бев денес... Искрено- многу сакам да верувам. Верник сум, но ако не поверувам за оваа работа, не ме прави помалку верник или атеист, туку искуството од тоа каков народ сме.
    - Можно е некј да ги намачкал сликите претходно со нешто, за чистење,а потоа се да е чиста хемија, сам да си работи процесот,сите по биологија и хемија сме го учеле тоа и знаеме како одат тие работи.
    Сомнително ми е поради неколку нешта:
    - Рускиот патријарх не доаѓа у МК,а оди околу во Грција,Србија, Букурешт...и наредниот ден-нас ни се чистат сами иконите.
    - Се чистат само преку ноќ, а не пред очите на верниците (ги чисти некој или ги мачка може навечер)
    - кога ги видов- светат само оние пониски икони,тие многу високи што се,и најгоре Исус над глава што ни е- не свети,црн е. Би требало и таа да свети,нели? Мене ми е таа фреска најбитна во црква..заштитник...
    Незнам, дај Боже да е вистина,зошто ако не' лажат за вакви работи- грев да ги фати сите!
    Ќе почекам да видам дали ќе светне цела црква до Велигден...ПРЕД ОЧИТЕ на верниците, а не после полноќ....
    Чуда постојат,да! Но колку е ова чудо- не сум сигурна за во Македонија... за жал...
     
  4. bliznacka

    bliznacka Нов член

    Joined:
    Apr 2, 2012
    Messages:
    127
    Likes Received:
    37
    Јас не верувам. :)
    А читам погоре и зошто мора ама баш секаде да се спомнат Американците и што го мешате Саркози? хех... self called хипстери.
     
  5. calliope

    calliope Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2011
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    15,998
    Gender:
    Female
    [​IMG]

    И сега што правиме?
     
  6. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Joined:
    Aug 20, 2011
    Messages:
    1,193
    Likes Received:
    1,173
    Oва ваквото ме потсеќа на моментот пред неколку години, пред Велгиден кога на едно јајце се поајвила сликата од Исус ако не се лажам....

    Па по очигледно од тоа дека некој ни мачка очи нема бе луѓе !

    Како бе само пред Велигден се дешаваат вакви чуда. И тоа само во Македонијава ни наша непресушна....

    Сфаќам верници и се, ама ова више е претеризам. Зашто крајно е јасна више улогата на црквата...
     
  7. kravce

    kravce Форумски идол

    Joined:
    Jan 19, 2012
    Messages:
    3,808
    Likes Received:
    52,974
    Не верувам во вакви чуда што е очигледно дека може да ги направи човечка рака. Ќе треба нешто многу повеќе да се случи за да се нарече чудо.
    Најжално е што нашиот скептицизам, кој е реален, ако се погледне нашево секојдневие и луѓето кои очи ни мачкаат секој ден, ќе биде оцрнет и окарактеризиран како сатанистички, невернички, а ние самите како деца на ѓаволот. Погледнав денес на насловната на вечер, извадоци од статуси на одредени луѓе од фејзбук "кутри неверници" кои се одма ставени на тапет токму поради својот скептизицам. Мое е дали ќе верувам сепак нели? Малку недостасува да биде казниво да се сомневаш во се што ни го сервираат големите. Сега ќе се удираме во гради, кој е поголем верник, ако веруваш во ова со нас си, ако не веруваш тогаш сигурно си од сдсм (кај и да е ќе се појави и ова на некое од вестиве, ќе излезе нечиј портпарол, па ќе почнат да се обвинуваат еден со друг).
    Најпрво треба да си човек како што треба, па биди и македонец, албанец, христијанин, будист, либералец...Незнам дали е ова намерно или случајно направено, ама човечката алчност ме убедува дека се е плански...за жал
     
    Danilela likes this.
  8. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,432
    Likes Received:
    17,813
    Gender:
    Female
    Епа баш тоа, ако мислиш дека не е вистина докажи, оди, види, увери се, не само ти туку и сите што одма прават теории дека се било местенки, како и таа жена што одма испаднала стручњак и знае кој што и како чисти фрески во црква. Едно е да не веруваш во Божји чуда, друго да не сакаш да ги видиш работите со свои очи. Јас не ви реков дека мора да верувате, само мислам дека не е исправно да тврдите нешто дека не е без да видите со свои очи, а толку луѓе виделе. Особено кај нас, за секоја работа прво на негативен начин и без верба се пристапува.
    Здравје, да не се зарекувам, денес мислев да одам натаму, па ако одам ќе поминам и во црквата, за да видам со свои очи. До тогаш ниту го потврдив чудото, ниту го оспорувам.

    p.s. таа жена ми изгледа дека сакала медиумско внимание. Па и дома секој ден чистиме, бришеме прашина, ама едно е да избришеш прашина, друго е чистење на фрески.
    Еве како оди постапката на реставрација која трае со години, па заклучете сами дали тоа може некој човек со крпче да го направи пред отварање на црква.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Restoration_of_the_Sistine_Chapel_frescoes#Interventions

    p.p.s а овие па до фокус, мајката ќе си ја продадат само да напишат некое срање во тој нивни посран весник
     
  9. calliope

    calliope Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2011
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    15,998
    Gender:
    Female
    ^ Да не цитирам, едно под друго сме.

    Да почнеме од секојдневен пример: Ти еве како правник, разгледуваш случај на потенцијално убиство.
    Е сега, осомничеиот тврди дека „Бишето се самоуби, падна на греблото и се надена“, и бидејќи мртвиот не може да зборува, случајот ќе се смета за самоубиство, само затоа што тој е очевидец и логично ќе е нему на слепо да му веруваш без никаква истрага?
    А ти како трето лице, не си била сведок на убиството, туку сега си сведок на неговата последица, исто како и со самочистењево.
    Не реков ни јас дека го оспорувам ова. Јас се изјаснив зошто мислам така и очекувам пологичен контра-аргумент од „Епа увери се сама, јас верувам и крај.“
    Јас комотно можам до утре да си ломотам за колку најобична хемиска реакција како оксидација, може да прмени нешто, а не пак посложени хемиски реакции и киселини кои откако ќе се нанесат постепено ја разјадуваат сета наталоженост. За нас е може ново, али западу то је ништа ново. Таму за кујните во големите хотели на пример, се користат баш гореспоменатите киселини за да го разјадат сиот бигор, маснотии и црнило од чадовите кое се собрало од водата и пареата. Процесот се одвива неколку часа, зависно од јачината на киселините и тоа колку длабински делува истата. Си има и фино лепо светлуцави честички за политура и ко ќе видиш, чудо, гланца кујната ко сега купена.
    И тој процес е видлив, бигорот и црнилото полека се разјадуваат и кога ќе исплакнат со вода, сија ко бебешко дупенце, па не го припишуваат чудото на натприродни сили. А тоа што ние не сме виделе такво нешто досега, е тоа е веќе наша Македонштина.
    Ама, бидејќи колку и да ми е километарски постот со објаснувања, на крај секогаш ќе е пологично да верувам дека нештото само се чисти, отколку дека некој друг вмешал прсти, и секогаш за најголем доказ ќе се важи „Јас верувам и моето е точно, оди ти докажи ми“, иако ти пола саат си пишувал цела страна докази. Така да, тоа е.
     
    andromedae and sanjalica like this.
  10. macence85

    macence85 Популарен член

    Joined:
    Aug 30, 2010
    Messages:
    1,217
    Likes Received:
    824
    Мене не ми смета фактот што лугето се поделија околу ова нешто. Секој има право да верува или не. Но не секој има право да прави циркуси. Искрено сите тие пародии што кружат по фејсбук и наоколу се крајно невкусни за мене како верник. Не велам дека тие што ќе одберат рационално објаснување се помалку верници од другите, но многу далеку се оди со исмевањето на првите. Типично македонски. :|
     
  11. cigarce

    cigarce Популарен член

    Joined:
    May 5, 2011
    Messages:
    1,401
    Likes Received:
    3,931
    Gender:
    Female
    Искрено се нак*рчив поради целата оваа фамозна ситуација,луѓе виделе,луѓе прераскажувале...
    Јас не бев да видам,незнам може ќе одам не викам не,од сите блиски што биле да го видат големото чудо во црквата го слушнав истото,иконите сами се чистеле пред нивни очи,некои го тврдат спротивното итн итн, не верувам ! не сакам ! ако е навистина така нека е,ако треба да добијам казна што не верувам нека ме сотре,и себеси не се сметам за некој голем верник,одење во црква сега само за велигден... мада што не треба да одиш во црква за да бидеш верник.
    тоа е тоа
     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,432
    Likes Received:
    17,813
    Gender:
    Female
    ^^ Па за тоа има стручњаци, нека испитаат дали може и дали се случило и што се случило, како што не можам одма да поверувам дека тоа е вистина, уште помалку можам да поверувам дека се работи за местенки и дека кажаното од некоја жена на тв дека некој ги бришел фреските-е вистина.
    Примерот со бишето :D -и те како ме потсети на вчерашната епизода од CSI New York,ама тука не е местото. Нормално дека ќе се испитува се, ама како што не можам да му верувам на осомничениот, така и не можам да бидам сигурна дека е убиство. Фактите ќе докажат. Па нека докажат и тука. А ова можеби немаше да биде толку бурно прифатено ако не почнеа да вмешуваат се и сешто.
     
  13. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Joined:
    Sep 20, 2010
    Messages:
    2,790
    Likes Received:
    1,557
    Добро зошто не ангажираат компетентни луѓе и нека се докаже дали е чудо или има и улога човечката рака. Фино лепо нека си викнат соодветни луѓе пример хемичари кои што ќе можат да утврдат дали фреските се премачкувани со нешто и крај или пак тоа не и одговара со ова чудо (незнам дали да грешам душа и да го ставам под наводници ) многу добро се одвлече вниманието на луѓето барем за кратко од секојдневните проблеми и во вестите акцент се ставаше на чудово, а не на повторното покачување на бензинот и на страшната цена на јајцата. Многу семејатва нема да можат да си дозволат ни една таба јајца да бојадиста за Велигден.
    Незнам дали верувам поготово одкако се спомна дека можеби се премачкани се хемикалии ептен скептик станав додека не се докаже незнам дали ќе верувам.
     
    Ognenija likes this.
  14. Neodlucna

    Neodlucna Популарен член

    Joined:
    Sep 30, 2010
    Messages:
    854
    Likes Received:
    1,053
    Еве деноес почнаа да стасуваат одговори од стручњаците,дека човечка рака играла улога. Па зар е мошно некој да е толку луд и да лаже за ваква работа???
     
  15. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Joined:
    Apr 1, 2012
    Messages:
    384
    Likes Received:
    586
    Ако и тие хемичари не ги потплатат :)
     
    tessie likes this.
  16. TeaB

    TeaB Популарен член

    Joined:
    Aug 11, 2010
    Messages:
    1,868
    Likes Received:
    543
    Јас не можам да верувам ни во тие што истражувале. Можат се да измислуваат за пари.
    Деновиве обавезно морам да ја посетам црквава. Ај некој нека ми објасни каде поточно се наоѓа?
     
    tessie likes this.
  17. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,432
    Likes Received:
    17,813
    Gender:
    Female
    Ќе го поминеш Камен мост, од лево е црквата, фонтана имаше порано не знам дали уште ја има, ќе ја најдеш нема шанси да утнеш, и јас можеби ќе одам после работа па ќе се видиме :lol:
     
  18. calliope

    calliope Популарен член

    Joined:
    Jul 1, 2011
    Messages:
    1,368
    Likes Received:
    15,998
    Gender:
    Female
    Чек неверни Тома да ви копира дел од статија на Коста Балабанов, експерт конзерватор.

    „Случајот со „чудото“ во „Св. Димитриј“, според мое мислење, непосредно е врзано со претпразничното генерално велигденско чистење на храмот. Ваквото чистење редовно се прави секоја година, при што на камениот или на бетонскиот под се истураат поголеми количини вода, со што во голема можна мера се зголемува влажноста во внатрешноста на просторот. Температурната разлика помеѓу температурата на ѕидовите и температурата на воздухот во објектот предизвикува појава на кондензација врз ѕидовите, која најчесто е видлива и со голо око. За појавата на зголемена кондензација придонесува и релативно малата кубатура на внатрешниот простор на храмот.

    За разлика од некои од претходните години кога задолжените за хигиена во храмот ја практикувале истата постапка, користејќи исти средства за одржување на хигиената (вода), а „чудото“ не се појавувало, оваа година влажноста во Скопје е значително зголемена, за што укажуваат и извештаите на метеоролозите, а од друга страна, оваа година, што не беше случај со изминатите, околу храмот „Св. Димитриј“ беа подигнати неколку повисоки згради, кои го запреа или пренасочија циркулирањето на воздухот на овој дел од левиот брег на реката Вардар.

    Покрај тоа, улицата која води од Камениот мост кон Старата чаршија подолг временски период е преградена со висока лимена ограда (поради изведување градежни активности за споменик на тој простор), со што дополнително е прекината циркулацијата на воздухот, кој несомнено има влијание врз сушењето на ѕидовите на храмот. Подолг временски период, на овој простор, а во непосредна близина на храмот „Св. Димитриј“, имаше ископ на земја во длабочина од два три-метри, каде што преку зимата, и подоцна со дождовите, во длабината на овој простор навлезе поголема количина вода која, може да се претпостави, значително ги зголеми подземните води, што доведе и до зголемена влажност на темелите на храмот.

    Како резултат на гореспоменатите можни причини, деновиве енормно се зголемила кондензацијата на влагата врз ѕидовите на храмот посветен на св. Димитриј и таа зголемена кондензација сега претворена во покрупни капки вода почнала да тече по ѕидовите на кои се насликани светители и сцени од теолошката програма на храмот. Зошто светнале единствено златните ореоли и златните украси на облеката на светителите кои требало да бидат насликани со златна фолија.“

    Цела статија http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1803B2F70B9D714F988B59AEB428CA3F
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Joined:
    Feb 2, 2010
    Messages:
    5,566
    Likes Received:
    20,077
    Па зарем може некој да е толку луд или не свесен па да верува дека Бог "земал невидлива крпа у раце" па ги под зачистил иконите???
    Ахх бре македонче ... :doh:
     
  20. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,275
    Еден најдобронамерен совет.
    А да ги остават сите цркви, да не ги реставрираат и да не ги заштитуваат од влагата, па може еден ден ќе се избришат сами фреските?! Или пак да им внесеме малку повеќе влага, па да го добиеме тој ефект |( ?!
    Освен, ако не дочекаме да паднат и одделат од ѕидовите. Што знам ќе покаже времето :wasntme: .



    И би предложила уште нешто, конкретно до некој стручен од оваа област.
    Дали би дозволил да отидеме во некој објект кој е споменик на културата и она што е цртано пред којзнае колку векови, па да го забришеме малку со влажна крпа и да му внесеме малку повеќе влага :wasntme: ?
    Тоа уште веднаш можам да го направам, само да не речат после дека сум виновна за нешто?!!!


    П.С. Конкретно за случајов, верувам дека го знаете мојот став. И знам дека сум малку повеќе луда, што верувам во тоа :) .
     
    Ella.313, stylishh, angelce1 and 2 others like this.