Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Чоек не дека си луда, секако твое право е да веруваш или да не веруваш . Твое право на избор. Ама ова веќе е премногу од очигледно дека не е тек туку така случката, дека Господово дело и слично.

    Плус тоа, сите тие кои едноставно не веруваат во ова што се случува не направија сатанисти чоек. Мислам, да се нема право на сопствено мислење ?? Сфаќам верници ама не и судии кои ке ми судат што сум и како сум, ако конкретно за ова се имам изјаснето дека е нечие масло, а не Господово Дело.

    И да , се е можно, со помош на физика и хемија се е можно . И неможам да верувам дека Господ секоја недела пред Велигден доаѓа во Мак и прави чуда.... Зашто вакви чуда само во мак наша се дешаваат. небаре ние просветлени сме ...

    Се глеа колку сме ...
     
  2. VbetiV

    VbetiV Активен член

    Се зачлени на:
    7 март 2012
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    3
    јас верувам во чудата иако мене лично ништо ми се нема десено
     
  3. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    Хаха готово знам каде е :) . Фала ти.
     
  4. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Верувам.
    Конкретно за Црквава, не можам да се изјаснам дали верувам или не, бидејќе едни викаат чудо било, а други дека го чистеле... :?:
     
  5. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.353
    Разбирам дека сте верници, не дека јас не сум, можеби не за пример, но сепак сум колку-толку.
    Но, се трудам да сфатам и пак не можам, како некој во 21 век се уште би можел да поверува во нешто вакво. И не, не знам што би било ако не Божјо чудо да објаснам, но никако не можам да си поверувам дека ова само од себе се случило.
    Искрено и не очекувам дека некој експерт ќе излезе јавно да докаже дека сепак не е чудо божјо, веднаш ќе биде сметан за неверник. А кој не верува во ова, не е неверник :!:
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.270
    Допаѓања:
    4.348
    Бевме денес во скопската црква „Св. Димитрија„, Луѓе најискрено кажано не видовме никакво чудо, позлатените ореоли на светците беа светнати дали забришани или наново бојадисани незнам ама иконите мрачни мрачни, страв да те фати. Се собрал народ, дел од жените кои си ја познаваат православната вера беа уредно забулени, а народов според физиономијата на повеќето мене лично ми изгледаше како проста народна маса(не сакам никого да навредам со ова! тоа ми беше впечатокот), лековерен народ кој тешко дека ќе се нафати да размислува со своја глава - не само дали е тоа „чудо„ вистина чудо, туку и што со тоа понатака?! Свеќи се продаваат на големо и тоа...
    Според мене се работи или за човечка интервенција или за природен феномен но секако искомбинирана со масовна хистерија кај дел од луѓето.

    Нешто што ми падна во очи додека бевме во црквата: дојде ТВ Екипа со новинарка. Свештеникот кажа неколку збора и ја повика новинарката да сними внатре во олтарот каде што чудото било најизразено(и најзатскриено од јавонста ;) ). Новинарката потрча сосе камерата внатре но свештеникот со блага насмевка на лицето ја истурка објаснувајќи и дека не смее да влегува. Ќе рече некој па ништо чудно, општо познато е дека женско таму не смее да влегува! Но чекајте малце, па Исус прифаќал ученици и од двата пола! Зарем Небесното царство е резервирано само за мажите?! :^)

    Џабе такво чудо ако црквата во корен не ја смени својата женомразечка теологија и се врати до изворното Христово учење кое никогаш не правеше разлика ниту меѓу пол ниту меѓу народи и раси и акцентот не го ставаше на чудотворство туку на пракса: живот според законот Божји за да стане на Земјата како што е на Небото: Мир, Еднаквост и Праведност во духовна братско-сестринска поврзаност.
     
    На Meggy му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Познат ми е човеков, чие мислење го сподели тука.Би требало тој како експерт конзерватор, малку и пологички да размислува, не може таа кондензација која е претворена во вода и која почнала да тече по фрескоживописот, да остане така, бојата да не се размачка, да остане во рамките на самиот цртеж.Малку ова не држи вода, не е дека незнам за што збори човекот.Можеби можно е да се работи за хемиска реакција, но до толку совршена да биде бојата, а посебно златната, за која не верувам дека така веродостојно би излегла при мешање на бои.Не може еден човек заклучен во црквата да ги чисти фреските, како што кажала жената, прво со што би ги чистел? Со крпче, па одеднаш светнале? И тоа за една ноќ :!: а за да се средат фреските потребни се години, а не една ноќ :fubar: А што ќе правиме ако пример, сега истото се случи во некоја друга црква? Пак експертите? Ами од експерт до експерт има разлика.Може ќе треба да се појави дедо Боже, да го викнеме по мобиљка :D да го прашаме дали е негово дело или не :D :wasntme: Не може така да бидат фреските, само поради фактот дека можеби биле избришани.
     
    На Serafima, Abeja и stylishh им се допаѓа ова.
  8. stylishh

    stylishh Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2011
    Пораки:
    425
    Допаѓања:
    619
    Пол:
    Женски
    еве нешто за НАУЧНИЦИТЕ на форумов во врска со темава ,кои што се прават дека се разбираат и во религија и во наука
    Дел од зографите (животописците) кои ги консултираше „Капитал“ целосно ја отфрлаат можноста самочистењето на фреските да е вешта измама изведена од страна на заинтересираните страни. Иконописецот Кирил Златанов, чии дела може да се најдат во иконописни ризници од САД, Шпанија, Италија, Франција, кој е коавтор и на фрескоживописот во православниот храм Свети Спас во скопско Маџари, опишувајќи ја технологијата на чистење фрески, потенцира дека не е можно процесот на самочистење да е последица на третирање со некоја хемикалија која дава одложени резултати:

    „Фреските се мијат со калиев сапун, кој потоа треба да се неутрализира, па парче по парче да се премие фрескоживописаната површина за механички да се отстрани омекнатата валканост. За да се спроведе процесот неопходно е да се постави скеле во целата црква. Така што, тезата дека некој напрскал нешто од кое подоцна фреските се исчистиле е апсурдна. Ако се напрска со калиев сапун и потоа во соодветен момент реакцијата не се неутрализира, ќе се предизвика нивно распаѓање. Уште попроблематично би било чистењето на златните ореоли“, изјави Златанов за „Капитал“
     
    На Ella.313, angelce1, Serafima и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    Ете така да си знаете. Бидејќи оваа вест е актуелна на оваа тема, затоа тука пишувам. Сепак испадна дека ова чудо било Божји повик кон опозицијата, да се покае за гревовите. Па така, сите вие грешници што сте гласале на последните избори за сдсм, правец у црквата, да се молите за прошка.
    Од сите земји во светот, само кај нас Господ е политички определен и тоа е вмровец. (смајли што се крсти)...незнам во која група спаѓам како политички неопределена, дал сум верник или грешник :worried:
    http://www.telma.com.mk/index.php?task= ... item=15992

    не е толку тешко да се верува во Бога, тешко е да се верува во луѓето, црквата...
     
    На enca.69 и Danilela им се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.077
    Што? И за ова чудо над чудата пак Бранко крив?? :tmi:
     
    На Breezy и Ognenija им се допаѓа ова.
  11. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
  12. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.173
    Епа после ова више од јасно е за какво “чудо“ станува збор !

    Па ви после дрецкајте се од земја дека Господ имал замешано прсти со крпа за да чисти нечии фрески у некоја си држава...

    Една и единствена религија имаме --->Политиката !
     
    На verica81 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    13.018
    Допаѓања:
    164.784
    Знам дека сите сакаат да веруваат во ова чудо,но да не се лажеме,сите ги јаде скепса,ама од стравопочит и за НЕ ДАЈ БОЖЕ се убедуваат да веруваат.
    Повеќе од се би сакала да постои нешто ко ГОСПОД за да се сменат вредностите и размислувањата на овој беден народ на светов. И повеќе од се би сакала да се вистински овие работи затоа што навистина би биле подобри луѓе. Но,ова е подло и расипано!
    Љубопитноста ме однесе натака,освен глупав народ кој фотографира,а сите убаво знаеме дека не смее и поставени листови со НЕ ПИПАЈ на сите страни,па една ведаш беше до вратата и имав шанса да ја погледам многу од блиску. Златната боја тешко се добива за сликање и пигментот речиси и да не може да се добие густ и покривен,може само интензивен ко бодоочачки ор самтинг,оној кичерај фазон,ама не и слој кој покрива од три четки мавање,така што онаму каде што биле надминати линиите,јасно се гледа дека е со рака боено...И да,со добра екипа,за една вечер се завршува таа работа.
    А друго е што ако одам по религиска линија,не знам колкумина од вас го знаат митот за златното теле и односот на христијанската религија кон златото и неговата боја,така што ако веќе нешто се случило по божја воља,поверојатно би било со интензивна црвена и интензивна виолетова.

    Ама ајде,народот нека верува со јајца од по 10 ден парче, со ебаните автомобили на нашиот дебел владика, цена на бензин 90 денари, нереални турски серии. Па и ова ќе го проголтаме, само светот да не ни се смее. Од толку експерти,еден не истакна мислење,а ниту пак најавија дека ќе се испитува природата на појавата.

    Ако е толку дојдено до безнадежност,нека си верува народов,немам што више да кажам,ама освен за глупав,за ништо повеќе нема да го сметам... И да постоеше нешто ко господ, веројатно немаше да ги сака од лицемерието и наведнатите глави.
     
    На daylight, anabel-a, calliope и 3 други им се допаѓа ова.
  14. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    се изјаснив во темата СДК и тоа ке го копирам и тука
    пола нација овде се со интелегенција у минус, божји чуда у цркви, мењале боја иконите абе ајде.. па овие фосилиштава се наредиле тамо извадиле камерите и пукаат сеир на офарбаните икони. Ај тоа ај ама ова бе луѓе http://www.primetime.mk/cudo-blesna-mer ... episkopot/ се ролав од смеење цитирам: "Г-дин г-дин Стефан изјави дека ова е порака од бога дека македонските божји пратеници, како што е тој, потребно е да добијат нови автомобили". ало брате незнаеш колку пари имаш од толку нелегално што ги крадеш па сеа коли со чуда ќе бараш.. и на овој и на остали попови да не се изјасам безобразно.. no hard feelings за верниците само кажувам свое мислење
     
  15. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    А ти со интелигенција у плус треба да знаеш да препознаеш сатира,ако знаеш што е тоа,и дека г-дин г-дин Стефан не го изјавил тоа.
    Всушност,да си прочитала до крај,најдолу убаво си пишува

    no hard feelings,само си кажувам свое мислење
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  16. trendafil1

    trendafil1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 септември 2011
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    20
    добро сеа ќе удриме на хејтање одма, реков што мислам ако е сатира тогаш ок, само ме интересира како баш "тој горе" само овде кај нас ги обојува фреските..
     
  17. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Јас хејтам или ти? Јас никаде не напишав дека тие што не веруваат се со интелигенција у минус
    Офф, стварно немав намера да се расправам или да докажувам нешто.
    А ова не се случува само кај нас

    http://www.youtube.com/watch?v=mdSTkgnJ ... r_embedded

    http://www.youtube.com/watch?v=vW0FGi-T ... r_embedded





    Во август 1961 година, во соборната црква на Светото Преображение во Лос Анџелес иконата на Мајката Божја Троеручица чудесно почна самата да се обновува. Долго време стоела на западниот ѕид од старата црква зад свеќникот.

    Oваа икона е насликана според стариот руски стил на мала дрвена штица, која со времето станала заматена а боите толку потемнеле што речиси ништо не можело да се распознае на неа. Подоцна ѝ бил додаден и обичен оквир. Еден богобојазлив парохјанин, Иван Семенович Молох, околу 1936 година, ја донел иконата, во едно дуќанче во Холивуд каде што се продавале стари руски икони, кои биле запленувани за време на прогоните од атеистите при уништувањето на црквите во Русија и продавани во странство. На задната страна од иконата сè уште стоела белешката од дуќанчето. Наскоро била подарена на црквата на Светото Преображение.

    Обновувањето прва го забележала сестра Нина Јакович, која живеела во црквата и таа, на 1/14 август 1961 забележала дека левата страна од иконата, на која се наоѓа третата рака на Богомајката, осветлела. Следните денови иконата цело време станувала посветла. Сепак, сестра Нина речиси никому не кажала за тоа, од страв да не погреши и претпоставувајќи дека можеби некој ја исчистил, како што една друга икона на Божјата Мајка била обновена од некој сликар кој раширил лажни гласини дека иконата се обновила сама.

    На денот на Отсекувањето на главата на Св. Јован Крстител на 29 август, една друга парохијанка Зоја Н. Гафари, која ја чистела црквата по литургијата, забележала дека претходно секогаш темната икона на Божјата Мајка Троеручица значително осветлела, и веднаш известила за тоа.
    http://www.femina.mk/out/?id=5e566350cd ... 880%2F1%2F
     
  18. verica81

    verica81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    123
    Допаѓања:
    55
    Jас мислам исто како тебе а и многу дрги од мојата околина ама не се јавуваме јавно да збориме да не бидеме ние криви. Само како податок во 19 век во времето на Кемал Ататурк во Истамбул поточно во Аја Софија (прво црква па џамија сега музеј) од зидот почнале да се појавуват фрески ,од ден на ден се повеке се појавувале , тогаш народот мислел дека се работи за чудо ама се докажало дека се работи за едноставен процес во кој пага првиот слој ( малтерот) што е нормално за толку долго време. Имено османлите кога ја освоиле аја софија незнам кој век ги покриле фреските со малтер а после многу години односно неколку века малтерот паднал. Така да не се работи за чудо . Друга работа ако стварно Бог ни прака некава порака тој нема да ни ја прати на ваков начин тој и во една од неговите заповеди вели Не правете идоли од она на земјата а ова личи на такво нешто фреските и црквите се направени од луѓе а не од бог ако сака да ни каже нешто тој тоа ке го стори на друг начин а не преку материјализирање и идеализирање само на еден храм божји. Чудо божјо е Исусовото воскресение а јас верувам само во тоа чудо. Кога ке завршат празнициве ке се види за што се работи.
     
    На Lacrimosa и anabel-a им се допаѓа ова.
  19. calliope

    calliope Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    15.998
    Пол:
    Женски
    Еве „научников“ да се јави. Нема смисла индиректно и тој да се обраќа.
    И сега? Збор на еден експерт против друг. Секој ќе верува на оној кој му одговара на наклонетоста.
    Иначе чек да изигравам паметна малце: калиев сапун се користи и за отстранување шуга и кај луѓе и кај животни, и тоа по повеќе време ги тријаат луѓето со сапунот + додаваат малку вода, при што се добива супстанца ко хидроген и ја гори кожата, ама видиш досега нема случај кај што човекот изгорел или кожата му се изронила. Ни пак почнал ко Едвард Кулен да сија. Ама кожа е друга структура.
    Ако фреската ја неутрализираш ти со вода, замисли која рекација ќе се јави со калиев сапун + вода + воздух. Бази за неутрализација се скапа работа (освен ако не користат кока-кола), ќе нема за мерцедес ако се купуваат стално. А вака со вода, се’ (посебно позлатуваното) ќе се пеплоса, па ти миј колку сакаш. Држи вода чиче, но никој не е будала да ризикува. И тоа не е единствениот начин за чистење. Тоа е исто ко да речеш само Ајакс чисти стакло и други тези се неможни.

    Крај краева, побрзо Кинеската азбука ќе ја научам, него ли да побијам аргумент у стил „Моето е веродостојно, ти колку сакаш докажувај“, па јади ти Каљопо колку сакаш, на крај, битна е таа наметната и во коски втерана стравопочит и тенденцијата да се испадне добар верник, оти ако малку се запраша верникот за веродостојноста на чудово, го чека highway to hell до седмиот круг во мерцедесот на архиепископот.
    Уживајте во чудото, на здравје нека ви е и нека ви се множат.
    р.ѕ. Исус на кришка и јајце не се важи.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  20. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.499
    Црквата ако не се лажам веќе дооолго време многу мал број на верници ја посетуваа, поради многу причини, и поради тоа што цело време нели околу неа - покрај неа постојано се гради. Градилиштето и е пред врата, така да.. Скоро и да не беше посетена. После ова, нормално БУМ. Кој слепо верува дека е чудо, кој слепо не верува.. Одат луѓе постојано.
    Како и да е, ова со фреските според мене е или последица на некоја природна појава или е последица на човечката рака, иако второто ми се чини како повеќе веродостојно.
    Додека не видам како пред мои очи фреските се ,,чистат,, сами по себе во тој момент, не би можела да верувам дека ова е Божјо чудо, иако многу би сакала да е тоа. Господ е еден.

    Иако знаете, најлесно може да се манипулира со човечкиот ум преку религијата. Небитно која.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.