Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    А зошто тогаш не постават камери онака по 24 часа, и потоа да ги пуштат на тв, со забрзана снимка?
    Е тогаш ако видам дека сами се прочистуваат, ќе размислам малку.
    Ајде, ете доказ.
     
    На anabel-a му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Dazzle

    Dazzle Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2012
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.030
    Ова мислам се случи во недела?
    Не е битно...

    Пациентка на татко ми ден пред “чудово’’ сакала да отиде во црквата, и многу мистериозно црквата не работела цел ден :lol: некој 'рбал внатре, боеч, чистел или што и да е.

    Срамота.
     
  3. Invisible

    Invisible Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    33

    Дај те молам постави една слика од тебе па просветли не за тоа каква физиономија има високоинтелигентната народна маса. |( И јас сум скептик во врска со ова ама сигурно нема да си дозволам да наречам прост, неук некој што верува во нешто, негово право. Нема никаква вина тој што верува или сака да верува во нешто, туку тие што ги користат овие работи. Насекаде во светот се случуваат чуда, појави или како сакате наречете ги и народ што ги посетуваат што веруваат и целиот тој народ е прост?! Мене ми изгледа дека само се чека прилика, за некој да почне да се докажува колку е паметен, инетлигентен, супериорен од другите.
     
  4. paulina2

    paulina2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    419
    Допаѓања:
    122
    После такозваниот говор кој го одржа Агатангел се повеќе ме тера да мислам дека чудово и не е баш чудо(боже прости ми ако грешам).
    Tуку дека претераа претераа....на секој канал ,на секоја емисија се тоа па тоа се збори.Овој таканаречен свештеник вчера изјави дека ете Господ не сакал нас Македонците па затоа се случило чудово.Чекај,чекај....не сака нас Македонците?! Мислам поглупава изјава од свештеник не очекував.И така не верував во свештеници и во цркви,поготово во МПЦ, после ова па не верувам ич.
    Девица бремена,чуда во црквиве....пред некоја година ликот на Тоше на јајце...е како тоа молам објаснете ми кај нас се пред Велигден се случуваат некои вакви работи и чуда?!
    Едно е да си веруваш.И јас верувам но сум многу воздржана и не се траскам у гради.
     
    На anabel-a и Ognenija им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Тој што верува, верува и колку некој друг да го тера да размислува спротивно од тоа.
    А тој што не верува, не верува. И точка.


    Најдобро би било да не оставите да си веруваме во тоа што сакаме, а вие да си верувате во вашето
    :). Зашто и со продолжувањето на разговорот, сите работи би останале на истото место.
    Вие постојано ќе се потпирате на ѕидот на науката, а ние на ѕидот на верата. Така дискусијата и никогаш нема да има крај :!: .


    Сите го имаме правото да коментираме и да го изнесеме нашето мислење, но не по цена некому да го наметнеме.
    Дајте да олабавиме сите. Да се радуваме на она што си сакаме да веруваме, а не да се навредуваме ;) .
     
    На душленце, aaaaa, Elennaa и 3 други им се допаѓа ова.
  6. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    4.367
    Воопшто не ме разбра што сакам да речам. :(

    Јас никаде не реков дека нема некој право да верува во нешто ниту дека е нискоинтелегентен поради тоа. И не реков нискоинтелегента vs. високоинтелигентна. Туку „проста народна маса„, Проста народна маса може да биде составена и од академици...

    Јас само го пренесов мојот впечаток за толпата во црквата што ја видов и реков дека ние не видовме никакво чудо на фреските. Можеби некој од нив го мислеле истото за мене или за некој друг. Не случајно однапред се извинив. Со зборовите проста народна маса мислев на луѓе кои итаат да видат чудо поради самото чудо, без при тоа да размислат со главата колку е тоа во склад со нивната сопствена вера и потреби, дали можеби постојат и други можни објаснувања, ако им каже Агатангел дека тоа е знак оти реба да рипнат во Вардар они ќе рипнат во Вардар... Тоа се луѓе кои немаат трпение да го сослушаат другото можно објаснување и културно да спротивстават свои аргументи или едноставно културно да се повлечат од дискусијата, туку веднаш ќе почнат да фрлаат камења и погрдни зборови врз оној кој ќе се обиде да даде поинакво објаснување :x . Тоа се луѓе кои мислат дека името на господ е Исус а презимето му е Христос, луѓе кои ако видат грчки букви на икони милсат дека тие се дел од грчка пропаганда, кои свештенството во католичката црква го нарекува со: „папите„ , оние кои пред зграда палат оган пред коледе и собираат пари од стан до стан бидејќи се православни христијани а поим немаат дека православната вера не го одобрува тоа, дел од нив ќе ги видиш како висат по кладилници, кафани, гласни се на политички митинзи и спортски натпревари а по заминувањето оставаат куп отпадоци, обично од семки и кикирики. Во правило ретко слушаат странска музика освен српска и бугарска. По фаца се познаваат, нема потреба од фотографии.

    Инаку и јас сум верник - некому моето верување може да му биде смешно или чудно. На форумов повеќе вернички рекоа дека веруваат оти тоа е чудо во црквата. Јас не ги сметам за прости поради тоа. Муабетот ми беше нешто друго... дека со тнр. чуда може да се манипулира со народот, што според мене сега и се прави, што преќутно што директно. Тоа не е во ред и не е во согласност со она кое го подучувал Исус.

    Инаку, спротивно од проста народна маса е сложена народна маса. :D
     
    На Daddy.girl и Danilela им се допаѓа ова.
  7. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.281
    Пол:
    Женски
    Појма немам што да мислам за ова со св.Димитрија.
    Јас верувам во бога ако е негово дело Вечна му слава и му се поконувам,али ако е дело на некој неверник бог ќе му врати верувам ;)
    Бог постои ако ние неможеме да го видиме,тој нас не гледа и ги гледа сите наши дела :)
    Во бог верувам во поп не верувам!
     
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    4.367
    Го делам тоа мислење. Како вели сликава: „Бог е вистина - затоа црква не!„

    [​IMG]
     
  9. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Порано на ова прашање можеби ќе молчев,но сега не.
    Еве и самите гледаме за ова што се случи во црквата.
    А јас имав едно многу чудно искуство и од тогаш без сомнение верувам во Бог.Ќе споделам што ми се случи.
    Порано јас не бев којзнае колку голем верник,и имав период кога велев дека не сакам да живеам повеќе,едноставно се молев за да умрам да ме нема...(сега секако такво нешто не ми паѓа на памет.)
    И точно на Бадник седиме сите вечераме и јас повторно со истиот муабет,моите многу се лутеа.Вечерта сонувам како ми се отвара небото горе и од таму само лик огромен гледав со мнооогу голема брада,незнам како но знаев дека е Бог.И тој почна да ми се лути зошто така сум зборела дека јас требало да живеам да се радувам и само во еден момент рече во ред јас ќе ти ја исполнам желбата ако сакаш повеќе да не бидеш тука.Но ме предупреди дека грешам и ми рече покај се додека имаш уште малку време,покај се зошто грешиш.Кога ми рече така дури осетив многу силен ветер како ме дува и огромна светлина и одеднаш почнав да лебдам да ме крева нагоре...ахх и сега кога кажувам се ежам.Наеднаш само се видов горе а од горе си го гледав моето тело како спијам и ги гледав сите дома како спиеја.Кога веќе сватив дека одам нагоре почнав да барам помош да врискам и да го молам Бог за прошка и ветив дека повеќе така нема ни да помислам.После ми се смилува и рече добро се покаја и ми вети,ти ќе живееш и повеќе нема да мислиш така.И наеднаш само ме спушти доле се осетив како да треснав на кревет.А додека бев горе кога сум викала ја гледав мајка ми како се мрдаше и стана се вртеше наоколу,подоцна ми рече дека слушала како некој ја вика затоа станала.Знам само дека кога станав многу плачев и мајка ми ме гушкаше и кажав све како било.Од таа случка,на тој Бадник јас верувам во Бог без оглед на се.
    Може на некого ова нема да му е верно, но сепак тоа си е мое искуство,јас знам што сум доживеала.
     
    На Bright, Izaabella, Daddy.girl и 4 други им се допаѓа ова.
  10. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.974
    http://off.net.mk/lokalno/makedonshtina ... e-i-gotovo
    :)
     
  11. perlaa

    perlaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2011
    Пораки:
    1.223
    Допаѓања:
    788
  12. smiley22

    smiley22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2012
    Пораки:
    670
    Допаѓања:
    350
    верувам... :)
     
  13. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.443
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам дека не верував во она поврзано со црквата „Св. Димитрија“.
    Но, пред некој ден, случајно го искоментирав истото додека бев на ручек кај постарите и тогаш баба ми ми рече дека навистина се случило. Се случувало се` пред нејзините очи.
    Ми рече: „Само стоев и гледав, не можев да поверувам“. Започнале да се чистат постепено и луѓето внатре почнале сите да воочуваат поголема разлика.

    Да ги гланцал некој, не верувам. Иконите се сликани на ѕид и не е изводливо.
    Второ, црквата не била затворена па наеднаш да кажат поповите дека иконите се исчистиле, туку се` се одвивало пред очите на мал, но сепак доволен број граѓани.
    Во петокот била повторно баба ми, рече дека биле многу појасни иконите, уште подобро се исчистиле. Што значи, не слушнавме за никакво затворање на црквата или не знам ти што, црквата беше отворена исто како и претходно..

    Ама, сите не веруваат.
    И не ни можеш да убедиш некој да верува во нешто што не видел. Признавам, ни јас не верував.
    Но, штом баба ми ми го кажа сево ова, а не е некој ептен голем, слеп верник што се вели, туку е верник но во граница, нема причина да мислам дека е лага.

    Ама секогаш имало и ќе има обратни страни.
    Како за се` останато, така и за ова.
    Чист факт.
    :)
     
  14. TeaB

    TeaB Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    1.868
    Допаѓања:
    543
    И мене една пријателка ми кажа дека пред нејзини очи се чистеле. Убаво ми рече она Не можев да поверувам на моите очи.
     
  15. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.016
    Пол:
    Женски
    ЛИКОТ НА ИСУС ХРИСТОС СЕ ПОЈАВИ ВО СРБИЈА

    Бог, почна многу често во последно време отворено да се јавува насекаде, сепак тоа се некои сигнали, Тој сака со тоа да ни покаже дека Тој постои и дека е тука помеѓу нас, еве за што станува збор:
    На дрво од цреша во дворот на една семејна куќа во Чачак се појавил ликот на Исус Христос, на кое јасно се видливи трнливата круна, брадата и очите, пренесуваат српските медиуми.
    -Ова е чудо, сите сме одушевени. Ликот е толку впечатлив што едноставно сите ги остава без здив, изјави за српските медиуми свештеникот Драго Љубичиќ.
    Семејството Делиќ, во чиј двор се наоѓа дрвото цреша се столари, а нивната куќа се наоѓа на стотина метри од најголемата црква во Чачак, која се уште е во изградба.
    Извор.

    [​IMG]
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Saki15

    Saki15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    142
    Не верувам.
     
  17. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.804
    Пол:
    Женски
    Точно. Само да се надоврзам на муабетов со една супер колумна.

    http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal. ... anie=22556
     
    На Serafima му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.275
    Во црквата "Св. Георгиј Победоносец" с. Рајчица, се наоѓа единствената чудотворна копија на неговата икона од Света Гора. Поврзана со едно чудо што се случило.

    Тројца браќа од Охрид го граделе манастрот и не знаеле кому да го посветат. Решиле да размислат и кога ќе се договорат да стават икона на местото каде што требало да стои патронот. Меѓутоа Бог, по своја промисла, направил иконата сама да си дојде на тоа место. Така иконата исчезнала од Лида, родното место на св. Георгиј и се појавила на новото место во "Зограф" манастирот на Света Гора. Браќата кога ја виделе иконата, сфатиле дека, по Божја промисла, манастирот треба да му биде посветен на св. Георгиј Победоносец.

    Но, во Леринско имало владика кој не верувал во тоа чудо и дошол сам да се увери. Застанал пред иконата, почнал со големо непочитување да се однесува со неа и невнимателно ја допрел. Како ја допрел, така прстот му се залепил за неа. Не можеле да му го тргнат, не помогнале ниту молитвите на браќата и морале прстот да му го пресечат. По извесно време му се појавил св. Георгиј и му рекол: "Затоа што не веруваше, нека остане трага од твоето неверие на иконата моја".
    На оригиналот се уште има парче од кожата. А овде ја има единствената копија која е подарок од отец Пајсиј, некогашниот игумен на "Св. Прохор Пчињски".
     
    На Makide, tessie и angelce1 им се допаѓа ова.
  19. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Не, не верувам.
     
  20. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.285
    Допаѓања:
    4.367
    Мене многу повеќе ми личи на Нострадамус :

    [​IMG]

    И на редица адруги од 16-17 век луѓе само на Исус не ми личи. Сакам да речам луѓето честопати го гледаат она кое сакаат да го видат. Муслиманите имале видено „Аллах„ со арапски букви испишано со бели облаци на небото. Хиндусите во облаците че ги видат своите мантри и божества.