Кефалонија, Грција На овој остров во Јонското море се наоѓа манастирот Успение на Пресвета Богородица. Во овој манастир секоја година се случува чудо, во периодот кога е храмовиот празник. Во тој период се појавуваат змии кои спотред својот опис и според истражувањата на некои германски научници, не би се ставиле во ни една врста на змии кои се досега познати. Се работи за тенки змии кои достигнуваат максимална должина до 1 м. Воопшто не касаат и најмногу карактеристично е тоа што на главата и на врвот на јазикот имаат изобразено крст. Кожата им е мека како сомот и се многу нежни. Секогаш се појавуваат само кога е празникот и исклучиво ги има во манстирот и блиската околина. По завршувањето на празникот, тие се повлекуваат, а и самите научници не можат да разберат од каде доаѓаат, каде одат и како можат да опстојат толку голем период, а да не излезат на светлина, туку само 10-15 денови преку целата година?! Карактеристичен е и податокот дека кога не се појавуваат за празникот секогаш тоа наговестувало лош знак. Тоа се случило во 1940 година, при што започнала Втората Светска војна, потоа во 1953 година, кога на островот се случил силен земјотрес. Уште познати се како, змиите на Пресвета Богородица. И сите луѓе кои одат во тој манастир за тие денови имаат можност да ги држат во раце. Како тие се појавиле, тоа е посебно чудо и од таа година се смета дека и започнале да се појавуваат на островот. Во тој манастир во минатото живееле монахињи. Еден ден тие виделе како доаѓаат пирати и сакаат да го нападнат манастирот, а веројатно и да ги обесчестат. Монахињите веднаш се собрале и започнале да се молат пред иконата на Мајката Божја. Пристигнале пиратите и кога виделе премногу змии како ги напаѓаат, веднаш си заминале. Така Мајката Божја го спасила целото сестринство. Видео запис
Утре ке идам во Скопје ,ке ми казе ли некој кај се наога оваа црквата шо се десило чудото со фреските.Не верувам во вакви работи ама сакам да видам и на мој начин да си проценам е или не е чудо.
Кај камениот мост, каде што беше старата автобуска станица на Скопје, од плоштадот ќе го поминеш камениот мост и ќе продолжиш право на кај старата чаршија црквата е од левата страна ќе ја видиш, а и сигурно има многу народ така што лесно ќе забележиш каде е.
Верувам, како што верувам во Бога така верувам и во се она што е негово дело. И мило ми е што вака од време на време се појавува по нешто несекојдневно, да се сетат сите што прават, каде оди светов. За жал има и такви кои се потсмеваат а притоа им ставаат и глупави епитети на оние кои веруваат во Бога. За таквите нема спас!
Благодатниот оган доказ дека Бог е со православните Ќе го ставам во спојлер,зашто малку е долг текстот Инаку,ме наежи,дај Боже да имам шанса да го доживеам ова Спојлер Веќе две илјади години православните христијани го пречекуваат својот најголем празник – Воскресение Христово (Пасха) во храмот на Господовиот Гроб во Ерусалим. Секој пат сите кои на Пасха биле внатре во храмот или блиску до него, стануваат сведоци на слегувањето на Благодатниот оган (Светлина). Интересно е тоа што во оние години кога Велигден сите христијански верници го празнуваат во ист ден, а со самото тоа и припадници на различните христијански вери се во храмот Христово Вскресение благодатниот оган се симнува само на православните патријарси. Литанијата (црковната церемонија) на Светиот оган започнува приближно 24 часа пред почетокот на Православната Пасха, која, како што е познато е подвижен празник. Во храмот на Господовиот Гроб се собираат поклоници, кои сакаат со свои очи да го видат слегувањето на Благодатниот оган. Меѓу присутните има многу инославни христијани, муслимани, атеисти. Церемонијата е следена од еврејската полиција. Во самиот храм се собираат до 10 илјади луѓе, целиот плоштад пред него и галериите на околните згради се исполнети со народ. Во храмот влегува литијата. На крајот од литијата врви православниот Патријарх придружуван од ерменскиот Патријарх и свештенослужители. Литијата минува покрај сите значајни места во храмот: светата гора, каде што бил предаден Христос, местото каде што бил биен од римските војници, Голгота – каде што бил распнат, каменот на Помазанието, на кое телото Му било приготвено за погребение. Литијата стигнува до Кукувлијата и ја обиколкува три пати. После тоа православниот Патријарх пред влезот во Кукувлијата ги соблекува одеждите и останува само по подрасник за да се види дека не внесува во пештерата кибрит или што и да е друго што може да запали оган. Во турско време вообичаената „контрола“ се спроведувала од турските јаничари кои го претресувале патријархот пред неговото влегување во Кукувлијата. Со надеж дека ќе ги фатат православните во измама, градската муслиманска власт поставувала насекаде низ храмот турски војници со голи јатагани, спремни да му отсечат глава на секој што ќе го забележат дека внесува или пали оган. Но, никој не бил фатен во тоа, во целата историја на турското владеење. Потоа Патријархот поминува низ контрола на израелските полицајци. Малку пред влегувањето на патријархот еден служител внесува во пештерата големо кандило, во кое треба да се запали главниот оган, и 33 свеќи – според бројот на годините на земниот живот на Спасителот. После тоа, православниот и ерменскиот Патријарх (последниот исто така го соблекува горното одејание пред да влезе во пештерата) влегуваат внатре. Однадвор ги запечатуваат со големо парче восок и ставаат црвена лента на вратата; православните свештенослужители ги ставаат врз восокот своите печати. Во тоа време во храмот се гаси светло и настапува напрегната тишина – се чека. Присутните се молат и ги исповедаат своите гревови, молејќи се на Господ да даде Благодатен оган. Сите, кои се наоѓаат во храмот очекуваат трпеливо Патријархот да излезе со Оган во рацете. Впрочем, мнозина чекаат не само со трпение, но и со страв и трепет: според преданието на Ерусалимската Црква се смета дека денот кога Благодатниот оган нема да слезе, ќе биде последен за луѓето во храмот, а самиот храм ќе биде разрушен. Поради тоа поклониците вообичаено се причестуваат пред доаѓањето на ова свето место. Молитвата и обредот продолжуваат до моментот кога се извршува чудото, очекувано од сите. Во различни години, мачното чекање траело од пет минути до неколку часа. Слегувањето на Огнот Пред слегувањето на Огнот храмот започнува да се озарува со блескави пламени на Благодатна Светлина, тука и таму се појавуваат мали светкавици. При забавен кадар се гледа многу подобро дека тие излегуваат од различни места во храмот – од иконата, која стои над Кукувлијата, од куполата на храмот, од прозорците и други места, и исполнуваат сѐ наоколу со силна светлина. Освен тоа, меѓу столбовите и карпите блеснуваат молњи, кои не ги повредуваат луѓето што стојат во храмот. Само за миг целиот храм се исполнува со молњи и светкавици, кои струјат по карпите и столбовите надолу и се собираат во подножјето на храмот и се разлеваат по плоштадот меѓу луѓето што се молат. Истовремено се палат свеќите на луѓето во внатрешноста на храмот и на оние однадвор од храмот, кандилата на двете страни од Кукувлијата се запалуваат сами (со исклучок на 13-те католички) како и некои други во самиот храм. „…Огнот пулсира и дише, а од отворот во куполата на храмот од небото врз Гробот се спушта вертикален широк сноп светлина“. Храмот или одделни негови места се исполнети со светлина, која не се споредува со ништо – тоа е светлината за која се верува дека се јавила за прв пат на самото Воскресение Христово. Во тој момент дверите на Гробот се отвораат и излегува Патријархот, благословувајќи ги собраните и раздавајќи им од Благодатниот оган. За тоа како се запалува Благодатниот оган раскажуваат самите Патријарси: „Кога вратите зад мене се затворија, внатре владееше потполна темнина. Светлина се провлекуваше само преку две мали странични дупки. Одеднаш врз мермерната плоча на Господовиот Гроб забележав посветла точка. Го отворив молитвеникот и видов дека спокојно можам да читам. Плочата врз Гробот стануваше посветла. Потоа, врз неа почнаа да засветлуваат разнобојни бисерчиња. Тие се соединуваа едно со друго. Од целата плоча струеше светлина. Го допрев памукот по неговата површина и тој беше загреан. Се допрев до него со крајот на свеќа и се запали, мислиш беше барут“. Јеромонах Мелетиј ги цитира зборовите на архиепископот Мисаил: „Откако влегов во Светиот Гроб Господов, видов врз целата гробна плоча да блешти светлина, подобна на распрснати ситни бисери, обоени во бело, сино, црвено и други бои; тие се слеваа во едно, поцрвенуваа и стануваа пламен… и токму од тој пламен се палат приготвените кандила и свеќи“. Уште кога Патријархот е во Кукувлијата, служителите земаат од него оган низ специјални отвори и го разнесуваат низ храмот; огнениот круг постепено се распространува низ целиот храм. Иако не сите ги запалуваат свеќите од Патријархот, кај некои тие се палат сами. Еден од присутните забележува дека свеќите на жената која стои до него се запалуваат три пати сами, и таа два пати се обидувала напразно да ги изгаси. Првите 3 до 10 минути Благодатниот оган има восхитувачки својства – апсолутно не гори, независно од која свеќа и каде бил запален. Може да се види како луѓето буквално се мијат во овој Оган – си го допираат лицето, го земаат во раце, и тој не нанесува никаква повреда, дури ни косата не ја гори. „Запалив на едно место 20 свеќи и си ја горев брадата со нив, и ниедно влакно не ми изгори; и ги изгаснав сите свеќи и ги запалив пак од други луѓе, и за трет пат ги запалив – и исто беше…“, пишува еден поклоник од пред четири века. Капките восок кои паѓаат од свеќите, се нарекуваат од поклониците: „Благодатна роса“. Како спомен за чудото Божјо тие ќе останат на облеките на луѓето засекогаш, никакво перење и прашоци нема да ги измијат. Луѓето, кои во тоа време се наоѓаат во храмот, се исполнети со неискажливо и со неспоредливо чувство на радост и духовно спокојство. Според зборовите на оние кои биле на плоштадот или во самиот храм во моментот на слегувањето на Огнот, чувствата во тој момент се фантастични – од храмот очевидците излегуваат како повторно родени. Особено интересно е дека рамнодушни не остануваат дури ни оние за кои чудото противречи на нивните убедувања. Се случуваат и поретки чуда. Кадрите на еден од снимените филмови сведочи за направени исцеленија. Визуелно камерата демонстрира два такви случаеви – кај човек со деформирано распаднато уво, раната намачкана од Огнот заздравува пред нашите очи и увото добива нормален надворешен облик. Покажан е и случај на прогледување на слеп на двете очи после „миењето“ со Огнот. Понатаму со благодатниот Оган ќе бидат запалени кандилата низ целиот Ерусалим, а со специјални авионски летови Огнот се доставува до Русија, Кипар, Грција и низ целиот свет. Во блиските области до храмот на Божјиот Гроб свеќите и кандилата во храмовите се запалуваат сами. http://denesen.mk/web/2012/04/17/blagod ... lavnite-2/
Во некој руски град, после бдението воочи Божиќ, владиката секоја година излегувал во припратата на храмот и според традицијата која ја негувал на сиромасите им доделувал помош. И таа година, сите од преосвештениот, добиле обилна помош, а само за еден од нив кој бил последен во редот, немало ништо. Владиката не сакал да го отпушти старецот без дар, на толку голем ден, па го повикал во својата резиденција. Го вовел сиромавиот во својата одаја, го нагостил и му сервирал чај. Владиката го слушал стариот човек, но во текот на разговорот заклучил дека тој и не е некој прост човек како што му изгледало заради неговото сиромаштво. Да така и било: овој човек, некогаш бил моќен трговец, кој подоцна осиромашил и паднал на просјачки стап. „ Се сеќавам, Владико, на една предбожикна ноќ.’’ - рекол старецот. Владиката се заинтересирал. „ Тоа беше многу одамна, со санката одев во некој далечен град. Ноќта беше ладна, темна, а штотуку се имаше смирено зимскиот ветер. Каде и да погледнеш, снег и рамнина. Наоколу бескрајна тишина, нарушена само од ѕвоната на прапорците и чкртањето на снегот под санката... Одеднаш, јас гледам нешто црно на снегот. Кочијашот ме убедуваше дека ми се присторува. Што може да биде тоа во полето, сред ноќта, ѕвер или човек? Заповедав да застанеме и излегов да погледнам. Тоа беше момче. Лежеше мешечки, покривајќи си ја главата со рацете. Не даваше знаци на живот, очигледно беше смрзнато. Го зедов на санката, почнав да го тријам по рацете и лицето, замотувајќи го во мојата бунда. И оживеа, мој Владико. Ми кажа дека е богослов и дека тргнал кај родителите да го слави Божиќ. Татко му бил свештеник во селото, 50 врсти од градот. Тргнал пешки, мислејќи дека може да изоди, надевајќи се на својата младост. Но, наеднаш почнале снежни намети и тој заскитал. Така, тој промрзнал и му се приспало. И така би се смрзнал, но Бог не допушти. Го одведов дома и им реков на родителите: - Примете го вашиот син, жив е! Колку ме благословуваа, колку ли ми се заблагодаруваа! Каде е сега тоа момче? Што ли се има случено со него? Кога приказната завршила, Владиката станал, застанал пред иконите и почнал да се моли. А потоа, завртувајќи кон старецот, рекол: „ - Јас бев тоа момче, богословот кој ти го спаси. Нека е благословен Бог! А што се случило со него? Гледаш и самиот, Господ ме удостои со Архиерејски чин. А ти си тој кој ме спаси. Биди благословен!’’ И преосветениот и сиромавиот паднале на колена пред иконата на Рождеството Христово, еден покрај друг. Владиката се погрижил за сиромавиот старец и како што тој некогаш го загреал во својата топла бунда во ладната зимска ноќ, така владиката сега го загреал сиромавиот старец со својата топла љубов и грижа - старецот живеел со него, се до неговото упокојување и заминување на Небесата.
Верувам! Би имал едно прашање до сите, се надевам дека е соодветно за форумов, ако не поправете ме, па ќе го избришам. Доколку познавате, ве молам, преку порака, да ми препорачате особа која се занимава со „гледање„ и верска медицина. Доколку сте имате лично искуство со некоја таква особа и верувате дека е ефективна, ве молам да ми дадете информации, најдобро од Скопскиот регион. Благодарам и поздрав!
Уште ли се случува тоа чудото во Св.Димитрија? И што бидна со научнициве, докажаа ли нешто повеќе или останаа на последниот одговор што го дадоа во врска со тоа? Јас сакам да отидам, ама немам време се надевам ќе најдам, за да отидам да видам, ме интересира, иако јас лично си кажав дали верувам во ова или не.Прашувам само, бидејки некако стивна работава или изненадувањето околу ова, па мислев да не има нешто ново.
Јас бев и видов,се познава дека се чистени со човечка рака посебно на делот над вратата. Верувам во бог,но ова е стварно грев што го направија од МПЦ и плус само уште една причина за помалку да им верувам на поповите.
Зошто мислиш дека е направено од човечка рака? Поради прецизно изработените фрески? Ако е поради тоа, мали се шансите да се изработени од човек.
Lilit постираше линк: Јасно се гледа дека во црквата има видео надзор од безбедоносни причини. Тие камери снимаат 24 часа. Ако надлежните од црквата јавно ги објават снимките од безбедоносните камери, ќе може навистина да се утврди дали и во колку часот, на која дата некои луѓе ги чистеле фреските или не. Ако на снимките не се видат луѓе ќе останат две дилеми: или се работи за природен феномен или за чудо. За првото треба да дискутираат физичарите и хемичарите, за второто можат да дискутираат теолозите и верниците - ако е чудо, какво чудо е? Божјо или ѓаволско? На пр. во Библијата опишан е настан кога пророкот Мојсеј испратен од Бога одел кај фараонот да бара ослободување на еврејските робови. Бог му рекол, така се раскажува во Библијата, доколку фараонот се сомнева во волјата Божја, Мојсеј нека го фрли стапот пред него. Така и биднало, фараонот го исмеал барањето на Мојсеј (демек имаш ли некој доказ дека Бог те праќа). Мојсеј го фрлил стапот на подот кој истиот момент се претворил во змија. Фараонот само се насмеал и ги повикал своите египетски свештеници. И тие ги фрлиле своите стапови и тие чудесно се претвориле во змии. Остатокот од приказната (завршува во корист на Божјиот пророк Мојсеј) може да се најде во стариот завет, поентата ми е дека дури и чудата, токму според учењето на црквата не мора да се секогаш Божји.
Би сакала да те запрашам нешто . -Како ти би дознал дали тоа е Божјо дело или ѓаволско? Или пак, доколку утре и тебе нешто ти се случи, како ти би открил што е вистинско??? Дали е Божјо или не?
Со помош на советот кој га дал спасителот наш, Исус Христос: „Според плодовите ќе ги познаете!„ и „Оти можи ли лошо дрво добри плодови да дава, можи ли добро дрво лоши плодови да дава?„