Пример: Утре ти се случува чуден настан, кој никој друг не го гледа, освен ти самиот. Гледаш светлина, гледаш нешто што не е земно и што не може да се опише на никој начин. Толку чудно, што невозможно би било и некој друг да ти поверува, доколку би кажал. Како ќе го познаш тоа, дали е Божјо или не? Зашто во тој случај не би можеле да го применеме советот на Господ Исус Христос. Зашто и Луцифер бил Ангел, кој во секој миг може да се преобрази во што и да посака. ???
Во црквата се поставени камери, не само за да се утврди дали е ова чудо или не, туку поради кражба на икони.А што не е првпат тоа да се случи, се случувало и порано.Како второ, не е можно преку ноќ некој да ги светнал фреските, без разлика за колкав временски период станува збор, значи не е само за една ноќ, поради тоа што истите се изработени на природна подлога, а од неа зависи дали ќе бидат уништени фреските или не.За тоа дали е хемиска реакција или не, тоа е работа на научниците, а како што гледам нешто бавно се одвиваат настаните околу ова прашање или констатација.
Кога зборуваме за чудото во Св. Димитрија, знам дека има посебна тема но бидејќи и оваа е за Божји чуда имам нешто тука да кажам. Прво, верувам во Божји чуда, сум се изјаснала до сега. Друго, за да се исчистат фреските и ѕидовите каде што се насликани светците потребен е посебен материјал со стручни лица (а не некоја си чистачка со доместос-значи Бог да чува) и тоа исто така долготраен процес, значи не трае 1 час, 2, 3. Треба да се работи прецизно поради ризик од оштетување. (Докажано од истражувачи и луѓе кои се занимаваат со тоа). А оние што веруваат дека некоја чистачка ги светнала со Арф и Доместос значи не знам што да речам. Да беше така, сите служители во секоја една Црква на светов ќе ги светнуваа фреските со Доместос. И ќе кажам уште нешто, оние кои не веруваат во Божји чуда немаат никакво право да им се потсмеваат на тие што веруваат. Јас сакам и ќе си верувам!
Само да дополнам. Не ми се верува, некој да е до толку, па да ги трга сите тие икони, и да се пентари за да ги исчисти. А и + на почетокот, само некои фрески беа исчистени, а после неколку дена/часа и сите други. А црквата беше постојано посетувана, сигурно нема некој во 3 часот од сабајле, да дојде и да чисти.
Зошто да не? Зарем Христос лажел или не знаел што зборува? Исусовото учење било и останало конкретно и практично. Да, но тоа тогаш таа преобразба ќе биде привид која дава лош плод, значи пак доаѓаме до Христовото упатство: „...по плодовите ќе ги познаете!„. Но низ неколку ноќи или еден месец би било можно нели? Камерите биле таму вклучени подолго од една ноќ. Затоа би било добро и снимките да се испитаат. Но дали забележувате дека само ореолите се исчистени, не и целите фрески? Некој од научниците спомна дека токму тие најлесно се чистат спонтано поради природните хемијски и физички закони. Тоа кажува нешто - можеби дека некој сака да ја заташка целата работа. Тие самите рекоа дека поради големиот наплив на верниците не можат нормално и непречено да работат. МПЦ може привремено неколку дена да удри клуч, да се земат примероци, сними испита и потоа пвторно да ги отвори портите за народот.
Господ Исус Христос никогаш не лажел, па ни ќе лаже. Прашањето беше лично до тебе. Како ти ќе познаеш дали тоа нешто е Божјо или не? Посочив пример на светлина, значи „ангелот’’ кој го гледаш ти дава упатство или некое известување од иднината. Кое во никој случај не е лошо (за да се познаат плодовите и да се открие што е што ), туку е нешто сосем друго. Што во суштина не значи дека тој отпадник кога еднаш ќе се јави, веднаш ќе каже кој е или ќе направи нешто лошо. Тој е премногу мудар и тоа му е работа. Полека, полека ги прикажува настаните. Значи потенцирам , не секогаш на него му е важно некој да прави само лошо (видливи дела), туку тој има подолгорочна цел. Прво духовно отпадништво, а потоа негово понатамошно служење за „добра цел ’’. А духовното отпадништво ти како телесен веднаш и не би можел да го видиш. Сепак, отпадникот е ангел по својата природа и е духовно битие, па затоа знае одредени нешта што ние луѓето како телесни и не можеме да ги видиме. Па така, тој ги прикажува, а човекот така и би се опрелестил. Прашањето е конкретно. На кој начин ти би открил дали тоа видение е Божјо, а уште при првата средба (а може и понатаму) сите настани изгледаат сосем нормални и добри? Како??? п.с. Те молам, долови ми ја вистинската суштина на прашањето .
За да се исчисти, потребно е отприлика година, две, а може и повеќе, не е месец.За месец, ништо не може да се направи, а не пак за една ноќ.Ако е поради тоа што лесно се чистат ореолите, тогаш веројатно нема да бидат исчистени само неколку фрески, еве ако под претпоставка дека доколку сакал некој да ги исчисти, па се брзал, земал подзачистил само ореолите.Јас колку што видов на телевизија, не се само ореолите, туку и ликовите на светците, според тоа што го видов, премногу живописно е.Сега, ореолот на светците ја означувало и нивната аура, енергија, според други филозофски расправи.Па оттаму подразбирлива е и причината за чистењето само на ореолите.Така што, тоа што се само ореолите исчистени и дека е најлесно за чистење, не им држи вода на научнициве.Бидејки ако е така, тогаш не би биле само ореолите исчистени, доколку некој сакал набрзинка да ги зачисти.
Чекај а да не се збуни малку ? Фреските СЕКАКО се нацртани од човечка рака, не само во оваа црква туку и во сите други. А зошто е очигледно сега ке ти кажам. Делот што е над вратата фреските зидот,се ПОЗНАВА дека е бришен,дури се познава и каде има протечено од средството за чистење. Јавна тајна е дека се исчистени, и тоа со 3% хидроген,сано што сега тешко дека ке се најде маж што ке го каже тоа,затоа што драгиот ни премиер самиот во рок од 20 минути откако беше прогласено чудото тој отиде таму и самиот изјави дека е БОЖЈЕ ЧУДО. Е сега ај да видиме кој професор ке се осмели да го оспори премиерот , и ке каже јавно дека не се работи за никакво чудо,тоа би било исто како тој професор да излезе на телевизија и да изјави Грујо е Хомосексуалец. Затоа ке остане “ Мистерија “ чистењето на фреските, и такво испитување “ НЕ МОЖЕ ДА СЕ НАПРАВИ’’ Баш поради вакви работи имам далеку поголемо почитување кон Римокатоличката црква, кога ке се појави вакво нешто прво праќаат сопствени тимови од научници кој што се стручњаци во својата област, како и теолози. Ги прават сите можни испитувања,па дури потоа прогласуваат чудо кога ке бидат 100% сигурни во тоа. А не нашиве се истрчаа се испосраа ( МОЖЕБИ повеќе намерно отколку случајно ) па сега ајде нема да има испитувања. На еден друг форум прочитав дека дури и човек да ги исчистил,повторно ке било “ БОЖЈО ЧУДО ’’ Бидејки така Исус сакал и по негова воља човекот ги исчистил,до таму се оди со оправдувањата. И уште еднаш ке напоменам, верник сум и верувам во господ но тоа не значи дека морам безусловно се да голтам што ке ми сервира црквата.
Не,не се збунив, знам дека фреските се изработени од човечка рака во било која црква, туку мислев за чудото или попрецизно кажано за тврдењето дека се исчистени прецизно ( или тоа би му дошло повторна изработка на истите, врз основа на стариот слој ) со хидроген и светнале??? Средството за чистење ќе се познава, ако бојата на фреската е разлеана, а ако не е, нема да се познава, што би значело дека не се чистени од човек.
Првин зошто воопшто некој би имал работа со такво нешто? Јас лично немам желба да имам такви виденија. Додека луѓето не ја постигнат потребната духовна чистотија Бог луѓето ги води индиректно преку дневната енергија: настани, луѓе и ситуации кои кај поединецот побудуваат разни чувства и мисли. Доколку човекот се труди да живее според божјите закони, како на пр. Прави им го на другите она што сакаш тебе да ти го прават и обратно, она што не сакаме другите да ни го прават ниту ние не би требало даим го правиме ним. тогаш постепено може да биде обземан сè повеќе од Божјото водство. Понатака би било потребно искрено самоиспитување: - дали сме станале повторно и ние со англеска свест за да можеме да бидеме во јасна и директна комуникација во чистите небесни битија? Мерило е колку во нашите мисли, зборови и дела ги живееме упатствата за богоисполнет и посреќен живот кои Бог ги објавил на човештвото: Божјите десет заповеди и Исусовата проповед(беседа) на гората. На пр. дали мразиме? Дали негуваме мисли на освета? Завист? Дали сме љубопитни и желни да видиме нешто од тнр. невидливи светови? Дали сакаме со такви искуства да се правиме важни и интересни? Ако да, тогаш сигурно не се работи за некакви божји видениа и сл. туку дејство на ниски бестелесни сили од кои бне може да испадне добро. - Дали се соопштуват некакви конкретни датуми? Бог е вон временски и Тој како и небесните битија, ангелите, никогаш не објавуваат прецизни датуми бидејќи на тој начин би се наврзале на времето. - Ако станува збор за иднината тоа е секогаш во општи црти изнесено како можност а не како нешто што мора да се случи. Тоа е така затоа што Бог ја почитува слободата на сите свои деца, така и на луѓето. Ако Бог на пр. би објавил дека некој ќе утепа некого тогаш би ја одзел можноста таа личност правовремено да се преобрати кон доброто и да се откаже од планираното. - Дали се изговараат имиња на конкретни луѓе? Божјиот говор е неличен и никогаш нема да ослови некого по име и презиме а тој да е инкарниран т.е. меѓу живите. - Дали е испочитувана слободната волја на човекот? Бог никогаш никого не присилува на нешто. Бог никогаш нема да каже работи од типот: оди на таа и таа адреса или на тие и тие кординати и ќе најдеш тоа и тоа. - Дали е сето тоа во склад со Исусовата Беседа на Гората? - Доколку некој доволно се прочистил за да директно ноже да биде во комуникација со Небесните светови и Христос, а не е инкарниран со пророчки налог, објавеното секогаш се однесува на него лично - а не за втор или трет, не за јавноста. и тн... Се надевам овој пат ти дадов конкретен одговор. Поздрав. _________________________ Јас лично го посетив храмот, најискрено кажано не видов никакво чудо - ова не го велам за да некому контрирам, пренесувам мое искуство чисто. Фреските си се и понатака темни а ореолите светнати. На некои места јасно се гледаше дека се слеваат валкани капки, а на други гребнатини кои ја отркиваа црвената позадина. Тоа што некои од научниците го кажаа не беше во смисла дека некој човек ги бришел туку дека тоа е нормална природна појава под одредени услови. Вакви појави имало и порано и не само низ Македонија. Некоја на форумов спомна дека кога таа била во црквата св. Димитрија во јануари-февруари имало скелиња во црквата но дека тогаш ниту имало многу посетители секој па никој и не обрнал посебно внимание бидејќи конечно тоа е нормално.
Живееше во Мала Азија богато благородно семејство. Тоа беа великодушни, добронаравни и верни луѓе. Синот единец, откако порасна и го заврши своето образование, посака ангелски живот и се одлучи за пустиножителство. Долго трагаше по скитовите на египетската пустина, додека еден ден не сретна еден многу строг Старец. Веднаш благородникот го замоли да го прифати како свој послушник во скитот и истовремено изјави дека ќе прифати потполна послушност кон својот Старец. - Врати се назад во твојот крај, – му рече Старецот – и потруди се да го направиш она што Го рекол нашиот Господ. Значи, собери го својот имот и раздај го на сиромасите. Кога ќе го направиш тоа, пак врати се овде и ќе те примам. Момчето направи метанија и послушно се врати во својата татковина. Го продаде сиот свој имот, а парите ги раздели на сиромасите. Задоволен што го послуша советот на старецот, сега сиромашен се упати назад во пустината и скитот. Старецот со задоволство го прифати и кога стана монах, еден ден го повика, па му рече: - Од сега ќе живееш во онаа ќелија покрај ѕидот и воопшто со никој нема да зборуваш. - Нека е благословено, – одговори монахот, па отиде и се пресели во ќелијата која му ја назначи Старецот. Таму остана пет години и се подвизуваше строго, не изговарајќи ниту еден единствен збор. Неговата преданост и трпението не можеа да останат скриени од останатите братја, кои му се восхитуваа и многу го почитуваа. Монахот продолжи да се подвизува во својата ќелија, кога еднаш го посети неговиот Старец и му рече: - Гледам, дете мое, нешто што ме жалости. Ти овде немаш никаква корист. Од братјата слушам многу пофалби, кои навистина не ги вреднуваш, и така си во опасност да ја изгубиш својата душа. Треба, значи, да заминеш од Египет; затоа, подготви се. Одлучив да те пратам во општожитие. Монахот ја наведна својата глава и, не велејќи ништо, покажа послушност кон волјата на Старецот. Веднаш ги подготви оние малку свои работи и појде на далечен пат. Малку пред заминување, Старецот му даде писмо со препорака за игуменот на манастирот во кој го праќа. Меѓутоа, Старецот не се сети на својот послушен ученик да му каже дали таму каде што оди треба да зборува или не. А монахот, откако Старецот не рече ништо, продолжи да ја следи неговата поранешна заповед, така што устата ја држеше затворена. Негов збор веќе не можеше да се чуе. Кога стигна во општожителниот манастир, игуменот го прифати и монахот таму повторно го започна својот подвиг. Поголемиот број од отците во манастирот мислеа дека е нем. Меѓутоа, игуменот имаше некои недоумици, па сакаше да ги расчисти. Затоа го повика и му рече: - Сакам, оче, да одиш надвор од населбите, кај големата река и да прејдеш на спротивната обала, за да ни донесеш некои намирници за манастирот. Монахот послушно ја наведна главата, прифаќајќи ја заповедта. Значи, се упати кон реката, но пред заминување, игуменот прати и еден друг монах да го следи. Игуменот одлично знаеше дека реката е преплавена и дека никој не е можно да премине на другата обала. Затоа и го прати таму младиот послушник, затоа што веруваше дека тој, бидејќи нема да може да прејде, ќе биде принуден да се врати назад и да му го соопшти тоа, па така ќе се увери дека овој навистина е без глас. Штом послушниот монах стигна кај реката и се соочи со поплавата, сфати дека е невозможно да прејде преку неа. Без многу размислување клекна и почна топло да се моли со солзи во очите, но со устата постојано затворена. Кога заврши со молитвата, му пријде еден крокодил од реката и застана покрај него. Тогаш монахот се качи на него, а големиот рептил, сечејќи ја реката, го пренесе на другата обала. А собратот, кој според налогот на игуменот го следеше, се зачуди поради оваа чудесна случка и се воодушеви на добродетелноста на монахот и силата на неговата молитва. Се врати во манастирот трчајќи, па раскажа сé што се случи. И игуменот се воодушеви за случката и од тој момент сите многу го почитуваа монахот и сметаа дека е благослов за манастирот тоа што еден таков монах живее со нив. После само неколку години, овој монах, кој беше пример за послушание, ја предаде својата душа на Господа и целиот општожителен манастир потона во тага, затоа што изгубија еден свет човек. Игуменот прати писмо до првиот Старец на монахот, за да го извести за блажениот крај на неговиот овоземен живот. Писмото завршуваше со реченицата: „Иако ни прати нем човек, меѓу нас поживеа како вистински ангел.“ Старецот на послушниот монах, откако го прочита писмото, се восхити на послушноста на својот блажен послушаник, и откако ја напиша вистината за него, ја прати на игуменот. А игуменот ги повика сите отци од манастирот и им ги прочита следните зборови на Старецот: „Свет игумене, блажениот човек, кој ти го пратив пред неколку години, воопшто не беше нем. Напротив, благодарејќи на заповедта на својот духовник, сиве овие години ги помина во молчење. Сега, кога Господ го повика кај Себе, нека неговите молитви бидат со нас.“ Ти благодарам daylight на исцрпниот одговор . Се те разбирам и потполно те сфаќам за она што ми го објасни. Целата работа и зошто те цитирав беше само овој дел: Зашто ти прекрасно си ги сфатил работите и факт е дека постојат и едните видови на чуда и другите. Особено ме примами на цитирање твојот пример од Стариот Завет, со Мојсеј. Те разбирам и јасно е дека ние не треба да го бараме тоа, а оној човек кој го бара се тоа да го види, тој ќе биде измамен. Како што и напомена и ти самиот, дека најпрво е потребна духовната чистота, за се друго да се постигне- совршеноста на душата . Сега да се надоврзам на се ова. Да, на почетокот кога сме неопитни во се, во духовното пред се, тогаш Господ не води преку телесното и индиректно, се сложувам со овој твој дел. Но, целата работа е тоа што, баш на тој почеток борбата е најсилна. Тогаш започнуваат некои настани и случки што се невообичаени. Не знам за тебе, но за други и за себе ќе кажам некои зборови (зашто се тоа што ми се случуваше го сретнав и на други места). -Почеток на се, се соновите, кои незабележитено и колку да ги негирав се случуваа баш така во реалноста (во кои воопшто не поверував). -Потоа тука беа и некои слични настани не во сон, туку телесно видливи за кои и не сакам да коментирам. Искрено јас се тоа не го барав, па ни ќе го барам, но едноставно некои работи се случуваа. Факт е дека се со Божјо допуштение и иако се со друга смисла. Па затоа и прашањето ми беше доста прецизно, како и твојот одговор, како и твојот пример од Светото Писмо. Како? Како ние ќе познаеме дали тоа е Божјо или не? - Со целосна почит на духовноста и со целосното духовно познавање на работите, како ти би поверувал дали е тоа Божјо или не? Тоа ми беше целта на прашањето и затоа ти го посочив тој пример . Како би поверувал и би оценил што е што? Зашто, ако некое чудо што се случува е Божјо и ние не поверуваме во тоа, ние сме направиле грев. Тоа ти е слично како што и Израилот и покрај што се знаел за доаѓањето на Месијата, тие не Го прифатиле и пред се не го познале Господ Исус Христос дека тој е долгоочекуваниот Месија. Тоа би било истото и во нашиот случај .
Катарина Влаху, жена која живеела на островот Родос, боледувала од тумур на мозокот. После сите направени испитувања, лекарот и соопштил дека за неа не постои никаква надеж, дека ќе преживее. Жената, целата своја надеж ја оставила на Господ и со голема вера заминала на островот Калимнос. Таму се наоѓале моштите на светиот Сава Нов Калимноски, па се помолила пред нив, ги целивала и се вратила повторно дома. По извесен период, по околу една недела, откако била на поклонение, таа заминала на лекар, се со цел повторно да се направи рентген на мозокот. Лекарите се соочиле со две чуда. На местото каде бил тумурот немало ништо, а пак на тоа место бил воочлив ликот на светителот пред кој се молела жената.
Света Гора, Атос е место кое и е дадено на Мајката Божја и таа е единствената игуманија на сите манастири. Но, нешто што е карактеристично за тоа место, за тоа еднодушно братство е дека на тоа место не е дозволено да доаѓа во посета жената. Низ минатото не било така, но од одреден период, под раководство и благослов на Мајката Божја, женското присуство е забрането. Една жена била многу разочарана од се тоа. Навредена од тоа, зошто да не може да оди на Атос, решила да се преправи во маж и да отиде таму. Влегла во бродот и бродот запловил. Како што пловел бродот, морнарите, капетанот, биле многу изненадени. Бродот бил во ред, немал некој дефект, но тој тонел. Започнало да ги фаќа паника, а помеѓу нив присутен и некој отец, монах и им рекол на сите да се молат заедно Господ да ги зачува. Тогаш еден отец довикал и запрашал, дали случајно на бродот има некоја жена. Жената цела посрамена и избезумена, сфаќајќи ја својата вина, зашто ќе биде виновна за смртта на многу луѓе, се покајала и истапила да признае пред сите. Кога жената излегла од бродот за да се врати на пристаништето, бродот наеднаш се подигнал. Толку била чудна таа глетка, како може една жена да е причина за тонење, кога на бродот собирало уште којзнае колку луѓе, кога бродот бил полупразен?! Па, така, сите други патници (мажи) кои пловеле за Атос, безбедно пристигнале, без никаква опасност од понатамошно тонење. Особено интересно е и сведочењето на еден друг монах. Кога тој пристигнал на Света Гора и се молел во својата келија, во еден миг погледнал ни прозорецот. Видно се зачудил, почнал да тире очи, зашто му било невозможно тоа што го гледа. Видел жена, која стои на прозорецот и цело време го гледа без да му прозбори. Кога тоа му го соопштил на браќата и мислел дека е привидене, отците, неговите браќа му кажале дека тоа е всушност Мајката Божја. Зашто и многу други отци ја гледале потполноисто како што ја опишал и монахот.
Една жена, мајка на 3-4 дечиња, која била потполно здрава (но и жена на виден и истакнат човек), била повторно бремена со уредна бременост. Пристигнало времето за раѓање, но се случило нешто многу лошо. Жената кренала висока телесна температура до 40 степени, што предизвикало дополнителни потешкотии. Меѓутоа, тоа не било најлошото, туку се случило уште нешто пострашно. При прегледот на најистакнатите и најспремните лекари кои пристигнале, на нејзините блиски им ја кажале најгорката вест. Детенцето веќе било мртво во уторбата на мајката и веќе биле одбројани и миговите на животот на мајката која лежела во безсознаие. Нејзините блиски испратиле телеграма до отец Јован кој живеел во Кронштат, за што побрзо да дојде и да се помоли за нејзиното здравје. Во доцните вечерни часови пристигнал отец Јован во домот. Завладеала тишина. Отецот влегол во собата на жената. Во домот, на сите како да им застанало времето. Поминале тешки минути, не една, две, туку цел половина час. Во еден миг, од спалната соба каде што лежела жената излегол отецот целиот облеан во пот. Длабоко воздивнал и само им рекол на сите присутни: - На Господ угодно му било да го воскресни умреното бебе! Лиза (жената) ќе роди момче! Во спалната влегле лекарите за да ја прегледаат. Остануваат без зборови. Лекарот кој ја констатирал смртта на бебето и кој констатирал веќе започнат процес на затрујување на крвта на жената, поради починатото бебе во утобата, сега бил потполно изненаден. Состојбата на жената била зачудувачка. При прегледот бебето било живо и се движело во утробата, а телесната темература на жената била веќе симната на 36,8 степени. Најзачудувачо било тоа што тоа не било некој час или два, туку починатото бебе било веќе неколку денови во утробата на мајката. Така, веднаш ја породиле и навистина таа родила здраво и живо момченце, за кое ни лекарите не знаеле дека е момче во прашање. Молитвите на Св. Јован Кронштатски, направиле големо чудо. Воскресение. Св. Јован кронштатски 1829-1908
Незнам зошто да се убедуваме дали постојат божји чуда или не. АКО И НЕКОЈ ДОКАЖЕ ДЕКА ПОСТОЈАТ, ТОГАШ МОЖЕБИ ДРУГ верата би ја сватил како корисна работа да му се случи чудо или слично. НО ВЕРАТА Е СОСЕМ НЕШТО ДРУГО. Дали постојат божји чуда на тоа Исус одговорил: СПОРЕД ВЕРАТА ВАША НЕКА ВИ БИДЕ. А ТОА ДАЛИ НЕКОЕ ЧУДО ДОАГА ОД СВЕТЛИНАТА ИЛИ ОД ТЕМНИНАТА, ПО ШТО СЕ РАЗЛИКУВААТ ЛАЖНИТЕ ОД ВИСТИНСКИТЕ ПРОРОЦИ, ЗА БОЖЈИТЕ ДАРОВИ И ДРУГИ ИНТЕРЕСНИ И ЗА НЕКОГГО НЕПОЗНАТИ РАБОТИ, ГИ ПИШУВА ВО БИБЛИЈАТА. ПОСТ, МОЛИТВА, ИСПОЛНУВАЊЕ НА СВЕТИТЕ ТАЈНИ И ЕТЕ ГО ОДГОВОРОТ, ќЕ ДОЈДЕ како и да е. ЈАС СУМ ХРИСТИЈАНКА и несакам да ги заборавам и другите вери кои веруваат дека Господ е еден, треба да се почитуваме и нека напишат и тие некое корисно и убаво сознание
Ова e мој личен став и верување и се однесува на оние кои веруваат во она во кое и јас верувам, не ми е намерата да убедувам некого во нешто и затоа не сакам препукувања и навреди упатени на моја адреса. Последните 3 години поминував низ доста тежок период. Имав многу моќни непријатели. Вистински верував и се трудев да ги пребродам тешкотиите. Можам да кажам дека богобојазливоста најмногу ми помогна. Ми помогна да не се плашам од земните непријатели. Уверена сум во тоа затоа што јас (инаку мошне претпазлива личност) направив (за мене) доста смели подвизи против oние кои навидум беа многу помоќни. И ден денес се чудам како ги победив тие луѓе...да според мене и тоа е Божје чудо, не класифицирам во “чудо“ само ако ти се појави некој светец или слично. Бог чудата ги прави и преку нас самите. Плашете се од Бога и тој ќе ве направи бестрашни во борбата за својата правда. Покажете му се за и Тој да ви се покаже вам. Отворете ги убаво очите ако сакате да Го видите Него и Неговата моќ. Отворете му ја вратата за да влезе. Клучот е вербата, а скептицизмот е катанец.
Јас сум верник и и имало случаи да бидам исмејувана од неверници поради поради некој став или постапка односно исполнување на света тајна. ВО ТОЈ МОМЕНТ МИСЛАМ ДЕКА СУМ ПРЕДИЗВИКАЛА ТИЕ ЛУГЕ ДА ПАДНАТ ВО ГРЕВ. ЗАТОА АКО СЕ ФАЛИШ ДЕКА ПОСТИШ ТОГАШ која е твојата награда. МНОГУ МИ СЕ ДОПАДНА ЦИТАТОТ НА ЛУВЕНА: СПОРЕД ВЕРАТА ВАША НЕКА ВИ БИДЕ. И ТАКА Е ЗА СЕ ВО ЖИВОТОТ.
Последните три мислења би ги споила во едно за да излезе целина, а и мене лично ми треба нешто да знам за да ми биде појасно. Имено ако зборувам за божје чудо, тогаш сум приметила МИ СЛЕДУВААТ напади и искушенија од неверници.. А ЈАС ВЕРУВАМ ВО НИВ И ЛИЧНО МИ СЕ СЛУЧУВАЛЕ. Точно е дека колку си поголем верник и секое чудо веќе не те изненадува толку, па и самиот живот на планетава е чудо и се што се случува, а не само несекојдневните појави.Затоа го напишав цитатот СПОРЕД ВЕРАТА ВАША НЕКА ВИ БИДЕ. Ми се допадна како ТЕССИЕ ги победила непријателите. јас сум сега во таква состојба, но поради мојата повлеченост само се молам, а не превземам ништо за да не се вознемирам уште повеќе од ниските удари на лошите луѓе.ШТО ДА ПРАВАМ ТЕССИЕ и сите вас мили мои истомисленички ве прашувам, за да се случи победата над лошите односно УБАВОТО ЧУДО?
Јас се молев на Бога да ми помогне во искушенијата, да ми помогне да истраам да го решам проблемот по подолгиот и понапорен пат, кој е самиот пат на правдата. Го молев да не дозволи со моите постапки да заличам на луѓето кои сакам да ги тргнам од патот. Многу се молев и кога дојде денот, како некој друг да зборуваше и правеше место мене. Се зачудив на сопствената храброст и чувство за правда, a ги изненадив и своите непријатели кои не ме познаваа во такво светло. Што и да биде, избери го подолгиот пат (патот на Божјата правда) затоа што знаеш, само трнливиот пат води кон успех, оној просипан со розини латици можеби се чини пократок и поефикасен, но не води кон добро.