Да се спротиставиш со смирение, трпение и убав збор. На добрината не може никој да и најде замерка, а многу повеќе на доброто дело кое и би го направила под присилба на својата волја. И кога некој би пронашол, можеби некоја замерка и би искоментирал дека тоа си го направила само за да се покажеш пред луѓето, ќе видиш дека Господ на свој начин ќе го докаже спротивното. И срцето да се противи на доброто, на нашите непријатели и мислите да горат од гнев, стави си само една мисла во тој миг. Господ го измачуваа, распнаа, а Тој се молеше за тоа нивно дело, да не им се земе за грев. Можеби некој ќе рече дека и многу други луѓе, поминале и поужасни маки и повеќе пострадале и биле измачувани, но што е разликата? Разликата е во ЉУБОВТА. Да те повредуваат, а ти да се молиш за нив, да плачеш затоа што тие грешат заради тебе, иако ти се невина. Тоа нека ѕуни во тебе мила и ќе видиш дека Господ ќе направи и поголеми чуда .
Мислам дека тука се пишуваше во врска со црквата Св.Димитрија.. http://www.zdravo.com.mk/chudoto-od-sv- ... jala-foto/ Епа немам што да кажам.
Премногу Божја мудрост има во вас и ви благодарам за тоа што ја искажавте. Кожата ми се наежи, се возбудив кога ве читав и ми дадовте надеж и сила. Малку е ако кажам БЛАГОДАРАМ. Така да си помагаме, да се потсетуваме ...
Пред неколку години бевме на екскурзија низ Македонија и го посетивме манастирот Св. Јован Бигорски.. после неколку дена од нашата посета манастирот изгоре а само делот кај што била иконата на Јован не изгорела... Па ова сигурно не е некоја случајност.. Исто така кога бевме таму тој што ни збореше ни кажа дека некое дете неможел да збори многу години и го однеле таму во тој манастир и му баеле или што му праеле не се сеќавам точно бидејќи одмана беше,, детето по некое време почнало веќе да испушта звуци и да кажува по некој збор
Неодамна, живееле некои сопружници, со голема вера во Господ и почит кона Мајката Божја. Тоа биле двајца млади и нивото 3 годишно детенце, но се одликувале со голем добродетелен живот. Никој од нивното сосесдство не ги слушнал да се караат, никој не слушнал да кажат некој лош збор, туку биле премногу добри, па затоа и сите ги сакале. Посакале да им биде нацртана икона на Мајката Божја во нивниот дом. Викнале некој фрескоживописец и на ѕидот им ја нацртал. Секој ден, кога и да поминеле, секогаш се прекрствувале, кажувале молитва и заминувале. Така и детенцето, иако не сфаќајќи што тие сакаат навистина да кажат, ја научило таа молитва и кога и да поминело, го правело тоа, што го правеле и неговите родители. Но, откако ја направиле таа фреска, во нивниот дом, настанал уште поголем мир. По извесен период, детенцето играјќи си со своите другарчиња, паднало во реката. Децата исплашени, ги викнале неговите родители, за да го спасат. Пристигнале и скоро сите соседи и двајца од нив, нуркале и го барале на дното во реката. Нивната потрага била без успех. Заминале и малку подолу по течението на реката, а таму се соочиле со уште поголемо чудо. Сите го виделе детенцето како седи на средината на реката и тоа на површината на водата, исто како на суво. Стоело во воздух и воопшто не било исплашено, туку мирно си седело на водата како на престол. Така тие луѓе допливале до детенцето и од средината на реката, го зеле и го однеле кај мајката. Кога пристигнале дома, родителите почнале да го прашуваат, како тоа се случи? Како седеше на водата? Детето им одговорило: - Кога паднав во водата, до мене дојде оваа жена (покажувајќи со рачето на иконата на Мајката Божја), ме зеде во рацете и ме држеше. Таа цело време беше со мене, ме чуваше се додека не дојдовте да ме донесете дома.
И тоа како верувам во Бога и неговите чуда !!!! Бог е бесконечен и единствениот кој е тука кога ќе ни треба, без замерка што некогаш и го подзабораваме. Често се молам и ги посетувам неговите храмови бидејќи јас знам дека благодарение на Бога јас постојам и сум тоа што сум!!!!
приказнава за мајката Божја ме наежи,а кога последен пат бев во св.Јован Бигорски и кога се помолив на дедо Господ осетив некаква тајна како да се крие длабоко во манастирот како некоја биша сила да има дури и кога монахот ни раскажуваше за иконата десно што е се почувтвував заштитено. верувам во чуда зашто дедо Господ ми има помогнато откако му имам клекнато на колена во манастир и плачејки му ја имав пеено молитвата...
Во манастирот каде се наоѓаат моштите на Св. Василиј Острошки, секојдневно се случуваат чуда. Посебно едно е многу интересно што се случува токму денес, поврзано со оние луѓе кои одат како туристи и не веруваат во чудотворноста на неговите мошти. Ова го слушнав неодамна од еден поклоник кој бил на овој манастир. Во храмот каде се наоѓаат моштите, уште на влезната врата, се случува нешто невообичаено. Постојано биле присутни луѓе, кои биле како еден вид на стражари, во случај да се случи следниот случај. Сите луѓе кои доаѓале и пристапувале со сомнеж, уште на врата, едноставно се скаменувале како статуи. А овие луѓе ги кревале и ги изнесувале од храмот. Замислете го тоа да се случи пред ваши очи! Чудесни се Господовите чуда .
Верувам,и јас сум на некој начин едно Божје чудо Ништо не успеа да ме извлече од депресијата во која бев последниов период,освен големата верба во Бог,молитвите,постот...И тоа што мојот живот едноставно му го препуштив на Бог.Ни антидепресиви,ниту читање книги за позитивно размислување,ништо. И никој и ништо не може да ме убеди дека Бог не постои,и никого не убедувам дали има или нема,само им велам погледнете ме каква бев до пред неколку месеци,погледнете ме сега,колкава промена има во мојот живот. Бев премногу затворена,не излегував од дома,се откажав од тоа дека некогаш ке запознаам некој... Сега ми се врати желбата за живот,запознав личност со која многу се согласувам,со која ми е преубаво,и тоа кога најмалку очекував. Тоа го може само Бог и никој друг. Фала ти Боже,немој никогаш да не напушташ.
Veruvam vo Gospod i vo cudata negovi. Toj e so nas i kako nash tatko postojano ne cuva i zashtituva.Toj go saka sekoj od nas, negovata milost e beskrajna,zarem nekoj moze da go vozljubi svetot tolku mnogu shto ke go dade sopstveniot sin za da plati za greskite na narodot. Toa samo Bog go pravi.Slava ti Boze nash [mod-kirilica:2u5mo1ns][/mod-kirilica:2u5mo1ns]
Пред повеќе години седев во мојата соба покрај прозорецот и се молев. Се молев за животот на мојата мајка (барем мислам дека тоа беше во молитвата, ама како и да е поради семејни проблеми) и одеднаш од небото го слушнав своето име во ехо три пати. Бев малку потресена, но многу добро се сеќавам на таа ноќ иако поминаа многу години сепак мислам дека тоа беше гласот на Бог
Некој Евреин кој живеел во Цариград имал седумгодишен син. Сите од неговото друштво биле православни, па затоа и тој заедно со нив еден ден заминал во црквата. Бидејќи отецот не го познавал тоа детенце, мислејќи дека е православно и него му дал Света Причест. Кога се вратило дома, тоа му кажало на својот татко дека се причестило во црквата. Таткото на тоа многу се разлутил, па своето дете во тој голем бес, го фрлил во вжарената печка. А за да биде уште поголемо злосторството и за ништо да не се знае, тој и повеќе од потребното ја вжарил печката. Го затворл детенцето за да изгори. Кога пристигнала мајката и кога започнала печката да се лади за да ја отвори, кутрата целата била во солзи. А кога ја отворила вратничката, видела дека детенцето е живо. Дрвата биле изгорени и направени веќе жар и пепел, а тоа стоело насредина и било воопшто не повредено. Кога го изведила надвор, го запрашала, како останало живо. А тоа и одговорило: - Онаа жена која во црквата е насликана со дете во рацете (Пресвета Богородица), Таа стоеше покрај мене и со својата одежда ме покриваше. Така огнот не ме ни допре. А сите присутни изненадени од овој настан поверувале и сите се крстиле и станале православни христијани.
верувам во божји чуди а ми се има десено еднаш го сонував Исус и еден Анѓел до него се беше темно а Исус ми рече : ми го кажа името и ми рече после ДОЈДИ СО НАС ЌЕ ТИ БИДЕ ПО УБАВО а јас му реков НЕМОЖАМ ДРУГАРКА МИ ЌЕ МИ СЕ НАЛУТИ незнам зошто така сум му рекла кога не сакав така да му речам. а тогаш тие денови пред да го сонувам многу се карав дома и бев многу тажна цело време плачев кога ќе си легнев и под перница си чував ланче со крст на него. и викав дека не ми се живее веќе.
Верувам затоа што многу пати се случувале секакви работи.Оздравувале луѓе за кои "јаките" научници или доктори кажувале дека веќе нема надеж,се појавувале на небото интересни фигури/знаци/,се случувало на некое место да се појави ликот на Исус,дедо ми многу пати ми доаѓал со порака во сон - сега последниот пат кога брат ми се спаси за влакно од смрт дедо и се појавил на мама во сон - Тања,пази го Роби затоа што јас веќе неможам,не ми дозволуваат.Сакаа да го земат,ама јас не го дадов. ..
УШТЕ ЕДНО "ЧУДО" ВО ЦРКВАТА СВЕТИ ДИМИТРИЈА ВО СКОПЈЕ. И ај, некој нека каже, дека и ова со сретство за чистење е направено, или со рефлектори.