Која би била логиката на ова тнр. чудо? Имено, според црквата иконите се свети. Зарем Бог би ги нагрдил светите предмети низ „чуда„? Или иконите ги нагрдил ѓаволот за да му се потсмева на Бога и црквата? Или Бог преку „чудово„ им порачува на црквите дека иконите не се свети туку претставуваат кршење на првата божја заповед според која претставувањето ликови од она што е на Небото не е во ред?
Логиката на ова твое (но не наше ) чудо, е тоа што, она чудо кое порано се случи и беше прво, а ретко кој поверува, па затоа бевме етикетирани како проста маса, е јасен доказ дека не било дело на човечка рака. Туку дека е дело на самиот Бог. Всушност чудата во храмот не престануваат и постојано се случуваат до ден денес, чудни нешта кои никој не може да ги докаже. Ова што е дадено е само малечок дел од се тоа, повторно се со цел да се покаже чудото на Бог, но не на човекот. И во суштина Бог не ги нагрдил иконите, туку ја покажува својата натприродна сила над природното, а воедно и Неговото постоење. Во однос на тоа што напомена дали ние прекршуваме Божја заповед и дека ова очигледно бил тој знак, навистина не би рекла. Да се разбереме , на светата икона се насликува образот (физичкиот образ) на светителот или светителката. Не правиме идол на нешто непознато, туку се насликува слика, на истиот начин како ние што денес се сликаме меѓусебно, нашиот физички изглед. Но не се прави идол на она што е непознато (духовното). Божјата заповед е јасна, да не правиш идол, а притоа да не служиш и не се поклонуваш. Што се подразбира под тоа? Под тоа се подразбира да не се служи на направеното нешто кое би ни давало наредби како да постапуваме во животот, а притоа ни наредува да не му служиме на Господ Исус Христос, што фактички го негира Господ Исус Христос. Ќе напоменам еден ваков случај што се случил многу одамна. Во една пештера постоел некој идол, кој видливо чадел и зборувал. Им кажувал на другите што да прават, но притоа да му служат. Да убиваат луѓе, да принесуваат жртви... но еден ден еден свет отец се упатил таму да види што точно се случува. Кога пристигнал до пештерата извикал и го запрашал идолот кој е, па од внатре со човечки глас извикал демонот. Тогаш отецот се помолил и кипот излегол од пештерата движејќи се како човек и по молитвата пред сите се распрснал. Значи овде токму зборуваме за идол, не за икона. Идол на кој му се служи, но на лошото. И пак ќе се повторам, која била тогаш суштината и промислата на Господ кога заповедал да се направи скинијата или ковчегот? Ние го почитуваме нивниот спомен и подвиг што го направиле за Бог, што го жртвувале својот живот за Бог, што се жртвувале себе и што се подвизувале не штедејќи се воопшто и на крај што го допреле вистинското, подобието од кое отпаднале нашите прародители Адам и Ева, а кон кое подобие се стреми секоја душа. И многу нормално кога ние и нашите блиски се сликаме за спомен, така и ние ги почитуваме, сликаме и славиме нашите светители и нивниот спомен. А се тоа го правиме зашто биле луѓе како нас, но луѓе кои станале ангели кои живееле на земјата. И мислам дека нема нешто непознато што би предизвикувало недоумица и не разбирање, кога се е јасно и очигледно .
Првиот пат ајде да речеме дека со исчистувањето можеби бог сакал да каже: еве овие се навистина светци па им ги светнав ореолите. Ама па што сака сега да каже со тоа што ги префарбал ликовите да не може убаво да се распознаат? Не заборавајте дека првиот пат не беше оставен простор за тоа. На научниците не им беше овозможен нормален пристап поради толпата која секојдневно ја запоседнуваше црквата. Интересна работа како ваквите натприродни згоди се случувале само „многу одамна„ - во минатото, а денес (наводните) Божји чуда се сведуваат на „самоисчистување„ на икони и нивно „самозамачкување„ со сребреникава или металик боја. Такво нешто Бог не заповедал. Тоа го напишале тогашните свештеници и наместо своето име го ставиле името на пророкот Мојсеј, демек Бог дека го објавил тоа преку него. Историчарите кои денес се бават со критичка анализа на библијските текстови велат дека поголемиот дел од Мојсеевите книги на почетокот од Библијата не ги напишал Мојсеј туку дека тие биле составувани после него. Па сепак такви „натприродни„ чуда не се манифестираат на, да речеме, семејните фотографии. Очигледно е дека некој шљакал по иконите - дали човек, Бог или ѓавол... моите прашања си држат вода, или ајде да го отфрлиме третото околу идолтие и иконите, да речеме дека е така како тоа го толкува православната теологија, остануваат сепак првите две.
Daylight, забелешкиве ти се толку ништожни, како и секој еден од нас што е. И од почетокот до сега да си живеел, и се да си исчитал, и се да си видел, пак ништо нема да значи тоа што го кажуваш, и пак ништо нема да знаеш. Премали сме да разбереме и објаснеме, па можеме само да веруваме. А кога веруваш, е тогаш вистинското значење на твојот ник ке го разбереш, вака не ми личиш баш како да си одговараш со него. Вербата е нешто пресилно, кој осетил знае. Кој ја нема, само се турка од зид во зид, само прашања поставува, само негативно се чувствува, се нешто не му е погодено, се нешто не е задоволен, се во некои манџи заглавува, самоконтрола поретко, послушание ич, . Лајк ако се пронајде во последново иако знам дека нема да го добијам.
Се извинувам на долгиот пост . Кој има трпение нека го прочита, има доста примери на Божји чуда . ___________________________________________________________________________ daylight, да речеме дека те разбирам до некаде, ама ти мене изгледа не си ме разбрал. Она што Бог сакаше и го направи сега е само знак за оние кои мислеа дека фреските се чистени од луѓе, сега се случи спротивно нешто. Непозната светлина која ја осветлуваше иконата/те, но не од прозорец, туку небесна светлина. А тоа е всушност доказ дека никој (како некои што мислат) не застана со рефлектор да свети директно во нив, туку тоа се случуваше пред очите на сите присутни . Во однос на она што самиот кажа дека првиот пат не му бил дозволен пристап на луѓето да си ја завршат работата, мислам дека погрешно си се информирал. Кога од музејот пристигнале (уште на почеток кога и многу малку луѓе знаеа за тоа) за да земат примероци за испитувањата, отецот само им рекол: - Никој човек не го направи тоа. Се е Божјо дело и не играјте си со Бог. На тоа луѓето се повлекле (свесно) и заминале не земајќи никаков примерок. Подоцна, можеби пристигнале други, но ете овие не зеле (ова е лично кажување на човек кој бил во таа комисија од музејот и си заминал со колегите). И всушност, каде се досега резултатите? Никој не кажа ништо за тоа, освен самочистењето под дејство на пареата, зашто просторот бил затворен за градба, па потоа тука беше чистењето на луѓето .... Сепак никој не излезе со став да рече: - Луѓе, во храмот Св. Димитриј, тоа и тоа се случи (или можеби тој дел сум го пропуштила )! Во ред, ако тоа всушност го дозволува Бог, човек или ѓавол да се поигрува со светињата, како би ги објаснале следните случаи: Прво: Чудото со Зоја Девојка која сакала да ја исмее иконата од Св. Николај Мирликијски чудотворец. Случајот се случува во нејзиниот дом, на една прослава на Нова Година. Каде нејзиното момче Николај, не било пристигнато, па затоа таа не верувајќи во ништо, ја зела иконата од ѕидот и започнала да игра. Само што го завртела првиот круг со неа, во собата се слушнала така врева, што сите се исплашиле и заминале, а таа останала неподвижна со иконата во рацете. Лекарите востановиле дека е жива, дека срцето и чука и дека дише, но телото и било како камен. Инекциите кои и ги ставале се свиткувале од неа. Месеци стоела на едно место, како камен столб и која само навечер зборувала. Значи, случајот се случил моооогу одамна, туку 1956 година (можеш целосно да го прочиташ на првата страна од темава, Повест за Зоја). Потоа да го објасниме. Второ: Зошто и ден денес иконата од Мајката Божја која се наоѓа во Грција ( а порано била на наша територија, во пределот кај Тушин, денешен Аетохорион), секој човек кој пристапува со не верување, потсмев... таа скока од местото каде стои и до ден денес ги удира луѓето во лице? Зошто? Кога Бог дозволува ѓавол или човек да се вмешува во сите тие чуда и во самата светиња? Трето: Зошто при подметнат пожар во магацин, се изгорело, но таа дрвена икона не изгорела? Зашто кога луѓето ја пронашле таа само била исчадена, но не заштитена под некој метален предмет, туку точно во пределот каде стоеле само дрвени работи, кои сите изгореле, а таа само стоела во нивниот пепел, а таа икона останала цела? Како? Значи сите овие чуда не се случиле којзнае кога, туку сега во блиското минато, но и ден денес. Во однос на тоа дека денес не се случуваат чуда, туку самоисчистувања, на кое се базираат денешните чуда, навистина не би рекла и не би била толку сигурна. Зошто? Зашто денес се случуваат уште повеќе чуда, за Бог на тој начин да ја зајакне нашата вера, но ете ние и понатаму сме како слепи и се сомневаме во се. Па да видиме: Не знам колку си слушнал за манастирот Св. Василиј Острошки. Кој се наоѓа во Црна Гора, а таму се наоѓа и кивотот со неговите свети мошти. Пред извесен период 9 ти септември 2005 година (не пред моооогу години и не моооогу одамна), во манастирот пристигнала мајка со својата 4 годишна ќерка, која од раѓање била болна и парализирана и детенцето всушност никогаш и не проодило. Мајката влегла, се помолила и ја оставила пижамата да стои до кивотот, за потоа да си ја земе како благослов и да и ја облече на ќерикичката. Еден од присутните (отец или мирјанин ) ја посоветувал да и ги намачка ножињата со маслото кое стоело на кивотот. Таа така направила и излегла со својата ќерка во своите раце. Во еден миг подоцна по 5-10 минути, внатре влегува детенце кое трча и со детски неразбирлив глас ја бара пижамата. Тоа било токму тоа детенце кое станало и веднаш проодело. Значи, овој настан е снимен на камера. Се обидував да го најдам на интернет, но ете не успеав, но секако, ако го пронајдам ќе го постирам. Се поставува прашањето: Како? Дали четиригодишното детенце било здраво и не сакало да оди? Дали сите домашни, лекари, пријатели и роднини кое го знаеле од раѓање халуцинирале? Тоа е едно Божјо чудо, кое се направило пред очите на сите присутни за Бог да ја зајакне верата во нашите срца. Втор случај: Како би го објасниле следното? Еден монах (кој е можеби сеуште жив, не знам), во манастирот каде се подвизувал имал послушание да снабдува риби за храна. Него му помагал човек кој бил искусен рибар (мирјанин), па се тоа го правел од љубов кон монасите. Бидејќи бил стар се разболел, па еден ден ја викнал својата ќерка за да му помогне на монахот. Но таа полека, полека од ден на ден се вљубила во него. И еден ден, навистина се доближила до него. Отецот веднаш си си го вратил филмот и само се помолил во себе и рекол: - Дојдов овде за да избегам од светот и да не погрешам. Но, ете искушение, подобро да рипнам во водава и да убијам, иако Бог тоа не го сака, но може ќе ми го прифати за добро дело, зашто не сакав да погрешам! И така кутриот, иако не знаел да плива, рипнал во водата и тоа во најдлабокото. Но се случило чудо. Господ не дозволил да се самоубие, заради гревот, туку тој седнал на водата како на тврда површина (кутриот дури и го заболеле нозете и рацете кога скокал од чамецот и удрил во водата). На се тоа, девојката останала зачудена и веднаш се покаила за тоа што сакала да го направи. Монахот станал и застанал на водата и фино си влегол во чамецот, како да преминува од копното. Девојката толку се покаила, клекнала пред неговите нозе и барала простување. Е сега: Халуцинации може да се јават кај еден, но кај двајца и повеќе луѓе (тие што биле на брегот и се тоа го виделе), навистина не би рекла. И како ќе го обасниме ова кога не се случило мооогу одамна, туку сега? Трето: Во Лесновскиот манастир има една фреска од Мајката Божја која се наоѓа во цркавата на десната страна. Додека светиот отец Гаврил бил жив (а се упокои 1990 година) пристигнале бездетни сопружници се со цел да им прочита молитва за рожба. Токму под таа фреска, отецот им ја читал од Требникот молитвата. Кога над нив чудо. Пламен излегол од ѕидот, поточно од лицето на Господ Исус Христос, кој Мајката Божја го држи во своите раце. Подоцна, по само краток период жената останува бремена и раѓа, детенце, по 10-15 години, а може и повеќе години во брак. Покрај толку безуспешни лечења на стерилитет. Значи пак имаме чудо, поточно двојно чудо и не одамна, туку сега, во блиското минато. Луѓето, прво и прво се живи и ден денес, а исто и нивното дете, кое можеби е и наш врсник. Потоа како ќе го објасниме пламенот кој излегол над нив, а не ги изгорел? Кога на тоа место тогаш немало ни кандило ни ништо? Како? Денес на таа фреска има останато знак, мал црн дел на лицето од Господ Исус Христос, за сведоштво на сите нас на тоа чудо. Четврто: Како ќе го објасниме овој случај? Жена која не гледа и е слепа поминува под бигорната, чудотворната икона на Мајката Божја во манастирот Воведение на Пресвета Богородица- Пречиста во Кичево и веднаш прогледува. И исто во истиот манастир било отидено семејство кое имале малечко детенце од неколку години (околу 7). Кога игуманијата, мати Агнија им го покажувала манастирот, детенцето застанало некаде по конаците за да си игра. Тие сите започнале да разговараат, на еден начин заборавајќи на детенцето. Поминало доста време, а тие мислеле дека детенцето е заминато надвор, па затоа и не се загрижиле. Го барале, го барале насекаде, но него го нема. Во еден миг се појавило детенцето, толку спокојно. Па го запрашеле, каде било и како не му било страв кога никој нема до него. Тогаш тоа му одговорило: - Кога заминавте вие, јас започнав да плачам по вас. Но веднаш дојде една бабичка облечена како оваа (покажувајќи на расото од монахињата) и ме утеши. Ме зеде за рака и ми рече дека таа ќе ме донесе кај вас. А кога наближивте вие, неа ја снема. Кога го запрашале како изгледала таа баба, тоа не им кажало баш точно, но кога влегле во една просторија каде имало слики на игуманиите од манастирот, тоа со прст покажало дека тоа била таа баба. Мати Агнија им објаснила дека тоа била ..... игуманија, која починала пред многу години. Значи, таа монахиња имала лице, облека и физичко тело, за таа да може да го држи детенцето за рака и да го носи низ манастирот до неговите родители. И плус детските очи се најчистите очи, што можат да го видат најчистото нешто на севтот, духовното. Плус, во манастирот во тоа време игуманијата била едниствената монахиња, но немало и друга за да се посомневаат. И после сите овие чуда (да не продолжувам, зашто им нема крај), како ќе кажеме дека денес кај нас, а и пошироко во православието не се прават чуда? Потполно погрешно си ме сфатил. Господ Исус Христос, Мајката Божја, Св. Јован Крстител, Св. Николај .... сите светители, живееле на земјата, зашто биле луѓе. А нивните блиски (верните, како ние денес), ги насликувале нивните ликови. Значи не се прави идол на нешто духовно непознато, како што е наведено во Божјата заповед. Зашто таму многу убаво си стои, да не им служиме и убаво објаснив, зашто не треба да им служиме на идолите. Но иконата е сосем нешто друго. Слика на човек, но не како тебе или мене или некој друг, туку на свет човек. Човек кој го стигнал подобието Божјо и во чие срце Бог направил свое живеалиште. И уште нешто. Ќе видиме на некое икони не само лик, туку една цела композиција, дело. Пример е преставено чудо или слично нешто. Пример ќе го земам аватарот на Orthophill кој сите го гледаме. На неговиот аватар е иконата на светата великомаченица Марина. На таа икона е претставена како таа со предмет сличен на чекан, држи ѓавол во своите раце и удира по него. Тоа всушност е чудо што се случило во нејзиниот живот. Имено, кога ја затвориле во затвор после многу мачења и не прифаќање на идолопоклонството, на неа во физички изглед и се појавува ѓаволот за да ја исплаши. Но таа не се плаши воопшто, туку го фаќа за роговите и го тепа. Овој настан не е рекла - кажала муабет. Туку ова го виделе многу затвореници, а стражарите се ужаснале од тој призор. Што сакам да кажам. Тие светители го допреле Бог во духова смисла, што го гледаат духовниот свет, па и можат со телесните раце да го допрат. Но ние што сме направиле и правиме на духовното поле? Ништо. Затоа и нашите фотографии не прават чуда .
Со сета должна почит кон тебе Fearless, но забелешката околу никот си ја упатуваш самата себе. Првин ако одиме според твојата логика тогаш твојот ник Fearless=Безстрашна не ти соодветствува тебе бидејќи се плашиш да поставуваш аналитички прашања. Второ, ти неможеш да знаеш дали никот ми прилега или не бидејќи не ме познаваш и трето не знаеш зошто е одбрано тоа корисничко име т.е. ник. Јас верувам во Бога. Но Бог ни дарил на сите и разум и треба да го користиме. Црквата како институција (значи не зборам за поединечни искрени верници) кога веќе немала што да му понуди на народот обично посегнувала кон креирање на тнр. „чуда„. Од тоа таа имала повеќеркатна корист, финасиска, политичка и тн. Можеби и денес црковниците се надеваат на слични ефекти. Исус пак чудата - кои не се ништо друго до духовни законитости преточени во материјалниот свет - ги употребувал за практични работи за да ја покаже во дело љубовта кон ближните и дека невозможното станува возможно ако луѓето ги следат и ги живеат Божјите закони, а не за вчудоневидување и привлекување на народот кој отескогаш бил лековерен за големи и мали шоу спектакли поврзани со некаква наводна божја „тајна„.
Црквата никогаш не посегнувала да создава чуда, а со тоа да го постигне посакуваното. Никогаш. Пред се, бидејќи било кој да е човек од клирот (архиепископ, епископ, свештеник, ѓакон, ипоѓакон, чтец) и колку неговата вера да изладила во срцето, сепак со Светињата нема игра. Прво, затоа што Господ нема тоа да го дозволи, а потоа, бидејќи секој човек, како човек се плаши да не му се случи нешто (пример се сите чуда кои Господ ги пројавил, а им се случиле на сите кои не верувале). Затоа мислам дека таа теза за Црквата како институција која иницира такво нешто, сепак не е валидна. Во однос на чудата што Господ Исус Христос ги правеше. Се согласувам со твоето мислење, дека Бог правеше чуда се со цел да им помогне на луѓето, а не да ги воодушеви. Но сепак постоеше и нешто друго. Ќе се навратам на Евенгелието, на еден настан што се случи додека Господ Исус Христос беше жив. Господ исцели еден слепороден. На се тоа, апостолите го запрашаа, кој згреши? Дали тој или неговите родители? А Господ му одговори, дека ни тој, ни неговите родители погрешија, „ ...туку за да се јават делата Божји...’’ Што сакаше со тоа да каже. Сакаше да каже, дека во животот постојат еден вид каласификации на Божјите чуда, зошто тие се случуваат. А тоа се: сопствените гревови, гревовите на родителите и прародителите и на крај е Божјата волја, да се покаже Бог. Сепак значи постојат и Божји чуда кои не се само за телесна помош, туку и за духовна поткрепа на душата. Да некој преку тоа чудо поверува во Бог. Факт е дека денес како што сме сите грешни, повеќе е првото, отколку другите две, но сепак се доста застапени и тие. Еднаш напоменав во една од темите, Бог не е тиранин. Тој нема да не земе за рака и да ни рече, ти сега мораш да веруваш, зашто еве гледаш чудо! Во никој случај. Тој ни дарил толку нешта во животот, за да ни го покажат патот кон Него. На се ова доаѓа едно недоразбирање и камен на сопка. Ако Бог е милосрден и милостив, зошто дозволува да страдаат невините (пример, виновен е таткото, а детето е болно!). Односно тоа е онаа втора категорија од претходно, еден вид пренесување на гревот и страдање на невиниот. Што сака Бог со тоа да постигне? Пример, човекот е пијаница, од таа фаза преминува на друга, се дрогира, за на крај да дојде до најстрашното ниво, пример физички да ги малтретира сите, кои не се воопшто виновни за нешто, а сакаат да му помогнат. Но еден ден се разболува неговото дете. Од тој миг тој станува друг. Парите што ги употребувал за алкохол, дрога, па и жени... тој сега ги собира за детенцето, за неговата болест. Го напушта целиот свој порочен живот и започнува нов, како ново раѓање. Всушност целта на Бог е оваа. Човекот да го сфати својот грев, да се покае, а не да го прави и понатаму. А Бог е мислостив, Тој се допрел до детенцето, зашто тоа е најчисто, за на тој начин, бидејќи таткото бил крајно безчувствителен кон се во животот и ништо не му било важно, за да ја поттикне во неговото срце вистинската љубов. Љубовта која можеби во неговиот живот е едниствена и најмногу го боли тоа. На тој начин, ќе се спаси душата и на таткото, и на детето, и на сите во семејството. Да поткрепам со пример. Еден очаен татко заминал во посета на еден отец на Света Гора, се со цел да го моли за неговото болно чедо. Кое боледувало од рак на мозокот, а лекарите му рекле дека деновите се одброени и дека нема живот за него. Кога пристигнал таткото, отецот само додал дека детето ќе оздрави во оној миг, кога тој ќе жртвува една од своите страсти. Па го запрашал дали пие, а тој одговорил дека не. Потоа го запрашал дали пуши цигари, а тој се пронашол во тој порок. Му рекол, дали е спремен за тоа и уште додал, дали цел живот ќе го држи ветувањето. Се согласил таткото. Во истиот миг се случило чудо и детенцето оздравело. Само што се вратил дома, сопругата и блиските му кажале дека детенцето е здраво. Дека се случило чудо, а лекарите останале потресени од тоа што го виделе на снимките. Но по извесен период (може од 10-15 години и повеќе), таткото заборавил на ветувањето и кај него повторно се појавил ракот, при што се упокоило (настанот се случува околу 1990 година). Значи, од нас Бог сака ние да ги жртвуваме своите страсти (да не правиме гревови), а со тоа повеќе да се доближеме до Него. Затоа ќе се навратам на оној цитат, каде Господ Исус Христос му рече на еден човек кој го исцели, да оди и да не греши повеќе, за да не го сајде уште полошо. ____________________________________ Знам дека не веруваш во Божјите чуда, тоа многу ми е јасно и тоа е твое индивидуално мислење по слободната волја и расудување на нештата во кои сакаш да веруваш. Затоа не сакам да ме сфатиш погрешно дека целта ми е да те критикувам и дека сакам да постигнам нешто друго. Овие редови вистински од дното на срцето ќе ти ги упатам конкретно до тебе, а другото е на твојата слободна волја. И навистина повеќе не те цитирам . Брате daylight, го почитувам твоето мислење, пред се бидејќи имаш вера во срцето и сакаш да ја откриеш целта на својот живот. Вистински би ти предложила да си го одговориш ова прашање во своето срце (не мора мене). Првенствено, бидејќи сме на слична бранова должина и бидејќи сакаш да ја откриеш вистината. - Ако постои реинкарнација навистина. Логично е да Бог во секој роден човек, да му даде во себе да го знае своето минато, па брз база на него да ја гради својата иднина (бидејќи душата е бесмртна, таа повеќе знае што поминала, иако е во друго тело, ново тело). Да не греши и да не оди по изминатите стапки од минатиот живот (по гревовите), туку да оди конкретно кон Бог, зашто се друго поминал и знае. Но, нажалост, искрено не познавам ни еден човек што се тоа го знае (значи глобално гледано, во себе, во други), а пак замисли сите ние. Каде е тука Бог? И каде е Бог воопшто? Зарем не се пројавува Неговата слава преку Неговите натприроди настани, се со цел да ни ја закрепне душата и телото?
Верувам во Божји чуда и исто така силно верувам во Бог исто како и моето семејство,но што е многу многу е. Првиот пат бевме во црквата и самите се уверивме дека тоа изгледа прилично чудно и сепак оставивме да биде т.н. Божјо чудо,но кога сме сигурни дека е Божјо чудо зашто не дадоа да се испита,да се докаже,да се види? Тоа не ми штимаше а сепак замолчев,не сакав да го навредам Бог и неговата моќ. НО сега откако повторно се појави "чудо" си го ставив прстот на глава и си реков - Како тие ЧУДА БОЖЈИ се појавуваат само кога тие свештеници или како год ќе видат дека црквата се заборава и никој не оди во неа? И како толку време немаше чудо а сега се појавиа едно по друго..Додека идеа луѓето имаше само едно чудо,прекинаа и повторно чудо?! Господ нека ми прости ако е стварно тоа негова работа ама мене воопшто не ми се верува,мислам дека ова е лоша реклама и Господ ќе ги казни што си играат со такви работи.
Она што Исус го кажал е: „Што треба да значи тоа дали згрешил овој или неговите родители, ако делата Божји се очигледни на него?„ Христос во своето обемно откровение „Ова е Мојата Реч: Алфа и Омега„ ни го објасни значењето на неговите тогашни зборови: Зборовите „Што треба да значи тоа дали згрешил овој или неговите родители, ако делата Божји се очигледни на него?„ значат: Вие не треба да го гледате гревот и да прашувате кој згрешил. Никој не може да отплати за друг.... Меѓутоа, кога луѓе се врзани едни за други преку грев, тогаш учествуваат сите во гревот, на пр. родители и дете. Тогаш тие отплаќаат заедно она што, исто така заеднички го предизвикале. Сфатете: На секој човек му е даден секој ден за да препознае делови од своите гревови и грешки и да се покае за нив. Затоа, никој не треба да прашува кој го сторил гревот и кога и каде. Сега е душата во земското постоење за да го очисти она што му се кажува денес на човекот преку знаците на денот, или преку болест, страдање, неволја, слепило или преку мрачни мисли зборови и дела. Јас Сум светлината на светот, кој препознава, окајува, своето човечко Ми го предава Мене и го остава во Мене и на тој начин ги користи деновите, тој ќе живее во Мене и ќе воскресне преку Мене, оти Јас Сум вечен ден. Ако човекот не ги користел деновите, тогаш врз него ќе падне ноќта на душата, тогаш душата и човекот ќе страдаат. Затоа , користете ги миговите на денот, оти секој миг Сум Јас, вечноста. Кој ги користи миговите, тој живее во Мене и тој ќе има мир и ќе постигне спасение. - од Ова е Мојата Реч гл.53 „Исцелување на слепиот од раѓање„ Бог не е тиранин, но Марија, мајката на Исус, или Богородица како ти ја нарекуваш е тиранин? Во претходиот пост ти напиша дека нејзината икона ги удира оние кои ќе и се доближат а не веруваат. Зарем навистина веруваш дека таа би сторила такво нешто? Таа е еден ангел Божји, серафим на Милосрдието, а Милосрдието не удира никого. Извини но ова мене ми личи токму на тиранија и отсуство на милост - на невиниот да му се наметне страдање за да се спаси грешниот. Некаде веќе прашав низ некоја од темите: што ќе му каже детенцето на Бог кога ќе се сретнат на оној свет? Нешто друго е невиниот свесно да влезе во ризична ситуација за да му помогне на грешникот но во твојот пример тоа би значело предегзистенција на душата а колку што јас знам црквата учи дека Бог ја создава душата при зачнувањето. Освен тоа постојат безброј примери од секојдневието каде страдањето на децата родителите ич не ги тангира бидејќи децата ги гледаат како непланирана грешка, или понекогаш и самите родители свесно им предизвикуваат страдања. Да беше така како што ти раскажа во примерот досега сите ќе се спасеа и светот ќе беше излечен од родители алкохоличари, наркомани и тн. ____________________________________ Не е логично, затоа што како прво Бог нема врска со реинкарнацијата. Не ја создал реинкарнацијата и кармата Тој, туку тие се последица на отпаѓањето на душите од Бога кои низ милијарди години постепено станале физички луѓе. Тој само ги дозволил т.е. не се вмешал во нивното настанување бидејќи знаел дека низ реинкранацијата многу души ќе имаат шанса да се преобратат и се насочат повторно назад кон изворната Татковина т.е. Небесното Царство. Но дали и колку душите тоа ќе го искористат, тоа е веќе нивна слободна волја. Реинкранирањето вклучува и шанса и ризик. Бидејќи бројни души не ја искористиле досега милоста која им беше дадена, еден ден тркалото на повторното раѓање ќе престане да се врти за тнр. тешко оптеретени души (оние длабоко потонатите во грев) и тие својот развој ќе можат да го продолжат само во царството на бестелесните души но таму сето тоа оди даелку побавно и потешко. Второ, секоја душа прифаќа затскривање на меморијата за претходните инкарнации со цел таа да може да живее сега и тука, а не во минатото. Некои луѓе кога би ги знаеле деталите на своите минати животи не би имале храброст и надеж да се соочат со сегашноста На ова одговорив со цитат од Христовата објава „Ова е Мојата Реч Алфа и Омега„ погоре. Имено таму е накратко објаснето како може благовремено да се спречи да дејствува она што било предизвикано во минатите животи без свесно да се знае за тоа.
Никој не може да отплати за друг, ако гледаме од наша гледна точка. Но од Божјата страна? Зарем Бог не е Милостив и не сака сите да се спасат? Вистински пример од пред неколку години. На Света Гора живееше некој монах Андреј, кој од малечок го засакал Бог, па својот живот го посветил на монаштвото. На околу 30 години се разболел (парализиран) и лежел во постела цели 11 години. Иако се одликувал со свет и висок духовен живот, се случила болеста. Малку во тага, заради своите браќа кои ги мачи околу себе, малку од болка, се молел на Бог или да го земе или да оздрави. Но, никако не му било јасно, каде погрешил? Кога од малечок е во манастир, кога живее свет живот, кога себе се жртвува за другите и прави се онака како што кажал Бог, при што никогаш не се ни налутил на некого, не се ни скарал со некој... Молејќи се една ноќ, кога монахот што му прислужувал заминал и се повлекол во својата келија, аеднаш во неговата келија заблескала силна светлина, па од вратата влегло момче со убава облека и светол лик. Отецот започнал да се моли за да не е некое привидение, но тој и понатаму останувал и го храбрел дека не е тоа. Момчето (ангелот) му рекло дали сака 3 часови да остане во пеколот или една година во постела. Размислувал, размислувал и одлучил дека е подобро 3 часа да издржи, отколку една година. Па ангелот му ја одзел душата, па се упатиле таму. Кога започнале маките, душата на отецот не можела ни да ги издржи, па се молел и молел и во еден миг пристигнал ангелот. Кога само наближил до него, отецот го укорил, зошто се мачи толку долго, како цела вечност да помина, а него го нема! А ангелот на тоа одговорил, дека тој не се мачи толку, туку само еден час и дека треба да остане уште два часа. Кога пак слушнал за тоа, веднаш се предомислил и посакал да се врати во телото, зашто таа болка била далеку поблага од таа тука. Ангелот само му рекол: - Ти не страдаш поради себеси. Ти страдаш поради твоите роднини кои се во пеколот, и Бог те најде тебе и сака со твојот труд и страдање да го избавиш својот род, до деветтото колено од пеколот. Бидејќи така се случува со оној калуѓер (или добар човек) која ј прави должноста, мнозина од неговиот род се избавуваат преку него. Овде се наоѓа уште едно големо објаснување што Бог не е немилостив и кон оние што страдаат, туку толку е грижлив и милостив што сака и оние луѓе кои можеби во животот не направиле тешки гревови, сепак да се спасат. Зашто со нивното мачење во пеколот, тие на еден начин ја отплатиле својата казна за сторените гревови, но од друга страна, па и Бог брзо помага. Кога само во пеколот еден час мачење трае колку цела вечност, замисли ги душите што се таму, од пред години и безброј наши пресметани часови, па се мачат. Затоа Бог уште повеќе ги забрзал нештата, за ние на земјата, нивните потомци да им помогнеме од срце на нив. Односно, не знам како си го сфатил гревот и што претставува тој, но ако допреш малку подлабоко, ќе сфатиш дека гревот е духовно пренослива болест. Верувам во Бог и во неговата правда. Зашто, иако Пресвета Богородица е најмислостива и многу помислостива од сето наше сфаќање и поимање за Неа, тука не станува збор за тоа дека таа е тиранин. Тука станува збор за Бог и недозволувањето на некој да се шегува, исмејува, осквернува... самиот Него. Значи тоа беше наведен пример, каде Бог во никој случај нема да дозволи, ти, јас или некој друг, да ги префарбува фреските и да вика дека станало Божјо чудо, или пак да земе рефлектор, па да свети... се со цел да не воодушеви. Со Светињата нема игри, зашто кој се обидел, скапо ги платил. Ние со тебе и сите други, сме толку површни и телесни, што и колку да дискутираме, Божјата милост, Божјата правда, Божјиот суд, Божјата промисла никогаш нема да ги објасниме. Зашто, Бог е повеќе од праведен или судија, колку што е бескрајно Милостив. Прво, ако Беше и Гледаше по правдата и судот на нашите грешки, Тој за миг ќе ни ја одземеше душата, за повеќе да не грешиме. Но ние и понатаму си грешиме и грешиме, што не знаеме за прекинување на тоа. Пример до тебе, мене или некој друг. Колку ние би биле милостиви, доколку некој упорно, упорно и упорно греши, а ти, јас или некој друг, упорно му кажуваме да не греши? Еден ден зарем нема да кренеме раце од него? Ќе речеме има слободна волја, па што сака нека прави. А Милоста на Бог, не вика така. И колку човек и да греши, Тој до последниот здив го очекува неговото покајание и најважно, Го Сака. Она што ние телесните битија не го сфаќаме, каква е таа љубов, па затоа и никогаш нема да ја сфатме Божјата промисла за неговата Милосрдност. Дека сака да ги спаси дури и оние кои се во пеколот. А што се однесува до вториот пасос, тој пример со детето го споменав како нешто најсвето за еден родител. Но поентата, која веројатно не си ја сфатил беше таа, дека Бог од што е Милостив и сака да ја спасиме душата, кога нашата совест е помрачена и неправилно расудува, Тој се допира до она што ни е како на телесни битија, како луѓе во тело, ни е најсвето, или најболно, поточно онаму каде имаме вистинска љубов. Се допира до тоа, да ние ја почувствуваме љубовта и да се покаме. За тоа дека денес родителите (мнозинството) ги сфаќаат за грешки своите деца, се согласувам. Но, тука Бог нема да се допре до нив (децата), туку до она што најповеќе го боли, на некој ќе му го одземе богатството, зашто на некој приоритет му е стекнувањето на материјалното; на некој ќе му испрати конкретно болест, зашто толку многу себеси се сака, а другите не; на некој дури Бог ќе му одземе некој близок... Има доста примери, но конкретно на последното, познавам близок човек кој беше крајно тргнат по погрешен пат (да не набројувам, зашто е страшно), но ете, Бог благослови да почине неговата мајка, па по нејзината смрт тој се роди духовно. Можеби тебе смртта на неговата мајка би ти се одразила поинаку и поинаку би сфатил, но Божјата промисла е голема. Се спаси душата на синот, а покрај него душата на таткото, а покрај него душите на неговите другари... Ова е она што ние навистина никогаш нема да го сфатиме. Големината и длабочината на Божјата промисла. Тука е завесата што ни ги покрива очите и ние не можеме да се издигнеме како Бог и да промислиме така.
Не дека го одобрувам вандалското однесување и намерното сквернавење на она што некому е свето, далеку од тоа. Но колку што знам на Косово во текот на војната 1998/99 беа и чкртани и сквернавени повеќе фрески и сл. од страна на разни паравоени формации. Тоа е далеку посериозно од приоѓање кон икона со потсмеви без вера. Како таму немало такви чуда? Инаку се согласувам дека Бог не дозволува да го исмеваат, но тој не го прави тоа преку удирање и напаѓање туку низ тоа што не се вмешува во дејствуавњето на од луѓето сосздадениот закон на причина и последица. Порано или подоцна секој ќе мора да пожнее она што го посеал, освен ако правовремено не се преобрати и не го поправи стореното онолку колку е тоа сеуште можно.
Искрено, го очекував ова прашање . Значи со ова дојдовме до една целина и она што постојано го објаснував. Божјата промисла, несфатлива за сите нас. Навистина се тоа се случуваше таму, но не само таму, туку и кај нас. Да го земеме на пример Лешочкиот манастир и неговото разурнување. Сепак се работи за верски објект, сколп од фрески и икони, Светиња. Да не беше нападот на манастирот и да не беше разурнат, искрено немаше можеби никогаш да се пронајде нешто друго. А тоа е културното наследство, она што ако не се разурнеше до темел, немаше и никогаш да се открие. Со еден збор, навистина оние кои не не сакаа (односно не ги сакаа нашите верски објекти, нашата вера), со самото тоа дело, тие направија услуга и многу добро дело. Но не сакам да зборувам за оние кои се тоа го направија. Може нема да ти се верува, но сеуште доаѓаат луѓе, кои се каат за тоа нешто, зашто ги измачува совеста, а и самиот Бог. Самите раскажуваат како ноќе не можеле да спијат, како се психички растроени, како совеста ги натерува да одат и да се покајат. Не знам колку си запознат (но ова го кажувам од најблиски и сигурни извори), дека првото подигање на манастирот, првите средства на донација се токму од тие луѓе. И не само тоа, туку самите доброволно се вклучиле да работат на изградбата на манастирот . Но, на оние кои и таа грижа на совест не направила ништо и не се покаиле за тоа, им се случува сосем нешто друго. Нивните блиски кои учествувале заедно во нападот на манастирот, кажуваат дека или семејствата им биле уништени (не од нечиј напад, колку од болести) и како на крај мачно ја испуштаат душата. Сакав само да кажам, дека тука се гледа навистина Божјата промисла, за се што се случува. Од една страна прави некој лошо, а од друга страна тој несвесно прави добро ( но по допуштение на Бог ), но она што навистина потоа се случува со нив ... Сепак Бог си ги промислил работите. Додека конкретно за Косово, денес е истата случка. Да не набројувам и раскажувам вистински животни стории на луѓе пред се од муслиманска вероисповед, како и што правеле, ама на крај како и што му се случило. И да не набројувам колку станале православни христијани, зашто неброени и невозможни чуда (за нас) им се случиле. Бог можеби задоцнува, но никогаш не заборава на гревот. Еден ден ќе побара покајание за се сторено. А методите и начините на тоа, само Тој си ги знае.
За луѓето тоа не е можно, но за Бога се е можно. Матеј 19:26 Во советско време Киево - Печерската Лавра била претворена во атеистички музеј. Во неговите сали биле прикажувани моштите на светителите, како нешто најобично, со кое специјално обучените лектори им објаснувале на присутните дека тука нема ништо натприродно и дека нема ништо свето. Но, вистинста останала зад затворени врати, се со цел да се маскира и да се прикаже дека светоста е само една голема измама од страна на Црквата. Но, резултатите и целата вистина, го говорела спротивното. Имено, во пештерите кои биле гробници на безброј монаси, во кои имало мошти стари дури и над илјада години, се случувало сосем нешт о друго. Експертите и убаво ја замаскирале вистина, изнесувајќи факти дека тоа се должи на тоа што пештерите се на суви варовити почви, со постојана температура и влажност, придонесувајќи за мумифицирање на погребаните монаси. Но, исходот при испитувањата на посмртните остатоци, се покажало, дека само дел од нив се во нетлена состојба, но не и сите. За таа цел испитувањата продолжиле и понатаму, а прв бил испитуван воздухот. Примероци биле земени од самата пештера, а и од саркофазите на Светителите. А резултатите кажувале спротивно. Воздухот во саркофазите на светителите, бил 9 до 10 пати со намалени микроби, за разлика од преостанатиот воздух. При што едно треба да се подвлече, дека саркофазите не биле хераметички затворени. Научниците тогаш з а прв пат се запрепасителе, каква е таа натприродна сила која не дозволува да се развиваат тие хемолитични бактерии, кои буквално отсуствувале во тој примерок на воздух. Додека воздухот на секаде е ист, а тие не се хераметички затворени. Во пештерите биле правени и други експерименти. Биле правени анализи со житни семиња, како билошки објекти. Се покажало дека излачувањето на моштите ги зголемува животните сили на семињата, а нивната зелена маса е зголемена за 2-3 пати. Со помош на кобалтови инструменти, житните семиња биле изложени за смртоносни за тој вид, дози на радијација. Потоа тие семиња биле положени до саркофазите на Светителите, а и до моштите на оние монаси чие тело било тлено. Резултатите биле поразителни. Она семе кое било во близина на саркофазите на Светителите пораснало и дало плод, дури и поголем од вообичаеното, но за разлика од нив, другото засеано семе кое било во близина на тлените посмртни останки, не ни никнало. Сега се појавила и друга дилема. Самите научници биле засегнати од течноста (светото миро) која се лачела од телата на Светителите, па затоа таа била подложена на безброј испитувања. Не им било јасно, како може тоа да се случува, што го предизвикува тоа и како е возможно со самото помазување да се случуваат натприродни појави (излекувања на секакви болести). Во биохемиската лабораторија на Киевскиот медицински институт, бил испитуван составот на таа течност. Експертската комисија дојде до заклучок дека се работи за секреции кои ги лачи жив организам. Во примерокот подложен на анализа, се откриени високопречистени масла со примеси на белковини. Додека отсуството на неоргански фосфати и амониеви јони , покажува дека овие примероци не се продукти од распаѓање на мртво тело. Белковините пак откриени во течноста, имаат ограничен происход. Синтетизирањето на слични соединенија дури и со користење на најнеопходни технологии, практично е невозможно. А вистината е само една. Бог невозможното го прави возможно. И како што е кажано во Светото Писмо, тоа се исполнува. Дека светителите, нема да видат распаѓање.
бЛАГОДАРЕЈКИ на Серафима која го зела името од св.Серафим Саровски, го напишав неговото име и презиме како клучни зборови на Gоогле.мк на кирилица и пред мене се отвори еден нов пат, кој е повеќе од чудесен. Топло ви го препорачувам на сите. поздрав
Во средината на јули, оваа година (2012) се случило следното чудо по молитвите на светиот старец Пајсиј Светогорец. Момче кое било на возрасот од околу 17 години, под дејство на дрога, направило тешка сообраќајна незгода со својот мотор. Бил однесен во болница, но веќе бил во кома. Лекарите им соопштиле на неговите блиски, дека за момчето веќе нема надеж и дека претрпел мозочен удар. При што во секој миг го очекувале најстрашното. Мајката никако не сакала да се помири со тоа. Го оставила својот син и заминала да се помоли пред гробот на старецот Пајсиј, кој многу го почитувала. Кога заминала, се помолила, а притоа за благослов зела од земјата од гробот на старецот и кога пристигнала во болницата, во едно марамче ја ставила под перницата на својот син. Наредното утро синот ги отворил очите, станал од постелата и бил потполно здрав. Сите анализи го докажувале тоа, а самите лекари не можеле да поверуваат што се случило. Во еден миг во собата се раширил прекрасен мирис. По пребарувањата од каде доаѓа, сфатиле дека доаѓа од онаа земја што мајката ја донела од гробот на светиот старец Пајсиј. А момчето, кога започнало да зборува, го кажало следното: - На сон таа ноќ, видел човек во долга црна облека кој му рекол да стане и да оди кај својата мајка. Дури и се шалел со него и му рекол дека неговата пченица, сеуште не била готова и дека било потребно уште многу време додека ја јадат заедно. Од тој ден момчето ја заборавило дрогата. Таа воопшто не постоела за него, а немал ни кризи. Дури и планира да се запише на факултет за да студира. По молитвите на светиот старец Пајсиј, Господ нека им помогне на сите.
Верувам во бога многу уште повеке во неговите чуда еве пред два дена изгубив надеж за еден проблем а тој ми го реши најмалце очекував фала боже, секогаш е тука многу пати за ситни а некогаш за големи работи ке ми покаже дека не ме остава , како да не верувам , и кога грешам знае да ме казни и си го заслужувам ме става во икушение но и ми помага жал ми е што не ги знам празниците освен оние големите и секогаш касно ми кажуваат а немам навика во календаче да погледам затоа кога некој на верме ке ми каже се пости ке постам, ама кога незнам стварно не постам и се извинувам на сите светци се надевам дека ке ми простат