Дали верувате во Божји чуда?

Discussion in 'Религија' started by Serafima, Dec 9, 2010.

  1. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Старецот Теофилакт е еден од светите ликови во соборот на небожителите, од скитот Св. Василиј Велики. За него раскажуваат еден чудесен настан, што се случил додека сеуште живеел земен живот.

    Една срна на која и била ранета ногата пристгнала до неговата келија. Старецот и се приближил и со милостив глас започнал да разговара со неа, како со човек:
    - Седни, да ти ја преврзам ногата, па потоа ќе ти биде подобро.
    Тоа диво и плашливо суштество го послушало, па мирно седнало покрај него. Старецот зел две стапчиња и парче завој, па како ортопед и ја преврзал болната и скршена нога.
    Откако со многу љубов ја погалил и рекол:
    - Оди сега убавице моја, со благослов на Пресвета Богородица, но повторно врати се по 30-40 денови, за да ти го одврзам завојот.
    И навистина, кога поминало тоа време, срната повторно пристигнала во келијата на старецот. А тој милостив старец, го извадил тој ортопедски завој, а срната заминала потполно исцелена.
     
  2. luvena

    luvena Истакнат член

    Joined:
    Mar 3, 2012
    Messages:
    161
    Likes Received:
    136
    Убаво е што Серафима ја отвори оваа тема. Секако дека Божји чуда постојат, па благодат е да се читаат житијата на светителите, тие секогаш делуваат преубаво на мојата душа и ми даваат сила и надеж да истраам во овој за мене тежок живот, некако чудно со својата љубов делуваат врз мене, ми ја пренесуваат, ме доближуваат до универзалната љубов, простувањето и... , неможам да опишам.
     
  3. Vesna.Spi

    Vesna.Spi Истакнат член

    Joined:
    May 19, 2012
    Messages:
    187
    Likes Received:
    126
    Gender:
    Female
    Слава Му..
     
  4. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Joined:
    Sep 12, 2012
    Messages:
    360
    Likes Received:
    209
    Верувам,верувам ! Секој ден сум сведок на чуда..некогаш поголеми некогаш помали, некогаш дури и незабележителни ако ги гледаме со површни очи :)
     
  5. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Joined:
    Mar 1, 2010
    Messages:
    7,226
    Likes Received:
    41,468
    Mорам да ви кажам 2 работи, значи мене лично ми се имаат случено-
    Eпа вака сега- Kога бевме 8 одделение, бевме на Eкскурзија, не однесоа на еден манастир, во самите карпи што е, по скали, скали се качиваш накај него, во Cтруга, а името за жал не му го памтам :)
    Tаму има една книга со желби, си ја пишуваш желбата, ама за да се оствари, не смееш да читаш во таа книга :)

    јас си посакав 3 желби, во рок од 1 година и 3те ми се остварија :)
    истово ми се има случено и со една алка со икончиња, баба ми од некој манастир од битола ми ја донесе, и вика си замислуваш желба,ама не се кажува на никој, и желбата ќе се оствари, носи ја :)
    Bерувале или не, посакав теоретски невозможна желба, значи навистина,нешто што никогаш не би ми се остварило :lol: после 3 години, мене желбата ми се оствари :) Hе знам сега :)
     
    Micheleljubov, Elennaa and anabel-a like this.
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Joined:
    Sep 30, 2010
    Messages:
    944
    Likes Received:
    1,345
    НАУКАТА ЈА ДОКАЖА СИЛАТА НА КРСТНИОТ ЗНАК

    Истражувањата кои што се спроведени во лабораторијата на медицинско - биолошките технологии НИИ за индустриска и морска медиицна, постанаа вистинска сензација.

    Научниците ЕКСПЕРИМЕНТАЛНО до
    кажаа дека
    КРСТНИОТ ЗНАК ги убива бактериите, ги менува оптичките особини на водата!
    Вака треба да се крстиме:
    ВО ИМЕТО НА ОТЕЦОТ И СИНОТ И СВЕТИОТ ДУХ - АМИН!

    - Го потврдивме древниот обичај во кој што храната и пијалоците се прекрстуваат пред јадењето, дека тоа има длабоко мистична смисла - вели физичарката Ангелина Махаловска. Позади тоа се крие практична полза:
    храната се очистува буквално за миг!
    Тоа е голема чудо кое што се случува буквално, секој ден.

    Направен е голем број на експерименти, кои што се повекепати проверени, пред резултатите да бидат објавени. А тие , пак се - феноменални:
    откриени се единствено бактриоолошки својства кои што водата ги поседува после осветувањето со МОЛИТВАТА и со - крсниот знак!.

    Откриена е нова , од порано непозната особина на Божјиот Збор да ја пробразува густината на водата , значајно сголемувајќи ја нејзината оптичка густина во кратка или ултравиолетовата спектрална област.
    Самата возможност за тие истражувања за Ангелина Малаховска и нејзините колеги, стана ЧУДО - тие не биле финансирани ниту пак, претставуваа предмет на истражување на НИИ.
    Но, научниците, најголемиот дел од работата го извршиле бесплатно, само заради тоа на луѓето да им пружат можност да ја почувствуваат и да ја увидат исцелителната моќ на Божјата сила.

    Научниците го провериле дејството на молитвата „Оче наш“
    и на КРСНИОТ ЗНАК врз патогените бактерии.
    Заради истражувањата , земени се примероци на вода од различни басени, бунари, реки, езера. Сите тие примероци содржеа во себе - златни стафилококи и уште еден секогаш присутен вид на бактерија.

    Но, се покажа дека после прочитувањето на молитвата ОЧЕ НАШ и осенувањето на примерокот со крстниот знак, таа количина на штетните бактерии се намалувала за 7, 10. 100, дури и повеќе од 1000 пати!

    Спрема условите на експериментите , заради исклучувањето за возможна забуна , молитвата ја читале и верни и неверни луѓе.
    И покрај се , бројот на патогените бактерии во различните средини (со разноврсни бактерии) се намалувале во споредба со контролната вредност.

    Воочлив е исто така, и благотворното влијание на молитвата и крсниот знак и врз самиот човек. Кај сите испитаници се стабилизира крвниот притисок и подобрени се резултатите од анализите на крвта.

    Восхитувачки се фактите дека показателите се менуваа точно во потребниот правец за исцелување:
    притисокот на хипотоничарите се зголемуваше,
    а кај хипртоничарите се намалуваше!

    Констатирано е исто така дека доколку човекот се осенуваше со крстниот знак невнимателно, немарно спојувајќи ги трите прста , или недопирајќи ги неопходните точки на телото (средината на челото,
    централниот дел над желудникот (солар плексус),
    како и вдлабнатините на десното и левото рамо),
    тогаш позитивниот резултат на дејството бил многу понизок или воопшто го немало.


    Научниците ја измериле оптичката густина на водата после нејзиното осенување со крсниот знак и осветувањето. Се покажало дека оптичката густина на водата во споредба со нејзината нормална вредност, после осветувањето се зголемува
    , објаснува Ангелина Малаховска.
    Тоа значи дека водата како да ја разликува „смислата“ на изговорените молитви над неа,
    „го памети“ тоа влијание и го чува одредено време, што се гледа според зголемувањето на оптичката густина.
    Таа како да се „напојува“ со светлината.
    Човечкото око, секако, не може да ги улови тие исцелителски промени на структурата на водата, но спектрографот дава објективна оценка на таа појава.
    Крсниот знак ја менува оптичката густина на водата практично во миг.
    Оптичката густина на водата, која е осветена со осенување со крсниот знак од страна на обичен верник, се зголемува речиси 1,5 пати!
    А кога истото ќе го стори свештеник , речиси 2.5 пати!

    Тоа значи дека ВОДАТА го „разликува“ и степенот на осветувањето од страна на мирјанинот или свештеникот, чии прсти од десната рака се склопени заради благослов така што ги изобразуваат првите букви од Христовото Име.

    Интересен е резултатот на осветената вода од страна на крстениот , но неверниот човек .
    Се докажа дека водата „го разликува“ дури и степенот на верата , па така кај него оптичката густина се променила само за 10 насто!

    Навистина „ според верата ваша - нека ви биде“!

    Бидејќи човечкиот организам се состои од две третини вода, тоа значи дека Бог при создавањето на светот во нас уградил таков систем на физички канали, кои што ги регулира сите биохемиски процеси во организмот и кој јасно го „препознава“
    Името на Исус Христос!

    Може да се каже дека КРСТНИОТ ЗНАК е генератор на светлината. Оптичката густина на водата не се промени (зголеми) во ниеден друг случај во никаква друга положба на прстите на рацете
    ниту пак, при брзото мафтање со рацете (при неправилното крстење) - без стравопочит !
    [​IMG]
     
    Majski.Cvet, tanja6, Abeja and 4 others like this.
  7. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    За ова, имав гледано емисија порано, само не ми текнува каде ја гледав дали на тв или на интернет, каде беше прикажано дејството на молитвата, крстниот знак, врз водата, која формата ја менува при кажувањето на молитва или крстењето.Целата вода во тие форми кои ги правела, изгледаа како кристали, дури ако добро паметам, беа правени и анализи кај одредени луѓе кои едни биле религиски определени и други кои биле религиски неопределени, со цел да се види дејството на водата која тие ја внесувале.Сега, дали се работи за истово ова што е наведено во постот кој го цитирав или не, незнам.Само се сеќавам на содржината, суштината на емисијата.Логично е, бидејки станува збор за енергија, нешто што единствено има влијание секаде.
     
    Fearless likes this.
  8. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    Светиот Архиереј на Црквата Христова Нектариј роден е во гратчето Силиврија, Источна Тракија, 1846 год.
    Потекнува од благочестиво работничко семејство, во коешто е роден како петто од вкупно шест деца. При светото Крштение го добива името Анастасиј. Со особена топлина меѓу детските спомени на светителот му се врежале сеќавањата на неговата баба, којашто му била и прва настaвничка во подвигот на молитвата.

    Но, нуждата многу рано го одделува од семејството и сите оние, кои му биле блиски. На тринаесетгодишна возраст го напушта својот роден град и заминува за Константинопол за да работи како чирак во цариградските дуќани, на тој начин споможувајќи ја издршката на своето семејство. Единствена одбрана на малиот Анастасиј против суровоста и безчувствителноста на големиот град му била наивната вера и молитвата. А Бог не го оставил. За да го покажеме тоа, ќе се послужиме тука со еден бележит пример од тие тешки денови на светителот: Имено, додека работел во еден дуќан целиот парталав и неугледен, стопанот му се заканувал дека ќе го отпушти од работа доколку не се спастри. Наоѓајќи се во безизлез, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Иисус Христос на небесата“. Во него тој напишал:

    До мојот пресладок Исус.

    Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам. Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се клањам и верувам во Тебе.

    Твојот верен слуга, Анастасиј. “

    Ова писмо во сета своја наивност го дава на стопанот од еден соседен дуќан да го испрати во пошта. Меѓутоа, тој штом ја прочитал адресата на писмото, изненаден го отвора, и како добар христијанин, купува облека и чевли за малиот Анастасиј, испраќајќи му ги тајно во пакет на кого едноставно напишал: „Христос до Анастасиј“. Навистина, верата во Христа сè може да постигне и чудни се патиштата на Неговата промисла.
     
    Serafima likes this.
  9. lolitoo

    lolitoo Популарен член

    Joined:
    Aug 19, 2012
    Messages:
    205
    Likes Received:
    327
    Gender:
    Female
    Од секогаш сум верувала во БОЖЈИТЕ ЧУДА и ќе продолжам да верувам,затоа што многу желби што сум ги замислила или побарала од Бога мене ми се исполниле.Но,не се секогаш желбите и во некои ситуации ми се случило тоа.
     
  10. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Joined:
    May 12, 2011
    Messages:
    729
    Likes Received:
    198
    ВЕРУВАМ!Многу верувам...
     
  11. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Joined:
    Dec 8, 2009
    Messages:
    387
    Likes Received:
    234
    Чудотворна икона на Света Гора
    свеќата гори внатре во иконата :angel:
     

    Attached Files:

    tessie, sweetgirl92, Ammy.Lee and 4 others like this.
  12. Micheleljubov

    Micheleljubov Истакнат член

    Joined:
    Jun 17, 2012
    Messages:
    484
    Likes Received:
    2,940
    Верувам, и се плашам.
     
  13. expert

    expert Истакнат член

    Joined:
    Aug 29, 2010
    Messages:
    402
    Likes Received:
    267
    Чуда не постојат, постојат само реални и природни настани со мала статистичка веројатност.

    А што се однесува за овие чудотворни икони, разни предмети со лик на некој светец, јајце со некој „знак“, сечено дрво со некоја „моќ“, лековита вода. Тие работи се идоли и идолатрија и се ЗАБРАНЕТИ во Христијанството.

    Отворете го календарчето, ако немате Библија, и видете дека се забранети. Иконите по црквите не се идоли затоа што се само претстава, но ваквите чудотворни икони кои се тврди дека се посебни се измами и дела на ѓаволот.

    Зошто на Семоќниот Бог би му требале води или некакви предмети да ги испрати неговите дела?
    Потребна е само вашата вера и тука лежат чудата.
     
    FeatherCut likes this.
  14. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    БОЖЈИ ЧУДА ПО МОЛИТВИТЕ НА АРХИЕПИСКОП ЈОВАН ШАНГАЈСКИ

    Еден лекар соопштува:
    „Мене ми се познати ред оздравувања по молитвите на Високопреосвештениот Владика Јован, бивш Шангајски. Сведоци на овие чудесни излекувања со почит укажуваат на пријатели и познати по адреса на Владиката, во тешки моменти на животот кога никакви земни сили не се во состојба да помогнат, да се обраќаат кон него да се моли пред Господа.
    Едно од таквите излекувања се случи неодамна пред мои очи и пред очите на моето семејство. Мојот единаесетгодишен син решил да му помогне на своето другарче, па напишал писмо до Владиката Јован, со молба да се помоли за несреќниот малечок, кој имал тешка болка на едното око. Освен тоа, тој многу кривел, а тоа секогаш му пречело во заедничките игри со децата. Првото радосно оздравување мојот син го кажа дома, велејќи дека на неговото другарче ногата веднаш престанала да му пречи при трчањето, така тој се изразил, и дека тоа го забележале и другите деца.
    Ние со жена ми често го гледавме тоа дете и обрнавме внимание, забележувајќи дека тоа стана многу жизнерадосно и подвижно. Но, какво беше моето изненадување кога во случаен разговор со двајца американски лекари, познавајќи го ова дете од пред 3-4 години, го изразија своето зачудување по повод на брзото и неочекуваното исчезнување на големата болка од неговото око без медицинска интервенција. Невозможно е со зборови да се изрази она чувство, кое што се доживува при ваков вид јавно чудо!"
    Доктор по медицина Л. Цибрук
     
    Serafima likes this.
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Joined:
    Mar 24, 2011
    Messages:
    4,391
    Likes Received:
    17,613
    Gender:
    Female
    За да веруваш во нешто, треба да знаеш дека може да се случи или да ти се случило веќе еднаш, па да веруваш и си сигурен во тоа. Јас не знам што би вброиле под тој поим-Божје чудо. Ако чекаме дрвото во дворот да ни роди пари или да добиеме сто милионска сума на лото, или да ја добиеме работата од соништата лежејќи дома, тогаш мислам дека тоа е невозможна мисија. Но ако под тој термин-Божјо чудо го земеме тоа што сме се родиле, имаме живот, сме ја имале таа среќа да имаме семејство, да не просиме на улица, да не живееме во земји каде што секој ден има војна и се убива по некој живот-по некое Божјо чудо, е тогаш мислам дека верувам во Божји чуда. Бидејќи на овој свет, чудо е и да преживееш, да бидеш среќен со малку. Не сакам да го доживеам спротивното од тоа што го сметам за Божјо чудо, дури тогаш би ми требало Божјо чудо. Се додека си жив, здрав и делумно среќен верувај дека тоа е Божје чудо.
    Тоа би дошло како кога веруваш дека нешто може да ти се случи и на тебе, никогаш не се откажуваш,иако си мислиш дека нема шанси тоа баш тебе да ти се случи. А кога ќе ти се случи, си викаш нема шанси ова мене да ми се случува, па ова е чудо. Што значи постојат Божји чуда, само треба да веруваме и да се надеваме на истите.
     
  16. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    БОЖЈИ ЧУДА ПО МОЛИТВИТЕ НА АРХИЕПИСКОП ЈОВАН ШАНГАЈСКИ

    Виктор Шакалов, бивш член на Парохискиот совет при Соборниот храм во Сан Франциско, раскажува за чудо, извршено по молитвите на Архиепископ Јован. Неговиот син Димитриј, на две и полгодишна возраст тешко се разболел и го однеле во болница. Докторите констатирале дека е во прашање инфекција на дишните органи и дека таа се раширила, па затоа малечкиот има големи маки. Лекарите признале дека во случајов тие се немоќни и затоа само молитвата можела да помогне. По ова, таткото веднаш телефонирал во Сиропиталиштето - Свети Тихон Задонски и го побарал Владиката Јован. Му рекле дека Архијереот служи и не може да дојде да разговараат. Тогаш родителот тргнал од Болницата и кога стигнал во сиропиталиштето, Владиката бил на заседание со Парохискиот совет. Штом го видел Виктора, тој станал, ја клал раката на неговото рамо и му рекол: „Викторе, оди дома, јас се молев". Шакалов без збор го послушал. (Пред ова, тој и други помолил да се молат за спас на неговиот син!).
    Наредниот ден, тој рано отишол во Болница и лекарите го пресретнале со радосни лица. Тие му рекле дека станало чудо, за нив необјасниво. Малечкиот почнал слободно да диши; по 3-4 дена си го земале дома синот сосем оздравен.
    На своја четиригодишна возраст малечкиот Димитриј и татко му биле во црква, каде што служел Владиката Јован. Кога го здогледал малиот, љубезниот Архијереј го повикал, велејќи: „Дима, Дима, дојди тука и држи го жезолов!" Па така, Дима го држел Владиковиот жезол за време на Богослужбата до крај.
    „Што и да зборуваат за Владиката Јован, но јас сум убеден дека во прв ред по молитвите негови мојот син беше спасен од смрт" - најпосле му рекол Шакалов на оној, на кого му раскажувал за чудото.
     
    mamita likes this.
  17. sweet.star

    sweet.star Истакнат член

    Joined:
    Oct 7, 2012
    Messages:
    124
    Likes Received:
    47
    Не,затоа што не постојат...
     
  18. MissDior

    MissDior Популарен член

    Joined:
    Dec 24, 2011
    Messages:
    1,214
    Likes Received:
    10,130
    Често луѓе ми кажувале и ме убедувале дека им се случиле или слушнале за необини работи поврзани со религијата, но јас не верувам се додека мене не ми се случи.
     
  19. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Joined:
    Dec 7, 2009
    Messages:
    6,898
    Likes Received:
    9,193
    Gender:
    Female
    Во врска со чудото во црквата Св.Димитрија, незнам дали некој прочитал или слушнал, имало изјава дека како дефинитивен одговор било влагата во самата црква.Лошо е што заради грешка, за таквата констатација, бил даден изворот - стручните лица, демек кажале така.Црквата со право вели дека не е влага, а стручните лица се уште немаат направено анализи за да се утврди причината за тоа што се случи во црквата.Незнам како испаднало дека станува збор за влага, која не може да се појави случајно само на ореолите или одредени делови од поставените фигури, што не е логично.Прво си мислев како може стручен тим да каже такво нешто, а не е можно да е во грешка, бидејки се работи за професионалци. И сосем нормално дека би бил во грешка, доколку не е во прашање професионалност. После излезе, дека стручен тим, тоа воопшто не го ни кажал.Зошто шират дезинформации? Па не може влагата да стои само на ореолите или ликовите да речеме, па тие светнале |( Па како, и од градежните работи кои биле околу црквата, ја предизвикале влагата.Тоа е исто како да речат дека Обама е главен на Германија, а не на Америка |( :x
     
    tanja6 likes this.
  20. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    БОЖЈИ ЧУДА ПО МОЛИТВИТЕ НА АРХИЕПИСКОП ЈОВАН ШАНГАЈСКИ

    Една госпоѓа кога била мала со своите во Африка, се разболела од менингитис и од детска парализа. Ја однеле во болница, зашто нозете и биле одземени. Лекарите изјавиле дека веројатноста е мала таа да преживее, но ако и остане жива, ќе биде ненормална.
    Татко и бил силно потресен. Кога тој требало да оди во Франција по друга своја работа, решил да го посети Владиката Јован и да го помоли за негова молитвена помош. Тогаш Владиката бил во Париз.... Ветил дека ќе се моли. По 2-3 седмици на ќерката и било подобро и ја отпуштиле од болница здрава. На излегување таа му заблагодарила на главниот лекар, а тој тогаш и рекол: „Не благодарете ми мене, а само на Бога, зашто само Он Ви помогна во Вашата болест, а не јас и медицината".
    Отпосле, бившата болна и нејзините родители се преселиле во Америка. Кога дознала дека Владиката се наоѓа во Синодот, во Њујорк, решила да отиде и да му заблагодари. Порано таа не го знаела и никогаш не го видела. Чула дека овој Владика не дозволува да се црват усните, па почнала да го брише црвилото. Се качувала по скалите и одеднаш наишол Владика, па таа помислила дека е тој и пришла за благослов. Тој ја благословил и и рекол: „Здравствуј Ана!" Таа рекла: „Владико свети, како Вие ме знаете кога никогаш не сте ме виделе?" Владиката одговорил: „Вие личите на својот татко". „Дојдов да Ви заблагодарам Вам на молитвите со што ми помогнавте да се излечам од тешката болест". Јас се молев за Вас седум дена, а Вие сте ги нацрвиле усните и сте се обиделе да ги избришете, ама не сте успеале сосем". Неа ова ја изненадило и молчејќи наведнала глава смирено.