Дали верувате во Божји чуда?

Discussion in 'Религија' started by Serafima, Dec 9, 2010.

  1. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    226
    Likes Received:
    328
    приказнава ја завршив со сочзи во очите и наежена кожа од врв на глава до крај на прсти од нозе.
     
  2. Little-Mk

    Little-Mk Популарен член

    Joined:
    Nov 1, 2012
    Messages:
    226
    Likes Received:
    328
    Lacrimosa мислам дека ти си на погрешниот лута .БОГ и влада не е исто .Владата е причината затоа што некои неможат да се школуваат и затоа што неможе да се шета .Го кривиш погрешниот владат краде пари затоа неможе да се школува и шета а кој ја избира владата луѓето тражили сте гледајте . а па што се има избор што да ти кажам -.- позз
     
  3. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Едно младо момче се подготвувало за војска. Неговата мајка, која била многу побожна жена од срце сакала и тој да го познае Божјиот пат, но никако не можела тоа да му го докаже на синот. Нејзина била само мајчината молитва, да Господ го вразуми на најдобриот начин и Господ да му го каже тоа што не може таа.
    Мајката, со благослов на својот духовен отец, препишала еден псалм, го завиткала како амајлија и му ја сокрила во палтото, поточно на рамото, зашто не им било ништо дозволено да носат со себе.
    Еден ден имале вежба и скокале со падобран. Момчето било многу добро обучено, што можело да се каже дека бил еден од најобучените за тоа. Кога во еден момент скокнал и веќе бил во водухот, го пуштил едниот падобран, па другиот (помошниот), но и двата не се пуштиле. Додека пред себе ја гледал земјата, а исто и лицата на своите претпоставени како го гледаат и како се плашат за неговиот живот, момчето во тој миг се присетил на својата мајка и нејзината амајлија, па два пати мавнал на своето лево рамо каде била амајлијата и рекол:
    - Ако навистина Постоиш, те молам помогни ми!
    Во тој миг падобранот се отворил и тоа само на неколку метри од земјата.
    На крај момчето кога завршило со војската, завршил Семинарија (Богословија) во Русија и денес е јеромонах :) .
     
  4. ElenaRbd

    ElenaRbd Истакнат член

    Joined:
    Nov 26, 2009
    Messages:
    330
    Likes Received:
    162
    Се разбира дека верувам! Оние кои веруваат во Божјите чуда имаат силна верба не само во Бога, туку и во подоброто утре, а исто така се позитивни луѓе :) Како што вели песната There can be miracles when you believe - Mariah Carey i Whitney Houston ;)
     
  5. Angelinkka

    Angelinkka Популарен член

    Joined:
    Jul 13, 2012
    Messages:
    526
    Likes Received:
    361
    Gender:
    Female
    Верувам, од се срце.... :$
     
  6. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Старец Макариј пристигнал на Света Гора 1922 година и бил замонашен во времето кога игумен бил отец Георгиј. Заради својата болест, добил благослов да оди во Солун и да се лекува. Бидејќи млад и неискусен во погледот на сплетките на лукавиот, се потчинил на љубовта на својата мајка. Потоа заминал и во Атина, но сеуште неосвестен од духовната немоќ и погибел ккако и на кој начин може да го стигне монахот во светот, започнал помалку да отстапува, за на крај да дојде до потполно напуштање и одрекување од својата монашка схима. Набрзо се оженил и добил детенце.

    Меѓутоа тоа време на тие девет години кога живеел како мирјанин, било исполнето со голема горчина, жалење и вознемиреност. Без обзир на богатството и среќниот живот, поради грижата на совест никако не можел да се смири. Еден ден кога останал сам со своето детенце кое било на околу четири години, ја пресоблекувал својата поткошула, а детенцето го гледало зачудено и восхитено, па во еден миг го слушнал своето детенце како гласно извикало:
    - Тато и јас сакам да имам такви црвени букви како што имаш ти!
    Што навистина се случило?
    Детенцето со своите чисти очи на градите на својот татко ги видело неизбришаните букви на монашката схима, која ја носат монасите. А таа монашка схима и монашки постриг се неизбришливи печати.
    [​IMG]
    Отец Макариј бил длабоко потресен. Со голема болка донел одлука да се врати во манастирот и да се покае. Во јуни 1934 година заминал на Света Гора. Тогашниот игумен, отец Атанасиј, возвишен во своите подвизи, го испратил во Кареја кај духовникот отец Доротеј, каде останал при него три ипол години. Потоа се вратил во својот манастир и навистина е невозможно да се опишат неговите напори и покјание, како и неговата посветеност на различните послушанија.
     
    Mama25 and rainlover like this.
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Пред извесен период бевме во еден наш манастир на поклонение. Во нашиот разговор со монахињата што живее во него, го раскажа следниот настан.

    Пред извесен период била дојдена некоја млада девојка со нејзината мајка (муслиманка). Кутрата била болна и опседната од нечист демон, но сепак од неверие не сакале да поверуваат дека за тоа се работи, туку се работи само за обична болест. Како што раскажувала мајката за неа, таа зборувала на неразбирлив јазик, исфрлала пена од устата, паѓала, повраќала... Биде отидени скоро кај сите лекари, кај сите оџи, но ни еден не можел да и помогне. Затоа се обиделе да дојдат и тука да се помолат.
    Монахињата им кажала да застанат пред иконата на Мајката Божја и со свои зборови да се молат за исцеление. Додека од другата страна застанала монахињата и започнала и таа да го чита покајничкиот псалм. Девојката само што го изговорила името на Пресвета Богородица, демонот го започнал своето дело. Пред очите на монахињата и мајката се одвивал вистински страшен настан. Бидејќи во храмот се изведувале некои реконструкции и имало поставено скеле за таа цел, девојката се фатила за него со цел да не падне од нападот. Но како што се држела за него, монахињата и мајката помислила дека не еден човек го држи и тресе скелето, туку којзнае колку луѓе. Толкава била силата на оној кој бил во неа. И двете помислиле дека храмот ќе се разруши од таа необична сила. Најчудно е што таа само се држела за него (за еден столб од железната конструкција), а сите други столбови како сами од себе да се нишале. Паднала девојката на земја и не можела да стане. Се влечела по земјата и најпосле излегла од храмот. Само што излегла добила нагон на повраќање. За да ја види вистината и да биде потполно сигурна за тоа, кога девојката погледнала на кај неа, монахињата го извадила својот крст од градите и го кренала за да го доближи до неа. Во истиот миг, девојката започнала самата себе да се повредува. Ја тргала марамата од глава, ја корнела својата коса, се гребела на лицето со ноктите што веќе и крв што не бликнала. Тогаш монахињата и рекла дека со сигурност во неа има нечист дух и и дала совет да отидат во некој манастир се со цел да и се прочита молитва и најважно да се крсти, ако сака да излезе од неа нечистиот дух. Кога слушнала мајката се налутила, се исплашила и заминала. А што се случило потоа, само Господ знае.
     
    tessie likes this.
  8. feminium

    feminium Истакнат член

    Joined:
    Aug 25, 2012
    Messages:
    1,709
    Likes Received:
    1,740
    Да верувам и тоа многу особено пред тест или писмена.
    Не сум некој верник во црква одам еднаш годишно и тоа на велигден оти цел град е таму, а кога некој ќе ме праша што сум по религија јас одговарам- атеист, но имам приметено дека потсвесно навистина почнувам да верувам во господ и божиј чуда кога повеќе нема што да сторам
     
  9. mihaela.barbi

    mihaela.barbi Нов член

    Joined:
    Jan 23, 2012
    Messages:
    305
    Likes Received:
    140
    Виерувам во работи кои на прв поглед а некои работи никогаш неможеме да си ги објасниме со нашиот мал мозок како и зошто се случиле. но дека тоа е дело на господ не верувам, идејки верувам дека бог, не постои. Значи ние како човечки суштества см склони да сите оние појави што неможеме да си ги објасниме да му ги препишеме на бога, бидејки така ни е полесно отколку да се потрудиме за да ги најдеме одговорите зошто и како се случиле некои работи.
     
  10. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    Ова е приказна напишана според зборовите на еден пациент.
    “Роден сум во Москва, крстен сум како дете, но во црква немав навика да одам. Растев како здраво, темпераментно момче, на училиште се сваќав веднаш, секогаш добро учев. Се запишав на факултет, на студии по економија. Таму се почувствував слободен и најбезобѕирно грешев, тоа изгледаше сосема нормално.
    На крајот на четврта година одеднаш станав многу зборлив, необично жив, не можев ни неколку минути мирен да седам, место не ме фаќаше. Спиев по 2-3 часа дневно, нагло ослабев. По еден месец состојбата некако сама од себе стивна, можеби зашто пиев лекови за смирување. Меѓутоа, есента истата година се пак ми се врати, но сега “наопаку”: ме фати депресија, не ми се живееше.
    По настојчивите молби на родителите, отидов на психијатар чија дијагноза беше: манично-депресивна психоза. Ми препиша повеќе лекови коишто морав да ги пијам скоро цело време. Страшно ми тежеше печатот на “лудак” , се плашев за мојата душевна болест да не разберат пријателите и познајниците.
    Некаде во тоа време првпат го пречекорив прагот на црквата. До Бог ме донесе болеста. Свештеникот, кај кого првпат во животот требаше да се исповедам, некако веднаш ми стана мошне близок. Почнав да одам на служби, се причестував. Се во црквата ми се допаѓаше: и пеењето, и внатрешното уредување, и лицата на поклониците… Се чувствував небаре по долго време раздвоеност, повторно да сум се нашол во Татковиот дом.
    Но потоа “се занесов”, добро се чувствував и некако се поретко одев во храмот на исповед, а после и сосема се оттуѓив од Црквата. Дипломирав. Имав уште двапати напади на болеста. Ги пиев таблетките што ми ги препишуваше психијатарот…
    И една вечер ми заѕвони телефонот. Ја кренав слушалката и не им поверував на своите уши – ми се јавуваше свештеникот. Како ми го нашол бројот? Тој ни презимето не ми го знаеше, ни адресата, само името! Набргу зачуденоста ми ја замени едно чувство на топлина и мир во душата, не се опишува. Сетив како ми навираат солзи, а во главата со колеидоскопска брзина ми се роеја мисли: ‘Господи! Како можев Тебе да Те оставам?! Зошто престанав да одам во Црква?!’
    Ми беше многу срам. Но тоа беа само мои чувства. Свештеникот се интересираше да не сум болен и да не ми треба негова помош. Ми рече нешто обично и топло, ме благослови и се прости. Замислете, за ништо не ме прекори, туку напротив, беше толку добар и срдечен.
    Не заспав скоро цела ноќ, многу размислував. Гледајки во иконите, се молев и плачев, барав од Господ да ми прости. Кон утрото ми дојде мисла дека морам да и се вратам на Црквата и да принесам длабоко покајание. Некаде имав прочитано дека една таква исповед се вика генерална, за цел живот. Господ ме удостои да принесам токму таква исповед. Нема да ја опишувам својата душевна состојба во тој момент, ќе кажам само декас почувствував како некој камен да ми падна од градите. И… болеста се повлече. Во текот на неколку години практично бев здрав. Лекарите се чудеа, не им се веруваше: ‘Можно ли е ова?’
    И подоцна ќе ми се случеше да се обратам на психијатар за помош, но такви интензивни пројави на болеста, како порано, немаше. Покајанието е големо богатство што ни го дарувал Господ. Слава Му на Бога за се!”
    ***
    Низ годините на лекарска пракса доктори биле сведоци на на прекрасни, чудесни случаи на Божја помош на луѓето. Господ, Неговата Пречиста Мајка и светите угодници Божји по верата на луѓето што страдаат обилно им ја даваат својата исцелителна помош. Поточно кажано, секој случај на исцеление е – голема милост Божја. Само како чудо и никако поинаку не може да се нарече преобразувањето на гревовните страсти кога, на пример, блудникот ќе почне да води пристоен, целомудрен живот, а алкохоличарот или наркоманот ќе најдат длабока вера, ќе се воцрковат. Не еднаш сум бил сведок кога покајанието на мајката доведува до оздравување и дури до чудесно заздравување на животот на детето.
    Во Црквата одсекогаш имало случаи на исцеление од болести неизлечиви од медицинска гледна точка, од најтешки заболувања.Наведениов пример е само еден од многуте. Прекрасни се делата Твои, Господи!
     
    stylishh, Serafima, angelce1 and 2 others like this.
  11. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    ... Мати Фросија

    Еднаш доведоа од Саров една јуница. Сакаа и кај нас да се зачуваат такви крави. Таму тие беа бели и крупни, а нашите беа со потемна боја и малку помалечки од нив. Оваа саровска јуница, многу ја чувавме. Ни беше забрането две години да не ја пуштаме во големото стадо. Можеше веќе третата година.
    Еден ден, кога таа јуница имаше скоро две години, го слушна големото стадо крави на другиот брег од реката. Јуницата како да се промени. Се вознемири, се вртеше наваму, натаму и право во реката, па заплива. А таа река беше многу длабока. Јуницата ја преплива реката и право затрча кон големото стадо.
    Јас на брегот. Паднав на колена и изнервирана се молам:
    -Оче Серафиме! Што ти е тебе бре, зарем не го гледаш ова! Побегна јуницата!
    Баш со овој тон започнав да викам по преподобниот: „Зарем не го гледаш ова!„
    И што мислите? Јуницата во истиот миг застана како скаменета. Потоа направи чекор-два па полека се заврти и започна да се враќа назад. Исто како да ја носеше и влечеше некој! Влезе во реката и заплива повторно наваму.
    На брегот ја врзав, а од тој миг таа израсна и стана многу добра крава.
    А ја застана и со сигурност ја врати назад само светиот отец Серафим! ...
     
  12. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    ИСЦЕЛУВАЊЕ НА СТУДЕНТКА БОЛНА ОД РАК

    (Од СРЦЕ ЗА ЦЕЛИОТ СВЕТ Старец Тихон, Старец Порфириј, Старец Пајсиј)


    Една студентка посебно многу го почитуваше и го сакаше Старец Порфириј. Поради тоа ја прими како свое духовно чедо. Деденце, многу ја сакаше, како што самиот ми призна. Така ги сакаше сите свои духовни деца, ближниот, така го сакаше целиот свет.
    Всушност, немаше нешто што тој не го сакаше. Само ѓаволот го мразеше. И не само што го мразеше, туку и се бореше против него. Истовремено и го презираше.

    „Но, остави го“, ми велеше, не обрнувај внимание на него.Колку повеќе внимание му придаваш толку повеќе се приближува. Ако сакаш да го истераш, да го одалечиш од својата близина, престани да обрнуваш внимание на него.
    Презирај го.
    Против него треба да се бориш со презир. Кога ќе забележи дека го презираш почнува да се одалечува, се додека не се сврти да бега.
    Презирот е второто оружје против ѓаволот, веднаш по Чесниот Крст!
    Од чесниот Крст се плаши и се тресе пред него, па бега од него. А презирот не го поднесува зошто е полн со себе и пука од злоба. Всушност таа гордост и вообразеност, е причината што падна и стана тоа што е. Ја заслужи својата казна...“

    Таков беше отец Порфириј, во тоа веруваше, па така не учеше и нас, своите духовни деца. Така мислеше за ѓаволот и така се бореше против него: со крст и презир! Упорно бараше и ние да го правиме тоа и да се угледуваме на него. А кој се огледуваше на него не само што имаше придобивка од тоа, туку на Старецот му причинуваше голема радост и задоволство, оти така ја покажуваше својата длабока послушност, како што самиот Старец велеше.
    Така и студентката која ја споменав беше една од оние души која се огледуваше на деденце и во се беше послушна. И токму, од тие две причини, како што ми велеше, многу ја почитуваше.
    Но, се случи таа девојка за време на летните празници, додека беше во своето родно место да дознае дека има рак.
    Ракот се појавил или во пазувите, или во дојката, не можам сега точно да се сетам, оти оттогаш поминаа многу години. Во прашање беше опасен тумор, со големина на јајце. Многу се исплашила и прво што паднало на памет било да го побара отец Порфириј. Му се јавила по телефон. Му ги кажал сите поединости и сите симптоми, а и дијагноза добила...по телефон: злоќуден тумор!
    „Не е добро, но ти не се плаши. Ќе се молиме.
    Остани на распуст и кога ќе дојдеш во Атина, дојди кај мене. Ќе ти прочитам една молитва, ќе те прекрстам и ќе оздравиш. Но и ти треба да се молиш.
    Причестувај се, ако можеш секоја недела. Големиот Бог ќе ти помогне.
    За Него не постојат болести што се лечат и што не се лечат. Постојат само оние кои веруваат и оние кои не веруваат.
    Вестите кои ги доби од старецот беа се друго, само, не добри. А Старец Порфириј никогаш не дал погрешно мислење, дури ни по телефон! Но, девојката и покрај тоа што имала голема вера во Бога и во Старецот, не можела да се спротивстави на искушението да не се посоветува со лекарите каде што живееш надевајќи се дека ќе дадат друга дијагноза.
    Но, за несреќа, сите лекари дошле до истиот заклучок како и Старецот.
    Девојката ја фатило ужасен страв. Поради тоа тргнала веднаш во Атина да го побара Старец Порфириј кој и беше единствена надеж.
    „Те очекував! Зарем не веруваш ни во моите зборови, ни во моите уверувања, па дури ни во моите молитви. Бог да биде со тебе, благословена, го прекина и одморот што толку ти е потребен и дотрча да ме најдеш.
    Како моите молитви да не ти беа доволни таму каде што беше, па дојде овде.“
    Така Деденце ја пречека студентката, сакајќи веднаш да го покаже своето незадоволство поради нејзината недоволна вера. А потоа додаде:
    „Ајде сега кажи ми што ти рекоа лекарите кои те прегледаа“?
    „Истото што ми го рековте и вие оче Порфириј.
    Не е добро. Имам рак“: И се расплака.
    „Зошто плачеш? Зарем тоа е твојата вера во Бога?
    Заборави што ти реков по телефон? Или можеби пак, ти падна на ум дека ракот е посилен од Бога?
    Ако е така, тогаш, многу грешиш.
    Ништо не е над нашиот Господ. Тој, и единствено Тој е над сите и се од Него зависи!
    Престани да плачеш. Не сакам да ги гледам моите деца загрижени и тажни, туку сакам да бидат радосни и среќни.
    Дојди сега да ти прочитам молитва, како што ти ветив. И ќе видиш колку брзо ќе оздравиш“.
    Така и беше! И прочита молитва што траеше долго, а во исто време со голема сила го притискаше крстот на туморот.
    Толку силно притискаше, што на местото каде што го потпираше крстот, оставаше белег од него! Толку веруваше во тоа што го правеше, што немаше простор ни за најмал сомнеж дека успехот ќе биде целосен.
    Кога ја заврши молитвата, Деденце доби порака.
    Затоа неговото лице засвети од радост! Неговата молитва веќе беше исполнета!
    Големиот Бог во кој толку веруваше, на кој толку му се поклонуваше и со толку посветеност му служеше толку години, ја услиша неговата топла молитва и направи големо чудо.
    Ракот беше победен!
    Од тој момент девојката беше исцелена. Деденце ја погледна в очи и веднаш ја виде разликата. Плачот му го отстапи местото на радоста!
    Разочарувањето му отстапи на надежта. Девојката се смееше!
    Болеста беше заменета со здравје! И, на крајот, смртта отстапи пред животот.
    Навистина, колку е прекрасен дарот на верата!!
    „А злоќудниот тумор со големина на јајца, што се случи со него Деденце?“ Си дозволив да прашам?
    „Што велиш?“
    „Вас ве прашував...?“
    „Е, и јас тебе тебе те прашувам.“
    „Но...“
    „Што сакаше да биде со него? Се поништи, исчезна, отиде таму од каде што дојде...За неколку дена нема да можеш да го најдеш ни местото каде што беше! Знаеш ли што е нашиот Бог?“
    „Знам. И тоа, дури многу добро...“
    „Кажи“.
    „Тој твори СЕ и менува се само со Својата волја?“
    „Браво! Така е.
    Го имаш мојот благослов“.
    Пренесе М. Даниловска Мина
     
  13. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Joined:
    Mar 4, 2012
    Messages:
    1,440
    Likes Received:
    10,958
    Gender:
    Female
    Св. Нектариј Егински...
    Светиот Архиереј на Црквата Христова Нектариј роден е во гратчето Силиврија, Источна Тракија, 1846 год. Потекнува од благочестиво работничко семејство, во коешто е роден како петто од вкупно шест деца. При светото Крштение го добива името Анастасиј. Со особена топлина меѓу детските спомени на светителот му се врежале сеќавањата на неговата баба, којашто му била и прва настaвничка во подвигот на молитвата.

    Но, нуждата многу рано го одделува од семејството и сите оние, кои му биле блиски. На тринаесетгодишна возраст го напушта својот роден град и заминува за Константинопол за да работи како чирак во цариградските дуќани, на тој начин споможувајќи ја издршката на своето семејство. Единствена одбрана на малиот Анастасиј против суровоста и безчувствителноста на големиот град му била наивната вера и молитвата. А Бог не го оставил. За да го покажеме тоа, ќе се послужиме тука со еден бележит пример од тие тешки денови на светителот: Имено, додека работел во еден дуќан целиот парталав и неугледен, стопанот му се заканувал дека ќе го отпушти од работа доколку не се спастри. Наоѓајќи се во безизлез, кутриот Анастасиј со детска простосрдечност решава да напише писмо, кое го адресира – „До нашиот Господ Иисус Христос на небесата“. Во него тој напишал:

    „До мојот пресладок Исус.

    Ме праша зошто непрестано плачам. Причината, мој Господи, е таа што облеката ми се распаѓа дотаму што и на чевлите ми се појавија дупки. Поради тоа ми излегуваат прстите и многу ме боли, зашто сега е зима и се смрзнувам. Синоќа му се обратив за помош на мојот газда, но тој ме истера надвор. Ми рече да побарам од родителите да ми купат нова облека. Најсладок мој Господи, до сега толку многу работев, а не можев на мајка ми да и испратам ниту еден грош. Што сега да правам и како да работам без облека? Само што ќе ја закрпам облеката, таа пак се кине. Те молам, прости ми што те вознемирувам со своите маки. Ти се клањам и верувам во Тебе.

    Твојот верен слуга, Анастасиј. “

    Ова писмо во сета своја наивност го дава на стопанот од еден соседен дуќан да го испрати во пошта. Меѓутоа, тој штом ја прочитал адресата на писмото, изненаден го отвора, и како добар христијанин, купува облека и чевли за малиот Анастасиј, испраќајќи му ги тајно во пакет на кого едноставно напишал: „Христос до Анастасиј“. Навистина, верата во Христа сè може да постигне и чудни се патиштата на Неговата промисла.

    По некоја година Анастасиј престанува да работи по локалните дуќани и наоѓа работа како помлад предавач во училиштето, кое принадлежи кон Цaриградската црквата на „Светиот Крст“, додека паралелно учи и самиот средно училиште. На тој начин, полека започнува да ја остварува својата мечта за служба во Црквата. На дваестгодишна возраст, пак, засекогаш го напушта Константинопол и заминува на островот Хиос, кадешто почнува да работи како учител во тамошното селце Лити. На Хиос наскоро и се замонашува 1876 год. со благослов на митрополитот Георгиј, а веднаш потоа (1877 год.) бидува ракоположен и во ѓаконски чин.

    Со благослов на Митрополитот испратен е и во Атина за да го доврши своето богословско образование, а после тоа 1885 г. Заминува во Египет и стапува во служба на Александријскиот Патријарх Софрониј. Во Египет Бог го удостојува Својот угодник Нектариј и со свештенички чин (1886 г.), а наскоро бидува возведен и во епископско достоинство (1889).

    Епископот Пентаполски Нектариј станува познат меѓу сето православно стадо во Египет. Сите го сакаат и почитуваат поради неговата саможртвена љубовност, со која им пристапува на луѓето, особено оние бедните и унесреќените, молитвениот жар, со когошто насекаде ширел несекојдневна надеж, и неодоливата кротkост, којашто ги разоткривала бездните на христоподобното смирение. Но сето тоа воедно предизвикало и завист кај оние Црковни „службеници“, коишто одбивале да се подвизуваат во наведените благодатни добродетели на светителот. Конечно, тие сковуваат адска клевета против владиката Нектариј и издејствуваат тој да биде остстранет од Патријршијата.

    Веќе на почетокот од оваа борба светителот Нектариј излезе веќе како победник со самото тоа што во гнасните клевети и лукавства против него самиот остана кроток и полн со љубов кон своите клеветници и вражественици. Впрочем, самиот свесен за тоа вели: „И искушенијата се знак на Божествената милост.“

    Така, во 1890 год. се враќа во Поранешна Отоманска Покраина Грција, кадешто наместо љубов го дочекува студенило, наместо почит го пресретнува презир. Таму отпрвин живее како обичен проповедник и насекаде каде го носи службата успева да придвижи искрена љубов меѓу најобичниот беден народ. Оној, кого Црковните „високи кругови“ го отфрлија и презреа, се најде возљубен и прифатен од кротките и простите. Нив и ги обдари со неброено мноштво на своите душеспасителни совети, со множество благодатани чуда, со коишто им има помогнато на многумина. Светителот умеел да каже: „Барајте Го секојдневно Господа; но внатре, во срцето ваше, а не некаде надвор. И кога ќе го најдете, застанете со страв и трепет како Херувимите и Серафимите, зашто срцето ваше станало престол Божји. Но за да Го пронајдете Господа, смирете се себеси до прав, зашто Господ се гнаси од гордите, додека ги љуби и посетува смирените по срце.“

    Во 1894 год. ја прима службата на управник на Богословијата Ризарион во Атина. Таму повторно ја стекнува довербата и љубовта на своите ученици, коишто во него наоѓаат неприкосновен духовен авторитет, нежен отец и скромен подвижник. На сите, коишто во тие години ја имаат посетено Семинаријата, им се врежала сликата за скромниот управник на училиштето, кој честопати го гледале како самиот ги врши и најтешките и најпонижувачки физички работи во школата. Паралелно со работата во Богословијата, почнувајќи од 1904 година, на блискиот остров Егина св. Нектариј организира мал женски манастир, во кого си го устројуваат животот неколку негови духовни ќерки. Забележано е дека при неговата прва посета на островот едно демоноопседнато момче го пречекало со зборовите „владиката доаѓа на островот; одете и поздравете го…; доаѓа светецот, кој ќе го спаси островот.“ На тоа, светителот остро и недвосмислено одговорил: „Духу гатачки, злобен и нечист, ти заповедам во името на Иисуса Христа Распнатиот да излезеш од ова момче!“ И истиот миг нечистиот дух исчезнал, не поднесувајќи го присуството на Духот Свети. Така, сиот народ можел да ја увиди заблудата и злото на било какво јасновидство, гатање или баење, посебно на таквите, коишто за полесна измама на простосрдечниот народ луково ја спомнуваат и ја злоупoтребуваат Црквата и православната вера, без да знаат дека Бог не прима пофалби од лукавиот.



    Конечно, после повлекувањето од должноста управник на Богословијата Ризарион (1908 г.), Св. Нектариј се повлекува на Егина и целосно се посветува на духовното раководење со манастирот, кој самиот го основал.Неговото молитвено застапништво за родот наш Христијански оттогаш па до сега е непрекинато, бидувајќи пројавено низ низа од чуда, со коишто Бог го прославува овој свој угодник.

    Многубројни се сведоштвата на оние луѓе, коишто благодарение на неговото застапување на чудесен начин се избавиле од духовани и телесни несреќи и болести. Посебно голем меѓу нив е бројот на тие луѓе, кои во благодатоносното делување на Светиот Нектариј Егински најдоа исцелување од најстрашната болест – ракот.
     

    Attached Files:

    Makide and Serafima like this.
  14. MerlinMonro8

    MerlinMonro8 Истакнат член

    Joined:
    Sep 12, 2012
    Messages:
    360
    Likes Received:
    209
    Верувам во Божји чуда, затоа што ги има насекаде околу нас. Некогаш не се многу истакнати и треба да сакам и да се потрудиме за да ги видиме, но некогаш се и во форма за сите да можеме да ги видиме, само треба да погледнеме ! !
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Покајничкиот псалм (50тиот) и Символот на верата, се клучувите за уште едно Божјо чудо.
    Имено се работи за чудо кое по тие усрдно изговорени молитви, многу луѓе (мирјани), свештенослужители, монаси... пронашле свои изгубени работи.
    Пример е крадењето на автомобилот на една жена од Русија. Пријавила во полиција, но нејзината искрена вера била посилна од се. Постојано, преку целиот ден ги изговарала од срце тие молитви.
    Од друга страна, автомобилот бил нов и полицијата и укажала на жената залудно да не се надева, бидејќи тие автомобили се мета на крадците. Ги расклопуваат и ги продаваат за делови.
    На големо чудење на сите, по само два денови автомобилот е пронајден и тоа целосен. Освен бравата која била присилно отворена и скршена.
    Голема е искрената молитва кон Бог :) .
     
  16. Makide

    Makide Истакнат член

    Joined:
    Nov 30, 2011
    Messages:
    182
    Likes Received:
    325
    Едно дете паднало од ѕид висок околу 30 метри и останало неповредено.
    Нико Ѓурашиќ, многу побожен, скромен, бистар и идеално чесен селанец од Глув Дол, во Црница, го раскажа следново доживување: Кога по завршувањето на балканската војна и на битката кај Брегалница (1913 година) се вратив дома, прва мисла ми беше да отидам во Острог и таму, пред кивотот на великиот чудотворец, свети Василиј, да се помолам на семоќниот Бог и да Му се заблагодарам за Неговата милост, која ме спаси во битките. Отидов кон крајот на летото во 1913 година во Острог, кога немаше многу поклоници. Се сеќавам, таму затекнав три жени со едно дете од 6 години и неколку луѓе од околината. По излегувањето од манастирската ќелија, стариот калуѓер ни го раскажуваше житието на светиот Василиј и за чудесните оздравувања во Острог, а ние со радост го слушавме. Во тоа време детето си играше и скокаше околу ѕидот, подигнат до стрмната карпа висока околу 30 метри. Одеднаш се слушна плачење на детето кое без да го видиме паднало преку ѕидот, а мајката залелека пред нас на сиот глас за своето дете. „Не плашете се! Ништо не му е!“ викна калуѓерот, и сите заедно истрчавме да видиме што е со детето. На општо чудење го најдовме детето здраво без ниедна повреда и го однесовме горе, а тоа по 5 минути продолжи да си игра како и претходно. Тогаш калуѓерот ни раскажа како пред неколку години, низ истата карпа паднало дете во лулка и останало неповредено. Ова чудесно избавување на детето уште повеќе ја зацврсти мојата вера во чудотворната моќ на Божјите угодници – рече на крајот овој селанец.
     
  17. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Joined:
    Feb 3, 2012
    Messages:
    702
    Likes Received:
    601
    Голем верник сум :angel: .Сега за чудо нема некое да ви кажам ама често одам во црква и верувам со полно срце да речам...и имам навика пред спиење да се помолам.Можам да кажам дека желбите ми се остварија и имам повеќе среќа :)
     
    bestrasnost123 likes this.
  18. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,274
    Кога одслуживме (служба), старецот го припреми јадењето: пипреки, домати, кои ги имаше во својата градина и леб кој самиот го правеше. Мене ми ја наполни целата чинија, а за себе стави сосема малку. Се побунив за тоа дека не е праведно, тој да јаде како подвижник, а јас како гурман. Тогаш ми рече:
    - Ти монах си? Биди послушен. Зарем си ти непослушен Црногорец? Овде мојот Бајум е попослушен од тебе.
    Запрашав изненадено, кој е Бајум, бидејќи знаев дека нема ни еден послушник. Тогаш ми покажа една грмушка од трендафил кој сам ја посадил. Отиде до неа, застана пред неа и рече:
    - Дојди Бајум, да види овој неверен Амфилохиј што е вистинска послушност.
    Бидејќи земјата беше свежа и мека, започна да се подигнува. Одеднаш излезе жаба. (Го говорам она што со свои очи го видов.) Потоа и рече на жабата:
    - Врати се сега Бајум на своето место, а вечер дојди да се помолиш.
    Се изнанадив и запрашав како Бајум се моли?! Ми објасни дека жабата навечер излегува пред големиот дрвен крст, кој таму стоеше, се со цел да „псалмопее„. Тоа ми беше чудно , па се запрашав во себе: „ Дали старецот се шали со мене? За какво жабино „псалопеење„ зборува?! „
    Истиот ден, штом сонцето зајде, ја здогледав жабата пред крстот како крекаше!!!!!
    Таа остави на мене толку силен впечаток за врската на старецот со животните, потполно иста врска како онаа што ја стретнуваме кај светите луѓе.

    Старец Пајсиј Светогорец
    [​IMG]
     
  19. Whitecloud95

    Whitecloud95 Истакнат член

    Joined:
    Jan 25, 2013
    Messages:
    235
    Likes Received:
    381
    Gender:
    Female
    Да, верувам.
    Ми се случи пред 3 години скоро може има на Велики Петок. 13ти спрема 14 април, 2010г. Со дечко ми (сега веќе бивши) си одевме од излегување, накај дома. Планиравме онака да си поседиме уште малце некаде. Кај шо живеам јас погоре има една градинка и често одевме таму. Одиме ние нагоре и наеднаш се појави тетка му. Неа и јавиле неговите другари дека бил ептен пијан, се исплашиле да не направи некоја глупост. Којзнае од каде, како Господ да ја беше пратил. Тој пијан, а јас никако не можев да го приметам. Мислев дека не пие. Добро глумеше според тоа шо го видов. Почна да и вика на женичката, дури и во нервозата ја удри. Јас прв пат го имав видено таков. Тоа се случи во два или два ипол по полноќ. Велики Петок спрема сабота. Леле, ами јас се преплашив, никогаш му се немаше случено тоа. Се случи кај нас во маалото, точно пред мојата куќа. Мајка ми ме викна дома. Тој кој го знае кај замина, ама мислам дека беше во близина некаде. Го слушав цел саат како се дере. Дека ме сакал, како можело да му се случи тоа и многу други нешта. Ми беше тешко шо го слушав. Греота ми беше, како и да е, не вреде некој човек толку да си ја мачи душата. И јас тешко заспав. Кога се раздени некако ми смири душата. Си реков нов ден, нов почеток. Тогаш разбрав некои лоши нешта за него, за неговото минато. Му раскинав. Ме молеше.. бла бла.. Но сепак, сфатив дека сум му била само утеха. Ништо друго. Во мене ја барал љубовта и разбирањето што не можел да го има од најблиските.
    Таа ноќ претрпев голем шок. Заборавив кој ден сме, која година, како да не припаѓав на своето тело. Бев отсутна. Дури утредента во саботата, мајка ми ме праша кое време сум планирала да одам на црква. Јас отпрвин не сфатив зошто такво нешто ме прашува, сеуште бев под стрес. Ме потсети дека утредента е Велигден. Јас се скаменив. Едно нешто сфатив. Дека Господ навистина постои, а и Божјите чуда. Ме избави од најлошото. Јас си верував во Бога, кога идеа позначајни празници бев посебно среќна, но ова уште повеќе ја зацврсти мојата верба. На денот на неговото воскресение, како и ја да воскреснав. Две години подоцна, по тој настан јас почнав нова врска која сеуште трае, фала му на Бога. Мислам дека тоа што ми се случи беше како една голема лекција од Исус за мене. Слава му.
     
  20. bestrasnost123

    bestrasnost123 Истакнат член

    Joined:
    Nov 10, 2010
    Messages:
    97
    Likes Received:
    28
    порано бев христијанка или барем така се нарекував христијанството ми беше наследство бев родена во христијанско семејство и мислев доволно е ,но не е ...
    Имам 23год но за жал пред речиси 1година успеав да ја запознаам ВИСТИНСКИ нашата прекрасна вера во тоа ми помогна една книга напишана од еден јеромонах за СТАРЕЦ ПАЈСИЈ Размислувањата на овој старец опишани во оваа книга ми дадоа внатрешен мир ,љубов кон верата ,почит кон свештенството

    Поентата ми беше дека БИБЛИЈАТА ни ги објаснува сите неразјаснети прашања и ако се потрудиме можеме многу да научиме и да го запознаеме НАШИОТ ОТЕЦ
     
    friendy, stylishh and Serafima like this.