1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. PParaskeva

    PParaskeva Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    259
    Абе да ама ептен је чудо ама не такво какво што викаш ти, зашто умреле децата ? ако толку ги сакал господ нивните родители ? за после пак да им даде други ? уште нешто скоро секое ин витро оплодување завршува со двојка или тројка и ако се близнаци едното е обавезно машко а кај тројки можеле да се родат и две машки и едно женско сигурна сум дека и тогаш ке си нашла божје чудо.
     
  2. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    73
    Ок Параскева. Ако не веруваш не гледам причина ни да се замараш со ова, и да пронаоѓаш решенија и ставови. Се изјасна еднаш те свативме. Оставине сега нас кои веруваме да си продолжиме да си веруваме зошто колку и да се трудиш како ние што не можеме тебе да те натераме да да веруваш така и ти не можеш нас да не натераш да мислиме да се случајности. Без љутиш.
    Ајде девојки чекам уште текстови а од претходниве останав без зборови. :)
     
    На tessie и Whitecloud95 им се допаѓа ова.
  3. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.899
    Пол:
    Женски
    Да, верувам и во Господ и во Божји чуда, еве ќе кажам нешто што мене ми е пренесено, значи не сум сведок...
    На некоја локација во нашава замја имало водопад од каде наводно течела лековита вода, луѓето оделе таму за да си ги исчитат гревовите и да побараат помош и лек од светата вода..Моите не можеле да имаат деца и разбрале за местово и отишле таму, мајка ми застанала под водопадот и водата како што ми кажа мајка ми убаво ја намокрила...Меѓутоа се доближила некоја женичка и во моментот кога застанала под водопадот водата секнала....се одалечила женичката и водата пак почнала да паѓа...пак се приближила и пак престанала да тече водата, џабе биле молењата од женичката, водата едноставноне сакала да ја попрска, на секое нејзино приближување секнувала...останатите посетители биле запрепастено од глетката...Мајка ми останала бремена, дали од лековитата (светата) вода или од хормонската терапија што ја примала, секој нека си протолкува како сака...Јас верувам во Божји чуда...
    Инаку само да кажам дека не при секое ин витро оплодување едното мора да биде машко доколку се близнаци децата, братучетка ми има ќерки близначки со ин витро оплодување. :)
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Приказна за малиот Лазар

    Во еден мал град живееше момче по име Лазар, кое секое утро, точно во 7 часот доаѓаше пред црквата. Штом ќе се отвореа црковните врати, Лазар трчаше до олтарот, се прекрстуваше, стоеше така момент или два, па ќе се свртеше и отрчуваше во училиштето. Еднаш старешината на црквата го праша Лазар како се моли и каква молитва користи. Лазар рече дека тој само вели: - Добро утро Исусе Христе, дојдов да Те видам. - И тоа е се? - праша свештеникот. - Се! - одговори Лазар, и набрзина замина на училиште. Момчето и понатака доаѓаше во црквата, кратко стоеше пред иконата Христова и потоа набрзина заминуваше. Но еден ден тоa не дојде. Истото се случи и следниот ден... и така со денови. Свештеникот се загрижи за Лазар, па отиде да го побара во неговото училиште. Таму му кажаа дека Лазар доживеал сообраќајна несреќа и дека лежи во болница со многу тешки повреди. Свештеникот се упати во болницата, каде дежурната сестра му рече дека Лазар е во одделението за трауматологија. Потоа му раскажа дека сите во бoлницата се многу зачудени бидејќи и покрај тешките повреди и силните болки, Лазар е весел и го развеселува целото одделение, во кое инаку лежат најтешко болните. Кога свештеникот влезе, беше зачуден колкава е радоста во таа соба, и покрај болките кои очигледно сите ги чувствуваа. Лазар весело се насмеа и го поздрави збунетиот свештеник. За време на разговорот свештеникот го праша:
    - Лазаре, на што се радуваш толку?
    - На Исуса Христа! - одговори Лазар.
    - Како тоа, па ти повеќе не доаќаш во црквата, не се молиш пред иконата на Господ наш Исус Христос? - праша свештеникот.
    - Да - одговори момчето смеејќи се, - но сега Исус Христос секое утро доаѓа кај мене и ми вели: ДОБРО УТРО ЛАЗАРЕ, ДОЈДОВ ДА ТЕ ВИДАМ.
    Кога свештеникот го слушна тоа, се му стана јасно, и повеќе ништо не прашуваше. Се радуваше заедно со Лазар.
     
    На душленце, Milobebence, tessie и 15 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Можеби малку долг текст, но многу поучителен.

    Беседа за Старец Порфириј


    Денеска ќе зборуваме за Старец Порфириј – еден голем современ светител и тоа ќе го направиме не просто за да раскажаме некаква историја, туку за да видиме како преданието во Црквата не е просто некакво учење туку реалност и опит.

    Прво ќе ви раскажам како се запознав со него. Бевме соседи. Тој живееше во Кавсокаливија, а јас во Неа Скити. Сите имавме слушнато за него. Затоа решивме да отидеме да го видиме. Отидовме наутро. Старецот беше под едно дрво и јадеше нешто. Отидовме да го поздравиме. Тој ни кажа дека не може да нѐ прими, бидејќи е болен. Нѐ праша од каде сме, а потоа замина во својата соба, а ние си тргнавме. Еден монах дојде кај нас и ни кажа:
    - Гледате, Старецот не се чувствува добро, попладне ќе биде подобро, почекајте и ќе ве прими.
    Ние бевме во нашето бротче, т.е разговорот ни беше на оддалечено место. Во исто време слушнавме звук од камбана – тоа беше камбаната којашто Старецот ја користеше кога имаше потреба од нешто. Монахот, којшто беше со нас, отиде кај него и Старецот му рече:
    - Зошто им кажа на отците дека попладнето ќе бидам подобро? (Беше невозможно дека можел да нѐ слушне!). Кажи им веднаш да тргнат, бидејќи попладнево времето ќе биде многу лошо и нема да можат да се приберат со бротчето.
    Монахот дојде и ни кажа дека треба да тргнеме, бидејќи времето ќе се расипело. Ние погледнавме кон небото, и тоа не изгледаше така. Но, бидејќи кажа, тргнавме. Едвај успеавме. Попладнето небото како да се отвори... Тоа беше првата средба.

    Вториот пат нашиот Старец се разболе – имаше срцев удар и ние мислевме дека ќе умре. Се исплашивме што ќе правиме сами. Бевме во пустината, јас бев најстариот – 23-годишен. Тогаш бевме околу 20 монаси. Ми дадоа број на телефон на Старец Порфириј. Бев во Солун по некаква работа и по патот сретнав еден монах којшто беше негов ученик, и тој ми го даде неговиот број. Ми рече да го побарам во 5 часот наутро, бидејќи во тоа време тој одговарал на телефонските повици. Навистина, се јавив. Ѕвонев, ѕвонев, никаков одговор. Си велев, да не разбудам некој друг човек и да ме искара по телефон. Што да правам сега? Си реков, ќе прочитам од Акатистот на Пресвета Богородица и ќе поѕвонам пак. Читав и стигнав до последната песна. Го стиснав копчето, не чекав да завршам со Акатистот, туку истовремено ги притискав копчињата на телефонот и го читав Акатистот. На крајот на песната Старецот ја дигна слушалката и одговори од другиот крај во Атина, без дури да знае кој го бара. Првите зборови му беа:
    - Радувај се, Невесто Неневесна!
    Односно, ми кажа по телефон тоа што го читав во молитвата. Ме праша кој сум – се претставив. Ме праша што барам. Му реков дека имаме проблем со Старецот, и тој точно ми ја опиша неговата состојба – сите симптоми, што имаше и што требаше да направам. Сѐ по телефон.

    После тоа го посетив многу пати. Мојот Старец сакаше јас да одам во Кипар. Јас не сакав. Се обидов да најдам меѓу Старците луѓе што ќе ме поддржат во тоа и така да го разубедам мојот Старец, којшто најстојуваше да се преместам во Кипар. Со таа цел отидов кај сите познати Старци, за да можам после тоа да кажам, на пример: „Старец Порфириј ми кажа да не одам!“ Го побарав и, се разбира, тој ми кажа да одам во Кипар. Како и да е...

    ***

    Една богата жена од Атина ми го раскажа следниот случај. Таа беше духовно чедо на Старецот и имаше син, којшто се вљуби во една девојка од Атина. Синот немаше врска со Црквата, не одеше на црква, ниту примаше свештеници и слични работи. Девојката се беше вљубила во нејзиниот син, но мајката не ја сакаше. Не знам зошто, не ја сакаше. Како и да е. Таа му кажала на Старецот:
    - Старче, оваа девојка добра ли е за син ми?
    - Не, не е.
    - Како да го убедам?
    - Кажи му да дојде да поразговарам со него.

    Таа му кажала, но тоа не го интересирало. Беа милионери и имаа многу пари. Синот договори заедно со девојката да одат на екскурзија во Лондон и таму да ѝ каже дека сака да се сврши со неа. Им кажал и на родителите: „Сакате, нејќете, ќе се верам со неа!“ Почекал некое време, но веќе донел цврста одлука. Мајката му го кажала тоа на Старецот. Тој кажал:
    - Кажи му барем сега, кога ќе отиде во Лондон, да ме побара само еднаш, да му дадам благослов. Поставете му го тоа како услов. Кажете му: „Ти го даваме нашиот благослов да ја земеш за жена, само побарај го Старецот по телефон!“
    Момчето се согласило: „Е, добро, ако е само тоа, ќе му се јавам.“
    Отишол во Лондон со пријателката, се качиле заедно во собата, потоа слегол долу да се јави по телефон од рецепцијата. Тој не кажал на пријателка си дека ќе го бара Старецот, бидејќи таа ќе се чудела. Поѕвонил, и Старецот веднаш дигнал слушалка. Се претставил:
    - Старче, јас сум Димитар, син на таа и таа госпоѓа и сакам да го добијам вашиот благослов!
    - Една секунда, биди на телефон, не затворај слушалка! – рекол Старецот.
    И веднаш на телефонот се слушнало „р-р-р-р-р-р“ – некаков звук на линијата и без да има некаква врска, телефонот од рецепцијата се поврзал со телефонот во хотелската соба. Станува збор за хотел во којшто има 400 соби. Тој слушнал како неговата пријателка разговара по телефон во собата со друг нејзин пријател во Атина и како му вели:
    - Дојдовме во Лондон, вечерва ќе ми каже дека сака да се ожени со мене, ќе му ги земам сите пари и после тоа ќе дојдам кај тебе! Те сакам! – и така натаму, знаете што велат во такви случаи.
    Момчето како попарено го слушало разговорот на својата пријателка. Потоа тој повторно го слушнал истиот шум на телефонот и повторно се поврзал со Старецот. Старецот го прашал:
    - Што сакаше, чедо?
    - Ништо, Старче! Благословете!
    Тој ја затворил слушалката и ја откажал свршувачката.

    ***

    Во 1979 година во скитот имавме гостин – католички монах, Италијанец – којшто совршено зборуваше грчки. Седеше кај нас шест месеци. Еднаш, кога одев во Атина, отидовме заедно кај Старец Порфириј. Влеговме внатре. Старецот беше слеп. Никој не знаеше дека тој беше католик. Носеше облека како нашата. Никој не можеше да дознае. Другите светогорски монаси не знаеја дека е Италијанец, за да нема недоразбирања. Тој влезе во собата и Старецот го праша:
    - Како се вика твојот манастир?
    - Свети Јован Богослов.
    Старецот точно му го опиша манастирот во Италија, му кажа каде има вода и на која длабочина се наоѓа.

    ***

    Животот на Старецот беше полн со слични случувања. Тој ги опишуваше нештата коишто се случиле пред илјади години. Бев присутен кога дојде во манастирот на Света Троица во Тива, и им кажа на монахињите:
    - Тука пред три илјади и петстотини години имало олтар на Аполон и на неколку метри под црквата има остатоци. Затоа, кога ќе градите манастир, не викајте археолози, бидејќи ќе ги најдат остатоците под него. Ако ги видат археолозите, ќе ви ја сопрат работата.
    Тие му кажале:
    - Ама тука нема остатоци.
    После еден земјотрес требаше да се возобнови манастирот и откако раскопаа, ги најдоа остатоците за коишто зборуваше Старецот.

    ***

    Едно духовно чедо на Старецот работеше за НАСА. Си спомнувате ли за еден спејс шатл којшто одлета во отворен простор и не можеа да го вратат? Повикаа познати научници за да видат што ќе прават со него, меѓу нив имаше и некој што го познаваше Старецот. Пред да отиде во Америка, тој отиде кај Старецот за да земе благослов – му кажа каков е проблемот, а Старецот го праша:
    - Што се случило, па не можат да го вратат?
    - Па не можат.
    - Чекај да видам.

    Тој точно му опиша каде било оштетувањето.
    - И како ќе го поправаме?

    Тој му објаснил како. Му кажал:
    - Оди и ништо не кажувај. Остави другите да зборуваат, но ништо нема да откријат. Остани последен. Кажи го ова и ќе добиеш и награда.
    Грчкиот претставник отишол, другите научници го кажале своето, но не ја откриле причината за оштетувањето. Тој си помислил: „Но ако не е така и ми се потсмеваат, од каде знае Старецот? Но сепак ми рече да кажам.“ Тоа и го направил. Тие му одговориле дека тоа е исклучено да биде причината. Тој им кажал да проверат. Го послушале и успеале да го вратат спејс шатлот на земјата.

    ***

    Има цели книги на луѓе со сведошта за Старец Порфириј. Има опишани случаи на чуда и после неговата смрт.

    Кога тој почина на Света Гора, една жена од Австралија, која понекогаш му се јавувала по телефон, ѕвонела во неговата соба во Атина, без да знае дека Старецот бил заминат за Света Гора, ниту пак дека веќе починал. Старецот разговарал со неа и таа му го кажала својот проблем, ја посоветувал како да го реши проблемот. Потоа зборувале 20-25 минути, таа му кажала:
    - Ќе ви се јавам, Старче, да ви кажам што се случи.
    - Не ми се јавувај.
    - Зошто, Старче?
    - Не сум на земјата, дете мое! Починав и сега сум на небото. Не се јавувај.
    Жената не поверувала, си рекла, што му стана на Старецот, нешто не е добар или се шегува. Како и да е. Се јавила другиот ден да види што се случува. Ѕвонела, ѕвонела, и се јавила една мохаиња што живее таму во манастирот.
    - Ве молам, сакам да зборувам со Старецот!
    - Чедо, не ли ја чувте веста? Старецот почина пред 40 дена.
    - Навистина ли?
    - Почина, на Света Гора.
    - Ама вчера зборував со него по телефоон.
    - Не знам на кој телефон сте зборувале, Старецот почина пред 40 дена.

    ***

    Се разбира, некој може да праша, какви се овие работи, или зошто ги кажуваме? Тие покажуваат дека Црквата не е теорија, ниту философија, туку реалност, и сѐ што ни кажува Христос во Евангелието е реалност. Тоа не се однесува само на Старец Порфириј, туку и на исклучително многу свети луѓе – Старец Паисиј, Старец Софрониј, Старец Јаков – овие современи светители што ги познававме. И јас познавав такви луѓе. Тоа е нешто неверојатно. Ги гледаш, гледаш што прават и ти самиот не веруваш дека тоа се случува! Ако го разгледате животот на овие луѓе, ќе видите еден основен белег, т.е. двоен белег – прво, имаат голема љубов кон Бог и кон човекот како резултат на тоа, и второ, имаат големо смирение, исклучително големо смирение. Старец Порфириј, кога го опишуваше својот благодатен дар, бидејќи знаеше и велеше дека е дар од Бог, не го криеше, беше толку простодушен, што понекогаш, како да кажам, се забавуваше со тоа. Кога минуваше покрај разни села, им кажуваше на луѓето каде имаат вода:
    - Јас им велам каде има слатка вода, и тие ја наоѓаат. Зошто им го велам тоа?
    Им го кажувам за да можат, откако ќе ја најдат водата, да поверуваат дека тоа што сум им го кажал е од Бог, и потоа да им проговорам за духовните нешта и да ме ислушаат.
    Некои одеа и го прашуваа:
    - Старче, во нивата имам ли вода?
    А тој кажуваше:
    - Добро де, деца, јас да не сум сонда?

    Велеше, дека го добил тој дар бидејќи наполно се умртвил себеси за Бог. Немаше воопшто сопствена волја. Што е доказот за тоа? Тој имаше толку голема желба да живее на Света Гора, а Бог на некој начин го „истера“ од Света Гора, и го принуди да живее на Омонија, плоштад во центарот на Атина. Таму живееше.

    Не знам дали можете да си ја претставите тишината на Света Гора, пустината. Ќе ви кажам и од личен опит. Ние бевме 20-22 монаси во нашата заедница и живеевме во скитот, во пустината, и служевме Литургија. Црквата ни беше многу мала. Беше широка два метри и половина. Еднаш дојде еден странец и нѐ бараше. Ние бевме во храмот. Тој беше надвор и не нѐ слушаше. Толку тивко служевме, скоро шепотејќи. Таква е исихастичката традиција. Ако немаш опит, можеш да се запрашаш, овие луѓе што прават, не ли зборуваат? Таква тишина. Така беше на Света Гора. Кога тој отиде во Атина, во болничкиот храм отспротива продаваа музички цедиња. Продавачот пушташе музика толку гласно, што таа ја пригушуваше Литургијата во храмот. Старецот велеше дека не може да служи, бидејќи постојано се слуша музика. Се прашуваше што да прави и најмногу за да може да се восредоточи требаше да се моли со целата своја сила. Тој се навикна да се моли од целата своја душа заради тоа што храмот се тресеше од песните надвор. Таква беше атмосферата.

    Еднаш, кажуваше тој самиот, додека го читал Евангелието, во коешто се опишуваат Христовите страдања, извикал и паднал во несвест. Луѓето се обидувале да го освестат. Што се случило? Читајќи го Евангелието, тој пред себеси ги видел страдањата на Христос – како Го приковувале и распнале, и затоа тој не издржал и ја изгубил свеста.

    ***

    Тој ги гледаше случувањата пред себеси и ги опишуваше. Еднаш им се јавил на едно семејство во Јужна Африка и им рекол:
    - Под вашата куќа поминуваат кабли со висок напон – тргнете се оттаму, ќе се разболите од рак.

    Луѓето се чуделе.
    - Кој си ти? Од каде се јавуваш?
    - Не сте ли вие таа и таа госпоѓа?
    - Да.
    - Од Атина се јавувам, отец Порфириј се викам.
    - Од Атина? Како знаеш за нашата куќа во Јоханесбург?
    Ниту тој ги познаваше, ниту пак тие него.

    ***

    Со спомнатите случаи сакав да ви покажам дека Црквата е простор во кој човекот се исцелува и во кој оживуваат сите негови сили и дарови, дадени од Бог. Црквата ги насочува тие сили кон Бог. Доказ за тоа се светителите. Да ги немаше нив, луѓето коишто ѝ се доверуваат на Црквата ќе беа глупаци. Претставете си да следите една црква која ви зборува за нешта што не може да ги докаже. Со други зборови, немаше ли да бидеме безумни, ако го следиме Евангелието без докази за неговата вистинитост? Откаде да знам дека е вистина? Добро, тоа се убави нешта, но како да ги правиме? Има ли доказ за тоа што ми кажуваат дека е вистина? Само светителите вистински сведочат за Евангелието. Јас навистина признавам дека кога бев на осумнаесет години и за прв пат отидов кај Старец Порфириј, мојата душа веднаш почувствува веднаш штом го видов дека зборовите на Христос се вистина. Така си реков. Зошто? Затоа што пред себеси видов свет човек.
    На крајот, кога се молите, повикувајте ги молитвите на Старец Порфириј – тој свет човек. Тој има голема смелост пред Бог и верувам дека неговата молитва има особено голема сила.

    Извор - Премин Портал
     
    На sweet10 и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  6. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Верувам во Господ и во сите светци... секогаш кога имам време одам во некоја црва, ке се помолам и ке си запалам свеќа.. понекогаш и дома си се молам на некоја икона..

    Малце офф ама морам да кажам...
    Секогаш кога играме карти, секогаш победувам.. и татко и на една другарка секогаш кажува: ''Епа ке губите кога не одите во црква да се помолите. Само за Велигден и куќна слава одите''
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. snegulka21

    snegulka21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2010
    Пораки:
    249
    Допаѓања:
    92
    Верувам во Бог и во чудата што ги прави Тој! Му благодарам што го спаси брат ми од сигурна смрт вечерва, бескрајно Му благодарам што му даде уште една шанса да живее.
     
    На Milobebence, iloveyou29, Betty* и 7 други им се допаѓа ова.
  8. Cokolatce95

    Cokolatce95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2010
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    131
    Верувам, многу верувам. Тој е мојот спас, мојот пат и сила која ме води низ животот.
     
    На Betty*, Amelia, ribce27 и 2 други им се допаѓа ова.
  9. ROSII

    ROSII Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    224
    sum veruvala i ke veruvam,moeto dete se vika NIKOLA ,BLAGODARENIE NA BOG I SV.NIKOLA GO IMAM NEGO,,,SLUSNETE JA ,,BLAGOSLOVEN SI GOSPODI,,OD DIVNA LJUBOJEVIK,custvoto sto ke ve obzeme slusajki ja e vsusnost postoenjeto na spasitelot na nasite dusi,,,,a toj angelski glas sto ke go slusnete i darot od boga,,,,,

    [mod-kirilica:3qqoqz55][/mod-kirilica:3qqoqz55]
     
    На Vladus и ribce27 им се допаѓа ова.
  10. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.949
    Пол:
    Женски
    Верувам ...некои работи во мојот живот што ми се случија дали се чисто од среќа или чудо ни самата незнам но знам дека господ беше со мене
     
  11. DeVoJkaTa999

    DeVoJkaTa999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    33
    Ако веруваш во Бог неминовно е да веруваш и во чуда. Бог иде заедно со чудата. Бидејќи ако не прај чуда и неби бил Бог.
     
    На Whitecloud95 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    Верувам во божјите чуда!
    Мене ми се деси скоро,можам слободно да кажам.Ми се појави еднометријална циста,по втор пат,и мислев дека ќе морам пак да се правам операција како со првата циста.Меѓутоа слушнав за една жена што помагала на луѓе и лечи со чај преку молитва кон бога.Отидов и пиев чај 10 дена.После тоа одма отидов на лекар,се надевав викам барем да ми е намалена малку цистата,пошто не очекував дека може да ја снемало зашо немав ниту болки,ниту пак крварење...кога лекарот ми кажува немаш повеке циста..како викам немам,нема ништо.-да вели,нема ништо...како со гумичка да беше избришана..незнам вие како би мислеле за тоа,ама за мене тоа беше чудо од бога.
     
    На душленце, MarchelineAmaru, Hopeful и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. leonidicka

    leonidicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 март 2011
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    3
    Јас верувам во бога во неговите чуда. Не знам ама неколу пати гласот на бог го слушам во сон, најчесто ко ќе мислам дека сум во безизлезна ситуација и мајка Богородица ми се има јавено сите ми велат дека тоа е убавои потот и постариве луѓе.Тоа е убаво ама да ви кажам искрено мене ми е многу страв.
     
  14. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    многу верувам бидејки ми се случуваат секоја недела

    нон стоп на разни ситуации и секогаш на крај супер и позитивно испага

    кој и да е тамо што ми помага БЛАГОДАРАМ :clap:
     
  15. ciribiribela

    ciribiribela Популарен член

    Се зачлени на:
    12 август 2010
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    651
    Пол:
    Женски
    Верувам и тоа многу. Во безброј безизлезни ситуации имало горе некој што помогнал, исто кога ке се сопнеш а за чудо некое нема да паднеш.
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    не верувам ни во бог а најмалку во чуда, не сум била сведок на ниедно такво чудо и тешко ми е да то прифатам дека постојат. верувам во карма, во позитивни и негативни мисли кои ти го водат животот.

    да не ме сватите погрешно, ги почитувам сте оние што веруваат и на кои што мислатдека или им се десиле.
     
    На lore**dana му/ѝ се допаѓа ова.
  17. emma-chan

    emma-chan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    71
    Допаѓања:
    9
    Јас верувам во единственит Господ и верувам во неговите чуда! Најсилното што ме држи на оваа Земја е Бог и мојата фамилија, јас друга причина и немам!
     
    На Angy.g, Whitecloud95 и Butterfly3 им се допаѓа ова.
  18. mamita

    mamita Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    176
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека постојат.И тогаш кога ни е најтешко,треба да веруваме во чудо,и ќе се случи..
     
    На Aisha и emma-chan им се допаѓа ова.
  19. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    Sekako deka postojat cuda kaj nas vo islamot se vikaat mudziza,kako isus imase negovi cuda preku boga sto mu gi objavi, koga krena mrtov covek,koga izleci slep koga sofrata se napolni so hrana, posle leporozen,toa sigurno isus ne go imal od sam po sebe, toa e Gospodovi cuda.
     
  20. MiiLla

    MiiLla Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2011
    Пораки:
    118
    Допаѓања:
    53
    Верувам во бог и верувам во неговите чуда истото така верувам дека секој од нас има свој ангел чувар или светец кој го чува.Бог не го замислувам како некој дедичко со бела брада, туку како виша сила која е во сите нас во лугето која е прави добри дела која ни дава здрав разум балгосостоја ако веруваме во тоа и ако се водиме кон добри дела а таа сила ни помага да го правиме сето тоаи не води кон правилниот пат.Еве една случка која и се случи на мојата баба која почната од рак.Пред многу години прво имаше направено опреација на матката каде што и ја извадија матката после неколку години имаше уште една тешка и ризична операција на жолчката која беше многу критична, можеше золчката да и пукне во неа, кога се врати од болница како што лежела во креветото онака полубудна но небила во сон и се појавила пред неа св.Петка и и рекла да не се секира дека ке оздрави и дека се ке биде во ред, после тоа бабами уште долги години живеесе си дочека и второ внуце и си постеше секој петок.Потоа се разболи од рак и се мачеше со болеста 3 години, бидејки вујко ми нејзиниот син живее во Америка дојде од Америка и таа тогаш не ни бесе свесна за ништо околу неа не ни гледаше, по еден ден од кога дојде вујко ми баба ми почина, душичка се мачеше последните три месеци само да го види вујко ми и да се збогува со него, сакала да го види за последен пат и да си ја пушти душата во рајот. Бог е сегаде околку нас во секој од нас тој е силата која не води низ животот.Јас верувам дека баба ми е уште мегу нас таа е во мојето срце и кога и да ми е тешко само ке помислам на неа и ке се сетам на сите нејзини совети и имам сила да го решам проблемот и да продлжам напред.Така јас си ги свакам овие работи.Истот така верувам дека се ни се врака во животот онака како што правиме и мислам дека сите во животот треба да се водиме сопоред златното правило од библијата НE ПРАВИ ИМ ГО НА ЛУЃЕТО ОНА ШТО НЕ САКАШ ДА ТИ ГО ПРАВАТ ТЕБЕ Tака ке имаме сите многу подобар и поквалитетн живот и ке го искорениме злото колку што можеме повеке.Извиниете малце што забегав од темата..
     
    На Amelia и tanja6 им се допаѓа ова.