^ Девојчето сака да каже дека и покрај тоа што порано мислела дека е христијанка и била израсната во такво семејство, дури на 22 години сфаќа што значи да се биде Христијанин во вистинска смисла на зборот и да ја спознае нашата вера. Значи не дека не е веќе Христијанка, баш напротив сега го сфаќа значењето и убавините не Христијанската вера
Мене ми се случи пред 3 до 4 години може има. Откако слушнав за адетот, но не поверував, ама си викам ај да видам баш. После некое време, тоа детето шо го сонив излезе дека е мојот сегашен дечко. Чудно ми е сеуште.
Зна4и не свакам како може некој да не верува во БОГ цц страшно и жално.Бог е голем,секогаш му се помолувам за да ми помогне кога највеке ми треба,никогаш не ме разо4арал.Нека се свети името негово АМИН
Точно дека сите луѓе не размислуваат исто,,неточно сите луѓе се исти настанале благодарение на бог,што можда од мајмууни се нстанале
Верувам ,зашто ќерка ми е доказ дека постои................му бев скарана извесен период оти ми одзема две душички, ангелчиња и за тоа никогаш нема да МУ ПРОСТАМ,иако сите викаат тој знае ЗОШТО и колку можеш да издржиш.Е сега верувам дека единствено тие што поминале низ истото како и јас можат да ме сватат-нема изговор и причина да бидат одземени две мали душички -понекогаш и ТОЈ греши. Но вечно ќе му бидам благодарна што ми ја даде ќерка ми после многу години и ќе ја воспитувам како добра христијанка
цел живот верувам во господ бог и ми има многу помогнато.ми даде несто сто најмногу сакав за да ја згресам и он да ме казни. неколку пати ми се има слуцено да осетам казна од бога. со мазот ми бев во дворо на една црква позади мене немасе никој а како некој да ме бутна силно и јас паднав легнав целосно.само се помолив и казав зосто немозев да влезам да запалам свека(имав ПМС)вецерта ја добив главната награда на слуцаен квиз.истата црква има име како и моето дете кое е родено денот на тој светител и после многу години слуцајно со мазот ми влеговме тројцата заедно светителот т.е неговата икона цело време гледасе накај местото каде паднав и каде седевме. а кога влеговме моето дете ја баци таа икона. во друг слуцај да ви казам за св никола сакав да постам таа год .но за зал згресив и се омрсив вецерта кога заминаа гостите од именден како цистев некој како да го бутна столот врз мене и имам линија модра до ден денес како казна сто не постев. верувам во бога и во сите светители и се надевам и верувам дека ке ми помогнат иако многу згрсив таа греска ке ме прати цел зивот. ТЕ МОЛАМ БОЖЕ ПРОСТИ МИ
Да! една случка на кратко ... со татко ми муабетиме нешто до дека реновиравме дома и тој вели ...: -...абе кој Господ јас сум господ ... и наеднаш една од подебелите даски му падна на глава беше многу смешно но и страшно ... доби мал потрес на мозокот така да луѓе сакајте и верувајте и некое чудо ќе ви се случи и вам
Пред некое време, во 90-тите години на минатиот век, нашата парохија го покани месниот шумар, Лео М, да пресече неколку големи дрва на задниот двор за храмот. Тој ја викна на помош својата жена Кетлин, и двајцата се справија со работата многу брзо и внимателно. Но од наплаќање категорички се откажаа, настојувајќи на тоа дека сакаат да го принесат нивниот труд во дар на нашата црква. Бидејќи Лео и Кетлин не беа православни, се заинтересиравме за причината на нивната таква штедрост. Тогаш тие ни раскажаа за еден настан, кој се случил со нив неколку години порано, после нивната венчавка. Младоженците доста сериозно се занимавале со алпинизам и искачување по карпи, и затоа на своето свадбено патување решиле да заминат на Аљаска, за да го покорат највисокиот врв на Северна Америка – планината Денали, висока 20 320 стапки. Тие застанале на припрема во подножјето на планината и грижливо се подготвувале за експедицијата: ги појаснувале деталите кај водичите, ги прочувале картите, го проверувале алатот, и чекале кога ќе започне доброто време. Конечно го започнале своето привлечно, но премногу тешко искачување. Некое време сѐ било добро, додека после неколку дена, приквечер не сретнале на тесната патичка стар, чуден човек, во долга темна облека, кој се движел во спротивна насока, спуштајќи се од врвот на гората. Тој другарски со нив се поздравил и ги посоветувал да се вратат во базата што е можно поскоро, објаснувајќи го својот совет со тоа што времето нагло се менува и доаѓа силна бура. И како одговор на нивното неискажливо изненадување, од каде тој тоа го знае, тој објаснил дека е локален (домороден) и дека добро ја познавал тамошната клима. Оставајќи ги во недоумение и дури во тревога, тој продолжил по својот пат. После тоа, кога Лео со жената решиле да го послушаат неговиот совет и да се вратат, и веќе тргнале за назад, почнале да си спомнуваат како изгледал странникот што го сретнале, и наеднаш сфатиле дека кај него не забележале ни ранец, ниту какво и да е друга туристичка или спортска опрема. Како можел стар човек да се искачи толку високо по голата каменеста карпа, при температура пониска од нулата, и без каква и да е храна и заштита? Кога Лео и Кетлин се спуштиле и биле веќе скоро на подножјето на Денали, нив сепак ги стигнала силната бура. Тие успеале подготвено да ја пречекаат, постојано во мислите благодарејќи му на старецот кој ги предупредил за опасноста. А после една недела, сеуште останувајќи во базата, дознале дека неколку други алпинисти, кои за време на бурата биле искачени на големите височини, не се вратиле назад. Одговорот пак, на своето прашање го добиле кога неочекувано во кафетеријата од логорот ја забележале сликата на нивниот спасител, поставена на една табла со известувања и различни реклами и фотографии од гората. Тие веднаш го познале. И кога го прашале келнерот дали знае кој е тоа, тој им одговорил: „Тоа е православен светител по име Герман, кој живеел тука, на Алјаска“. Тоа била фотографија од иконата на св. Герман од православниот храм недалеку. Светителот им ја кажал вистината. Тој навистина бил локалец. Превземено од Агапи
Многу ми е жал за изгубата (се работи за абортус по постов), но ништо не е случајно. Чудни се Божјите патишта, ама се е со причина, и само Бог знае најдобро зошто така требало да се случи, зошто тој има увид во се и знае што е најдобро за нас. Spoiler ( И сети се на оние кои изгубиле дете кое веќе се родило, или пораснало, значи има и потешки болки) Јас верувам во Божјите чуда, и само Бог ја имаа таа моќ за да прави секојдневни чуда за нас, дури и кога ние не ги заприметуваме.
Со самото тоа што силно верувам во Господ ,верувам и во божји чуда... Самото влегување во црква ме исполнува и ми дава некој необичен душевен мир и секогаш кога поминувам покрај некоја црква влегувам и палам свеќа и во себе си кажувам молитва . Милостив е Господ и помага секаде каде што треба .
Чудото со Светиот Крст Во првите денови во 1965 година во детската клиника, довеле едно девојче, ќерка на партиец и познат научник. Девојчето кое имало 7 години, живеело во училиштето затоа што нејзините родители се наоѓале во странство. Причината за пренесувањето на девојчето во болница била високата температура. Веднаш ги направиле потребните испитувања. Првите денови таа имала јасно сознание, но истиот ден состојбата се влошила и на девојченцето почнало често да и се губи сознанието. Им била испратена телеграма на родителите со која ги известиле дека нивната ќерка е многу болна и дека нема надеж оти таа ќе преживее уште 3 - 4 дена. Лекарите решиле да го пренесат девојченцето во одделна соба и да му дадат кислород. Идното утро температурата се искачила на , пулсот бил многу забрзан, дишењето тешко, така што состојбата крајно се влошила. Но, оддеднаш девојчето се дигнало и седнало на постелата велејќи : „ Каде се мама и тато? Зошто ги нема овде? “ докторите и сестрите ја успокојувале, велејќи и дека тие наскоро ќе дојдат. – Тогаш повикајте ја баба ми. Таа живее на улица... Точно го кажала името и бројот на улицата. Повикајте ја веднаш, ако таа не дојде, јас ќе умрам. Само мојата бабичка може да ми помогне. Желбата на девојчето веднаш била исполнета. Напладне бабата пристигнала, потоа замолила насамо да ја остават со внуката. Една од сестрите по наредба на лекарот, останала да дежура. Бабата симнала нешто од своите гради и го ставила во левата рака на внуката. Потоа паднала на колена пред креветот и почнала да се моли. Поминало околу еден час. Го известиле лекарот и тој откако влегол во собата, рекол со спокоен, но решителен глас : „ Ве молам, дајте му на детето спокојно да умре“. Девојченцето, кое лежело со затворени очи, ги отворило, седнало и со мирен, но решителен глас проговорило : „Кој ви кажал дека јас ќе умрам? Јас веќе немам температура. Потполно сум здрава. Многу сум гладна, дајте ми чаша млеко“. Докторот збунет, веднаш и го опипал пулсот. Пулсот бил сосема нормален. Измериле температура и покажало дека има само , а главоболката престанала. Докторот се вратил и донел чаша млеко. Девојчето рекло : „ А сега сакам да спијам. Бабичке те молам остани со мене ноќва“ и веднаш потоа заспало во длабок сон. Докторите доаѓале неколку пати во текот на ноќта. Но, тепературата била нормална, дишењето лесно и нормално. Било јасно дека опасноста конечно поминала. Кога изутрината сестрата влегла во собата, таа се вкочанила кога видела како девојчето се смее и весело разговара со нејзината баба. Кога и донеле млеко, таа се прекрстила и потоа го испила млекото. Тогаш сестрата, наполовина сериозно и наполовина шеговито, рекла : „ Леле па ти си веќе пионерка, што е тоа што го правиш? Што си? Старица? “ веднаш потоа следел одговор, искажан со сериозен и решителен глас : „ А зошто да не се прекрстам? Ако крстот немаше никаква сила, вие денеска ќе ме погребавте. Вие мислите оти јас незнаев дека веќе умрев?“ Кога ги изговорила овие зборови, ја отворила левата рака и го покажала крстето од злато. Сестрите ги известиле лекарите за ова во детали. Тие сите биле речиси членови на комунистичката партија. Заклучокот до кој дошле бил: „Редок случај на самовнушение“. И отишле да направат проверка. Ја замолие бабата да им ја каже тајната, за да им послужи да го излекуваат и момчето кое лежело во другата соба кое било пред умирање. Тоа немало да живее повеќе од неколку часа. Тоа имало две и пол години, а родителите биле фанатични комунисти кои секако не му зборувале за Бога. По многу молби, старицата се согласила да го даде својот крст и изјавила дека ќе биде со детенцето и ќе се моли за него. Откако му дале некакво лекарство за смирување, тоа било во длабок сон. Старицата коленичела и покрај неговата постела и топло се молела на Бога. Но, овој пат пред сестрите и лекарите, кои стоеле и молчеле, како што ги замолила. Резулатот на нејзината молитва бил, потполно оздравување на детето! Колку и да се труделе ова чудо да го задржат во тајност, гласот брзо се ширел. Една ноќ, два црни автомобили застанале во една населба на Москва каде што живеела старицата. Двајцата мажи влегле во нејзиниот дом и по малку време излегле заедно со неа. Не поминало долго време, во еден стан во престолнината старицата на колена се молела покрај креветот на еден постар човек. „Не плашете се чедо“. Откако го рекла тоа, старицата продолжила да се моли и кога ја завршила молитвата, станала на нозе и ги изговорила зборовите: „Да Воскресне Бог и да бидат уништени неговите непријатели од лицето на земјата“. Овој што бил излекуван на овој чудесен начин бил член на комунистичата партија на СССР и член на Врховниот совет. Тој не е единствен меѓу оние што ја држат својата висока функција во партијата, но сепак со сето свое срце веруваат во Господа Христа. Неиспитливи се патиштата на Господа! За овој текст му благодарам најпрво на Бога, а потоа и на Отец Мирко, парохиски свештеник од Тетово. Извор
Долго се двоумев дали да го напишам ова, но се одлучив. Не за себе, туку за слава на Бог, за другите. За сите кои ја имаат мојата болест. Знам дека мојата вера е малечка, знам дека ништо не сум направила добро за да вкусам и мал дел од Божјата милост, но слава на Бог, Тој е оној што прави се. За некој овие редови не би значеле нешто, но за мене тоа е и премногу. Не знам дали сум напишала низ темите, но имам наследна мигрена. Оној кој ја има знае што е таа. Но ете кај мене (бидејќи ја имам од 5 години) е со малку подолг временски период, а тоа значи и со посилен интензитет. Нападите најчесто траат 48 часа, вртоглавица, главоболка и тоа само едната половина од главата, замаглување на видот, а од преголеми болки се појавуваат и нагони на повраќање. Бидејќи се тоа е вештачки, на крај сум завршувала со испукани капилари на лицето, во очите. Лек за неа нема, само мало заблажување на болката, која и понатаму трае до 48 часа. По толку долг период, денес се случува нешто сосем друго. Бог го пронајде и мојот лек . Пред извесен период со сопругот бевме на поклонение во еден манастир каде има мошти на Св. Козма и Св. Дамјан. Монахињата ни даде дел од памукот каде се моштите. Првиот пат кога го ставив на себе, не можев да поверувам. Главоболката ми помина веднаш. За време на нападите не сум можела да затворам очи, а за спиење не идеше во предвид. Така сум седела во ноќта, без сон, со преголема болка, без сон скоро два денови. Дури и лековите не ми помагаа. Денес, слава на Бог, тоа не е повеќе така. Си го ставам памукчето, затворам очи и веднаш заспивам. Се’ се случува само 5-10 минути, заспивам, а кога отворам очи веќе поминало се. Онаа болка која беше и секогаш ми се појавува, да помине само за 5 минути?! Не ми веруваат ниту лекарите. А Бог е секогаш тука кој помага, а бара само една мала молитва, само малку љубов. Иако знам дека не сум достојна за оваа Божја милост, за ова застапништво на Св. Козма и Дамјан, сепак од срце Им благодарам што погледнале и на мене грешната . Само ќе ви кажам, молете се. Порано или подоцна, кога ќе е најповолниот миг за нашето избавување од болеста, за нашето спасение на душата, Бог ќе помогне .
Пред неколку години со големиот син излеговме да се повозиме со велосипедите. Се возевме како и вообичаено и што ни текна ќе одиме кај една тетка на гости која живее на крајот од градот. Инаку секогаш одиме со автомобил. И така се возиме по булеварот, стигнавме кажи речи до крај и треба да го преминеме. Го оставам мојот велосипед, го земам велосипедот на синко и двајцата ја минуваме улицата, го оставам синко со неговиот велосипед и се враќам по мојот. Во меѓувреме на страната на која стои мојот велосипед, на едно пет метри се паркира такси возило и возачот излезе и си се потпре на возилото . Јас ја преминувам улицата и слушам квичење на гуми се завртувам да видам од каде доаѓа тој звук и гледам како едно возило губи контрола се движи лево десно по улицата, возачот на такси возилотот некако скокна, незнам дали го удри, (рече дека не му треба помош), се беше како на филм. Му благодарам на Господ, кој во тој момент ми испрати Ангел-чувар и од тој 2-3 км. пат точно во тој момент ме пренасочи на другата страна од улицата.