Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82
    Бог е еден единствен.....секој ден е случуваат чуда ,,само ние не ги гледаме....јас верувам и ке верувам во Бог од дното на мојата душа и срце
     
  2. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    51
    Секако дека верувам, вербата во Бог ми дава сила да го живеам животот :)
     
  3. Lina92

    Lina92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    209
    Допаѓања:
    30
    да верувам бидејки како бог никој не е
     
  4. Philippa

    Philippa Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2013
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    68
    Пол:
    Женски
    За бескрајната Божја љубов и милосрдие кон човекот

    Свети Амфилохије, епископ Иконијски, пријател на светиот Василије Велики и светиот Григориј Богослов, високо образован, голем подвижник, го раскажува следниов потресен настан:
    Бил еден човек кој го завладеал страстен блуд. Тој многу често паѓал во тој грев, но исто толку често и прибегнувал кон Бога со покајнички солзи и молитви. По покајувањето, победуван од навиката, тој повторно грешел . Но повторно, по падот, одел в црква, паѓал на колена пред иконата на Господ Исус Христос, плачел и викал: „Господе, смилувај се на мене, оттргни го од мене страшното искушение! Заробен во душештетни уживања, јас сум целиот во ужасни рани!“
    Долго време тој правел така: не престанувал да греши, ниту престанувал да се кае. Еднаш тој дал завет пред иконата на Спасителот: „Господи, еве од овој час Тебе те повикувам за сведок дека повеќе никогаш нема да направам грев. Само, Те молам, опрости ми ги гревовите кои ги направив од почетокот па се досега.“
    Но, иако даде таков завет тој повторно паднал во грев. И тогаш, според веќе стекнатата навика, тој пошол в црква и се фрлил со лицето кон земјата и плачејќи, ридајќи, преколнувајќи го милостивиот Господ да се сожали на него и да му пружи рака за помош, зашто нема снага да се оттргне од гадното сладострастие.
    Додека тој се молел и плачел, ѓаволот, гледајќи дека никако не успева да го победи, зашто сите негови гревовни замки овој покајаник ги трга и уништува со својата цврста надеж во милоста на Господ, му се појавил во видлив облик, влегувајќи в црква во облик на човек, и стоејќи покрај вратата, сатаната се обратил на иконата на Господ, Спасителот наш, и гласно извикал: „ Што е тоа измеѓу Тебе и мене, Исусе Назарееце? Твоето сожалување е непоимливо и неумесно! Зошто Ти го примаш тој блудник, извалкан и осквернавет од глава до пети?! Тој секој ден Те занемарува, Ти се потсмева, ја презира Твојата власт, ја нарушува клетвата на која Ти се заколна... Зошто не го претвориш во пепел? Што уште чекаш и му попушташ?... Зошто тогаш те нарекуваат Праведен Судија? Но! Ти своеволно гледаш на определени луѓе! Нема правда на Твојот суд!...“
    Така зборувал ѓаволот и од устата од јарост му излегувал пламен. А кога замолчил, од жртвеникот дошол глас, сличен на оддалечена грмотевица. Тој глас зборувал вака: „Змијо лукава и погубна! Ти не си ја заситила твојата злоба со тоа што го проголта целиот свет, па сакаш и оној кој се обратил на Мојата милост да го зграбиш и проголташ. Или пак, во него има толку гревови па си ги изедначил со Крвта Моја, пролеана за него на Крстот! За блудници, за безаконици, за грешници Јас бев распнат и Своите пречисти раце ги раширив за нив, за секој од нив кој сака да се спаси, да прибегне и да се спаси. Од никого Јас не се одвраќам и никому не му ја кратам Мојата добрина, макар и некој и да доаѓа илјада пати на ден кај Мене и да замине, и повторно да дојде.
    Кога овој глас грмеше, ѓаволот како скаменет стоеше, не можејќи ни да побегне ни да се сокрие. А покајаникот, како што прострен со солзи лежеше пред иконата така е и најден упокоен.
     
    На hermosa, sweetgirl92, Orthophill и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Доживеав тешка сообраќајна несреќа на 30 мај 2007 година на третиот ден на празникот Духовден.
    Цел месец бев во кома, поради тешките повреди на главата, черепот ми беше пукнат на три делови, имав двапати изллив на крв во мозокот и еднаш на плуќата, ми беше оштетен центарот за говор (не можев воопшто да зборувам), а поради повредна на нервите на очите, бев потполно слеп и парализиран. Во внатрешноста на главата мозокот ми беше одвоен од черепот, а многу мозочни келии ми беа згмечени - бев практично клинички мртов. Лекарите не ми даваа ни 1 % шанса за да останам жив.

    Неколку денови пред таа несреќа, чувствував некоја мака, како да претчувствував дека нешто лошо ќе се случи. На третиот ден на Духовден, патував со другарите и седев на задното седиште, па во моментот на ударот излетав од колата низ прозорецот. Од силниот удар, во водухот излетав околу 30-40 метри и со главата удрив во една оштра карпа. Во тој момент видов човек, а тоа беше Св. Василиј Острошки и слушнав глас кој рече: „ Верувај!’’
    Во болницата за време на операцијата, го слушнав гласот на двајцата лекари кои ме оперираа:
    „ Од овој нема ништо. Се плашам дека целиот наш труд е залуден, бидејќи мозокот и главата не можат да се заменат. ’’
    А јас штом го слушнав тоа, во сон само изговорив со вера:
    „ Постои и резервен мозок, постои и друга глава.’’

    Во болницата лежев четири месеци. Лекарите тврдеа дека ќе останам и слеп и нем, парализиран и пореметен. А излегов од болницата жив и здрав, а сите се крстеа и говореа:
    „ Чудо Божјо!’’

    Од сите тие повреди денес немам и не чувствувам никакви последици.
    Тоа беше Божја опомена, Божји дар и Божја одлука.


    Владимир Шешлија од Билече, Црна Гора
    22 години
     
    На душленце, afrodita94, tessie и 9 други им се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    И пчелите ги почитуваат иконите

    Во регионот Капндрити во близина на Атина, побожниот пчелар Исидорос Тиминис во една од своите кошнички со пчели поставил икона од Распетието Господово.

    [​IMG]

    Набрзо после тоа кога ја отворил кошничката бил вчудоневиден. Пчелите покажале голема почит према иконата, тие ја извезле со восок целата икона освен делот каде е прикажано лицето и телото Господово.

    Отогаш тој секоја пролет во кошничката ги става иконите на Спасителот, Богородица, и Светителите, а резултатот е секогаш ист.

    [​IMG]

    - Еднаш донесов икона на која е насликана голготата со трите крста. Пчелите ја имаа извезено со восок целата површина на иконата, оставајќи јасно да се види крстот на кој е распнат Христос и разбојникот кој што се покајал, насликан од десната страна, додека разбојникот од левата страна беше прекриен со дебел слој на восок, вели Исидорос.

    [​IMG]

    - Последен пат ја оставив иконата на Свети Стефан првомаченик. И како што гледате цела икона је покриена со восок освен лицето и телото на светителот.
     
    На душленце, tessie, kva и 9 други им се допаѓа ова.
  7. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    Ова е неверојатно, а сепак толку реално :) !
    Хм, па кој ги создал пчелите?
    Очигледно за разлика од нас животните полесно го “препознаваат“ својот создател и ги почитуваат неговите “избраници“ :inlove: .


    Сакав да ви укажам и на уште едно чудо поврзано со православното христијанство.
    За жал немам податоци во електронска форма.
    Во најновиот број на Премин, има еден текст со фотографија од црква посветена на Св.Теодора од Васта, која се наоѓа во јужниот дел кај нашиот јужен сосед.

    Црквичката датира од 12 век.На нејзиниот покрив растат 17 огромни дрвја.
    Повеќето од нив високи и преку 30 м , а пречник на некои од нив изнесувал повеќе од 1м.
    И покрај тоа што покривот на оваа мала црквичка бил тенок без некој потпора, сепак со векови стоел како некое чудо да го држи.

    Многу истаржувачи, научници и стручни лица од останувале неми и без можност за објаснување за оваа појава, бидејќи корените не ги разориле ѕидовите на црквичката, што досега требало да се случи одамана. Немало ниту една пукнатина на ѕидовите и ниту едно најмало коренче не излегувало од ѕидовите.

    Оваа црквичка се наоѓала во Гинисовата книга на светски рекорди како некое светско чудо.
    Со текстот се приложени и фотографии, па може да се види чудото.Некој геолог уште во 1987 година рекол : Не постои геолошко објаснување. Тоа е едно континуирани чудо.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    А дали само пчелите во Капндрити ги почитуваат иконите или сите пчели?
    И ако сите пчели ги почитуваат иконите, тогаш зошто ова чудо не може, на пример, да се изведе кај нас, со проверени икони? Па и онака не бара некоја специјална опрема. И кај нас има пчелари, а има и икони.

    Од каде да знаеме дека пчеларот не направил некоја далавера, дека не ставил или не намачкал нешто врз ликовите од иконите или некоја друга финта?


    Еве слики од таа црквичка:

    [​IMG]

    [​IMG]

    Значи како што може да се види од сликите, дрвата не растат од покривот, туку си растат од земјата, а врвовите се пробиле низ покривот (или пак некој им направил отвори, тоа не можеме да знаеме). Корените на дрвата се под земјата и затоа тие не се никаква опасност за покривот на црквата.

    Ете за ова зборев на темата „Денес е христијански празник“ и за тоа како житијата многу лесно добиваат митски елементи со цел да се направат поинтересни, попомпезни, поатрактивни, почудни. Ете гледате како тоа се случува и денес, во 21век преку примерот погоре.
     
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Машки
    Ете уште едно чудо Господово и на светата Теодора Аркадиска, од чија црква денеска постави слика Евангелос. Денес е нејзиниот празник по грегоријанскиот календар.
    Фала ти Евангелос што нѐ потсети на оваа светителка!
     
    На Witchman и kva им се допаѓа ова.
  10. kva

    kva Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јули 2013
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    345
    :) Нема случајности во православието.


    +++
    Благодрност за “просветлувањето“ дека дрвјата не растат на покрив туку од земја излегуваат :D .
    Навистина не знаев дека дрвјата растат од земја :?: .
    Ама ако човек сака ќе се фати буквално за еден збор и од тоа ќе направи цела приказна.

    А и оние геолозите, и тие пак си ставале цел свој легитимитет како стручни лица да кажат дека ова е чудо, неуки луѓе, што да се прави.
    А оние пак од Гинисови чуда, само сензации сакаат да си прават.
    Бог да чува секакви луѓе има по светов :!: .
     
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    http://en.wikipedia.org/wiki/Vastas#The_mystery_of_the_trees

    Мистеријата со цврстината на црквчието е разоткриена.

    ...It was proved that the roots follow the gaps existing inside the side stonewall creating repulsion stresses between the stones and thus they reach the ground. This leads to the creation of a net of roots that reinforces the building from a static point of view opposing the roof load but also destroying the stonewalls. It was also proved that the south wall is almost intact while there seems to be a particular void in the north wall.

    Оваа појава е позната и цели земјишта и карпи се заштитени од разорување токму заради присуство на корења кои ги држат земјиштата и карпите цврсти.
    Инаку проверив на http://www.guinnessworldrecords.com Нема ништо за оваа црква. Ги пребарував зборовите: Theodora, St. Theodora, Saint Theodora, Vastas, 17 trees.. нема ништо. Можеби имало, па откако се разотркила мистеријата, ја тргнале.
    Извини ако ти рушам филм за чудово. Немој да ме гледаш како непријател. Поентата е да трагаме по вистината.
     
    На TIGRICA123 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.921
    Допаѓања:
    4.688
    Пол:
    Машки
    Значи да се разбериме дрвјата растат од покривот на црквата. А внатрешноста на црквата е ваква, ни трага од корење или стебла.
    [​IMG]

    Исто и овој линк е добар да се разгледа.

    http://www.johnsanidopoulos.com/2012/09 ... about.html
     
    На Witchman и Serafima им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    По се изгледа не го прочита претходниот коментар, за линкот што го постирав од Википедија каде што е разоткриена мистеријата на ова „чудо'“.

    http://en.wikipedia.org/wiki/Vastas#The_mystery_of_the_trees

    Мистеријата со цврстината на црквчието е разоткриена.

    ...It was proved that the roots follow the gaps existing inside the side stonewall creating repulsion stresses between the stones and thus they reach the ground. This leads to the creation of a net of roots that reinforces the building from a static point of view opposing the roof load but also destroying the stonewalls. It was also proved that the south wall is almost intact while there seems to be a particular void in the north wall.

    Не знам како стоиш со англискиот, но овде во кратки црти се вели дека корењата на дрвата се долж ѕидовите на црквичето и ги исполнуваат пукнатините на ѕидовите и притоа дејствуваат како амортизери на стресот меѓу камењата и токму затоа ѕидовите се цврсти и не се рушат. Ова исто така води до создавање на мрежа од корени кои ги држат цврсти ѕидовите.
    Не знам дали сте пробале некогаш со лопата или копач да откорнете некое дрво со длабоки корени. Земјата е многу тешко да се откопа бидејќи корењата ја држат. Исто така сум видел и многу дрва чии корења ја држат земјата од одронување.
     
  14. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    ^ Мене само ми е чудно едно (вака логички разгледано како што е опишано разоткривањето на мистеријата).
    Како може тие коренчиња (подобро кажано корења) да си одат само на едно место, по ѕидовите?
    Па тоа таванчето, обично и разурнато, како издржува тони на тежина од тие дрвја, кога (ако не сте знаеле) од под црквичката извира вода? НЗачи таа едноставно лебди над водата!
    Додека пак едно дрво да никне на еден обичен покрив ( во град, село...), цела куќа се урива од таа тежина?!

    Работата е што верата и Божјите чуда не се толкуваат со разум и логика.
    Кога срцето е закоравено, здрвено и не сака да види, џабе би било за „некој’’ и Бог да слезе и да го види со телесните очи. Тоа би го поистоветувале со еден вид на неверие кон она што Господ Исус Христос го кажал, но и го творел :!: додека бил на земјата.
    Како што вели и Св. Серафим Роуз, ако денес Бог се појави, Него „најмодерно’’ ќе го распнат, со тоа што ќе го затворат во некоја психијатриска болница. Е пак како може Тој така да лекува болни, да прави чуда невозможни за човечкиот разум?!
     
    На tessie и Orthophill им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Да, така велат и муслиманите за нивните чуда, за сите оние појавувања на Алаховото име на арапски (на јајца, на небото), за она дрвото што се клања завртено кон Мека:

    [​IMG]

    Името Алах оформено во патлиџан:

    [​IMG]

    А еве ја и Џамијата што единствено не била срушена во Цунамито во Индонезија:

    [​IMG]

    Интересно „чудо“ зарем не? Слично на ова со црквичето. Црквичето ветрови и корења не го рушат, а оваа џамија Цунамито не ја срушило додека се друго околу неа се срушило.

    И кога јас на муслиманите им ги објаснувам мистериите зад овие „чуда“, тие слично на тебе ми велат дека јас не треба на нив да гледам со разум и логика, дека премногу рационализирам. Ти што би им рекла? Или ќе ги прифатиш за чуда?
     
  16. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Секој има право на свое мислење. За некого нешто е чудо за некого не. И ако некој сака некого да убеди дека постојат божји чуда, тешко оди. Јас на мјата ќеркичка и објаснував една вечер за божјите чуда и утрото се случи во нашиод дом една интересна чудна појава на која не можевме да и се изнагледаме и изнарадуваме. Траеже околу половина час. Ете и реков, тоа што те подучував, мислам дека беше благословено и доживеавме чудо. За мене не е прво. Потоа и реков да не кажува на другарчињата затоа што ќе доживее исмејување. Секој треба да си верува по сопствена определба, а не поради тоа што ќе има доказ за чудо и да си очекува чуда. Дете како дете, кажала на две другарки и дојде дома плачејќи, бидејќи не и поверувале, односно тоа го протумачиле во разговор со нивните родители едни како некоја природна појава, а другите како лага. Ми рече дека точно сум и објаснила жто ќе се случи. Ми е тешко што нема во училиште уште од најмала возраст верско образование секако со дозвола на родителот, па така се е оставено кој како ќе му дојде да се едуцира и да лута во разни насоки, а тоа е цела наука и повеќе од тоа. Ова Е МОЕ МИСЛЕЊЕ и го поќитувам секое туѓо, без разлика дали се согласувам или не. поздрав
     
    На eticka му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.274
    Ќе ти ги одговорам прашањата и нема да ги заобиколам ( да не си помислиш така) :) .

    Само прво би те замолила ти да ми наведеш нешто од твоја страна, од она во што ти веруваш?
    Во минатата тема каде дискутиравме, моето прашање беше оф топик, но сега си е на место и мислам дека заслужувам одговор ;) .
    Бидејќи го следиш она што било во првите векови и тоа е нели најверодостојно ( а ние бидејќи грешиме православните и сме опрелестени), па навистина би сакала да прочитам некој пример за некој човек кој со молитвата кон Бог направил нешто што во минатото правиле и самите апостоли (исцеление на болни, воскресение на мртви...)? Нешто што некој протестант направил и е навистина за пример, за зајакнување на верата кај другите?!

    ***

    Религијата не создрава раздор мила (барем не православната) :) . Раздор создрава човечкиот интелект, човечката гордост. Кога одредена особа го наметнува своето мислење на другите, како таа да знае се’ и како тоа нејзино мислење е најдобро од другите. И не само во религијата, тоа се гледа на секој чекор. Ние се најдовме овде да дискутираме, но исто ќе биде и во друга тема, ако би дискутирале. Се ќе биде добро до оној миг кога одредена личност ќе каже дека нејзиното мислење е само во право, а на другите не. Секако и другите ќе си го бранат ставот и ќе се заштитуваат :) .
     
    На eloves, Makide, vinozito1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Со задоволство ќе ти наведам некои примери затоа што знам дека Бог се прославува кога ги раскажуваме делата кои Тој ги прави во нашите животи. Сепак мора силно да нагласам дека сите голему дела (чуда) што Бог ги прави ги прави за Тој да се прослави, за ширење на Неговото Царство и дека самото чудо не зависи од светоста или побожноста на христијанинот. Впрочем и кога апостолите Петар и Јован излекувале еден инвалид кој просел пред храмот во Ерусалим, Петар рекол:

    „А кога Петар го виде тоа, му проговори на народот: „Мажи Израелци, зошто се чудите на ова или зошто гледате на нас, како ние со своја сила или побожност направивме овој да оди?“ (Дела 3:12, Библијата)

    Дома имам неколку книги каде можеш да најдеш стотици сведоштва на мисионери кои биле сведоци на фасцинантни чуда при нивните мисии. Еве ти една таква книга и онлајн: http://www.temkit.com/11-Character/Character/Mission-Miracles2A.pdf

    Но сега не сакам да ти зборуваш за некои чуда што Бог ги извршил таму, тогаш и некаде, чуда кои биле знак за тамошните, а ти не можеш лесно и брзо да ја провериш нивната веродостојност. Затоа ќе ти пишувам за лични примери, за чуда што Бог ги извршил тука во Скопје, меѓу мои пријатели и познаници, пријатели кои можеш и лично да ги запознаеш.

    Прво, најдобро е да почнам со личен пример. Не дека сум најбитен јас, туку дека личното сведоштво е најискрено, најдетално, најживо.
    Во 2007 бев дијагностициран од рак, во трет стадиум. После многу молитви (од повеќе Христијански протестантски цркви во Македонија), 2 операции и 8 циклуси на хемотерапија бев исчистен од ракот во 2009 година. Не го искушував Бог со тоа што нема да одам на лекар и само со молитва ќе го лечам ракот. Тоа не е христијански, бидејќи и евангелистот Лука бил лекар по професија. Сепак имам силно убедување дека ракот го добив како дисциплинска мерка од Бог заради еден грев во кој живеев и затоа имав силно уверување дека ракот не е смртоносен. Непрестајно сум Му благодарен на Бог што ме дисциплинираше, како грижлив Татко кој го љуби Своето дете. На Онкологија запознав повеќе, како што јас си ги викам, „хемо-пријатели“ (пациенти кои лежеа со мене и имаа слични дијагнози). Петмина од нив починаа, освен еден дечко од Битола.
    Тука сакам да споделам една посебна случка од моето патешествие со Бог во тој период. Како што можеби знаете, од цитостатиците се блокира работата на коскената срцевина, не се произведуваат крвни зрнца и крвните вредности паѓаат (на сличен начин паѓа и косата). При моите терапии јас примив десетици неупогени (инекции за качување на леукоцитите), неброени тромбоцитни маси (благодарност до сите крводарители) и неколку пати примав (полна) крв.
    Имаше еден случај (при последните терапии) кога крвта никако не сакаше да ми се качи. Примав неупоген 8-9 дена по ред, а леукоцитите не сакаа да се качат над единица (нормално се над 4 или 4.5 според тамошната скала). Исто така и тромбоцитите и еритроцитите ми беа паднати и примав крв.
    Во црква имавме причест (Господова спомен вечера). Докторката што ме водеше ми забрани да шетам, затоа што тоа беше ризично со толку слаба крв. Но тогаш кај мене се јави мислата: Христос заповеда да го правиме ова за Негов спомен и Тој ќе се погрижи за моето здравје, нема да ми се случи ништо лошо и тоа ќе биде за сведоштво на многумина. И решив да одам. Малку потешко стоев на нозе, но со страст каснав од лебот и од гроздовиот плод (кои го симболизираат Христовото тело и крв) со силна надеж и скромна вера дека Христос ќе ја благослови оваа мала послушност и ќе ми ја покачи крвта. Следниот ден (понеделник) отидов на Онкологија, ја тестирав крвта и сите крвни вредности беа рипнати нагоре. Неопислива радост, што друго да ви кажам.

    Понатаму, познавам еден брачен пар кои десетина години не можеа да имаат деца. Упорно му се молеа на Бог и Тој им даде не едно, туку три деца. Една друга поблиска сестра, исто така не можеа со мажот и да имаат деца околу 4 години, но беа упорни во молитвите, и сега имаат две деца.

    Понатаму имам еден познаник, кој неколку години беше зависен од хероин, наркотични апчиња, марихуана, шмркање дрога и сл. Можеби некој и ќе го препознае, тој во тоа време беше познат човек што тетовираше. А денес е познат по својата активност во Марита Македонија, со која што одат по основните училишта и како бивши наркомани им држат предавања на децата зошто не треба да посегнуваат по дрога. Во прилог ќе ви наведам дел од неговото интервју во весникот Вечер, кое можете во целост да го прочитате на овој линк: http://star.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=10056

    Која е причината поради која престана да употребуваш дрога и како успеа, во тоа? Што беше пресудно во тој чекор, во кој не успеваат многу од зависниците?

    „ Многупати пробав да посетувам разни установи, психијатри, институции за да ја надминам физичката криза. Но пак се враќав на употреба на дрога. Психичката зависност успеав да ја надминам со вербата во Исус Христос. Некаде 1998 година кога бев целосно уништен, кога бев коска и кожа, кога бев тотално на метадони, и други видови се запознав со еден другар, кој ми кажа дека насекаде во светот постојат групи на зависници кои се излечиле со верба во Исус. До тогаш не бев верник. Бев атеист, но си реков, ај да го пробам и тоа. Почнав да ја читам Библијата, почнав да се молам. Нешто се случи, некоја внатрешна промена доживеав. Барав помош од Господ и се случија промена кај мене. Повеќе немам желба за дрога. Ја оставив од тој период дрогата и психичката зависност е одземена од мене. Мојот ден сега не почнува со будење на сабајле и ветување дека нема да земам дрога, туку вербата во Исус ме одржува. Имам нова шанса за живот. Решенијата за моите проблеми не ги барам во дрогата. Се соочувам со проблемите и одговор на животните прашања наоѓам во Библијата. Се сеќавам на сите кризи, но факт е дека тие повеќе немаат сила врз мене. Не ги ракуваат моите одлуки. Дадена ми е шанса за нов живот. “
    (Алпин Поп-Николов, бивш зависник од дрога)

    Познавам уште неколку вакви примери како Алпин, кои со години беа зависни од хероин, а се излекувале со вербата во Исус. Некои од нив му го предадоа понатамошниот живот на Христос како полновремени христијански мисионери.

    Исто така едно од најголемите современи чуда за мене е обраќањето на Јужна Кореја кон Христос. По војната со северна Кореја, во Јужна Кореја имаше само неколку стотина христијани. Но по доаѓањето на протестантските мисионери кои со цело срце им го проповедаа Христос на бившите комунисти, сега околу една третина од Јужна Кореја се христијани. Едни мои блиски пријатели во 2007 беа на една христијанска конференција во Јужна Кореја (јас бев спречен заради болеста) и ми кажаа дека тие христијани таму се ептен ревносни, посветени и со големо срце за Бог. Ви се верува ли дека повеќето од нив почнуваат со работа од 6 часот наутро, а одат на утринска молитва во црквите во 4:30 часот! Уште пред Сонцето да изгрее, протестантите во Јужна Кореја си ги полнат „духовните батерии“ во црквите и потоа спокојно си одат на работа. Пријателиве ми кажаа дека христијански цркви има таму речиси на секоја улица, а на поголемите улици има и по 2-3. И тука не мислам на празни храмови полни со некакви ритуални предмети, туку тоа се живи цркви, полни со луѓе што се молат, што го слават Господ со песни, цркви каде што редовно се проповеда од Божјото Слово. Итн.
    Покајанието и преродувањето на грешникот е најголемото Божјо чудо! Еве едно линкче за ова чудо во Јужна Кореја: http://www.csmonitor.com/2007/0307/p14s01-lire.html
     
    На afrodita94, elisabeta и Gordana10 им се допаѓа ова.
  19. DigY

    DigY Популарен член

    Се зачлени на:
    4 мај 2011
    Пораки:
    3.479
    Допаѓања:
    6.483
    Не дека нешто сакам да се мешам,или да одам оф топик, ама тоа што ЕвАнгелос го пиша личниот пример е навистина точно, бидејќи баш тој период јас и тој се запознавме лично. :) Стварно беше чудо како лесно се носеше и беше најголем оптимист меѓу толку луѓе здрави , тој беше пожив и поздрав од сите нив. Поздрав другарче ;)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Azriel1

    Azriel1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2012
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    406
    Офтопик. Како религијата не создавала раздор кога не се трпат христијани со христијани прво? Што останува за другите религии. Мене не ми е намерата да наметнувам нешто или да се правам нешто попаметна од другите на форум.... јас само искажувам свое мислење како што вие искажувате ваше.

    Онтопик, јас не верувам, особено не во чуда од типот на овие што се постираат на темата. Можеби и јас како помала (до пред некое време) верував во некоја мера во натприродни работи, ама сега воопшто. И имам доволно причини за тоа.