Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. Silver.E

    Silver.E Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2013
    Пораки:
    2.226
    Допаѓања:
    5.276
    1. На сликите многу не им верувам. Денес со Фотошоп, компјутерите, не знам колку се вистините.

    2. Јас лично верувам и самата сум видела Божји чуда. Сум видела, затоа и верувам.

    3. Не сакам и не можам да убедувам некој дека постојат Божји чуда. Сфатете дека тој/таа не видел такво нешто, затоа и не верува.
    Можеби утре во животот ќе види, па ќе се увери. А, можеби и не.

    А, Божјите чуда се јавуваат и пред неверници (за да се уверат), но најчесто пред верници, кои веруваат и се молат во Бога. И Бог ќе им помогни, ќе направи чудо за нив.
     
    На shushu, elisabeta, Perina и 4 други им се допаѓа ова.
  2. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Божји храм во Македонија со икона која прави чуда

    Местото во кое ќе го најдете својот спокој, ќе ги слушнете сопствените молитви. Манистирот Богородица Чудотворна е божјиот храм во земјава, велат посетителите.


    На патот од Кичево кон Демир Хисар, токму овде ќе ви запре здивот за миг. Многубројни се случаите во кои луѓе нашле решение за своите здравствени проблеми откако престојувале во некој од манастирите посветени на Мајката Божја. Таквите приказни се речиси секојдневни во овој манастир.

    Курир разговараше со свештените лица кои ни раскажаа неколку стории кои ја потврдуваат божјата сила која ја донесува овој манастир.

    Токму тука доаѓаат луѓе од целиот свет. Сите имаат различен проблем. Најчесто, овде преноќуваат парови кои неможат да добијат дете. Но голем е бројот и на оние кои доаѓаат да се помолат за здравје, болни и изнемоштени.

    Молитвата се кажува тивко во себе, а се создава чувство дека некој те слуша.

    Во овој манастир е иконата позната како “икона која прави чуда“. Овој назив го добила од лицата кои токму таму пронашле мир и решение за својот проблем.

    Од прекрасниот манастир излегуваат насмеани лица на оние кои дошле со спуштени глави.

    Во моментов се работи на нови конаци и доразубавување на ова свето место.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  3. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Беровскиот Манастир Свети Архангел Михаил



    ________________________________________




    Кој не верува во чуда, не верува во Творецот. А чудата се секаде околу нас, тие се нашето секојдневие, само што нашата душа е честопати заслепена и не може да ги восприеми. Чудо е секое изгрејсонце, чудо е самото наше постоење. Чудо кое говори за Творецот и неговата сеприсутност е и волшебната природа на Беровскиот регион, каде Тој ја положил својата дланка.
    Во самото срце на таа чудесна Македонија, во самата срж на таа раскошна природна убавина се наоѓа женскиот манастир Свети Архангел Михаил. Изграден во средето на древното Берово, сместен помеѓу убавината на природата и зелената шума, со својата автентичност говори за двовековната жива традиција на богоцентрично организираниот живот на монахињите, кои живееле и живеат во денешницата. Чудо е и самата изградба на црквата која е непобедлив сведок за истрајноста и вербата на беровчани како народ. Легендата вели дека Старата Црква е изградена под исклучително тешки услови, побарани од тогашниот валија–Црквата да биде изградена за само 40 дена, под земја, така што кога ќе се поминува од главниот пат да не се забележува. Чудото за изградбата на манастирот се обистинило и Старата црква осамнала на утрото од четриесеттиот ден, под земја, за и ден денес, речиси по двесте години, да дише со истиот здив на бескрајната и непоколеблива верба и истрајна молитвата со која е изградена. Речиси двесте години во манастирот непрестајно живее молитвата на сестрите.
    Овие духовни светилки облечени во темнина, најрадосно ја шират молитвата и верата во Бога, грижејќи се за манастирскиот комплекс и за секој добронамерник кој го пречекорил неговиот праг. Како камчињата во мозаиците кои ги изработуваат од дамнина, со секоја нивна насмевка и добар збор во душата на посетителот се офромува слика, се создава икона од емоции, која зрачи со радоста родена од вербата во Бога, творецот наш. Смирението кое манастирскиот комплекс го нуди е она кое ни е неопходно за да се справиме со секојдневните грижи, да си ја исплакнеме душата и да ја престориме во огледало во кое ќе се отсликува сиот мир и сета Божествена убавина на овој Свет.


    Токму за да може секој добронамерник кој го пречекорува манастирскиот праг, со што влегува во Божјите одаи на земјава, да си го најде своето смирение, денес во манастирската црква, но и во новоизградениот параклис, посветен на Свети Григориј Палама и Старец Јосиф Исихастот секојдневно има Богослужби- Литургија, вечерна и повечерие.



    За жал, Параклисот кој е изграден оваа есен, сеуште не е фрескописан. Така, една од земните Божји одаи стои неукрасена. Утеха за сестрите а и за секој посетител е молитвата која како да зрачи од празниот малтер. Но, кога таа молитва би сјаела од погледот на светците нарисани од раката на некое уметнички продуховено Божјо чедо, со смирението кое уметноста на фрескописанието го нуди би се продлабочило лековитото дејство на самата молитва. Поради студот кој знае да го зафати Беровскиот регион, богослужбите во тек на зимата ќе мора да се одржуваат во овој, сеуште не фрескописан Параклис. Затоа сестрите се надеваат и секојдневно се молат, со помош и поддршка на верниот народ, во најскоро време да успеат да го фрескописаат параклисот. Така народот ќе има место каде и во време на најголеми студови ќе си ја топли душата, уживајќи во чудата на животот кои Творецот ни ги нуди безрезервно и секој ден.


    Со љубов во Христа
    Сестринството на Беровскиот Манастир Свети Архангел Михаил


    20-ти октомври, лето Господово 2013

    https://plus.google.com/photos/10634369 ... n6al_ujxKw
     
  4. katerina222

    katerina222 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Кратко и јасно - Не.
     
  5. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    91.838
    Пол:
    Женски
    ДА ! Се случуваат и мислам дека можат да ги осетат само оние кои веруваат во тоа :)
     
  6. Decapitated.Hanna

    Decapitated.Hanna Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    578
    Јас божјо чудо чекам 4 еб*ни години па уште ништо. Никому ништо не сум му згрешила. И? и? и? Кај е бог сега? ..како одамна да не е меѓу нас, ако воопшто постоел некогаш.
     
  7. Cvetetto

    Cvetetto Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    2.834
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Не баш но ако мене ми се случи такво нешто ќе вервам а засека БаБи Ни ДеВеТиНи :D
     
  8. mila34

    mila34 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2013
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    82
    дај боже да осетиш божјо чудо...тоа е пекрасно чуство
     
    На Twinkles и Gordana10 им се допаѓа ова.
  9. anonimna160005

    anonimna160005 Активен член

    Се зачлени на:
    24 август 2013
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    0
    јас верувам во Бога и мислам дека не можеш да натераш некој дааа верува. и секој со своето мислење :)
     
  10. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Па мене едно Божјо чудо ми се случи денес.
    Се што ми се случува добро во животот го сметам за Божје дело-чудо.
    А не се ни надевав, ни на момент не помислив дека може да стане збор за нешто вакво, ама ете колку толку се помрднав од место и можам да продолжам да се надевам, бидејќи до сега потполно имав изгубено верба во животот и живеев како растение од денес за утре, без очекувања од наредниот ден.
     
    На luvena му/ѝ се допаѓа ова.
  11. eticka

    eticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    85
    Треба да разграничиме 2 важни работи: дали сме верници или атеисти. За верникот се е во некој смисол Божјо чудо: и самото постоење на светот и секоја најмала ситница. На пример чудо е да направиш неколку чекори, да одиш, но тоа го наат само неподвижните. Чудо е да добиеш дете после десетина години чекање,за тој што неможе да има деца, а за некој кој ги абортира два пати годишно , не е никакво чудо. Не мора да е чудо да ни се појави самовила со волшебно стапче, има многу шуда а кои не сме навистина свесни, но ако почнеме да размислуваме подлабоко, ќе видиме дека за некого нешто нормално, за друг е чудо. За детето во дом чудо е да има фамилија, а ние не ни го рачунаме тоа за чудо. Ина крај и да се слуши некое несекојдневно чудо , за некои ќе биде БОЖЈО ЧУДО, А ЗА НЕКОИ НАУЧНО ДОКАШАНО ИЛИ ПРИРОДНА ПОЈАВА. СЕ Е ДО НАС...
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Femina777

    Femina777 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    236
    Да секако дека верувам!
     
  13. Jenniffer

    Jenniffer Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2013
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    7.418
    Пол:
    Женски
    Не сум видела и не верувам.
     
  14. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Па да верувам иако не сум бил дел од некое.Инаку мајками ми каза еден пример за бозјо чудо. Една нејзина пријателка немозела да има дете подолго време..пробала разни начини на оплодување како природни па така и вештачки.Но тоа не дало никаков резултат.Една вечер додека спиела на сон и дошол некој светец (не памтам кој беше) и и рекол да отиде и да изеде плод од едно дрво,за кое и пред тоа се сметало дека давало плод на некои вакви зени.На сонот исто така светецот и рекол дека по земанјето на плодот за 9 месеца ќе роди..И така и се случило.

    Ова е мојот нај верен пример за бозјо чудо..бидејќи и верувам на мајками а таа и верува на нејзината пријателка така да случајов е вистинит.А и нема потреба зосто да ве лазам( ова го казувам за тие сто мислат дека ова го измислувам).
    Ако некој има друг слицен пример сакам да го сподели :) (ама некое лично искуство или на некој поблизок не некоја приказна)..Овие чуда мислам дека се сведоштво за постоењето на бог.А со неговото постоење со доказува и задгробниот зивот...

    Поздрав,се најдобро :* :)
     
  15. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ја прашав мајками околу името на светецот но таа ми каза дека дрвото се наоѓало влиску до манастирчето св.Петка ( блиску до селата белештеица и слп ако ги знаете ), а незнае и она кој бил светецот во сонот на нејзината пријателка (секако и беше неугодно сега да и се јавува и да ја прашува за вакви работи :)
     
  16. pikolino

    pikolino Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2012
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    55
    Да вакво чудо се има случено и на мој близок член во фамилијата после 10 неуспешни години и секакви лекарски покушувања на природен начин остана бремена кога ни најмалку не оцекуваше роди здраво девојче по само 6месеци остана повторно бремена со близначиња среката е неизмерна сето ова е божја желба бидејки лугето нема што не пробаа и каде не отидоа
     
  17. Butterfly21

    Butterfly21 Нов член

    Се зачлени на:
    23 декември 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира дали е ист случајов (тоа дека и се појавил светец и така како погоре наведениот случај)или она на подруг начин останала бремена ? :?: :?:
     
  18. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    604
    Верувам! Силно верувам.
    Лично мене и на мојата фамилија ни се имаат случено еден мал милион чуда. :)
    И верувам дека секој од нас има свој ангел, некој не чува, бдее над нас, легнува на перницата со нас.
     
    На LittlePinky му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Makide

    Makide Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2011
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    325
    Во една пештера живеел еден стар монах, со години не излегувал од неа, само храна му носел еден од братството на соседниот манастир.

    Едно утро, наместо тој брат, храната ја донел игуменот на манастирот.
    Сиот тажен, почнал да му се жали на стариот монах, кој секогаш имал одговори на сите прашања:

    - Знаете, оче, манастирот ќе ни се запусти, нема нови монаси, мошти немаме за светот да ни доаѓа.
    Некако и ние сме се отуѓиле, како да сме некој вид што изумира. Во братството едвај и да зборуваат еден со друг, секој секому му пречи.

    Старецот го сослуша и почна да се смее.
    - Вие тажни? Па, зарем е можно на такво место.
    Какво место? - праша игуменот.
    - Па, меѓу вас е и еден свет човек, а вие очајувате и се жалите. Игуменот се замисли додека се симнуваше кон манастирот, размислуваше во себе, кој би можело тоа да биде и секому му наоѓаше мани.

    Се врати во манастирот и им раскажа на браќата што беше чул.

    Но, оттогаш во манастирот се рашири некоја чудна радост.
    Сите беа весели и внимателни еден кон друг.
    Секој на секого се сомневаше, сите внимаваа на другите, ги слушаа и ги уважуваа.

    Тоа и народот го забележа и почна со радост да доаѓа кај нив. И братството се зголеми.
    Игуменот тогаш повторно отиде кај старецот.
    -Оче, ја сфатив поуката, сите ги посматрав внимателно и детално, сите злато вредат, јас не можев да замислам што имаме, додека не почнав внимателно да ги следам.

    Старецот се насмевна и рече:
    - Сите луѓе се добри, само ние сме виновни што прво во секого го бараме она најлошото.
     
    На LittlePinky и Philippa им се допаѓа ова.
  20. Ilovemydog

    Ilovemydog Активен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2014
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    11
    Верувам и тоа секогаш и затоа секогаш успевам во многу работи