Дали верувате во Божји чуда?

Discussion in 'Религија' started by Serafima, Dec 9, 2010.

  1. Sextasy

    Sextasy Истакнат член

    Joined:
    Feb 26, 2011
    Messages:
    28
    Likes Received:
    46
    Го докажа готово.Теорија која не може да се пробие.И верувам на мајка ми а таа на пријателката а пријателката на друга пријателка.Е па вистина е.
     
  2. vitomir

    vitomir Нов член

    Joined:
    Nov 4, 2011
    Messages:
    2,095
    Likes Received:
    3,630
    Верувам и те како само треба голема верба во бога и чудата ке ти се случат,еве јас сум жив пример многу мои сонови станаа реалност,многу работи ми се исполнија и ај сега не верувај.
     
    elisabeta likes this.
  3. poenta

    poenta Форумски идол

    Joined:
    Nov 29, 2013
    Messages:
    5,036
    Likes Received:
    36,228
    Gender:
    Female
    Како е Бог никој не е.За секој од нас чува по некое изненадување.Само треба трпение и време за да се случи.
     
  4. Glutnica.volci

    Glutnica.volci Активен член

    Joined:
    Dec 28, 2012
    Messages:
    3
    Likes Received:
    0
    Да, веруваме.
     
  5. natemila

    natemila Популарен член

    Joined:
    Nov 25, 2009
    Messages:
    2,533
    Likes Received:
    8,444
    Gender:
    Female
    И ако ми одзема многу драги личности јас верувам во него, секогаш си велам тој си знае најдобро и знае зашто ги земал и така ми е полесно. Но како и да е многу верувам. СЕ Е ВО БОЖЈИ РАЦЕ.
     
  6. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Joined:
    Oct 24, 2011
    Messages:
    346
    Likes Received:
    161
    И јас верував, и јас се молев. Никогаш на никого немам наштетено, ниту пак имам излажано, ниту на некого лошо сум посакала... туку напротив, сум помагала на секој што можам, и на лошото со добро сум враќала, запосле да ми биде вратено со уште полошо... Но сепак јас секогаш го извлекувам подебелиот крај. Неправдите секогаш ги доживувам само јас. А што барав јас од Господ? Само мир. Кога може чуда да прави Господ, тогаш зошто дозволува да има неправди врз луѓето? Како може да имаат среќа тие што лажат и крадат и се прават да им наштетат на другите луѓе од љубомора и на крај ќе успеат во тоа, тогаш зошто Господ не направи некое чудо, туку остава да биде уништен без причина невин човечки живот?
     
    bubamara12345 likes this.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Joined:
    Dec 9, 2011
    Messages:
    5,578
    Likes Received:
    55,601
    Gender:
    Female
    Се извинувам што ќе те цитирам , не знам како ќе ме сватиш .. и јас сум страдала, сум се прашувала зошто мене ми се случува тоа, но не е наше да се прашуваме , уште полошо да го обвинуваме Господ, тој знае зошто се случува тоа што му е преодредено на секое живо суштество . Наше е да живееме и да се надеваме на подобро со верба Господова.
     
    cresa-jagoda likes this.
  8. Tina-Melody

    Tina-Melody Активен член

    Joined:
    Apr 17, 2014
    Messages:
    28
    Likes Received:
    13
    -Верувам сум слушнала дека кога една жена починала (бог да ја прости) додека правеле муабет за неа дека била многу добра.... Меселе лепчиња за да раздадат, тој ден во куќата имало само две жени без деца и додека капачето стоело на креветот наеднаш се најдело на масата .. :^)
     
  9. eliesaab

    eliesaab Форумски идол

    Joined:
    Apr 27, 2013
    Messages:
    5,066
    Likes Received:
    17,148
    Gender:
    Female
    Верувам и тоа многу :)
     
  10. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Joined:
    Dec 18, 2013
    Messages:
    5,957
    Likes Received:
    36,245
    Gender:
    Female
    Верувам,премногу верувам. :)
     
  11. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Joined:
    Mar 8, 2013
    Messages:
    1,758
    Likes Received:
    3,685
    Gender:
    Female
    И тоа многу :!:
     
  12. danielka0507

    danielka0507 Популарен член

    Joined:
    Oct 27, 2011
    Messages:
    423
    Likes Received:
    308
    Gender:
    Female
    Од секогаш моите молитви за здравје, среќа, љубов, покрај господ биле насочени и кон Св.Недела и Св Јован Крстител...Секогаш утеха кога ми било најтешко сум наоѓала во црквата св.Јован Крстител во Козле...
    Св.Недела ја чувствувам како заштитничка, уште од многу мала...Сите убави работи во животот ми се случија во недела...Избегнувам да работам, да чистам тој ден...
    Водици семејно си го сакаме, се собираме кај моите родители и го гледаме од прозор крстот..Преубави ми биле од секогаш ти денови...
    Од секогаш сакав моето дете ако е девојче да се вика Неда, во чест на св.Недела..Мојот сопруг од оправдани причини не сакаше...Така да решивме годинава да ја земеме како куќна слава..
    Се породив во недела на 20 Јануари..Мојата ќеркичка се вика Јована...
    Од божјите чуда не се бега...Верувам и благодарна сум на господ за сите убавини во животот...Само здравје и среќа сите да не прати...
     
    noname35 and okcenzi like this.
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Joined:
    Jun 4, 2010
    Messages:
    1,249
    Likes Received:
    2,485
    Да верувам, но не на надри лекари кои се преставуваат како божји пратеници.
     
    makedonkamak and danielka0507 like this.
  14. Ane10

    Ane10 Истакнат член

    Joined:
    Feb 7, 2012
    Messages:
    256
    Likes Received:
    143
    Колку докази имам дека постои бог какви чуда ми се случувале и мене и на мојата фамилија,сакате верувајте сакате не,дедо ми порано ја скрши ногата и се врати дома од болница со гипс не можеше да ја мрдне ногата не можеше да стане од кревет,и ноќеска кога си легнал ја сонувал богородица и го прашала каде те боли ногата и он покажал и таму го допрела и дедо ми сабајле се буди ногата ја мрда не го боли се движи и сите се чудеа како е можно дури и лекарите од скршена нога до здрава нога само за една ноќ...Јас го имам сонувано господ ама не го видов туку само гласот му го слушав и во сонот ми рече да го следам цело време да одам таму каде што оди тој и ми викаше види на луѓето што не веруваат во мене што им се случува и во сонот гледав многу работи лоши не се сеќавам баш само мене ништо не ми се случи во сонот..Секоја желба што сум ја побарала од господа секоја ми е исполнета до ден денеска..И тоа невозможни работи...
    Еден мој другар во Охрид беше атеиста не веруваше во бог го вреѓаше лошо зборуваше за него го пцуеше и зема да се фрли главечки во водата и го шина вратот и среќа го видоа другарите и го извадиа и господ пак му дава шанса да поверува дека постои пошто плажата беше далеку немаше блиску ни болница ни лекари ама бог му прати доктор за среќа се најде таму доктор и му помогна го однесоа во болница и од тогаш детето зема крст во рака и го бацуваше...
    Имам уште многуу многуу случаеви,на тие што не веруваат во бог и што го вреѓаат лошо им се пишува ако не се покајат,и јас не сум светец и јас имам гревови ама барем го сакам бог и се каам за се што сум направила грешки,,бог ги простува и најголемите гревови само ако се покаеш...
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,276
    Чудо во манастирот Зочиште, Косово

    Отец Генадиј Беловолов


    Манастир Зочиште

    Има разни чуда. Но тоа беше некако посебно чудо. Се случи во косовскиот манастир Зочиште.

    Кај нас тој манастир би го нарекле Козмо-дамјановски, но во Србија манастирите традиционално се нарекуваат со едно име, по правило, според местото каде што се наоѓа, иако името на овој манастир е тешко за изговарање. Нам тоа ни успеа дури на вториот ден од нашиот престој во него.

    Првото што настојателот, архимандритот Стефан, ни го рече е тоа, дека главна светиња на манастирот претставуваат моштите на светите бесребреници Козма и Дамјан. Тие мошти многу се почитуваат, им доаѓаат не само од Косово, туку и од Србија, што за Србите сега претставува голем подвиг. Уште повеќе моштите ги почитуваат и Албанците, како што раскажува отец Стефан. Треба да се знае дека манастирот е сместен во албанско опкружување. Во селото покрај манастирот се гради џамија. Позади ѕидините точно по распоред допира гласот на имамот. Манастирот како да се наоѓа во позадината на непријателот.

    „Како тоа Албанци!? Па тие се муслимани!“ – се запрашав себеси. Отец Стефан кротко се насмевна, ги рашири рацете, како да вели: „па сепак… Па што прават тие? Доаѓаат, се молат, ги доведуваат болните, особено децата…“

    Колку повеќе отец Сефан ми објаснуваше, толку повеќе приликите ми стануваа понесфатливи. „Па како се молат тие во православна црква?“ – „Молчешкум, по свое. Ние не слушаме“. – „И тие ги целиваат моштите?“ – „Тоа е нивна работа. Ние специјално за нив ставаме покривач на подот. Тие легнуваат под моштите. Лежат и добиваат помош“. Сето тоа ми се чинеше некако неверојатно. Не можев да замислам слична слика кај нас во Русија, на пример, кај моштите на свети Сергеј Радонешки да доаѓаат муслимани.

    „Па тогаш, ги слуша ли Христос нивните молитви?“

    „Многумина се исцелуваат…“

    Се разбира дека потполно му поверував на отец Стефан, но, признавам, ми дојде во умот дека такво нешто треба да се види лично, со свои очи. Почувствував дека ако некому во Русија му раскажам дека Албанците доаѓаат во православни манастири да се исцелуваат, можеби нема да ми поверуваат, премногу е сето тоа неверојатно.

    Козма и Дамјан ми даруваа такво чудо. По трпезата, кога веќе ги пакувавме куферите, подготвувајќи се за заминување, чув гласен детски крик. Бидејќи во нашата група имаше пет деца, првата помисла ми беше: да не се случило нешто? Но во малиот манастирски двор видов сцена која ме зачуди: мајка и татко го водеа по манастирската патека своето дете од пет-шест години, кое на сиот глас очајнички вриштеше, како некој да го коле. Устата му беше широко отворена што изгледаше како да му го зазема поголемиот дел од лицето. При тоа себеси се удираше со рацете по образите или почнуваше да се гребе по лицето и телото. На него веќе се гледаа траги од тие гребнатини, дури до крв. Ужасна глетка!

    Во пресрет им дојде монах кој ништо не ги праша, туку ги поведе со себе во црквата. Имав чувство како веќе да ги познава. „Кои се тие?“ – го прашав. „Албанци, дошле кај Козма и Дамјан“. – „Ги знаете?“ – „Не, никогаш не сум ги видел кај нас, веројатно се оддалеку…“ – ми одговори.
    Албанското семејство во Зочиште

    Во црквата монахот некако смирено и навикнато ја зеде платнената простирка и ја посла под моштите. Родителите го спуштија детето така што главата да му биде точно под моштите. Во текот на првите минути детскиот врисок само се засили. Храмот го исполнија урлања. Ми беше жал да ја гледам кутрата мајка, наведната над своето дете, со ништо не може да му помогне. Отецот стоеше некако настрана, стискајќи ги дланките на стомакот. Одвреме навреме погледнуваше те кон синот, те кон иконите.

    Во храмот немаше никого освен албанското семејство, монахот и мене. Останатите поклоници, иако го слушнаа врисокот, не се осмелија да влезат во црквата.

    Врискањето постепено почна да се стишува и да преминува во лелекање.

    Во тој миг случајно во џебот на подрасникот го допрев фотоапаратот „идиот“ и ми текна. „Сега имам единствена можност да снимам вистинско чудо. Па потоа некој нека се обиде да не поверува“. Го извлеков фотоапаратот и направив неколку снимки. Треба да се каже дека таткото на семејството спокојно реагираше на тоа.

    Сето тоа потраја десетина-петнаесет минути. Детето потполно се смири, полежа уште некое време под моштите. Да не го подигнеше мајка му, веројатно ќе заспиеше таму. Монахот го собра прекривачот. Обрнав внимание на тоа дека, во текот на целата таа сцена, жителот на манастирот не проговори ниту збор. Сè правеше молчејќи, не гледајќи ги родителите. Неколку пати клекна кај детето и го гледаше, но при тоа не се крстеше.

    Кога детето речиси сосема се смири, му пристапив на таткото и го прашав на српски: „Како се викате?“ Се претстави: „Фадиљ“. И тој мене ме праша: „Вие сте словенец?“ Изгледа дека ме издаваше мојот мек изговор, а исто така и бев премногу светлокос за Србин. Изгледа за него појавата на Русин на Косово беше понереално од појава на Словенец. Му реков дека сум руски свештеник од Русија, но со тоа мојата залиха од српски фрази ми беше исцрпена. Го прашав дали знае уште некој јазик? Се покажа дека знае германски. Откако пронајдовме заеднички јазик, рамноправно поразговаравме. Тоа ми раскажа дека е по потекло од Косово, но сега живее и работи во Германија во сервисна станица. На Косово доаѓа еднаш-двапати годишно. Има две деца. Со помалото излегле несфатливи проблеми. Лекарите не можат да помогнат. И тој специјално дошол тука во манастирот. Не издржав а да не го прашам: „Но вие сте ,муслим‘?“ – „Да, да, јас сум муслиман“. Застана и се замисли како да бара објаснување за мене (а можеби и за себе) поради фактот што муслиман дошол во православен манастир. По паузата изусти зборови, кои заради документалноста, сакам да ги наведам на германски: „Kraft ist hier“ („Силата е овде!“). Ги повтори овие зборови три пати, секој пат поцврсто, поубедено, притоа енергично покажувајќи со показалецот кон подот на храмот. Такви зборови да чуеш од Албанец кај моштите на христијански светители – многу вреди. Муслиманинот ја исповедаше силата на нашата вера. Ми преостана само да возвратам „jawohl“ („се разбира, „токму така“).

    „А како се вика вашиот син?“ – „Бесмир“ (бес – зол дух, демон). Ех, кога би знаел тој Албанец што значи тоа име за Русите!

    Семејството се враќаше низ манастирските порти со поинакво расположение. Природно, во овој случај благодарноста се излеа на мене. Албанецот почна да ми ја стиска раката: „Данке, данке“. Го прашав како се вика на албански „благодарам“? „Фалендирим!“ – тоа беше првиот збор на албански јазик што го чув во животот. На разделбата се сликавме за спомен покрај портата на манастирот.

    Кога се разделивме, помислив какво чудо се удостоив да видам (па дури и да фотографирам)! Чудо не само во исцеление на детето, туку поглавното и поголемо чудо е во тоа што видов како Албанците доаѓаат во српските светилишта по помош, во оние светилишта кои самите тие ги рушеа, кај оние Срби, кои самите тие ги протеруваа. Зашто, токму тој манастир пред десетина години Албанците го срушиле, монасите ги протерале, соборната црква ја минирале и ја кренале во воздух. И ете ги сега како самите доаѓаат во него по помош и исцеление. Што е тоа друго, освен духовна победа на Србите! Ми се чини дека тој Албанец никогаш нема да крене рака на српска светиња.

    Морам да кажам дека оваа сцена во храмот се одигра не само во присуство на моштите, туку и пред иконата на Богородица „Августовска победа“. Ете ви и уште една победа за Србија од оваа икона во месец август.

    По тоа чудо во Зочиште некако станав поспокоен за судбината на Косово. Порано или подоцна онаа сила, за која тој Албанец ми кажа, задолжително ќе победи…



    [​IMG][​IMG][​IMG]
     
    Mama25, okcenzi, Daydream and 5 others like this.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Joined:
    Oct 28, 2010
    Messages:
    1,229
    Likes Received:
    21,276
    ^ Продолжение...
    ***

    Во Зочиште, манастирот е познат по исцеление на многу болести, особено на бездетност. Прво чудо за коешто слушнал, е следново: Дошол некој брачен пар од Лесковац, за да им бидат читани молитви за да добијат пород, зашто 22 години биле без деца. Им биле прочитани молитви, биле поучени да се венчаат, и потоа добиле дете, син, на кое се појавил знак, така што на неговото лево уво јасно се видел знак на буквата К, а на десното Д. – т.е. почетните букви на овие светители, чии мошти се наоѓаат таму.

    ***

    Во 1995 година, од Австрија дошол некој Србин, кој сакал да запали свеќа со запалката, со која палел цигари, но никако не можел да запали. И одеднаш од кандилото над моштите, на оддалеченост од 10 метри, долетал пламен, и му ги запалил свеќите. Тоа го сфатиле како чудо од светителите, дека не им е угодно да се палат кандила и свеќи со иста запалка, од која се палат и цигари.
     
    Mama25, Daydream and Orthophill like this.
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Joined:
    May 31, 2012
    Messages:
    1,976
    Likes Received:
    4,823
    Gender:
    Male
    Mama25 and Serafima like this.
  18. Chokoholic25

    Chokoholic25 Популарен член

    Joined:
    May 31, 2014
    Messages:
    251
    Likes Received:
    1,577
    Gender:
    Female
    Кефалонски змии

    Во источната област на Кефалонија (остров во Јонското Море), во близина на селото Markopulo, постои мала црква посветена на Успение на Богородица. Тука,внатре и надвор од црквата се појавуваат змии. Локалните жители ги нарекуваат змии на Богородица.
    Од каде идат и каде исчезнуваат по празниците - никој не знае. Тоа е до денешен ден голема тајна.
    Во текот на службата, змиите лазат слободно меѓу луѓе , не плашејќи се никој.
    Змијата може да ползи дури и на евангелие на литургија. По завршувањето на празникот и змиите си одат.
    Германските научници ги проучувале овие змии, но не беа во можност да ги класифицираат во било која од познати видови. Тие се сиви, тенки. Не повеќе од еден метар, а нивната кожа е како кадифе. Врз главите на прикажани крст
    Ако змиите не се појават - тоа е секогаш лош знак. Така беше 1940-E и 1953-Е, кога на островот биле силни земјотреси..

    Чудно јас се наежив кога читав за ова на нет
     
  19. oraiaeleni

    oraiaeleni Истакнат член

    Joined:
    Jul 13, 2014
    Messages:
    138
    Likes Received:
    108
    Апсолутно. Умеам да ги препознаам, да им се радувам, тие ми се доказ дека Бог е тука...При тоа не мислам на чуда од типот како погорниот пост за Кефалонските змии, веројатно тука станува збор за некоја природна појава, инстинкти кај животните да се појавуваат или не пред земјотрес. (Грците се дури уште посуеверни од нашите).
    Познат е настанот со еден работник од ноќна смена во подрумските простории на еден скопски хотел кој работел трета смена тој кобен ден 1963, кога веке се разденило и забележал како глувци во колони одат барајки излез. Љубопитноста го натерала да ги следи и така само што излегол од хотелот се случил земјотресот и тој куртулисал. (И неговата љубопитност ете можеби била Божја волја да се спаси). Но треба да се отворат (внатрешните) очи во секој случај.
     
    Orthophill likes this.
  20. princesemi

    princesemi Активен член

    Joined:
    Aug 1, 2014
    Messages:
    1
    Likes Received:
    1
    Јас имам едно искуство, кога бев помала, бев многу болна...тогаш сонив светец или Исус не можев баш јасно да го забележам беше во бело...после тој сон, јас оздравев и секогаш од тогаш сум полна со верба во Бога.
     
    Orthophill likes this.