Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Во твојот памет,може и ти да си Дарт Вејдер,господар на универзумот но тоа не значи дека е вистина.Крај да дискусијата.
     
    Последна измена: 4 мај 2016
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
    За белиот фосфор можеше една добра лекција да му одржи HellAngel ама по се изгледа баниран е.Човекот за наука беше експерт.
     
    На Orthophill и FilipTraum им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Ова беше твоето најавено „утрешно описменување“? Или толку од твоите аргументи по „теологија“ и „квази-чуда“ :)
    Имам едно 9 годишно дете у комшии и тоа прави подобри „чуда“ со карти отколку овој триков со благодатниов оган.
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  4. FilipTraum

    FilipTraum Активен член

    Се зачлени на:
    27 април 2016
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    64
    Неможе со аргументи да се сложиш против човек кој верува во шпекулации и претпоставки.Тоа е исто како на лудак да му кажуваш дека е добро да биде инженер по нуклеарна физика...
    Нема ни смисла ни логика..
    Терај си го филмот дека може си Дарт Вејдер и ич ме ги рецкај овие Православниве.Ти е гајле..
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
  6. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
  7. Bulgarian

    Bulgarian Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 декември 2015
    Пораки:
    587
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Машки
  8. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
  9. Cat-Lover

    Cat-Lover Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    14
    Дечки да не знаете некоја црква или манастир во Охрид каде можам да одам да побарам помош од Бога за да ми се средат работиве зошто навистина во последно време многу сум неспокојна и ме мачи нешто незнам што да направам повеќе цел свет ми се урива:(
     
  10. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Во Охрид има многу цркви и манастири но, мислам дека треба да појдеш на СВ Наум.Побарај помош од светецот и се надевам дека се ќе биде добро :)
     
    На elimkd, Pontif, Bitter-Sweet и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Ова е цитат од Светото Писмо:

    "Бог Кој го создаде светот и се што е во него, како Господар на Небото и Земјата, не живее во ракотворни храмови" (Дела 17:24, Библијата)

    Значи Бог е сеприсутен и Тој на исполнување а целата вселена. Нема потреба да одиш во црква или манастир за да му се помолиме. Слободно помоли му се дома, во твојата соба и Тој ќе те чуе.

    А исто така и психијатрите и психолозите се од Бога дадено и не е грев да посетиш некој од нив за да ти помогне. Тие служат не само за психички.болни луѓе, туку и за здрави луѓе.
     
    Последна измена: 12 март 2017
    На *Amethyst* и Quincy им се допаѓа ова.
  12. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Оди во Калишта распрашај се за отец Стефан Санџаковски прекрасен човек 100% би ти помогнал... додуша прашај било кој свештеник во Охрид би требало да можи да те снабди со број од отец Стефан
     
    На Cat-Lover, Bulgarian и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Еве што рекол Господ Исус Христос во однос на тоа како и каде можеш да се молиш:

    „”И кога се молите, не бидете како лицемерите, кои сакаат да се молат стоејќи по синагогите и на аглите од улиците, за да ги видат луѓето; вистина ви велам, ја имат својата награда. А ти, кога се молиш, влези во својата скришна соба, затвори ја вратата и помоли Му се на твојот Татко, Кој е во тајност; и твојот Татко, Кој гледа во тајност, ќе те награди јавно.”“ (Исус Христос, ев. Матеј 6:5-6, Библијата)

    После овој цитат Исус ја кажува популарната молитва „Оче наш“. Како што можеш да забележиш, Исус не вели да одиме во некоја црква или манастир, небаре таму престојува Бог или таму Неговото уво е поблиску наведнато, туку вели „влези во својата скришна соба“, затворија вратата и помоли му се на Бог.

    Покрај горниот цитат од Светото Писмо каде што јасно пишува дека Бог не живее во ракотворни храмови, еве ти уште еден:

    „А Сèвишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот: ’Небото Ми е престол, а земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка? Не го направи ли сè тоа Мојата рака?’ Тврдоглави и со необрезани срца и уши! Вие секогаш Му се противевте на Светиот Дух! Како вашите татковци така и вие!“ (Дела апостолски 7:48-51, Библијата)

    Гледаш ли како овде Бог реторички им се обраќа на оние кои мислат дека му изградиле живеалиште на Господ? :) Бог вели дека Небото му е престол, а целата земја подножје на Неговите нозе, а ние мислиме дека Бог ќе го сместиме во некоја црква или манастир :)

    За жал честопати кога сме во невоља сакаме инстант решение. Сакаме невољата одма и веднаш да помине и да излеземе од мрачниот тунел, да престане маката и страдањето. Во такви ситуации сакаме некој да не попрска со света вода и одма се да се смени или да ни испее некој поп молитва или да бациме некоја икона или да посетиме некој манастир и проблемите да исчезнат за миг и се да биде супер, слично како магијата со магично стапче.
    Овие работи спаѓаат во областа на суеверијата - работи кои Бог ги мрази и за кои ќе бара наша одговорност на Судниот ден. Затоа те советувам, доколку си христијанка, да обрнеш внимание што Господ Исус Христос вели за молитвата.
    И секако ќе ти повторам доколку психички си преоптеретена да си посетиш стручно лице - психолог. Ти гарантирам дека ќе ти помогне.

    А на вас останатите што ја советувате да оди во манастир, бе ве прашал: дали ќе спиете мирно доколку некоја личност што е во депресија се самоубие само затоа што вие наместо да ја упатите на психијатар, сте ја упатиле во манастир?
     
    На *Amethyst* му/ѝ се допаѓа ова.
  14. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    22.047
    @EvAngelos остави секој да си го најде својот мир онаму каде што смета дека ќе го најде.
    А кој си па ти да им советуваш психолог или психијатар???
    Многу вистински верници си го наоѓаат мирот на таквите места ама не филозофираат по форуми.

    И научно е докажано дека молитвата има смирувачка моќ.

    Те имам приметено на толку убави теми кои верник со задоволство би ги отворил да ги чита ти со твоите филозофии ги имаш расипано.
    Не мислиш дека претеруваш?
    Темата гласи дали верувате во Божји чуда,или веруваш или не веруваш,што не е јасно? Ако не веруваш кажи не и готово, ако веруваш кажи дека веруваш посочи некој убав пример и тоа е тоа.
    Не се сите теми во религија за дебати како што гледаш.Има прости и едноставни прашања на кои не им треба нечие убедување од сто страни за само да си потполни време или којзнае што.
     
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    @V.odolija, на форум за Религија изложувам библиски ставови по однос на прашањата притоа ги референцирам истите со точни цитати од Светото Писмо. Ако сметаш дека сум оф-топик, пријави ме кај администраторите. Копчето за пријавување е доле под постот малку на лево.
    Јас горе цело време за молитвата пишувам, а она ми вели дека молитвата имала смирувачка моќ, небаре јас против молитвата сум пишувал. Што да ти кажам на ова, добро утро? :) Сепак Исус не секоја молитва ја одобрувал. Прочитај ја 6-тата глава од евангелието по Матеј и ќе видиш за што ти зборам.
    Темава гласи Божји чуда, ама не сите чуда се Божји. Јас и многу други верници веруваме во Божји чуда, но не веруваме во секој циркус кој весниците и интернет поратлите ќе го ословат со „Божјо чудо“ и со мало истражување ќе видиш дека е сензационалистички циркус.
     
    На Zlatna12345 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    22.047
    Аха, за каде тоа зборуваш за молитвата , за пред психијатар?|(

    Каде во Светото Писмо пишува верник да си го пронајде мирот на психијатар? Или тоа да се направиш паметен на форум.

    Знам каде е копчето за пријавување ама ок е убаво ти е да просветлуваш по форуми па не ти го кршам задоволството, дека нели само ти го имаш читано Светото Писмо, и тоа ти дава за право во секоја тема од религија да филозофираш,да се контраш,да се правиш паметен.
    Продолжи си, кој ти може нешто :)
     
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    За пред и за после психијатар. А постојат и психијатри-христијани кои ќе се молат заедно со пациентот и во времето поминато со нив.

    Не станува овде збор само за духовен мир, туку и за психичка преоптеретеност, веројатно и депресија, несоници, анксиозност. Мозокот е исто така орган на кој му треба нега. Психијатарот е лекар како и другите лекари и може да понуди и превентивна помош. Не мора човек да е луд за да се советува со психијатар или психолог.
    Светото Писмо советува да се користи медицината. Еве на пример ученикот на Павле, Тимотеј, имал здравствени проблеми со желудникот. Во 1 Тимотеј 5:23 Павле не му вели „само моли се, посети го тој манастир или нека ти испее попот молитва или попрскај се со света вода и сл“, туку му вели: „Не пиј веќе само вода, туку земај по малку вино, заради твојот желудник и честите боледувања.“ Тоа била современа медицинска терапија, колку што знаеле медицина тогаш.
    Понатаму меѓу христијаните имало и лекари:
    „Ве поздравува возљубениот лекар Лука“ (Колошаните 4:14, Библијата)

    Мојата желба како христијанин е сите да го читаат Светото Писмо, а особено оние кои што се нарекуваат христијани. За таа цел сум се понудил и како помош за оние што имаат нејаснотии, за оние кои не знаат од каде да си набават Свето Писмо, им давам и онлајн линкови од каде може да го читаат итн. Но наспроти мојата желба, реалноста е дека многу малку луѓе го читаат Светото Писмо. Дури и на форумов, иако има 2-3ца кои велат за себе дека го читаат, во коментарите на темите се покажало дека или не го читаат или не се придржуваат до Светото Писмо, туку своите (традиционално наследени) убедувања ги темелат на со векови подоцнежна религиозна литература која речиси и нема допирни точки со Светото Писмо и покрај тоа што во тие книги се спомнува името Исус (кое се спомнува и во Куранот, само на арапски таму е Иса). Често пати во тие религиозни книги има и учења кои се дијаметрално спротивни со она што подучувале Исус и апостолите.
     
    На Bender Rodriguez му/ѝ се допаѓа ова.
  18. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    22.047
    Оф колку си во право @EvAngelos .(Тап тап по рамо инаку наредните две години ќе ми филозофираш) (y)(y)(y)
    Прочитај си ги уште еднаш и за мене филозофиите,очигледно имаш време на претек.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  19. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.728
    Допаѓања:
    10.243
    Пол:
    Машки
    Зарем не ве замислува што единствен сведок за оваа вест е тој монах, а што е најчудно Струмичани поима немаат за ова мистериозно дете што наводно било родено немо па проговорело? Единствен извор колку што јас знам за оваа вест беше едно блогче и од тоа блогче сите медиуми ја ископираа веста и тоа само заради нејзината сензационалност - како што е обичај кај новинарите механички да копираат вести без проверка на информациите (особено од овој тип информации).

    Зарем не ве замислува тоа што веќе неколку месеци поминаа откако се објави оваа вест и ниту еден новинар не отиде да го интервјуира детето?
    Зарем не ве замислува тоа што цела парада се направи во пречекот на „чудотворната копија на иконата“ во Струмица, а на таа парада го немаше струмичанчето што проговорело?

    Веќе неколку месеци го истражувам овој случај и до сега не сум нашол Струмичанче што било немо и проговорело пред оваа икона. Едноставно Струмичани раце креваат и не чуле за такво дете.

    Ама нејсе, тоа од секогаш била стратегијата на ѓаволот, со лажни чуда да ги заведе луѓето кон идолопоклонство. Кога стигна оваа икона, илјадници заслепени верници и се клањаа и се уште и се клањаат. Една голема фешта втемелена на една голема лукава лага. Тажно.
     
    Последна измена: 24 мај 2017
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.967
    Не, не ме замислува. Не е потребно детето да даде изјава за да поверувам. Не ми требаат докази за да поверувам. Поголема е вербата да не видиш, чудото да не е поткрепено со докази, а сепак да поверуваш.
     
    На cresa-jagoda, Rama и korisnichka им се допаѓа ова.