1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ова е по дефиниција слепа вера.
    Дали веруваш во сите вакви „чуда“ кои што луѓето ги измислуваат речиси во секое село низ Македонија и светот? Ако не веруваш во сите, тогаш како одлучуваш во која приказна ќе веруваш? Во таа што добила поголемо медиумско влијание?
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Аха јасно ми е од каде вакви заблуди во врска со идолопоклонство.
    Вашето верување за Дева Марија е дека била прекрасен
    пример на христијанска послушност спрема Бог и дека останала девица се
    додека не се родил Исус. Докази во врска со тоа се наоѓаат во Евангелието
    според Матеј (1:25), каде се зборува дека нејзиниот сопруг Јосиф не ја
    спознал (не спиел со неа) се додека не го родила својот Син првенец,
    а во други сгихови од Библијата се спомнуваат браќата и сестрите на
    Исус
    (Матеј 12:46,13:55-5; Марко 3:31; Јован 2:12, 7:3). Евангелско -
    протестантските цркви не веруваат дека Марија била безгрешна, бидејќи
    во Евангелието според Лука (1:47) таа го нарекува Господ свој Спасител,
    според тоа не би и бил потребен Спасител, ако била безгршна.


    Браќа и сестри? Тоа е оној момент кога ги учи тие што присуствуваат и кажува дека му се браќа и сестри ?
    Па Исус со тоа сакал да каже дека сите ги сака исто и дека сите му се браќа и сестри.
    Што се однесува за тоа верување дека била грешна Дева Марија, тоа е невиден парадокс. Зошто Бог ја одбрал токму неа за мајка на Исус? Затоа што била безгрешна, била невина. Тоа што го нарекува свој Спасител...Па да Тој е спасител на сите нас, така и треба да го нарекува. Затоа што самата е свесна дека Бог преку неа го создал Божјиот Син и нормално дека е и Нејзин спасител. Никаде во Библијата нема наведено дека Дева Марија била грешна ниту пак била посочена една единствена грешка. Но вие го толкувате Светото Писмо буквално и како вам ви одговара, ако некаде се спомене браќа и сестри според вас тоа значи дека тие ги родила Марија, ако се спомене дека е Нејзин Спасител оп одма дека била грешна итн.
    Што се однесува до другите светци. Па зошто Исус им дал таква власт да истеруваат демони во негово име, да лечат болни? Исус не е сам прикажан во Библијата. Туку и со светците. Светците ги лечеле болните, истерувале лоши духови. Преку нивна помош и голема верба од двете страни се случувале чуда. Затоа ние се молиме и на Светците. И преку Нив да бидат ислушани нашите молитви.
     
    Последна измена од модератор: 27 мај 2017
    На macush1, cresa-jagoda, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. InWonderland

    InWonderland Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2016
    Пораки:
    284
    Допаѓања:
    420
    Пол:
    Женски
    Да, мајка ми кога била во манастир понела со себе едно гумено торбиче и навечер пошто преспијувале таму почнало убаво да свети и блеска во темница. Ама кога дојде дома, баш сакаше да ни покаже, ништо не светеше :D
     
  4. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.405
    Пол:
    Женски
    Да верувам многу пати бог ме спасил од лоши незгоди и од смрт.
    Два пати ме има разбудено ѕвноење на телефон али музиката беше црковна и песна за мајка богородица.
     
    На sonuvana, LegallyBlonde13 и Rama им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    На macush1, sonuvana, Orthophill и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Snow white

    Snow white Популарен член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2016
    Пораки:
    1.096
    Допаѓања:
    1.945
    Пол:
    Женски
    Да ДА ДА ДА ДА илјадници пати Да да!!!!! Претерано верувам и во секакви чуда знам дека БОГ за сите има план и дека и тоа што лошо ни се случува е многу пати и за наше добро!!!!! Немора да го видам чудото со сопствени очи за да верувам во неговите сили ЈАС ЕДНОСТАВНО ВЕРУВАМ И ЗНАМ ДЕКА ПОСТОЈАТ!!!!
     
    На Kjara15, cresa-jagoda, GirlLove и 4 други им се допаѓа ова.
  7. La.loca

    La.loca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    7.811
    Пол:
    Женски
    Јас имам прашање:
    - Дали верувате во чудата на Острошки манастир?
    - И дали го имате посетено манастирот?
    Има некој да раскаже нешто, што како? Во план сум да одам, многу позитивни работи слушнав.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.574
    Пол:
    Женски
    Чудо на светите Пајсиј и Порфириј го вратија момчето во живот

    Грчки медиуми соопштија за две чуда на светите Пајсиј Светогорец и Порфириј Кавсокаливит. Имено на 22 април 16-годишниот Димитриј Николопулос паднал од базен на покривот во градот Ксанти и осум дена поминал во кома. Лекарите на главната болница во Кавала (каде подоцна бил донесен постраданиот) сметале дека младиот човек е на умирање и не му давале никакви шанси за оздравување.

    Популарниот грчки магазин „Еспресо“ стапиле во контакт со таткото на Димитриј, Василис Николопулос и свештеникот Јован Марелис. Всушност Јован го благословил момчето додека тоа се наоѓало на одделението на интензивна нега и се молел за неговото исцеление. По разговорот со него и другите очевидци, новинарите објавиле опширна вест посветена на чудесното исцеление.

    Сѐ започнало со тоа што очајните родители слушнале од пријателите за свештеникот Јован Марелис, настојател на храмот „Свети Георгиј“ во Ксанти, кој чувал скуфија (капа) од преподобниот Пајсиј Светогорец.

    „Сфатив дека нема да можам да ја донесам скуфијата на Свети Пајсиј, бидејќи во тој момент се наоѓаше во далечниот град Александруполи. Најдобро решение беше да ја замолам игуменијата Ана од манастирот на Свети Порфириј Кавсокаливит, во близина на Ксанти, да ми го донесе епитрахилот на преподобниот што се чува во таа обител. Јас појдов во Кавала каде што беше постраданиот Димитриј и започнав да се молам за неговото исцеление. На момчето немаше ниедно здраво место, тоа беше целото искршено“, раскажуваше отец Јован.

    Свештеникот ги замолил лекарите и сестрите да му дозволат да го стави епитрахилот од преподобниот на главата на Димитриј. Во тој миг за здравјето на момчето се молеле сите присутни.

    „Јас реков Христос воскресе, бидејќи сето ова се случуваше во пасхалниот период. Во тој миг медицинските апарати на кои беше приклучено момчето почнаа да испуштаат сигнали, со болниот буквално се случи нешто тогаш“, продолжи да раскажува свештеникот.

    Следниот ден на отец Јован му се јави возбудениот Василис Николопулос: „Се случи чудо! Момчето почна да ги движи рацете и нозете! Докторите признаа дека слученото е неверојатно. Како последица на сериозните повреди на главниот мозок, докторите воопшто не ни помислуваа на оздравување. Сепак Димитриј целосно се разбуди. Мозокот проработи. Ние доживеавме чудо, цело време се молевме и нашиот син се спаси!“

    Пред речиси две недели од споменатиов настан се случило друго чудесно исцеление. На хоспитализираниот 22-годишен млад човек му било дијагностицирано „клиничка смрт“. Родителите на момчето ги положиле сите надежи на Бога и на молитвеното застапништво на преподобен Пајсиј. Откако во болницата била донесена скуфијата на Пајсиј Светогорец младиот човек потполно се исцелил.

    Информациите за овие чудени настани беа потврдени и од вработените од болницата во Кавала.


    Преземено од bigorski.org.mk

    Слава на Бога! :bow:
     
    На victoria, Abeja, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Имам лоши вести :| Го најдов изворот на веста и не се работи за никакви објективни „грчки медиуми“, туку станува збор за лажна вест објавена на грчки православен сајт VIMA-ORTHODOXIAS - што е прилично субјективен извор.
    http://www.vimaorthodoxias.gr/thavmata/thavma-i-agii-paΐsios-ke-porfirios-esosan-19chrono-pou-itan-se-koma/

    Потоа најдов телефонски број (+30 251 350 1100) од болницата во Кавала Грција (за среќа беше единствена болница во Кавала). Се јавив таму, зборев со секретарот што прима повици. Тој немаше поима за случкава. Потоа ме поврза со главната сестра од интензивна (каде што лежат во кома и ги реанимираат пациентите), им го објаснив случајот и ми кажаа дека немале таков пациент (16 годишно дете, Dimitris Nikolopoulos) и дека не им е познат случајов што наводно се „случил“ во нивната болница.
    Еве ви доказ за мојот телефонски повик од 5мин со болницата во Кавала, Грција.

    [​IMG]

    П.С. Разумната вера е супер работа. Таквата вера поставува прашања, не зема сè здраво за готово, бара причини за да верува, истражува, испитува, анализира, споредува, има позитивен скептицизам, таа е во согласност со разумот, со објективната наука.
    Од друга страна, слепата вера е деструктивна. Таа ги насочува верниците да го исклучат интелектот и разумот, да не им веруваат на сетилата и на здравата/разумната логика, им нуди некаква си „духовна логика“, создаваат догми кои се јасно спротивни на очигледните факти, поттикнува суеверија, празноверија, идолопоклонства, им забранува на верниците да бидат позитивно скептични, да поставуваат прашања за својата вера.
     
    На victoria, CameliaMiller, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Vip83

    Vip83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    240
    Секако дека верувам! Не за џабе рекле старите што е ГОСПОД не е никој!
     
    На Aschenputtel, cresa-jagoda, La.loca и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. zoran43m.k

    zoran43m.k Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2014
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    1.632
    Пол:
    Машки
    Евангелос , и во библијата е напишано дека треба да ги проверуваш работите , тоа што некој оквалификувал нешто како чудо што воопшто не е , не значи дека чуда не постојат , само истражувај и ке почнеш да истражуваш некое чудо ...
    Е тогаш не го стврднувај своето срце и прифати го одговорот од Господ.
     
    На cresa-jagoda, Rama, Jas! и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos не ги мотај луѓево тука за твоето истражување во болницата. Кој би ти поверувал дека баш на тебе, обичен граѓанин на некоја х држава, некоја болница во Грција ќе ти даде податок за пациент кој се лекувал таму. Тоа е службена тајна и НЕ СМЕЕ да се издава на било кој, туку само по претходно писмено барање и обично за потесното семејство или во други случаи одредени со закон (по службена должност).
     
    Последна измена од модератор: 17 јуни 2017
    На cresa-jagoda, Rama, agios и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    Прекрасен е Бог во своите светии. :sun: Светите Пајсиј и Порфириј Светогорци се особено познати по своите чудотворства во православниот свет. Слава на Бог Кој што така ги прославува...
    Што се однесува до случајот...Толку расколебана вера не сум видела. Толку гнев, такво униние, толку очајно бркање на „факти“, сигурно е многу тешко да се живее во таква параноична состојба. :( По молитвите на Свети Пајсиј и Свети Порфириј Светогорец Господ да го избави својот слуга (прво да го обрати од сектата во православното и вистинско исповедање на христијанската вера) од траорната состојба.
     
    Последна измена од модератор: 17 јуни 2017
    На Orthophill, Rama и LegallyBlonde13 им се допаѓа ова.
  14. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Само да ве потсетам дека целта на еден форум е дискусија, дебата и, меѓу другото, спротиставување на ставови. И се’ додека ова се прави на културен и цивилизиран начин, без навредување на соговорниците и во рамки на правилата на форумот, секое и сечие мислење е добредојдено.

    Смешно е да се бара одреден член да се банира само затоа што неговите ставови не се совпаѓаат со вашите, како што е и смешно да се рече дека некој ги „напаѓа“ или „уништува“ темите само затоа што има поинакво мислење од вашето или од мнозинството.

    Ве замолувам да се држиме до темата на дискусија - „Дали верувате во Божји чуда?“, а не да навлегуваме во анализи и карактеризации на личноста на дискутантите.

    Благодарам. :)
     
    На Евгениј на, CameliaMiller, cresa-jagoda и 5 други им се допаѓа ова.
  15. agios

    agios Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2014
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    562
    http://www.preminportal.com.mk/duhovnost-2/duhoven-azbuchnik/18557-chudo-na-grobot-na-starec-pajsij

    Чудо на гробот на Свети Пајсиј

    Од својата дванаесетта година страдав од опседнатост. Животот ми беше вистинско мачење. После чинот на истерување на демонот се чувствував како да сум претепан. Тогаш мојот духовник одлучи да служи бдение во првата сабота од Великиот пост во 1995 година во Суроти (женски манастир во близина на Солун, каде што е погребан старец Пајсиј).

    Пред молитвата почувствував страшна борба. Целата вечер за време на молитвата не ми се спиеше. Стоев на средината на храмот, а околу мене само монахињи. Кога бдението заврши и започна молебенот едноставно не можев да издржам. Сестрите ме однесоа да се поклонам на моштите на свети Арсениј.

    Тоа беше првиот чекор... Кога зборувам за ова косата ми се крева... Чувствував пожар внатре! На крајот се завртев и почнав да извикувам: „Пај! Пај!“ Игуманијата ме запраша: „Пајсиј!“ и ми ја свитка главата. Тогаш се подигнав и почнав да цимолам. Ме одведоа на гробот на старецот и таму сум извикнал три пати: „Свети!“

    Кога сум се обидел да побегнам, ме фатиле и присилно ме положиле на гробот. Тогаш го видов старецот, жив, станува од гробот како од сон. Тоа навистина беше тој! Со брада, во своето расо. Сето тоа траеше само мал дел од секундата.

    Старецот ја положи својата рака на моето чело и наеднаш од мојата уста почна да излегува црн чад. Во тој час се смирив, но болката во телото не престана веднаш. Заспав. Кога се разбудив реков: „Многу е болно.“

    Четириесет дена чувствував таква радост, што непрестајно плачев. Можеби е навистина дрско она што честопати го говорам: „Боже мој, дозволи повторно така да се мачам како што се мачев, за само на момент да почувствувам таква радост.“
     
    На душленце, cresa-jagoda, Bulgarian и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Аферим за кажаното. Точно е тоа дека во Библијата пишува дека треба да ги проверуваме работите, но ете овде на темава некои ме направија неверник, еретик, очаен, параноик и други погрдни зборови само затоа што проверив и докажав едно лажно чудо. Една дури и побара да бидам баниран затоа што не сум верувал слепо и сум уклучувал разум и сум ги проверувал вестите :) Искрено, се уште не можам да се освестам од тоа во каква земја и меѓу каков народ живееме. Додека секаде во светот се вреднува вистинољубието, истражувачкото новинарство и цел свет се бори против трендот на лажни вести (fake news), кај нас е обратното - некои ги мотивираат луѓето да веруваат слепо во лажните непроверени вести и да не ги проверуваат.
    Не е ни чудно што цела Америка дозна за градот Велес кој што беше најголемиот извор на лажни вести за Хилари и Трамп во претседателската предизборна кампања во Америка. Некои и наместо да се срамат, дури и се гордеат што светот не дозна по вакви работи (лаги, манипулирање со факти, криминал).

    Се согласувам со тоа дека ако овде на темава читаме за лажни манипулативни чуда пласирани од „грчките медиуми“ (што уствари се православни блогови), тоа не значи дека чуда не постојат. Јас 100% верувам во Божји чуда и во моќната сила на Бог да прави натприродни работи, но исто така му верувам и на Светото Писмо кое предвидело дека ќе има и ЛАЖНИ чуда, дури и такви кои ќе бидат поттикнати од ѓаволот:

    „Тоа е оној, чие доаѓање е според сатанското дејствување, со секаква сила, и со чудесни знаци и со лажни чуда, и со секаква неправедна измама, за оние кои загинуваат, зашто не ја примија љубовта кон вистината за да се спасат.“ (2 Солунјаните 2:9-10, Библијата)
     
    На zoran43m.k му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Petra777

    Petra777 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    2.877
    Допаѓања:
    29.047
    Пол:
    Женски
    Верувам и ми се потврдило мн. пати, верба само во Бог имам. Слава му!
     
    На La.loca, sonuvana, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    888
    Допаѓања:
    6.388
    Пол:
    Женски
    Да, верувам во Божји чуда. На денот на Исусовото влегување во Ерусалим-Цветници се случи Божјо чудо во црквата „Св.Димитриј“ се прочистија фреските во црквата. Поради чадот од свеќите што ги палеле верниците фреските ја губеа нивната боја речиси до степен на невидливост, а постепено на празникот Цветници фреските добија боја како сега да се насликани.
    ***На википедија прочитав дека ваков феномен е забележан само уште во една православна црква во Русија.
     
    На Rama, La.loca, sonuvana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.092
    Допаѓања:
    2.461
    Пол:
    Женски
    Чудо се случува при секоја литургија, кога Светиот Дух влегува и ги прочистува срцата на оние кои веруваат. Понекогаш тоа чудо е видливо, најчесто се покажува преку моментално смирение и чувство на среќа која не обзема. Ако сме доволно духовно чисти, добиваме и брз одговор, услишена молитва.
    Понекогаш сме сведоци на духовен напад, како дел од Промислата Божија, после кој следи смирение и повторно одговор на молитва.
    Бог е добар и секојдневно на некого му го покажува своето присуство преку лични чуда, кои се вовед во духовно здравје.
    Самото духовно чистење може да се нарече чудо, бидејќи е сведоштво за постоењето на Бога.
    Секој верник има видено чудо, но најчесто е лично и тешко за објаснување.
    Таканаречените големи чуда се поретки, а и во нив веруваат најмногу оние кои биле непосредни сведоци.
    Останатите кои чуле за нив пројавуваат верба или скепса, во зависност од степенот на чистотата на своето срце.
     
    На GirlLove, Orthophill, carangigia и 3 други им се допаѓа ова.
  20. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Чудата на светите бесребреници Козма и Дамјан

    Чуда во манастирот Сопоќани
    sopocani.jpg
    Истерување на демон од опседната девојка

    Овој случај на исцеление се случи во едно муслиманско ромско семејство кое живее во Нови Пазар. Станува збор за една девојка која страдаше од демон со кој беше опседната. Марија секојдневно добиваше напади, при кои се однесуваше неконтролирано рушејќи сè пред себе. Покажуваше натприродна физичка сила во однос на својата возраст, а имаше околу 15 години. Сите молитви кои ѝ беа читани, како и самиот чин на крштевање и прва причест беа проследени со неартикулирани движења и звуци. Особено внимание кај лекарите од ВМА2, кои во една прилика се нашле во храмот додека ѝ се читале молитви, им привлекол внимание предметот во вид на топка, кој од стомакот на Марија се издигнувал кога ѝ се принесувал крстот. Кога ја виделе оваа необична појава лекарите признале дека ова нема никаква врска со некоја одредена болест како што најпрво се сомневале, тогаш и самите признале дека овде се работи за чудо. Но најголема радост на крајот од сè е фактот, дека уште четири души беа приведени кон Црквата Божја. Имено, целото нејзино семејство прими свето крштение и сега се меѓу најревносните верници. Марија подоцна раскажуваше за тоа, како Светите Лекари самите ѝ се јавиле во сон додека ѝ се читале молитвите.

    Исцеление на болен од тумор во мозокот

    Следното големо чудо на Светите Лекари е поврзано со Јован Д. од Косовска Митровица, на возраст од околу 20 години, кој боледувал од тумор на мозокот. По утврденото заболување на клиниката на ВМА овој млад човек се подготвувал за многу ризична операција. Неговата роднина го довела во манастирот Сопоќани заради молитви десетина дена пред одењето во болница. Предопрационите испитувања кои биле извршени во ВМА покажале дека туморот веќе го нема. Сето тоа се случи во месец април 2003 година.

    Исцеление на болната од туберкулоза на бубрегот

    Неколку години наназад дојде една госпоѓа Наташа Ц. од Белград, инаку доктор на економија, и замоли свештеник да ѝ чита молитви за здравје пред моштите на Светите Лекари, бидејќи подолго време боледува од туберкулоза на десниот бубрег. По извесно време госпоѓата Наташа повторно го посети нашиот манастир, но овој пат не поради молитви, туку за да Му заблагодари на Бога и на Светите Лекари поради исцелувањето на оваа тешка болест.

    Исцеление на болна од дископатија

    Откако добила парче памук, натопено во маслото од кандилото кое гори над моштите на Светите Лекари, сестра Славица која боледуваше од дископатија (пукнат дискус помеѓу 4-5 пршлен), по прочитаните молитви, навечер пред спиење со тоа го намачкала болното место. Утрото, кога се разбудила, нејзината радост била неопислива, болките потполно исчезнале и таа се вратила на своите домашни работи и обврски кои потполно била спречена да ги врши.

    Исцеление на бездетни брачни парови

    Најголем број исцеленија има над бездетните парови. Млад брачен пар од Босна, бидејќи биле бездетни, дошле да им се прочита молитва за здравје, по што набрзо добиле два сина. Едниот е роден на Божиќ, а другиот на Петровден следната година.

    Во почетокот од летото на 2003 година во манастирот дошол млад брачен пар од Нови Пазар, кој по неколку години во брак немале деца, над нив беа прочитани молитви и дадени им се одредени духовни совети. Два месеца подоцна овој брачен пар пак дојде но сега веќе за да Му заблагодарат на Бога и на Светите Лекари, бидејќи жената веќе беше во благословена состојба, поради што чувствуваа голема радост и благодарност.

    Свештеникот и неговата сопруга од околината, три години немаа деца. По прочитаните молитви се случи исцеление на овие слуги Божји, кои за неколку месеци очекуваат принова.

    Кражба на моштите

    Уште едно големо чудо кое ни укажува на будното око на Божјата промисла е крадењето на моштите на Светите Лекари од нашиот манастир на 25/12 октомври 2003 година. Тројца бугари беа примени од страна на дежурниот јеромонах. Воведувајќи ги во црква свештеникот, по вообичаеното претставување на историјата на манастирот ги послужил гостите кои како и сите верници купиле свеќи и по некоја икона. И додека брачниот пар го муабетеле отецот со прашања, третиот ги извлекол моштите од кивотот. Не сомневајќи се воопшто и најљубезно испраќајќи ги гостите до автомобилот, отецот се вратил да ги целива моштите и да ја заклучи црквата, и тогаш забележал дека ги нема. Веднаш ги известил останатите браќа и веќе по неколку минути двајца монаси и еден гостин тргнале по нив. Со Божја помош, бидејќи не знаеле по кој пат би можеле да одат бегалците, го престасале автомобилот со кој крадците тргнале кон излезот од Нови Пазар. Случајот веќе беше пријавен во полицијата, која ги запрела бегалците и ги привела на распит. По повеќечасовно испитување крадците ја признале вината и укажале на местото каде што ги закопале моштите. Моштите се вратени во манастирот доцна во ноќта, околу еден часот по полноќ. Браќата и гостите кои се затекнале во манастирот ги дочекале моштите со биење на камбаните и веднаш бил испеан молебен канон на Светите Лекари. Со ова брзо враќање на моштите во манастирот, се потврди по којзнае кој пат љубовта и подготвеноста на Светите бесребреници Козма и Дамјан да ги услишаат молитвите на оние кои им притекнуваат барајќи помош од нив.

    Чудо во манастирот Зочиште, Косово3

    Отец Генадиј Беловолов

    Манастир Зочиште

    Има разни чуда. Но тоа беше некако посебно чудо. Се случи во косовскиот манастир Зочиште.

    Кај нас тој манастир би го нарекле Козмо-дамјановски, но во Србија манастирите традиционално се нарекуваат со едно име, по правило, според местото каде што се наоѓа, иако името на овој манастир е тешко за изговарање. Нам тоа ни успеа дури на вториот ден од нашиот престој во него.

    Првото што настојателот, архимандритот Стефан, ни го рече е тоа, дека главна светиња на манастирот претставуваат моштите на светите бесребреници Козма и Дамјан. Кај нас ги нарекуваат „безмездни лекари“, а на српски тоа звучи понагласено „бесплатни лекари“ (нагласокот е поместен: безмездни – тоа се оние кои не земаат „мзда“ (награда), што ние го сфаќаме како мито, а кај Србите се токму бесплатни). Тие мошти многу се почитуваат, им доаѓаат не само од Косово, туку и од Србија, што за Србите сега претставува голем подвиг. Уште повеќе моштите ги почитуваат и Албанците, како што раскажува отец Стефан. Треба да се знае дека манастирот е сместен во албанско опкружување. Во селото покрај манастирот се гради џамија. Позади ѕидините точно по распоред допира гласот на имамот. Манастирот како да се наоѓа во позадината на непријателот.

    „Како тоа Албанци!? Па тие се муслимани!“ – се запрашав себеси. Отец Стефан кротко се насмевна, ги рашири рацете, како да вели: „па сепак… Па што прават тие? Доаѓаат, се молат, ги доведуваат болните, особено децата…“

    Колку повеќе отец Сефан ми објаснуваше, толку повеќе приликите ми стануваа понесфатливи. „Па како се молат тие во православна црква?“ – „Молчешкум, по свое. Ние не слушаме“. – „И тие ги целиваат моштите?“ – „Тоа е нивна работа. Ние специјално за нив ставаме покривач на подот. Тие легнуваат под моштите. Лежат и добиваат помош“. Сето тоа ми се чинеше некако неверојатно. Не можев да замислам слична слика кај нас во Русија, на пример, кај моштите на свети Сергеј Радонешки да доаѓаат муслимани.

    „Па тогаш, ги слуша ли Христос нивните молитви?“

    „Многумина се исцелуваат…“

    Се разбира дека потполно му поверував на отец Стефан, но, признавам, ми дојде во умот дека такво нешто треба да се види лично, со свои очи. Почувствував дека ако некому во Русија му раскажам дека Албанците доаѓаат во православни манастири да се исцелуваат, можеби нема да ми поверуваат, премногу е сето тоа неверојатно.

    Продолжува -------->
     
    Последна измена: 19 јули 2017
    На душленце, sonuvana, Rama и 1 друга личност им се допаѓа ова.