1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Козма и Дамјан ми даруваа такво чудо. По трпезата, кога веќе ги пакувавме куферите, подготвувајќи се за заминување, чув гласен детски крик. Бидејќи во нашата група имаше пет деца, првата помисла ми беше: да не се случило нешто? Но во малиот манастирски двор видов сцена која ме зачуди: мајка и татко го водеа по манастирската патека своето дете од пет-шест години, кое на сиот глас очајнички вриштеше, како некој да го коле. Устата му беше широко отворена што изгледаше како да му го зазема поголемиот дел од лицето. При тоа себеси се удираше со рацете по образите или почнуваше да се гребе по лицето и телото. На него веќе се гледаа траги од тие гребнатини, дури до крв. Ужасна глетка!

    Албанското семејство во Зочиште
    d0b0d0bbd0b1d0b0d0bdd186d0b8-d0b7d0bed187d0b8d188d182d0b52.jpg
    d0b0d0bbd0b1d0b0d0bdd186d0b8-d0b7d0bed187d0b8d188d182d0b53.jpg
    d0b0d0bbd0b1d0b0d0bdd186d0b8-d0b7d0bed187d0b8d188d182d0b5.jpg

    Во пресрет им дојде монах кој ништо не ги праша, туку ги поведе со себе во црквата. Имав чувство како веќе да ги познава. „Кои се тие?“ – го прашав. „Албанци, дошле кај Козма и Дамјан“. – „Ги знаете?“ – „Не, никогаш не сум ги видел кај нас, веројатно се оддалеку…“

    Во црквата монахот некако смирено и навикнато ја зеде платнената простирка и ја посла под моштите. Родителите го спуштија детето така што главата да му биде точно под моштите. Во текот на првите минути детскиот врисок само се засили. Храмот го исполнија урлања. Ми беше жал да ја гледам кутрата мајка, наведната над своето дете, со ништо не може да му помогне. Отецот стоеше некако настрана, стискајќи ги дланките на стомакот. Одвреме навреме погледнуваше те кон синот, те кон иконите.

    Во храмот немаше никого освен албанското семејство, монахот и мене. Останатите поклоници, иако го слушнаа врисокот, не се осмелија да влезат во црквата.

    Врискањето постепено почна да се стишува и да преминува во лелекање.

    Во тој миг случајно во џебот на подрасникот го допрев фотоапаратот „идиот“ и ми текна. „Сега имам единствена можност да снимам вистинско чудо. Па потоа некој нека се обиде да не поверува“. Го извлеков фотоапаратот и направив неколку снимки. Треба да се каже дека таткото на семејството спокојно реагираше на тоа.

    Сето тоа потраја десетина-петнаесет минути. Детето потполно се смири, полежа уште некое време под моштите. Да не го подигнеше мајка му, веројатно ќе заспиеше таму. Монахот го собра прекривачот. Обрнав внимание на тоа дека, во текот на целата таа сцена, жителот на манастирот не проговори ниту збор. Сè правеше молчејќи, не гледајќи ги родителите. Неколку пати клекна кај детето и го гледаше, но при тоа не се крстеше.

    Кога детето речиси сосема се смири, му пристапив на таткото и го прашав на српски: „Како се викате?“ Се претстави: „Фадиљ“. И тој мене ме праша: „Вие сте словенец?“ Изгледа дека ме издаваше мојот мек изговор, а исто така и бев премногу светлокос за Србин. Изгледа за него појавата на Русин на Косово беше понереално од појава на Словенец. Му реков дека сум руски свештеник од Русија, но со тоа мојата залиха од српски фрази ми беше исцрпена. Го прашав дали знае уште некој јазик? Се покажа дека знае германски. Откако пронајдовме заеднички јазик, рамноправно поразговаравме. Тоа ми раскажа дека е по потекло од Косово, но сега живее и работи во Германија во сервисна станица. На Косово доаѓа еднаш-двапати годишно. Има две деца. Со помалото излегле несфатливи проблеми. Лекарите не можат да помогнат. И тој специјално дошол тука во манастирот. Не издржав а да не го прашам: „Но вие сте ,муслим‘?“ – „Да, да, јас сум муслиман“. Застана и се замисли како да бара објаснување за мене (а можеби и за себе) поради фактот што муслиман дошол во православен манастир. По паузата изусти зборови, кои заради документалноста, сакам да ги наведам на германски: „Kraft ist hier“ („Силата е овде!“). Ги повтори овие зборови три пати, секој пат поцврсто, поубедено, притоа енергично покажувајќи со показалецот кон подот на храмот. Такви зборови да чуеш од Албанец кај моштите на христијански светители – многу вреди. Муслиманинот ја исповедаше силата на нашата вера. Ми преостана само да возвратам „jawohl“ („се разбира, „токму така“).

    „А како се вика вашиот син?“ – „Бесмир“ (бес – зол дух, демон). Ех, кога би знаел тој Албанец што значи тоа име за Русите!

    Семејството се враќаше низ манастирските порти со поинакво расположение. Природно, во овој случај благодарноста се излеа на мене. Албанецот почна да ми ја стиска раката: „Данке, данке“. Го прашав како се вика на албански „благодарам“? „Фалендирим!“ – тоа беше првиот збор на албански јазик што го чув во животот. На разделбата се сликавме за спомен покрај портата на манастирот.

    Кога се разделивме, помислив какво чудо се удостоив да видам (па дури и да фотографирам)! Чудо не само во исцеление на детето, туку поглавното и поголемо чудо е во тоа што видов како Албанците доаѓаат во српските светилишта по помош, во оние светилишта кои самите тие ги рушеа, кај оние Срби, кои самите тие ги протеруваа. Зашто, токму тој манастир пред десетина години Албанците го срушиле, монасите ги протерале, соборната црква ја минирале и ја кренале во воздух. И ете ги сега како самите доаѓаат во него по помош и исцеление. Што е тоа друго, освен духовна победа на Србите! Ми се чини дека тој Албанец никогаш нема да крене рака на српска светиња.

    Морам да кажам дека оваа сцена во храмот се одигра не само во присуство на моштите, туку и пред иконата на Богородица „Августовска победа“. Ете ви и уште една победа за Србија од оваа икона во месец август.

    По тоа чудо во Зочиште некако станав поспокоен за судбината на Косово. Порано или подоцна онаа сила, за која тој Албанец ми кажа, задолжително ќе победи…

    Чудо со иконата на светите Козма и Дамјан од манастирот Зочиште, насликана во 1870 година4

    Отецот Антониј Давидович ја нашол оваа стара и чудотворна икона на светите бесребреници, и самиот тој го раскажува следново:

    „Разрушувањето на манастирот не е дело на локалните Албанци, туку на дојденци од Албанија. Локалните Албанци исто така ја почитуваа светињата. Рушењето беше извршено професионално, така што од манастирските ѕидини, со дебелина од еден метар, не остана речиси ништо. Сè беше раздробено, и само две симетрично легнати бетонски плочи го привлекоа моето внимание. Тоа беа единствените крупни остатоци среде ситните парчиња. Една од бетонските плочи лежеше точно над местото каде што се наоѓаше левата певница (клирос) и каде што почиваа моштите на светиот Дамјан. Сега под самата плоча лежеше половина од иконата на светите Исцелители. Имено, токму таа половина на која беше насликан ликот на свети Дамјан. Другата половина од иконата, расцепена од рушењето, лежеше под другата бетонска плоча – токму таму, каде што некогаш почиваа моштите на свети Козма.

    Тоа беше чудо Божјо: ете двете бетонски плочи – единствените кои се сочувале масивно среде кршот од ќерамиди и камења – во текот на годината служеле како покрив за половинките од иконата на светите Исцелители. И на тој начин, половинките од иконата се наоѓаа во единствените две суви места од разрушениот манастир. Бетонските плочи ги сочувале парчињата од иконата, наоѓајќи се токму таму, каде што до евакуацијата на браќата се наоѓаа моштите на угодниците“.

    Во текот на истата година беше завршена реставрацијата и конзервацијата на светата икона. Веднаш по завршувањето на конзервацијата, во саботата на 23 октомври иконата беше изложена во црквата на Свети Сава на Врачар. Во текот на следните 24 часови беше извршена служба со сеноќно бдение и литургија. По отслужувањето на акатистот, иконата се врати назад – во обновениот манастир Зочиште во Метохија. Само за еден ден, додека светињата беше достапна за поклонение, десетици илјади верници белграѓани се поклонија на иконата. Во тој број беше и авторот на овие редови. Чудесен е Бог во Своите светии!

    Исцеление на немо дете – раскажува монахиња Варвара5

    „Во едно побожно српско семејство, малиот син почнал лошо да зборува, а со текот на времето и потполно онемел. Таткото на детето го донел синот во Зочиште со надеж во помошта од светите Лекари. Возрасните излегле на улицата, а детето останало да си игра во црквата, каде што случајно заспало под ковчегот со моштите. Кога се разбудило, излегло надвор од храмот, и мижејќи од дневната светлина и полека, рекло: „А што ќе јадеме денес?“ Ова чудо се случило пред рушењето на манастирот во 1999 година, од страна на УЧК.

    Чуда раскажани од протосинѓелот Јован Јеленков, игумен на манастирот Сочаница во Косово

    Во Зочиште, манастирот е познат по исцеление на многу болести, особено на бездетност. Прво чудо за коешто слушнал, е следново: Дошол некој брачен пар од Лесковац, за да им бидат читани молитви за да добијат пород, зашто 22 години биле без деца. Им биле прочитани молитви, биле поучени да се венчаат, и потоа добиле дете, син, на кое се појавил знак, така што на неговото лево уво јасно се видел знак на буквата К, а на десното Д. – т.е. почетните букви на овие светители, чии мошти се наоѓаат таму.

    Отецот лично видел, како многу неподвижни болни се исцелиле, откако ќе им биде прочитана молитва, или ќе легнат под моштите. Некој човек од Ораховец, се шлогирал, и веднаш, наместо на лекар, бил донесен тука, и откако му биле прочитани молитви, се исцелил.

    Бисерка Јовановиќ од Косово, ослепела, па нејзиниот сопруг ја довел во овој манастир, каде што се исцелила откако легнала под моштите. Самата таа тоа го раскажала. Мажот ѝ стоел, а таа заспала, и почнала да вика: леле, ми изгореа очите. Сонувала како двајца луѓе носеле оган и ѝ го фрлиле во очи. Таа станала, а мажот почнал да вика: „Што ти е, што ти е?“ А таа сфатила дека прогледала, иако лекарите ѝ кажале дека невозможно е таа да прогледа.

    Една жена дошла кај него и му го раскажала следново: „Јас сакав да се омажам, ама не ми одеше. Се молев да се омажам, и овие светители ми најдоа маж за да се омажам. А потоа се породив точно на денот на празникот, 14 јули, и родив ќерка, која ја крстивме со името Александра“.

    Некои се молеле за да добијат работа, за да стапат во брак, деца, и нивните молби биле исполнувани, по молитвите на светите Лекари.

    Во 1995 година, од Австрија дошол некој Србин, кој сакал да запали свеќа со запалката, со која палел цигари, но никако не можел да запали. И одеднаш од кандилото над моштите, на оддалеченост од 10 метри, долетал пламен, и му ги запалил свеќите. Тоа го сфатиле како чудо од светителите, дека не им е угодно да се палат кандила и свеќи со иста запалка, од која се палат и цигари.

    На 8 јули 1997, отецот Јован бил нападнат од грб од страна на еден наркоман, кој по препорака на некој свештеник бил испратен таму на лечење, и му задал 11 убоди од нож, а отецот сето тоа го преживеал само по нивните молитви.

    Наредната година манастирот бил нападнат од Албанците, а монасите читале акатист на светите Козма и Дамјан, и никој од нив не загинал. Потоа Албанците ги повеле на стрелање со автобус, но ги ослободиле, по молитвите на светите Лекари.

    Манастир Зочиште
    manastir-zociste-6.jpg


    Собрал и превел: Свештеник Јани Мулев
     
    Последна измена: 19 јули 2017
    На IvaSand, muchacha_a, Meckicja и 4 други им се допаѓа ова.
  2. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Не. Има разни чудесии по светот, ама не се божји и натприродни.
     
    На Justicija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.138
    Допаѓања:
    14.422
    Пол:
    Женски
    Верувам.Постојат многу чуда по милоста божја и милоста на Богородица.Лично на своја кожа сум ги почувствувала,за некои само сум слушнала.Но,го има и тоа многу.
     
    На carangigia и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  5. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
    da veruvam,sum videla sum cula i sum osetila.
     
    На Rama и carangigia им се допаѓа ова.
  6. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Не сум религиозен човек но имам одредени духовни пракси. Исто така ја сакам јогата, но далеку сум од духовно напредна личност. Сепак би сакал да споделам едно искуство што секогаш ме мотивира да барам во најсуптилните финеси на Универзумот. Имав девојка постара од мене 10 години скоро. Јас бев 20 таа 34 тогаш.
    Практикуваше Јога и така се зближивме. Со текот на времето осетивме многу слични каректеристики кај нас како се забавуваме, шегуваме еден со друг. Како мислиме на една иста работа во исто време. После некое време дружење и пракси заедно се случи нешто што никогаш нема да го заборавам. Септември 2015 година.
    Стоеше пред мене и ми рече, го чувствуваш ли она што го чувствувам јас? Се осетив бескрајно смирено, почнаа да ми зујат ушите гласно, се осеќав како да лебдам, рацете и нозете ми беа тотално откачени од мене. Се осеќав блажено до бескрај. Не можат зборови да го опишат тоа чувство. Ми рече... го чувствуваш ли сега Бог како што го чувствувам јас? Чувството траеше цела ноќ, но наша грешка беше што го заменивме со секс. И оргазамот ги спушти енергиите во нас и почнавме да се караме и расправаме... но никако не можевме еден без друг, медитативното чувство беше проследено со многу болка, љубомора и завист, се мачевме буквално, но после секоја расправија медитативното чувство идеше пак. Примеќав дека дишењето ми беше многу намалено за разлика од нормлано и срцевиот пулс многу спор. Циркулацијата исто така ми беше многу пријатна, а во градите осеќав бескрајна благодат и ме тераше да правам само добро. И не се откажавме од секс и тоа не доведе до раскинување.
    После неколку години се среќаваме пак и решаваме да живееме како брат и сестра. Нејзе ја сакам најмногу на свет тоа е мојата вистинска сестра иако не сме од исти родители. Секогаш ми го дава тоа медитативно чувство и секогаш ќе ја ценам и ќе ја гледам како духовен учител. Колку и да паднавме ниско ништо не може да ја замени приврзаноста и љубовта и тоа чувство како да си земал еден тон наркотици. А не сум човек што прави такви работи :)

    Така да остануваме пријатели најдобри. И веќе сме поврзани на многу повисоко ниво од само секс и љубовта и разбирањето ни се пред се. И не постои поголемо блаженство од тоа барем јас не сум осетил во мојот живот. Се надевам дека секој човек ќе може да го почувствува истото и да копнее само кон љубов, сочувство и спасение и убавини
     
  7. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Не!
     
    На GoldenRose. му/ѝ се допаѓа ова.
  8. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    6.880
    Допаѓања:
    14.234
    Пол:
    Женски
  9. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Mislam deka seuste ne si oformil familija, pa zatoa se naogas vo takvo blazenstvo gledano i pocuvstvuvano ot tvoja strana a ne od nekoj drug.....ubavo ti e cuvstvoto no mnogu retko, neznam dali imal nekoj drug vakvo iskustvo kako tvoeto.


    No, stom ti e tebe arno i na nas ke ni bide;)
     
    На marchi-cool и dedrade им се допаѓа ова.
  10. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Би посакал на секој да му биде и тоа чувство да ги замени сите грижи и не потребни страови кои ги имаме во животот. Луѓето да сфатат дека веќе се безбедни, живи и здрави и дека треба да живеат не само за себе туку и за другите луѓе околу нас, да помагаме и бидеме хумани. А тоа чувство што ми го има дадено таа или нешто преку нејзе тотално ја уништува мрзоволноста и те мотивира да бидеш тука за секого и да даваш многу љубов. Од тоа може да произлезе само добро доколку сакаш да го задоволиш највисокото во себе, а не најниските страсти. Со текот на времето чувствувајќи го тоа погледот на светот ти се менува, ги гледаш луѓето како да се ти. А не нешто оделено од тебе. Мислам дека ова чувство добро го познаваат и Суфи мистиците, Суфизам е Исламска секта која е најубавата форма на исламот ако си го сретнала Руми тој е Суфи мистик. Мислам дека само Суфи ќе ме сфати за какво чувство станува збор.

    Ете до вчера имав потреба да плакам на форум, да се жалам за врски, нервоза, болест. А вчера ја сретнав неа и само ми доаѓа да давам добри чувства и убавина.
     
  11. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека сеуште си заљубен во неа.:wasntme:
    И тоа длабоко.. ама поради xx причини не можеш да бидеш со неа, па затоа чувствата ги канализираш на овој начин.
     
  12. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Нее, не се работи за истата жена. Мене 3 ми се 30+ за различни жени пишувам. Инаку оваа жена ја сакам најмногу и ми остана во срцето многу. Ама си ветивме дека нема да се препуштиме на страстите само ќе го уживаме пријателството. За нејзе не сум пишувал до сега во тема „Сакам да ти кажам“ тука прв пат пишувам.
    Искрено денес се осеќам навистина ослободено од сите тие гневови кои биле собрани во мене за секого. Тоа нема да реши ништо. Само убави нешта додавај му на денот инаку зошто си жив на Земјата. :D
     
    На ♣ Alba Viduam ♣ му/ѝ се допаѓа ова.
  13. baba Rada

    baba Rada Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    4.526
    Допаѓања:
    25.582
    Пол:
    Женски
    Извини вака оштро што ќе ти се обратам, но мислам дека живееш во облаци..ај приземји се малку!
    Јас се отепав давајќи убави нешта на денот, како што ти не "подучуваш" тука, за на крајот од денот некој да му се посере на сето тоа!
    Ветер и магла ти се тие филозофски мисли.
     
    На sjdgo и Daern им се допаѓа ова.
  14. Daern

    Daern Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2017
    Пораки:
    308
    Допаѓања:
    1.247
    Пол:
    Машки
    Немој да ми се лутиш. И јас понекогаш сум лут на оние од кој што сум ги читал овие според тебе квази-мисли. Сметам дека си постара од мене и дека нема смисла од моја страна да коментирам, докажувам нешто што не е прифатливо за тебе и твојот пат во твојот живот. Исто така не би ми доликувало да те убедувам во нешто за кое што веќе имаш создадено мислење дека е грешка.
    Само ми се допаѓа што му имаш дадено на денот, оти правењето добрина се прави поради самата смисла на правењето добрина, не за да имаме некаков бенефит од тоа. Тогаш не правиме добрина туку правиме животот да се осеќа како наш должник, а тој веќе ни дал многу, не?
    Те молам погледни подлабоко во срцето на тој што ти го расипал денот и запомни дека како реагираш ти на тоа што тој направил е твоја карма, а што направил тој е негова. Знаеш дека не се потпирам на библијата но има еден прекрасен стих вели.

    И светлината светеше во темнината и темнината никогаш не ја покри ♥


    Постои една жена која што ја познаваш... кога и велеле зошто правиш добро на свекрвата, таа гледа се најлошо за тебе, таа одговарала „јас на својата душа добро и правам“ ;)
    Би требало да ја познаваш личноста, знам :)
     
    На blonde_supergirl и baba Rada им се допаѓа ова.
  15. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.781
    Допаѓања:
    4.395
    Пол:
    Машки
    Свети отче Науме Охридски и свети отче Гавриле Велички молете Го Бога за нас!
     
    На pikolino, душленце, Bitter-Sweet и 2 други им се допаѓа ова.
  16. душленце

    душленце Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јануари 2017
    Пораки:
    121
    Допаѓања:
    1.454
    - едно прекрасно видео
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.
  17. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
    Зошто мене лично и на моите блиски не ни се случило некое чудо ? Нешто надприродно ? :wasntme:
    Приказни за мали деца :smoke:
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Пошто Бог за мене е свемирот, небото и заедно со нив се што е свето изградено (цркви, џамии, храмови и сл.) (сето тоа го сметам како еден БОГ)..Верувам во божји чуда зашто секогаш кога сум се молела за нешто големо ми се остварило и за тоа сум благодарна :D .. За мене тоа е божје чудо, а во такви видеа и чудесии сигурно направени од луѓето не верувам :)
     
    На joy1 и marchi-cool им се допаѓа ова.
  19. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    18.998
    Пол:
    Женски
  20. Belgin1

    Belgin1 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 октомври 2017
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    8.356
    Пол:
    Женски