Да, сега верувам. Кога почнав да читам библија, почнаа да се случуваат чуда. Јас бев цел живот атеист и одвај поверував во Господ. Прво, ми го спаси бракот од сигурен развод затоа што кога почнавме да читаме библија со ММ, целосно се променивме и повеќе немаме кавги и кризи. Второ и најчудно, се молевме за мојата золва да забремени ( иначе 7 години неуспешно се обидуваат да имаат деца) и ММ и испарака христијански филм сличен на нејзиниот живот, и после 2 дена ни јави дека е бремена И во рок од 3-4 месеца ни се случија милион добри работи само со вера.
Тоа што го гледала христијанскиот филм не може да има никакво влијание, бидејќи за да покаже тестот дека е бремена треба да поминат околу петнаесетина дена, што значи дека бебето било веќе зачнато уште пред да го гледа филмот.
Има тестови што покажуваат по 24 часа, не е битно. Не е филмот тој што го направи чудото. Туку покајувањето од нејзина страна за неверието во Господ.
Какви се тие тестови жити сè, 24 часа по односот не е ни формиран зиготот. Најмалку по 3-4 дена може да покаже, и тоа најчесто преку крвна анализа. Покајувањето што било предизвикано од филмот може да го намали стресот, што би влијаело при зачнување, но очигледно е дека веќе била бремена кога се покајала, па тоа нема никаква улога.
Озбилно? Секоја чест на режисерите. Два дена по филмот ја соопштува убавата вест. Честитки за ова. Ама чудо не е. Била бремена пред да го гледа фиилмот.
Во секој случај, нов живот почнува по Божја волја. Божја промисла е тоа. Не е филмот чудесен, туку вербата и молитвата. Господ се смилувал и по 7 години им дарил бебе. Зошто не порано? Тоа Тој знае.
Сигурно не поради филмот. Господ и' ја дарил бременоста пред да го гледа филмот. (Пред да се покае и просветли нели)
Ок Лела, знам дека не е поради филмот. Ова е моментот. Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг, за да се исцелите: голема сила има усрдната молитва на праведникот. (Јаков; 5;16) Кој во чуда верува, чуда му се случуваат. Кој не верува...
Од толку посочени факти горе на членката успеала да го спаси бракот, се покајала, добила највредно нешто, вие се фативте дали била бремена по или за време на филмот. Што е битно, битно е филмот го гледале во право време и знаат дека се на прав пат. Кога ќе се фатите за нешто, игла во сено барате. Не можете да ги разберете овие работи. Ова само се доживува.
Па нема ништо чудно ниту во тоа што си го спасиле бракот откако почнале да ја читаат Библијата. Сите знаеме колку бракот е потенциран како една од најважните вредности во истата. Им се променил светогледот, поуките им влијаеле на психата и однесувањето. Никој не негира дека религијата има и позитивни страни, а ете можат и разумно да се опсервираат и прифатат како такви А тоа со филмот веќе е надвор од логиката, доволно објаснила Лела.