А и во егзорцизам ли треба да веруваат луѓето денес за да бидат верници? Јас па мислев во 21 век тоа одамна е останато во хорор филмовите пошто постојат објаснувања и стручњаци за ментални болести, ама па што знам јас... многу чудна работа
Верувај во чуда. Биди трпелива. Знаеш што е искушение нели? Кумата моја до 45та се бореше со неплодност. На сон и се сонило каде да оди и преспие. После толку неуспешни инвитра, сега има 14 годишна ќерка, убава како ангел. Верба, молитва, покајание и трпение. Знам дека е лесно да го кажам од оваа страна, всушност не сум во план ни за бременост, може секоја од нас не чека ете ова... Не паѓај во очајание. Господ е голем!
Кажи така Скраја било! Имам уплав од него, ваљда затоа вака реагирам, а никогаш не сум го ни сретнала. Секта, мафија, како сакаш кажи го.
Јас верувам во чуда. Сум доживеала. Еве еден пример. Премногу сакав да отидам на едно место ама немав со кои. Другарките воопшто не сакаат да идат таму, а мене ми збореа за мое добро да не идам. Ама во тој период кога ми беше лошо јас мислев дека местото многу ќе ми помогне и ќе ми се врати барем малце расположението. Нели како верувате така и ќе биде. Од некоја ,,случајност" бившиот ми имаше пишано да се видиме и да идеме токму на тоа место каде што сакав јас. И како што реков јас си бев посреќна одкако се вратив. А познавајќи го него јас си мислев дека ќе сака на други места да идеме каде што немаат ни допирна точка со тоа што јас го сакав. Случајност е сега ова или поради мојата желба?
Манастир Калишта, Струшко, некој искуство со отец, молитва, чудо? Бевме за празникот, отецот ни испеа молитва за дете, рече да постиме и да се исповедаме. Многу убав манастир.
Ова е најновото големо чудо кое се случи преку молитвите упатени кон Мајката Божја во Калишкиот свет манастир. https://daily.mk/vesti/jovan-se-razbudi-od-koma-po-chetiri-godini-1
Архангел Гаврил не е светец, тој е еден од најглавните ангели-архангели и е гласник на бога, тој е оној ангел кој и се јавил и и кажал на Богородица дека ќе го зачне Исус. Тој бил твојот заштитник и му јавил на Бог да те спаси. Редовно заблагодарувај му се и читај молитви за него..
Јас лани бев ,исто за дете,ни отпеја молитва и ништо.Годинава касно отидовме беше затворено,па сама купив бебешка облека и ја оставив во Св.Богородица Каменско Охрид и сега сум бремена.После 4 неуспешни инв и совет од докторите да купам донирани јајце клетки.