1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Токму така, Господ баш тогаш беше задремал јако после ручекот и Гаврил му ѕвонел да ја спаси :D
    Шала на страна, Господ не спие и нема потреба неој да му јави за било што. Се гледа и се знае. Затоа што е Бог.
    Во целата Библијата, од првата до последната страница, никој никогаш не му се заблагодарувал или фалел или поклонувал или обожавал ангели. Напротив, кога еден пробал да му се поклони на ангел, ангелот го прекорил:

    „И јас, Јован, сум тој кој го чу и го виде ова, и кога чув и видов, паднав да се поклонам пред нозете на ангелот, кој ми го покажа ова. И ми рече: „Не прави го тоа! Јас сум сослужител твој, и на твоите браќа, и на пророците, и на сите оние, кои ги пазат зборовите на оваа книга. Поклони Му се на Бога!”“ (Откровение 22:8, Библијата)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ох човеку, а што правиме со она дека сите имаме свои ангели чувари? Тоа го пишува дури и во библијата, јасно е спомнато дека Господ се гледа и слуша, ама дека имаме и ангели-чувари кои постојано се со нас и "запишуваат" се што правиме во текот на целиот наш живот.
    Не ти е срам да се зезаш и да го порекнуваш значењето на Архангел Гаврил или кој и да е друг светец? Ај донекаде те разбирам, не го признаваш православието, ама многу си опседнат, гледај си масата твоја да ти е полна.
     
    На ane.bella и Just.do.it им се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Треба помалку да гледаш македонски народни приказни, а повеќе да читаш Библија. Нема нешто такво како „ангели чувари“ во Библијата, ниту има пример каде што ангел му јавил на Бог нешто, ниту има пример каде што некој му се моли на ангел, или му се поклонува или обожава ангел.
    Целта на сатаната (ѓаволот) е да ги натера луѓето да не му се молат на Бог, туку да се молат на „ангели“. Целта на сатаната (ѓаволот) е да ги натера луѓето да го пополнат своето време обожавајќи „ангели“, за да немаат време да го обожаваат Бог. И за жал му успева кај многу луѓе.
     
    На malinnnnnna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Кога ќе сфатиш дека имс разлики меѓу православие и протестантизсм и дека секој има право да верува во тоа што сака?
     
    На ane.bella, душленце и Rama им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Во слободно време гледам македонски народни приказни, ама одам и во црква, читам библија, додуша многу поретко од порано, ама добро знам дека тоа го пишува во библијата, ќе ти повторам сите имаме свој ангел-чувар, како не пишува бре, кога јасно вели дека тие се постојано со нас и гледаат и запишуваат се што правиме ние и дека тоа се ќе биде кажано на Судниот ден.
    Е како да не, Нечестивиот нас милиони православци не тера да веруваме во светци и ангели, така е да:D
    По милионити пат, ќе ти повторам дека Господ ни е пред секој ангел и светец, ама тоа не значи дека не треба тие воопшто да постојат, не бери гајле секој си има свое место во нашите срца.

    Немало примери во библијата кај што се јавува ангел?
    А на Богородица кој и јави дека ќе зачни?
    На сопругот на Елисавета, мајката на Јован Крстител, кој им јави дека ќе добијат бебе?
    На жените со Богородица кога одеа на гробот на Исус, кој им јави да не го бараат живиот меѓу мртвите?

    Не признаваш светци во православието, а она во библијата кога Илија и Мојсеј им се појавуваат на Исус и Петар?
    А свети Илија е светец во православието:)
     
    На ane.bella и Just.do.it им се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Е ајде де, ако пишува, кажи каде точно пишува :) Во која книга, кое поглавје и кој стих. Јас секој пат кога цитирам нешто од Библијата, давам референца каде точно го пишува тоа, за да можеш и сама да си провериш. Иначе вака секој може да си рече дека нешто пишува во Библијата. И муслиманите можат да си речат дека за Мухамед пишува во Библијата, а врска нема тоа.

    Реков „нема пример каде што ангел му јавува на Господ нешто“, сфаќаш? На луѓето имало потреба ангел да им јави нешто, ама на Господ нема потреба, бидејќи Господ се знае и се гледа и е сеприсутен, не спие, не е сенилен, не е заборавен итн.

    Кој рече дека не признавам светци? Си верувам јас во Илија, Мојсеј, Авраам итн. Верувам и дека нивните души се живи кај Господ. Но она што не верувам е дека тие можат да ги слушаат нашите молитви, па потоа да посредуваат за нас. Едноставно и со лупа да бараш, во Библијата нема да најдеш ниту една единствена молитва упатена до светец, или до ангел. Едноставно нема.
     
  7. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Ако веруваш во светители зашто не веруваш во Пресвета Богородица и св. Јован Крстител?
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не верувам во „Пресвета Богородица“, туку во блажената Марија - мајката на нашиот Господ Исус Христос. Според Светото Писмо (Библијата) пресвет е само Господ и никој друг.

    А во св. Јован Крстител се разбира дека верувам. Исус за него има кажано дека „никој меѓу родените од жена не се воздигнал повеќе од него“ (ев. Матеј 11:11, Библијата).
     
  9. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    За тебе може е така, за друг поинаку. Секој има право да верува во што сака.
    Како за тебе православието што не е точно така и за мене протестантството.
    Секој со свои мислења и верувања.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  10. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не збориме тука за протестантство или за православие, туку за она што го пишува или не го пишува во Библијата. И нема тука „релативна вистина“ како што ти заговараш, демек за едни е вака, за други така. Или пишува нешто во Библијата, или не пишува. Не може за едни да пишува, а за други да не пишува :)

    Се разбира дека секој има право да си верува во што сака и ова сите што сме на форумов одлично го знаеме и не сфаќам зошто има потреба во секој втор пост да го повторуваш. Никој никому не брани да си верува како што сака, ниту пак некој некому наметнува. Едноставно ова е форум за дискусии на тема на религија. Овде дискутираме со аргументи. Овде ако е нешто црно, ние велиме дека е црно и аргументираме зошто е црно, и тоа не би требало да го навреди оној што смета дека тоа е бело, ниту пак тој треба да си осеќа дека верата му е загрозена, забранета или дека му се наметнува црната боја :)
     
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Ако библијата има само едно толкување тогаш зошто различните протестантски секти различно ја толкуваат? :^)
    И ти го наметнуваш протестантизмот како најточен а сите други религии погрешни.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Кажав дека поретко ја читам библијата сега, за жал..ама штом ќе најдам ќе ти кажам.
    Е па ти ги признаваш само Мојсеј, Илија и Авраам оти се од Стариот Завет и се спомнуваат во библијата, бидејќи ти строго се држиш до неа.
    Е па вака, нели Исус на избраните апостоли им рече да одат низ светот и да ги поучуваат народите и да ги "продухувуваат", е па драг Евангелосе, да истите тие апостоли ја напишаа библијата во првиот век, ама многумина од тие апостоли имаа свои помошници и ученици кои го раширија христијанството, да не речам го "разгранија" на православие, и после имаш светци, свети Отци, икони и што не, без разлика што тоа не го пишувало во библијата.
    Библијата е божји збор да, ама православието со векови е огранок и дел од тоа изворно христијанство како што милуваш да го нарекуваш ти.
    Ај попросто кажано, знаеш како изгледаа порано и телевизорите, и телефоните, а како изгледаат денес, и која улога ја имаат?
    Е па така и со библијата, во православието е надоградувана само, но не и порекнувана колку и да сакате да ја доловите како таква во православието.
     
    На Just.do.it и RosettaStone им се допаѓа ова.
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ај те молам не гњави со ова у секоја тема. Не збориме овде за толкувања. Не постои нешто такво како „толкување на Библијата“. Библијата се чита и разбра, а не се толкува. Не е тоа толковник на соништа па да толкуваш таму некои симболи :D
    Не може да толкуваш нешто што го нема во Библијата. Ако никаде не е спомната молитва до светец и ако сите молитви во Библијата се упатени до Бог И САМО ДО БОГ, тогаш учењето на Библијата е јасно. Едноставно не можеш молитва упатена до Бог да ја „толкуваш“ како да е упатена до „Св. Петар“. Не може на пример молитвата „Оче наш кој си на Небесата....“ да ја толкуваш дека била упатена до Св. Петар, кога сите добро знаеме дека Отецот наш Небесен е Господ, а не Св. Петар.
     
  14. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Дали сметаш дека Библијата онака како што била првично изворно напишана по сите тие преведувања од старогрчки, хебрејки, латински останала во ист облик по текст и содржина до ден денешен?
    Јас мислам не, затоа што секој ја препишувал на свој начин затоа и толку многу врсти на религии и сметам дека не треба толку буквално следење на се напишано во Библијата иако се согласувам дека на духовно поле има многу добри совети и препораки кои во тоа време кога била пишана повеќето луѓе не знаеле дека треба така и единствен начин било да се запознаат со правилен начин на живот преку толкувањето на таа света книга од свештени лица.
    Но понатаму што свештените лица се здобиле со толку голема моќ и власт меѓу народот и се испаднало голема циркузијада односно религијата преминала во начин на подјармување на народот и контролирање на неговата слободна воља е тоа не ми се допаѓа и не го оправдувам а истото се прави и ден денешен.
     
    На theowndemon, Lella, ane.bella и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.042
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Хаха воопшто не е така како ти што зборуваш. Ти досадуваш во секоја тема со цитати од Библијата и со очајнички обиди да ти поверуваат во тоа што го кажуваш.
     
    На душленце му/ѝ се допаѓа ова.
  16. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Да. Пред некој месец напишав и цела статија на оваа тема, со 4 силни аргументи зошто можеме да бидеме сигурни дека Библијата е практично непроменета.
    Повели:
    Дали Библијата била менувана, сечена, лепена, монтирана?
     
    На RosettaStone му/ѝ се допаѓа ова.
  17. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    ''Ако некој ви рече дека вашиот извод од матична книга на родените е менуван, дека всушност сте родени во Април, а не во Мај и тоа под друго име, никој од нас не би го прифатил тоа здраво за готово нели? Вие би побарале доказ: Кој, кога и каде го променил мојот извод? Покажи ми две различни автентични копии од мојот извод што се разликуваат, па да видиме дали станува збор за менување?''Знаеш колку бебиња биле крадени во Србија пред повеќе години и продавани во странство и им се вадени лажни изводи, некои од нив не ни знаат дека е тоа така. По многу години се отворија тие случаи и признаа тие огромни грешки така да за се секогаш нема доказ.
    А за оној дел А и да имало фејсбук, не биле сите овие 24,600 ракописи под контрола на Католичката црква квантитетот не е доказ за квалитетот на можеби само една книга која со тек на време била ''добронамерно'' менувана.
    Сепак фала за статијата ја исчитав и интересно делува ама не ме убедува дека е се така како што е напишано. Сепак секој ќе верува во тоа во што сака да верува.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    За мене најсилен е третиот аргумент таму „Независни линии на пренос“, но е малку потежок за објаснување на пошироката публика, но за историчарите и текстуалните критичари, тоа е доволен доказ дека некој антички текст не претрпел измени.
    Еве ти и една статија за веродостојноста на Библијата, каде што има интересни табели за споредба на Библијата со други антички историски документи. Ќе видиш како Библијата се котира на првото место според текстуалниот критицизам и историчност.
    https://www.apologetika.mk/verodostojnost_na_biblijata/
     
  19. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.993
    Пол:
    Женски
    Ме заинтригира третиот аргумент и читнав и од ова нешто ама пак ќе ти пишам не се придржувам буквално до се напишано во Библијата иако верувам и знам дека сите напишани совети во неа биле во тоа време начин за да се едуцираат луѓето и да им се олесни животот. Духовните начела на Библијата се универзални правила за живот во тоа верувам и тоа е тоа. А колку е веродостојна денешната Библија со онаа првата, колку е стара и со кои техники се детектира оставам на историчарите и текстуалните критичари да утврдуваат дека и тие мора да работат и заработуваат од нешто исто како и активистите од секоја религија:D
     
    На Rama и Just.do.it им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Кога станав христијанин, во далечната 2003 година, знаеш што правев? Си верував буквално во тоа што ми одговара, а симболично во тоа што не ми одговара. Си верував буквално во она што не бараше промена кај мене, а во оние делови каде што се бараше од мене да се покајам, да се променам, да престанам со некоја навика, е тие пробував да ги релативизирам, да ги толкувам „симболично“ :D За мене си зборам, не алудирам воопшто на тебе. Само ти давам пример зошто некои луѓе си селектираат во што ќе веруваат во Библијата, а во што не и ќе му бараат симболично значење.

    Библијата е единствена света книга која содржи пророштва, и тоа стотина кои се исполниле во неверојатни детали. Тие исто така ја потврдуваат нејзината божественост и натприродност, бидејќи само Бог може да ја знае иднината во толку детали.