1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Ако само Бог ја знае иднината значи станува збор за веќе предодредено случување на нештата што се коси со правото на поединецот на слободна воља и индивидуален избор.
     
    На candy.cane и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Добра поента. Навлегуваме во подлабока теологија :) Во теологијата постојат предодреденост и преднзаење. Тешко е за нас да го сфатиме ова, бидејќи ние живееме во рамките на времето, додека Бог живее и над времето, бидејќи Тој е создадел и на времето како димензија.
    Најдобрата илустрација што сум ја слушнал за предодреденоста во рамките на слободниот избор ми е следнава. Јас и ти можеме да играме шах со светскиот шампион во шах. Ние ќе имаме слободен избор за секој потег. Но крајниот резултат од партијата и те како ќе можеме да го претскажеме. Па слично и Бог, како врвен шахист, може да делува и согласно нашите избори, за на крај пак да биде онака како што Тој предвидел.
     
  3. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    Како мислиш можеме да го претскажеме? Демек шампионот ќе не победи тоа е претскажувањето?
     
  4. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Мхм. И тоа можеш да бираш дали сакаш од лево да те матира, или од десно, а ќе ти дозволи и да бираш со која фигура сакаш да те матира :D
     
  5. RosettaStone

    RosettaStone Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2019
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    9.994
    Пол:
    Женски
    А ако го стрефи срцев удар кој кого матира? Бог него дека се е по божја воља?:D
     
    На candy.cane и EvAngelos им се допаѓа ова.
  6. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    Стварно? Тогаш,зошто не ги олабавиш темиве човеку , и зошто не ги оставиш другите да си кажат што имаат и да веруваат во тоа без да ги цитираш по 8272821039383 милиони пати и да наметнуваш свои ставови?!
     
    На Lady D ❤️, lovestoneddd и Just.do.it им се допаѓа ова.
  7. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    бла бла, дрн дрн, си има посебна тема за тоа: „Сакам да кажам - без цитирања“. А ако некој не сака да добие критичко мислење на своето, тогаш форумот и не е баш најдобар медиум за таквите постови. Си има блогови на пример за тоа. Форумот е социјален медиум каде што пишување мислења, но исто така мислењата ни подлежат и на критички осврт - било позитивен, негативен, неутрален.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  8. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    Треба да добиеш траен бан од темата религија :)
     
    На lovestoneddd и Just.do.it им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Ај баш да видиме дали ќе добијам :)
     
  10. V.odolija

    V.odolija Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2014
    Пораки:
    1.173
    Допаѓања:
    20.843
    Нема не се секирај :).Уште долго ќе ги отупуваш темиве.
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.038
    Допаѓања:
    6.649
    Пол:
    Женски
    Ќе не "просветли".
     
    На Annora му/ѝ се допаѓа ова.
  12. doubleg

    doubleg Популарен член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    285
    Допаѓања:
    4.406
    Очигледно е најспремен на овие теми и тоа ве нервира. Мене баш ми е пријатен за читање. :)

    Прашање до @EvAngelos околу нашите православни цркви:

    Дали како такви, полни со икони и посветени на одреден светец, не се божји храмови? Дали таму не престојува Бог?

    Јас знам за случаи каде одреден светец се јавува на сон на некого и му кажува точно на кое место треба да изгради црква. Сум посетил неколку такви цркви. Фасцинантно е што се немаат луѓето направено, огромен труд, пари и време и обично сами финансирале се. Години и години посветена работа.

    Зарем би опстоил некој на тоа доколку не е сигурен што прави?
     
  13. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Не негирам дека некој искусил сон каде што некој светец му рекол да изгради некоја црква. Единствено не верувам дека тоа било навистина духот на апостолот Петар, Павле или на некој друг христијанин што починал после нив (светец). Едноставно повеќе и верувам на Библијата, отколку на нечиј сон. Во спротивно мојата вера би се темелела на нечии туѓи или мои соништа, а не на Божјиот проверен и сигурен збор.
    А соништата може да се производ на се и сешто. Постои цела психологија и медицински причини зошто некој сонувал некој сон. А исто така не смееме да заборавиме дека постои и ѓаволот и демони во духовниот свет, особено кога некој им отвара врата преку идолопоклонство и те како тие можат да делуваат.

    Она што Бог јасно го вели во Библијата е дека Тој не живее во човечки изработени храмови. И тоа пази, ова Бог го рекол за Соломоновиот храм - храм потврден од божјите пророци, тоа е храмот каде што евреите му служеле Бог, му принесувале жртви, па дури и Исус бил обрежан и посветен во тој храм. Бог за тој храм го вели следново:

    „А Соломон Му изгради Дом. А Сèвишниот не живее во ракотворни храмови, како што вели пророкот: ’Небото Ми е престол, а земјата е подножје на Моите нозе. Каков дом ќе ми изградите - говори Господ - или какво ќе биде местото за Моја починка. Не го направи ли сè тоа Мојата рака?“ (Дела 7:47-50, Библијата)

    Исто така е добро да се нагласи дека првите христијани воопшто немале ни црковни објекти, па сепак христијаните си функционирале и тоа далеку подобро отколку денес. Црковните објекти почнале да ги градат од потреба, кога нивниот број се зголемил многу и имале потреба од такви објекти, за да имаат каде да се собираат. Но нивната цел е за луѓето да имаат каде да се собираат, а не за Бог таму да седи. Исус рекол: „Каде што се двајца или тројца - таму сум и јас посреден нив“. Така што и во парк да се соберат 2-3ца христијани и да се молат, таму е и Исус покрај нив. Не им треба зграда со крст над нив, за да Исус биде присутен.
    Колку е само смешно што на пример цел Аеродром е полн со минијатурни симболични црковни објекти, кои се тотално бесфункционални, а веројатно изградени затоа што на некој му се сонило нешто, па тој/таа од суверие или за да не ја снајде нешто лошо, го изградил тоа мини-црквиче и таму пали кандило и свеќи на некоја си слика (икона). Тотално небиблиски и непотребно, а човекот за жал наместо да му служи на Бог, му служи на тоа објектче кое самиот си го изградил т.е. служи на предмет.
     
  14. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Ама кој си ти да знаеш дали нечестивиот се јавува наместо светец и ги збунува луѓето, ги тера да му се молат и да градат цркви.
    Значи, има една поговорка, гледај што прави мнозинството, ако се сите бели овци, ти не се дели да бидеш црна, ова малку на мајтап го кажувам :D

    Сериозно, од милиони верници кои се молат и веруваат во светци, им градат цркви, во кои првенствено Господ се слави, ти ќе кажуваш не било исправно.
    Па и да не е исправно, и Вавилон, Помпеја, Содом, Гомор и слични на нив не беа правилни па Господ ги срамни со земја, да беше грешно православието, зарем би го оставил како такво 2000 години???
     
    На душленце и Just.do.it им се допаѓа ова.
  15. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Јас не кажувам што е исправно, само ти пренесувам што Бог кажува во Библијата. Мнозинството не е репер за вистината. Исус е вистината. Исус јасно кажал дека широк е патот што води кон пропаст и МНОГУМИНА одат натаму (ев. Матеј 7:13, Библијата)

    Тоа било во Стариот завет. Во Новиот завет Бог навестил поинаков план. Имено, ќе се толерира гревот и заблудата до полната мера на Божјиот гнев и потоа ќе интервенира врз ЦЕЛАТА Земја одеднаш.
    Во спротивно, зошто би го толерирал Исламот? Или сметаш дека Исламот е правилна објава за Бог и не е грешен?
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Може ќе навредам некого, ама сметам дека е грешен да.
    А за патот на православието пишав и пред некој ден, го имаш Исус кој им вели на апостолите да одат и да го шират христијанството, потоа тие имаат ученици и разни учители, од нив настануваат Светите Отци, мачениците кои стануваат светци и слично.
    Библијата не се порекнува, само што ја надоградиле сите овие апостолови ученици, тоа ти е православието врз кое се базираме и водиме денес.
     
    На душленце, Just.do.it и sjdgo им се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Тогаш зошто Бог не го срамни со земја како Вавилон, Помпеја, Содом, Гомора? :) Ете ти одговор на твоето прашање поставено погоре.

    Има огромна разлика меѓу учениците на апостолите („отците“ од 1-2 век) и оние што исто така ги нарекле „отци“ после 4ти, 5ти, 9ти, 11ти век. Учениците на апостолите ниту се молеле на светци, ниту правеле икони, ниту ја обожување блажената Марија, туку се држеле до апостолското учење запишано во Новиот завет од Библијата.

    Второ, во Библијата јасно пишува дека и оние што биле лично поставени од апостолите за епископи можат да отпаднат, па дури и пророчки било кажано дека ќе отпаднат од Христовата вера.

    “Павле извести во Ефес да ги повикаат старешините на црквата. А кога дојдоа кај него им рече: … Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи (епископи), за да ја пасете Божјата Црква…. а и од вас самите ќе се подигнат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечат учениците по себе” (Дела 20:17-30, Библијата)

    Трето, Исус преку апостол Јован ја предупредил локалната црква во Ефес (која била поставена од апостолите!) дека ако не се покае, ќе го отстрани светилникот од таа црква и таа црква повеќе нема да биде Христова.

    “Но имам нешто против тебе, зашто ја остави првата љубов. И така спомни си од каде падна и покај се. А ако не, скоро ќе дојдам при тебе и ќе го отстранам твојот светилник од неговото место, ако не се покаеш.“ (Откровение 2:4-5, Библијата)

    Овде не се мисли на „романтична прва љубов“, туку на првата љубов кон вистината, кон евангелието и Исусовото учење. А „светилникот“ не се однесува на физички светилник, туку на Светиот Дух.

    Четврто и фарисеите се повикувале на својата историска (крвна) поврзаност со Авраам, но сепак Јован Крстител им рекол дека Бог може и од камењата да издигне чеда на Авраам, а Исус им рекол дека иако се Авраамови телесни потомци, тие всушност се чеда на ѓаволот.

    „И не велете си во себе: “Авраам е наш татко”, зашто ви велам, Бог може од овие камења да му издигне чеда на Авраам. Секирата веќе лежи при коренот на дрвјата; затоа секое дрво што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган“ (Матеј 3:9-10, Библијата)

    „Исус им рече на евреите кои Му поверуваа: “Ако пребивате во Моето слово, навистина сте Мои ученици…” Му одговорија: “Ние сме Авраамово потомство…” Исус им одговори: “Знам дека сте Авраамово потомство, а сепак сакате да Ме убиете, зашто Моето слово не наоѓа место кај вас…” Му одговорија и рекоа: “Наш татко е Авраам”. Исус им рече: “Вие поттекнувате од вашиот татко – ѓаволот.” “ (Јован 8:31-44, Библијата)

    Одовде гледаме дека на Исус не му е важна физичката или организациска поврзаност, туку духовната поврзаност која се карактеризира со послушност кон Божјото т.е. Христовото Слово. Некој паметен рекол: Бог нема внуци, туку само деца. Без разлика дали си крвен наследник на некој голем и исправен верник или пак си ја наследил неговата/нејзината Библија или пак го славиш Бог во просторија каде што Христовите апостоли проповедале, ако ти, ако лично ти не се покаеш и не го следиш Исусовото изворно учење, ништо од наведеното нема да ти помогне.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    За мене Божјо чудо е се што се случува неочекувано (всушност знаеме дека може да се случи, секое дело и одлука има последица) ама ни носи радост и среќа.
    Т.е, не сметам дека Бог ни ја крои иднината, туку ние самите. Само што е полесно да се верува во првото, затоа што инаку следи разочарување кога ќе се случи нешто лошо, а сме се надевале на добро.
     
    На Herrera му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    @Rama, така ако гледаш, и Константинопол падна. Но, посоодветна библиска аналогија се Евреите кои Бог ги предава во ропство на паганските кралеви, не би го споредувала православието со Содома и Гомора.
    Кога се конфронтираат православните членови и Евангелос, има про и контра на двете страни, ама реално, во овие спорови некако Евангелос настапува теолошки најпоткрепено, вагата натежнува накај него. Кажувам објективно како изгледа отстрана, не сум протестант и не планирам да се преобраќам, за мене тие поделби во христијанството, православни, католици, протестанти, се излишни. Христијанин е оној кој го прифатил Христос и притоа се труди да живее богоугодно, а во која традиција му е бекграундот, не е важно. Не ги гледам како клучни прашањата дали се душите на светците посредници кај Бога и дали имаат повластен статус да прават чуда на овој свет. Можеби навистина се претерува со примената на предхристијански обичаи за време на празници и со поклонението кон светците, но инаку не сметам дека е грев оддавањето почит кон светиите. Во време кога на удар е христијанската вера и таа слабее, не мислам дека треба да се актуализира раздор од 16-ти век. Не би било лошо и вие кои сте верници да размислите во овој правец. :)
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Иако знаеме да се „запукаме“ со @Rama , сепак Рама ми е неколкугодишна форумска пријателка и многу ми е драга :) Да бидеме на чисто тука.
    Би сакал да чујам мислење од @Rama , @Just.do.it и другите што велат дека протестантизмот се појавил во 16-ти век т.е. дека тоа е некоја подоцнежна новотарија, а не реформација на црквата преку нејзино враќање кон изворното Христово учење.
    Како вие ќе сте постапеле да сте се роделе во 16-ти век, во католичко семејство и во католичко опкружување. Сте направиле некаков грев и свештеникот ви вели дека треба да платите за да ви биде простен гревот. Вие по некоја среќна случајност сте писмена, сте ја прочитале Библијата и знаете дека таква работа нема во неа и дека тоа е измислена доктрина со цел црквата да го молзи народот и да се богати на нивната духовна заслепеност.
    Како би постапиле? Ако се побуните, тогаш ќе ве наречат „протестанти“ бидејќи протестирате против папското учење? Ако пак се одлучите во се да ја поддржувате црквата, тогаш ќе ве гризе совест дека правите и поддржувате нешто што јасно е спротивно на Божјата воља, спротивно на Христовото учење?
    Навистина, како би постапиле?
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.