1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Исто и на ова прашање околу слободната волја сакав да се осврнам. Слободната волја има минимален удел во животот на човекот. Да беше до слободна волја, ќе се родев во крвните лози кои владеат со светот. Немаше да се родам на Балкан и да бидам сега на форумот.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Па добро, не знаеме, си претпоставуваме и претпоставките се различни.
    Имам многу што да напишам, но одбирам да не го правам тоа, не сакам да се мешам на форум во верувањата на луѓето.
     
    Последна измена: 11 декември 2019
  3. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Не е мешање тоа, сепак дискутираме само, не е дека објавуваме овде лични податоци и интимни стории :)
    На крај на денот, сите сме возрасни и никој на сила не може да ни наметне ништо, макар и 47733 постови на ден да пишува овде.
     
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Вербата е интимно чувство, а форумов е сепак збир на непознати. Овде гледаме дека за жал, изразувањето на тоа чувство другата страна го злоупотребува во дискусии. Така кога во друг подфорум ќе имаш несогласување со некого, наместо да се фокусира на тема, по некое свое плитко сфаќање на верата ќе ти рече, „ама Рама ти како верник не смееш да размислуваш така, ти не си добар верник...“ или „ти веруваш во божји чуда, а ова се реални теми, зошто коментираш“ и неаргументирано ти го отфрла правото да се искажеш, не го почитува. Не велам дека тој некоректен однос треба да обесхрабрува, но има ред други причини зошто многу работи не се изложуваат пред поширока јавност и тоа на ваков начин.
    Сега отиде офтопик ептен, ама да, некои си мислат дека пишувајќи влијаат. :D
    И не се сите членови и читатели на Фемина возрасни, има малолетници.
    Јас сум далеку од намера нешто некому да наметнувам, пишувам чисто за да се искажам, но не вреди ни до толку да се инволвираш на форум. Отсекогаш гледам да сум што е можно порезервирана на темите.
    Околу чудата мислам дека не ме разбра, не е битно. Секое добро.
     
    Последна измена: 11 декември 2019
    На candy.cane му/ѝ се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според исходот (последиците) од чудото. Ако чудото е од Бог, тогаш исходот на чудото ќе бидат луѓе што го прославуваат Бог, обратени неверници кон вера во Бог, луѓето ќе се повеќе мотивирани да се молат на Бог, да ја читаат Библијата, ќе го зголемат заедништвото меѓу нив итн.
    Ѓаволот не сака ништо од ова, па затоа и неговите намери и делувања се обратни од се ова.
    Така што, ако чудото е од ѓаволот, тогаш исходот ќе биде луѓе кои НЕ го прославиле Бог, туку луѓе кои слават некој човек, некоја верска градба (црква, манастир), луѓе ќе се поклонуваат на некој предмет, икона, планина, вода некоја и сл. Едноставно наместо кон поголема вера во Бог - луѓето ќе се свртат кон идолопоклонство, суеверија, празноверија - и крајниот и посакуван исход на ѓаволот ќе биде - луѓето да се оддалечат од Бог, независно кон што друго ќе се приближат. Ѓаволот добро знае дека се друго е „добра“ (смртоносна) опција за луѓето кои ги оддалечил од Бог. Ако тој преку некое „чудо“ направи некој човек да престане да му се моли на Бог и наместо тоа да се моли на некој друг човек, на празно, у ветар и магла, или на некој ѕид, неговата мисија е за жал успешна. Но Бог ги чува своите.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Секој во животот некогаш спасува жива глава од несреќа. Некој по еднаш, некој повеќе пати. Ако интервјуираш 365 луѓе, некој спасил жива глава на 1ви Јануари, некој на 2ри Јануари, некој на 3ти, 4ти итн. Па така некој ќе се падне да спасил жива глава баш на некој поголем празник. И за него/неа луѓето ќе зборат дека светецот од тој празник го спасил :D
    Исто и секоја жена не зачнува од прва, од втора итн. Независно кај кого е пречката, на некои парови се случува и после неколку години да забремени жената. И повторно, после неколку години кај некоја ќе се падне да зачне на 1ви Април, кај друга на 13 Јули, кај трета на 27 Август, кај четврта на 28 Август (Голема Богородица) и оп, луѓето ќе речат: „Аха ете Голема Богородица е таа што направи да зачне :D

    Тоа се вика „неопходна веројатност“, во смисла: Ако секој ден се случува некој да спаси жива глава или некоја да забремени, тогаш сакале ние или не, ќе мора да се случи и во денови кои во Македонија се сметаат за големи празници. Често пати истите денови се сметаат за празници и во некои други афрички пагански религии. Понекогаш се случува некоја да забремени и за Рамазан, па и мусиманите мислат дека Алах го направил тоа :)

    Затоа сметам дека ваквите чуда - не се чуда, туку неопходна веројатност.

    Точно така. Затоа сметам дека вистинитоста на некоја вера/религија не зависи од тоа како е наречена истата, туку од нејзината содржина, од нејзината суштина. Во случајот со христијанството, вистинска деноминација е онаа која се држи поблиску до Библијата т.е. до она што го поучувале Исус и апостолите.

    Според смајлито што го стави на крај ќе сфатам дека се зезаш и затоа ќе и јас ќе се :D

    Еве пред некоја година направив и график кој добро ја опишува историјата на црквата. Се надевам ќе биде добар за читателите на Фемина.

    Copy of Church history timeline1.png
     
    На candy.cane и Angie1432 им се допаѓа ова.
  7. lovestoneddd

    lovestoneddd Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2018
    Пораки:
    4.245
    Допаѓања:
    39.587
    Пол:
    Женски
    Ќе сум станала атеист, многу јасно.
     
    На Alisa22 и Someonespecial им се допаѓа ова.
  8. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Денес власта те тера да плаќаш исто така за глупости, па сепак не си одлучила да бидеш а-финансиска личност т.е. да ги фрлиш сите пари и да живееш како Тарзан у џунга :) Само затоа што некој ги злоупотребува парите, не значи дека парите се лоши. Само затоа што некој го злоупотребува христијанството, не значи и дека неговата суштина е лоша.
     
  9. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos ќе не удостоиш ли со одговор?
    И која протестантска секта ја сметаш за изворно христијанство?
     
    На Rama и Just.do.it им се допаѓа ова.
  10. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Очигледно немаш прочитано за места и манастири каде се случуваат чуда.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Би сакал да те удостојам, но не знам што подразбираш ти под тоа „изворно“? Што е „извор“ според тебе? Дали е извор православната секта што се одвоила од Католичката црква во 1054 година?
    Или под „изворно христијанство“ го подразбираш она од 1-ви век, она што го проповедале и практикувале Исус и апостолите, она што е запишано во Новиот завет од Библијата?

    И да не бидеме офтопик, одговори ми на ова во соодветната тема, каде што 7 пати избегнувавте да одговорите на ова прашање :D
    https://forum.femina.mk/threads/Протестантската-реформација.26485/page-6
     
  12. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Прво православието не е секта. Туку е деноминација. И ти прашуваш што е изворно христијанство и ти имам одговорено јас. И сфати дека католичката црква отстапи од православна во 1054 год.
    И протестснтизмот се јавува во 16 ти век и тоа сигурно не е изворно христијанство.
    Ти го избегнуваш одговорот зашто знаеш дека не си во право.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lady D ❤️

    Lady D ❤️ Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    1.283
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    Прво, ти го наметна прашањето кое е изворно христијанство.
    Второ, едуцирај се која е разликата меѓу секта и црква, очигледно не знаеш дека постои разлика меѓу тие два термини. Православна црква да те поправам, не секта.
    И ние ништо не избегнуваме, туку ти. :D:D:D
     
    Последна измена: 11 декември 2019
    На Rama и Just.do.it им се допаѓа ова.
  14. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Неколку пати те прашав што подразбираш по „изворно“, „извор“ - не ми одговори. Дали Вардар извира кај Вруток или во Гевгелија?
    Дали е изворно христијанство:
    1. Она што го поучувале и практикувале Исус и апостолите во 1-ви век?
    2. Она што го поучувал „отецот“ Григориј Палама во 14-ти век?

    Еве кратко и јасно, одговори со бројката: 1 или 2? :)

    Погрешно. До 1054 година, главна престолнина на целата црква бил Рим, а папата бил главниот. Дури и Кирил и Методиј во 9-ти век отишле до Рим да бараат од него дозвола за нивната мисија меѓу словените. Што мајка барале до таму да бараат дозвола од него, ако тој не им бил авторитет?
    И кога доаѓа 1054 г. папата го екскомуницира Цариградскиот патријарх. Од тој момент, тој веќе не е дел од црквата. И тоа ова е според установените тогашни канони на црквата.
    Не можеш ти да го напуштиш домот на својот татко, а тој да те отпише од семејството (јавно да се откаже од тебе), а ти да си направиш нова куќа и да велиш: „Татко ми и семејството отстапија од мене“ :)

    Ајде повели едуцирај ме, која е разликата меѓу секта и црква?
     
    На daylight и sjdgo им се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Види, зависи. Хенри Осми раскрстил со Рим за да ја земе втората жена, Папата не го разведувал од првата, а овој упорен да ја остави бидејќи остарела и не добил од неа син. Тоа е суета. Јас да сум била дел од владејачите кои коегзистирале во спрега со Црквата, дури и увидувајќи што е погрешно, ќе сум се правела како сѐ да е во ред. Да сум припаѓала на некоја категорија незадоволни или дискриминирани, ќе сум се побунела, нормално, во најмала рака ќе сум останела на чувството на револт. Да сум била повторно дел од владејачката класа, во услови кога сите околу мене и народот се креваат против папството, веројатно од страв би се приклонила кон мнозинството. Атеизам овде многу не земам предвид, зашто атеист се станувало потешко во тоа време, луѓето не биле програмирани да размислуваат во таа насока. Пак се навраќам на предодреденоста, повеќето работи не зависат од нас, туку од околностите околу нас.
    Овде си напишал дека парите не се лоши, тогаш зошто според Библијата е тешко богатиот да влезе во Царството Божјо?
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Изворно е автохтоно. Јас кажав што сметам за изворно христијанство.
    Да, но тоа значи дека католичката црква отстапи од православната. Православното христијанство се придржува до 7те вселенски собори. Тоа значи дека тоа е изворно христијанство.
    И кирил и методиј заминаа кај папата за да го решат спорот со јазичниците, за твоја инфо.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Автохтоно значи домородно, од староседелците. Староседелци на овие простори се словените или според други античките македонци. И едните и другите биле пагани. Словените на пример го славеле Перун (богот на грмотевицата), богињата мајка. Александар македонски го славел Сонцето како бог. Затоа и на штитовите има симбол од Сонцето, за Сонцето да го штити во воените походи. Оттаму ни доаѓа и знамето. Ова не е изворно христијанство. Еве ти кип на богињата мајка, што ја славело автохтоното население на балканот.

    [​IMG]

    1. Имало многу повеќе од 7 вселенски собори на епископите низ историјата. Православните од нив избрале 7 што им одговараат и се придржуваат до нив :) На пример, она што православната црква го нарекува денес „7-от вселенски собор“, воопшто не бил седми по ред. Пред него имало два (во 731 и 754 година) и после него имало уште два (во 815, и 829 година) кои православната не ги признава. Знаеш зошто? Затоа што тие собори било осудено користењето на икони како идолопоклонство.

    2. На ткн. „7ми вселенски собор“ под политичкиот притисок на царицата Теодора е донесена одлука (канон, правило) дека секој што не почитува икони (бацување, поклонување на нив, палење кандила) да биде ПРОКЛЕТ т.е. анатема и исклучување од црквата. Замисли..
    - И покрај тоа што само 1 (една) икона се спомнува во целиот Нов завет (иконата на ѕверот)
    - И покрај тоа што ниту Исус ниту апостолите не поучувале за икони, не правеле икони, не се молеле на икони итн.
    - И покрај тоа што Библијата забранува правеле слика (на грчки икона) од она што е на небото
    - И покрај тоа што ранохристијанската историја не познава икони во првите векови на христијанството
    ... овие собрани епископи одлучиле дека е проклет секој човек што не ги обожава иконите што они сами си ги нацртале :)

    3. Ткн. „7ми вселенски собор“ се случил во 787 година. Како може новотариите што источните епископи ги прифатиле и ги вовеле во христијанството да се сметаат за „изворни“, а учењето и праксата на Исус и апостолите од 1-ви век да не биде изворно? Повторно ќе прашам, каде е изворот на Вардар, во Вртуок или кај Гевгелија?
    Изворот е на почетокот, кај Вруток. Таму е изворната вода на Вардар. Долж течението на Вардар до Гевгелија има многу притоки кои се влеваат во Вардар. Таму Вардар е мешавина од многу води.

    А зошто заминале кај него? Зарем не можеле да побараат дозвола од патријархот во Цариград за нивната мисија во Моравија? Зошто дури до Рим? :)
    Затоа што Рим бил престолнина на Католичката црква со векови. Папата бил главниот. Тој што си оди од домот, од фамилијата - тој е тој што се одделува, и тоа ова не според мене или според Библијата, туку според каноните на тогашната црква. Многу помали групации пред православните се оделиле од Католичката црква. Не бил Цариградскиот патријарх првиот.
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Библијата никаде не ги осудува парите. Она што е осудено е љубовта кон парите, ставањето на парите (и материјалното, богатството) на висок приоритет во нашиот живот.

    „Среброљубието е корен на секакви зла, на што некои и се предадоа и се прободија себе си со многу маки“ (1. Тимотеј 6:10)

    Пред да каже Исус дека тешко ќе влезе човек во Царството Божјо, тој разговарал со еден богат човек кој не бил спремен да го остави своето богатство за да го следи Него. Исус го тестирал неговото срце, и се покажало дека богатството му е на прво место, а не Бог. Очигледно богот на овој човек бил Мамон (богот на парите, материјалното), а не вистинскиот Бог.
    Веројатно богатите повеќе се врзуваат за парите, отколку сиромашните. Сиромавиот и онака не може многу да се потпре на неговото мало „богатство“, па полесно му е да се потпре на Бог и во Него да ја бара својата сигурност, безбедност, мир, надеж, спокојство. Богатиот се потпира на богатството и имајќи пари мисли дека иднината му е обезбедена, дека што и да му треба, тука се парите да средат. Исус вели „Каде што е твоето богатство, таму ќе биде и твоето срце“ (ев. Матеј 6:21). Па така, најчесто срцето богатиот се прилепува кон неговото/нејзиното богатство, а не кон Бог. Многу помало е искушението на сиромавиот или не толку богатиот да се прилепи за парите, бидејќи тие не му се некое големо богатство во животот.
    Затоа Библијата предупредува:

    „ако ви се зголеми богатството, вашето срце нека не се прилепи кон него.“ (Псалм 62:10)
    „Внимавајте! Чувајте се од алчноста, зашто животот на човека не зависи од изобилието на неговиот имот.“ (ев. Лука 12:15)
    „ А оние кои сакаат да се богатат, паѓаат во искушение, во стапица и во многу неразумни и штетни желби, што ги туркаат луѓето во пропаст и погибел “ (1 Тимотеј 6:9)
    „Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она, што го имате, зашто Тој (Бог) рече: „Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам!“ (Евреите 13:5)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Just.do.it

    Just.do.it Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    2.046
    Допаѓања:
    6.656
    Пол:
    Женски
    Автохтоно е изворно. Или оригинално. Тоа го пишува во речник.
    За иконите, очигледно не си информиран дека постои неракотворна икона на господ Исус Христос (пратена на кнезот Авгар). И за подетални можеш да прочиташ кај св. Јован Дамаскин кој живееше пред поделбата на црквата. Православната црква ги надминува сите останати христијански групи со богатството на своето предание. Протестантите сакаат да се држат само до светото писмо, но ни светото писмо не може да се протолкува без преданието. Повеќе за ова има во дела на св апостоли, послание на св апостол Павле до солунјаните.
    А за кирил и Методиј беа кај папата за да го решат спорот со јазичниците, за исповедување на верата на јазикот кој е разбирлив за народот.
    И конечно треба ти да одговориш на прашањето, која од протестантските секти е изворно христијанство, методисти, евангелисти, баптисти, калвинисти? Досега не даде ниту еден одговор на ова прашање. Вешто го избегнуваш, а сите знаеме зошто.
     
    На Lady D ❤️ и Rama им се допаѓа ова.
  20. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    А има ли некој цитат каде што пишува дека парите се добри?
    Не би рекла.
    Парите од верска гледна точка, ми личат на тест.
     
    На EvAngelos му/ѝ се допаѓа ова.