1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Кнап било времето. Сакав да укажам дека аскетството, испосништвото, може да најде своја основа и во Новиот завет. Та и Јован Крстител бил пустиник.

    Ова ти е добар аргумент, може да подзамисли секого.
    Ама исто така не заборавај дека Исус е еден и е Бог, а останатите луѓе не се ниту Исус, ниту апостолите. И карактерот доста одлучува. Оние што се замонашуваат, можеби изолирани повеќе го чувствуваат Бога, отколку во светот меѓу луѓето. Ако монасите го слават Исус и се молат на Бог за другите луѓе, не гледам кој е гревот? Освен тоа, тие им помагаат на оние кои им се обраќаат. Иако признавам дека е малку чудно, дури кај народот како природно да постои некој отпор, не знам некој што би се израдувал детето да му стане монах.
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Да, но нели мислиш дека е малку себично (а со тоа и нељубовно) да се изолираш од светот само за поубаво да го „чувствуваш“ Бога? Луѓето гинат во своите гревови во светот, а монахот си уживка на некоја планина чувствувајќи го Бога :) Исус рекол: „Жетвата е голема, а работниците се малку. Затоа молете Го Господарот на жетвата да испрати работници на Својата жетва.“ (ев. Лука 10:2)
    Потоа Исус вели „ве праќам како јагниња меѓу волци..“ Во контекстот Исус зборува за тоа дека жетвата е светот - неверните луѓе кои не го познаваат Бог, а работниците се Неговите ученици кои го разгласуваат евангелието. И пази сега, Исус вели дека малку се работниците, а големо е полето за работа, а некои од тие работници велат: „Ако е големо полето, ни е гајле за нив, нека гинат во своите гревови, ние ќе се качиме на планина и таму ќе те чувствуваме таму тебе Боже“ :)

    Зар е Господ повеќе присутен на планината или во манастирот отколку меѓу луѓето - за кои копнее и Божјото срце? Бог е најмногу присутен онаму каде што е Неговата воља. А Неговата воља е луѓето да се спасат. Таму е Бог. И кога христијаните се движат согласно Божјата воља, Бог преку Свеитот Дух е најприсутен тогаш меѓу нив.
    Исус рекол: „Ќе примите сила кога Светиот Дух ќе слезе на вас и ќе Ми бидете сведоци како во Ерусалим, така и во цела Јудеја, и во Самарија, и сè до крајот на земјата.” (Дела апостолски 1:8)

    Значи Бог, овој пат во форма на Светиот Дух, слегол на Земјата врз луѓето кои ќе станат Христови сведоци и ќе се движат меѓу луѓето кои не го познаваат Исус. Тоа е мисијата на Светиот Дух, да го шири евангелието меѓу луѓето и да спаси што е можно повеќе пред да настапи Судниот ден. Таму е Божјот срце, а таму е и Бог. На луѓето не им треба манастир за да го чувствуваат Бог или да се молат. Секаде може да го прават тоа. Бог е сеприсутен. Ако некој сака да го искуси Божјото дејство најмногу, тогаш треба да биде во центарот на Неговата воља, во насоката каде што и Светиот Дух се движи. А тоа е меѓу луѓето кон кои што е завртено и Божјото срце. Еден ден се што е на оваа проколната Земја ќе изгори, а со тоа ќе изгорат и манастирите, и храмовите, и Ерусалим и се. Спасените луѓе се тие што ќе останат во вечноста со Бог. Тоа е она што е вистински вредно.
     
    Последна измена: 14 декември 2019
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.184
    Пол:
    Женски
    Епа ете тие веројатно го молат Бог, значи не се бескорисни како што ги сметаш. :)

    Повторувам дека и оттаму некому помогнале, или до некого допрел глас за нив по што се заинтересирал за верата итн.
     
    На Rama и sonuvana им се допаѓа ова.
  4. sonuvana

    sonuvana Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2016
    Пораки:
    1.085
    Допаѓања:
    2.437
    Пол:
    Женски
    И не само тоа. Тие се сведоци на Божји чуда и пример за смирение и верба . ( секако во поголема или помала мера )
    Некои се повикани да му служат на Бога , некои после извесно време на испосништво , Бог ги враќа во светот , давајќи им нов подвиг.
    Се случува и дарови да добијат , да се преобразат .Се вели дека се додека постојат така јаки молители,кои се молат за сите нас,светот и понатака опстојува и покрај огромната своја греховност.


    Многу е поинакво православното монаштво од она во будизмот.
     
    На sjdgo и Rama им се допаѓа ова.
  5. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    Непромислено и во момент на афект го кажав тоа помалку достојни, ама пак од друга страна колку и да звучи осудувачки, и јас со моите секојдневни грешења и гревови, блудства и грди мисли, исто како и преголем дел од светот, судејќи како ладно и далечно живееме отстапувајќи од вистинскиот пат, не сме достојни да осетиме некое Божјо чудо, ама сепак сме осетиле.
    За мене најголемо Божјо чудо ми е силата и стравопочитта, кои Бог секојдневно ми ги дава, бидејќи само така можам да бидам жива сеуште, бидејќи долго време сум се молела да ме нема веќе и сум го посакувала истото со целото мое битие :)
     
    На sonuvana и sjdgo им се допаѓа ова.
  6. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Daaaaaaa aaa, i toa mi se dokaza mene licno.... Od togas veruvam mnogu poveke
     
    На sjdgo и Rama им се допаѓа ова.
  7. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.706
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos Без никаква иронија и сарказам, сакам да ти укажам колку многу лица кои се дрогирале нашле спас во Бигорски манастир, токму преку монасите и монахињите, огромна е бројката на такви лица кои од таму излегле како нови луѓе, со сменет животен стил и со оформено семејство :)

    Исто и во Острошки манастир посветен на Свети Василиј, илјадници луѓе ширум светот осетиле чуда и помош, не за џабе секојдневно низ цела година ем конаците се преполни од верници, ем огромниот манастирски двор каде сите спијат под отворено небо.

    Монасите постојат за да даваат утеха и мир на нас луѓето, тие постат постојано и постојано се молат за нас.
    Немам замерка за нивната светост, освен што сметам дека треба повеќе да донираат таму каде што има потреба, бидејќи и нив лично им се помага од верниците и од државата :D
     
    Последна измена: 15 декември 2019
    На Traveler91, душленце, Dessa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. orevokrsacka

    orevokrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2013
    Пораки:
    2.432
    Допаѓања:
    8.444
    „Чудото со Зоја беше лекција за мнозина. Бидејќи кон светињите треба да се однесуваме со почит. Тоа е лекција за неверниците. Ти може да не веруваш, но не потценувај ја светињата, бидејќи ќе следи казна!
    Да, во оние времиња имаше голема потреба од чуда, за луѓето. Но чуда се јавуваат кога треба, и кога Господ одлучи“.

    https://republika.mk/zivot/kaleidos...1956-godina-po-ovoj-nastan-e-snimen-i-film-2/
     
    На Dessa и Rama им се допаѓа ова.
  9. odsk

    odsk Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Стравично пророштво на православен монах: Два месеци по мојата смрт ќе настане војна каква светот досега нема видено





    Facebook16TwitterViberMessenger
    [​IMG]

    На почетокот на декември, овој свет го напушти Ефрем Аризонски потомок од светоградското монаштво кој до крајот на ивотот слуѓел на Американската архепископија на Цариградската патријаршија. Православните верници веруваат дека Јефрим имал пророчка моќ.

    Едно од пророштвата било за неговата смрт. Тј ја предвидел смртта велејќи дека ќе замине на небото пред Нова Година, што се воспостави како точно. Според зборовите на овој монах,по неговата смрт ќе настане раскол, а два месеци подовна ќе има војна какба светот досега нема видено.

    Две од трите точки на пророштвото беа реализирани - смртта на отец Ефрем пред Нова година и раскол во Светата Гора и воопшто во православниот свет. Целта на текстот не е да се потврди или негира ова пророштво, секој е слободен да верува во што сака.

    Неколку дена по смртта на отец Ефрем, во манастирот Свети Антониј во Аризона, монахот Илија одмарал по напорниот ден. Таа ноќ, веќе починат, Ефрем му се јавил на сон и му речел: „Не грижи се, ќе бидеш со нас наскоро.“ Шест дена подоцна, отец Илија починал.

    Ефрем е роден како Јоанис Мораитис на 24 јуни 1928 година во Волос, Грција. Тој се замонашил во Светата Гора во 1948 година.Седумнаеесет години подоцна отптувал во каде вредно работел и на основање на православни манастири, од кои најпознат е манастирот Свети Антониј Велики во Аризона.
     
  10. odsk

    odsk Активен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2019
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    35
    Пол:
    Машки
    Veruvam vo bozjite cuda ama mislam deka retko se slucuvaat
    mislam deka mnogu lugje preuvelicvet raboti sto im se slucile ko ke recet cudo
     
  11. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.067
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Да.
    На денешен ден лани, нешто загубив, многу вредно. Вечерта се случува чудо- непознати луѓе ми го носат дома.
    Пред 3 дена пак загубив нешто.
    Вечерва ми се јавија да ми кажат дека го нашле.
    Слава тебе Боже.
    Св. Наум да е секогаш со нас.
    SaintNaum (1).jpg
     
    На kuc, Lady D ❤️, AAKG и 2 други им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.175
    Да.
    На толку глупости шо прат луѓето, Божјо Чудо е, шо немам фатено некој да зачукам.
     
    На SURF, Fallen.Angel, lovestoneddd и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.387
    Допаѓања:
    13.681
    Пол:
    Женски
    Не, воопшто не верувам во оваа логичка грешка...

    Статистичката веројатност да се случат одредени работи во зависност од околностите што се случуваат околу нас или надвор од нашето поблиско опкружување каде немаме целосно или делумно влијание врз нештата, не можат да се дефинираат како "божји чуда", кога како прво, самиот концепт за бог и неговото постоење не се официјално дефинирани и докажани во научната заедница.

    Поради нерационално и нелогичко толкување на околностите, луѓето (најчесто верници) ги толкуваат истите како дејствија на одредено натприродно суштество. Слично како што луѓето ги создале и симболи во кои веруваат дека ќе им донесат среќа, само што во овој случај истото има религиска позадина.

    Луѓето кои ги толкуваат случајните околности од кои тие имаат некаква корист се пристрасни кон нивната религија во која е содржан богот во кои тие сакаат да веруваат. Истовремено, тие не успеваат да ја разберат научната невозможност на чуда во теистичка смисла на зборот, па дури и основната човекова психологија која им овозможува на луѓето на погрешен начин да ги толкуваат настаните за кои тие мислат дека ги потврдуваат нивните верувања.

    Нивната логика, барем од моја лична перспектива, ја сфаќам како недоразбирање, заблуда, погрешно толкување и пристрасност за потврда за нивните неосновани и недокажани верувања.
     
    На Fallen.Angel, candy.cane, Lella и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Sweet Harmony

    Sweet Harmony Активен член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2020
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
    Jas zaradi VERATA kje veruvam deka postojat bozji cuda...no nikad nema da VERUVAM vo niv...Jas sum i teist i ateist...jas ne sum i ateist i ne sum i teist....jas pola pola sum...
     
  15. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    5.067
    Допаѓања:
    14.175
    Пол:
    Женски
    Уште еднаш ДА!
    Денес за малку со дечкото ќе доживеевме сообраќајка.
    Директен удар! Од спротивната насока идеше возило за малку фалеше.
    Слава теби Боже.
    Спасителу св. Наум, слава ти и ти благодарност за денешната помош.
    Амин!
    За многу години денот.
    SaintNaum.jpg
    П. С. Верувам дека ме заштитува св Наум, трет пат ми се случува нешто за време на неговото славење и во зима и во лето.
     
    На edna_malecka, Aschenputtel, kuc и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    765
    Допаѓања:
    2.904
    Пол:
    Женски
    Па какви сме тоа верници,ако не веруваме во Божји чуда.
    Да,верувам :l:
     
    На GirlLove, Aschenputtel и Meckicja им се допаѓа ова.
  17. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.872
    Што кажа сега..? 10 пати го читам и е*еш ми матер ако разбрав нешто. Претпоставувам не веруваш ама некоја грижа на совест имаш демек нема да одиш во рајот и дедо боже ќе те казни за тоа. :D :D :D

    Инаку не верувам во нелогични работи. И на не видено не верувам. И не може да е божјо чудо ако си се избавил од некоја лоша ситуација или си се спасил од нешто.
     
    На SURF, GirlLove и candy.cane им се допаѓа ова.
  18. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски


    Сакала да се откаже од цигарите.
    Се молела на Господ и успеала.
     
    На Meckicja му/ѝ се допаѓа ова.
  19. candy.cane

    candy.cane Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2017
    Пораки:
    1.684
    Допаѓања:
    8.983
    Пол:
    Женски
    Океј ... Се надевам дека се шалиш, затоа што не е Божјо чудо ако се случи нешто за што самите одлучуваме и се трудиме. Освен ако не се разбудила еден ден и немала потреба да запали цигара, не знам не го отворив видеото.
     
    На Hecate и Someonespecial им се допаѓа ова.
  20. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Не се трудела воопшто.
    Еден ден и станало одвратно да чита Библија и да пуши цигара. 2-3 месеци не секој ден се молела на Господ да и станат одвратни цигарите. Не секој ден кога како.
    Еден ден кога станала и земала прва цигара не и била толку убава и пушела уште 5-6 дена и видела дека поубаво и е кога не пуши него ли кога зимала цигара.
    И така месец дена више не пуши.