Како може Евреин да биде муслиман А сега да ти објаснувам за географии,народи итн немам желба да описменувам луѓе,постои училишта за тоа
Toa ти доаѓа нешо као торбешите се исламизирани муслимани or something? Евреите се јудисти.. Веруваат во Јахве. За нас е Господ. За муслиманите е Алах. Не се буни молим те. И нареден пат кога одиш, немој со истиот водич или слушај подобро.
Леле девојче имаш 24 год дај отвори дома некоја енциклопедија или ако ти е полесно на интернет земи прочитај и образувај се малку пред да кажеш нешто.
Може 50% Евреи во Израел, се муслимани е како тоа? Епа нивните мајки,татковци,баби,дедовци, прадедовци, прабаби, го имале примено исламот и така се ширел и станувале муслимани,сега ви е јасно.Барем за исламот немојте мене да ме учите за тоа имам завршено школо,плус тоа ги знам и останатите религии,не само исламот.Прошетајте малце низ светот,видете,поразговарајте,земете ука и поука.
^ Можеби треба да си го послушаш својот совет и да земеш ука и поука Упорно пишуваш а во исто време се претставуваш како некоја многу учена,а со тоа што го пишуваш оставаш впечаток на крајно личност Дај стварно прочитај нешто освести се па пишувај,ај нешто од нешто да ти објаснам можда ќе не ослободиш од твоето пишување. Зборот Евреин значи човек кој/која е дел од Јудаизмот,зборот Евреин не означува припадност на држава. Со самото тоа што веќе и припаѓаат на Јудаизмот,значи НЕМОЖЕ да бидаат муслимани,ти очигледно имаш многу работи побркано,потслушнато а не ти е објаснето А кога веќе се правиш многу паметна со кого ли нонстоп војуваат Евреите во Израел кога 50%се муслимани,сами против себе ли?
Луге зошто се надмудрувате и вреѓате, па секој си има право на свое мислње, со не мора да значи дека е во право сите некогаш сме слушнале некоја иформација која можеби не е точна, не мора да се врегаме дека сме неписмени и слично, јас мисалам дека девојчето е во право и јас сум слушала и тоа од постари луге дека во Евреите има и муслимани, ако ме лажеле мене тогаш и јас ве лажам вас.Али нема потреба од вреѓање.Форумов е да размнуваме мислења и да се дружиме , а не да се надмудруваме кој е во право а кој не...
abe ovie bile pa demek znaat kaj se izelija evreite znaes li ?? stolku sto si pametnjakovic znaes li deka izrael bila palestinska drzava znaes li deka izraelcite nemale kaj da ziveat ????? palestinskata drzava gi primala kako dosljaci. daj ti citaj malce nivna istorija od kaj se sto se, pa posle soli pamet pa posle na sekoe tendzere kapak stavi,odi vidi ja sum bila i znam koj se. i kakvi se. od knigi znaeme da citame tuku fintata e da ides da prosetas vo nivnata zdrava da komuniciras so niv a ne tuka da mi kazuvas ti mene eciklopedija i gluposti jas ne citam babini lagi jas citam vistina i istraszuvam na taa vistina
Кој не верува во божјите посланици, и во нивните над придодни чуда,што им ги дарил бог со негова моќ,засто никој ништо не може да направи без Божја дозвола, знаци ако не се верува во нив, не верува во бог и не може да биде верник,никогаш,и напомена да го насликува и опишува бога, ни тој не е верник. туку секташ
Аиша душо постојат и други работи освен религијата...тие други работи се средно, факултет, слободно време со пријатели. И јас сум муслиманка си ја сакам верата но не сум затапена до тој степен. Секој си има своја вера, свое мислење, свој став, свои верувања, а ти воопшто НЕ СИ КОМПЕТЕНТНА да кажуваш кој е верник, грешник и на кој му треба ука и поука. Од што толку си задлабочена во религијата, неможеш да ја разликуваш реалноста од тој твој некој измислен свет во кој сите треба да бидат муслимани и да му се клањаат на Алах, да веруваат во него и во ништо друго.Да не прават ништо друго освен да се молат и да веруваат. И мислам дека е ок да вадиш цитат кој содржи од 2-6 реда, ама јас кога гледам твои мислења мислам дека цела страна ја зафаќаат и тоа извадоци од Куран. Чекај искрено очекуваш од македонци да разберат што значи мелек, кијамет, сура, шеријат и така натаму? Епа не секој знае што значи тоа и ти неможеш на никого тоа да му го ставаш упорно во глава. Како што ти си ја сакаш и почитуваш верата така и евреите, христијаните, будистите си ја почитуваат својата и ТИ НЕМОЖЕШ НИШТО ПРОТИВ ТОА! Ако си читала книги и учела некаде некое време тоа не ти дава право на сите страни да проповедаш и да правиш проблеми на сите страни. Секаде каде што си пишала ти гледам ширење на верска омраза почнувајки од тебе, па потоа некои други од христијанската вероисповест кои не сакаат да останат покуси па возвраќаат на истиот начин. Ти изгледа си влегла во некој филм на посланик на Алах стварно незнам кај ти е паметот девојко ама што и да ти е опрај се дур ти е време! Фала чао! Извинете за долгиот пост ама неможев повеќе. Он топик верувај во Божји чуда, ретки се но верувам дека постојат.
Да, верувам во божји чуда. Еве едно чудо кое неодамна се случило во Грција. Еден брачен пар долго време неможеле да добијат бебе. Жената дознала за еден манастир во кој имало чудотворна икона и заминале со сопругот да се поколонат и помолат за рожба. Во тој манастир еден монах (монахиња), откако ќе се помолеле им давале на жените да се напијат од маслото од кандилцето што светело пред иконата. По некое време жената останала бремена. По толку многу години и по толку многу лекари и др. работи жената била бремена. Им се родило машко дете. Само што се родило, кутрото било со мал деформитет (како што лекарите викаат), прстињата од едното раче им биле свиткани како тупаница. Лекарите им рекле веднаш додека е помалечко да се оперира за на еден начин да не му зараснат така. Се согласиле родителите, но прво си рекле да го Крстат, па после да го оперираат, за не дај Боже да се случи нешто непредвидено. Кога го донеле во Црквата и кога го крстиле само што го ставиле да го облечат бебенцето го отворило рачето, и чудо во рачето држело нешто. Тоа било остаток од фитилчето во кандилцето што мајката го голтнала во манастирот заедно со маслото. Во тој момент мајката признала дека нешто голтнала, но се срамела да каже зашто не знаела што било тоа. Реалната гледна точка на оние што не веруваат би било дека детето тоа го добило преку храната, но како? Како се случило тоа кога ако би било тоа така тоа би требало да биде во телото на бебето, а не во раката. Значи сепак постојат чуда и денес за кои ние не сме свесни дека се случуваат. Еве нешто од кај нас во Македонија Нашата Македонија За оние кои незнаат во Бигорскиот Манастир постои Чудотворна икона на Св. Јован Крстител. Многу жени кои биле без рожба добиле дечиња. Дури и жени кои немале 15 години деца, Господ има дава, само со една вистинска молитва. Еден друг пример. Неодамна бевме на поклонение во Бигорскиот манастир, отецот кој ни објаснуваше за чудотворната икона го кажа следниот случај. Една жена имала рак на дојка, ја направиле операција, но никако да помине. На жалост започнал да создава метастази. Била многу млада и имала малечки дечиња, затоа за нив сакала да живее. Монасите (со благослов на игуменот) и дале масло од кандилцето и и рекле да се мачка со него на местото на операцијата. По некое време се вратила жената да има каже на монасите дека ракот започнал да се повлекува и повеќе од половина го нема повеќе. Потоа монахот рече дека сега ја нема да дојде, но сигуно е излечена потполно. Воведение на пресвета Богородица,Пречиста - Кичево Исто во овој манастир постои Чудотворна икона на Мајката Божја. Таа им помага на сите, а исто најмногу на сопружници без рожба. Друг пример. Неодамна една бабичка која била слепа (глува, не знам точно), само што поминала под иконата, потполно оздравела. Иконата на Мајката Божја е во бигорен камен кој на долниот дел има отвор. Убаво е да се помине под иконата и да се помоли човекот на Мајката Божја за она што сака. Многу молитви се услишени, и морам да кажам и една моја (на која сум сведок и од мое искуство го кажувам ова) Интересно е тоа што во овој манастир одат и луѓе кои не се православни, односно муслимани. Постои еден дел кој нема икони и таму одат да се измијат и напијат од светата вода која постојано ја има во Црквата. На многу луѓе иако не биле православни, Мајката Божја им помогнала и им дарила она што го посакувале. Во еден од наште поголеми градови постои убава традиција за еден празник да се меси погача, колач и да се оди во црквата да се пее. Притоа како што е познато помеѓу народот се замислува желба и таа се остварува. А таа желба не е ништо друго туку молитва кон Господ пришто со тоа што бараме помош од некој светител за тој да се помоли за нас пред Господ за исплнување на таа молитва. Како и да е една жена си месила колаче и тргнала во црквата да се пее. За време на вртењето на колачето си замислила желба за нејзината свекрва да умре. Завршило се и се вратила дома од среќна посреќна. Ноќта на сон пристигнал еден човек и и рекол: - Утре уште рано сабајле да станеш и да месиш ново колаче, но за здравје на свекрва ти. Ако тоа не го направиш тоа што го побара тоа ќе ти се врати ама тебе, не неа. Утрото уште рано жената направила ново колаче и право во црква да го пее за здравје на свекрвата. Ова нека биде совет за сите. Никогаш не посакувајте нешто лошо за ближниот оти тоа може да ви се врати вам. Затоа внимавајте со Светињата.
Св. Наум Охридски Во манастирот на Св. Наум Охридски минатата година имало ученици кои биле на екскурзија, а посетата на манастирот била дел од програмата на местата кои што требало да ги посетат децата. Убаво си влегле во манастирот, во црквата си запалиле свеќи и додека биле таму во дворот на манастирот едно од дечињата (бидејќи биле мали) ги здогледало малите паунчиња. Во себе си рекло: -Ќе си земам едно мало паунче, ќе си го скријам и никој нема да ме види. Така и направило. Си го ставило паунчето под јакната или во торба (не знам точно) и сите заедно со насатвичките и наставниците во автобусот се качиле да си одат. Но, колку и да се обидувал возачот да го запали автобусот и да одат не можел. Можеби неколку часа се обидувал, но никако да тргнат. Побарале совет од некои механичари за автобусот да не е нешто не во ред, но се било како што треба, а и тие не разбирале што всушност се случува. Во еден момент го викнале игуменот отец Нектариј, а тој ги запрашал да има некој земено нешто од манастирот без прашање. Им рекол исто на наставничките и наставниците да проверат. Тогаш од срам детенцето што го зело паунчето им кажало и го извадило малечкото пред сите. Во истиот момент автобусот веднаш започнал да работи. Па, си заминале. Св. Еразмо Охридски Пред една-две години се случил следниот настан. Точно под манастирот на Св. Еразмо Охридски (бидејќи е покрај патот) се движеле возила. Дали на претекнување или на некој друг начин во еден момент од едната страна идел камион (или комбе), а од другата кола, кои и во двете возила имало патиници. Во тој момент како што кажале луѓето биле во ситуација да се удрат едно во друго и да направат сообраќајна незгода. Веднаш на патот кога го виделе тоа дека веќе е се готово се појавил човек кој имал голема светлина. Па, иако веќе биле лице во лице двете возила за веќе да се судрат наеднаш се нашле во спротивна насока и на еден начин се разминале иако немало како што кажувале тие таква можност за да можат да се разминат. Се зачудиле како се случило сето тоа, но продолжиле по патот за каде што биле тргнати без ни едниот да застене, па ни другиот. Вечерта на враќање откако едниот пар ја разгледал целата ситуација разбрале дека им помогнал самиот Св. Еразмо Охридски и застанале во црквата за да запалат свеќа и да се заблагодарат. Влегле во црквата и човекот додека ја палел свеќата рекол: -Ти благодарам Боже и Св. Еразмо што не спаси од незгодата. До него стоел уште еден човек кој исто палел свеќа и истото го кажувал. А кога се распрашале и меѓусебно се запознале разбрале дека тие двајцата биле возачите во возилата односно едниот на колата, а другиот на камионот (комбето). И двајцата среќни после се’ што преживеале благодарение на Св. Еразмо, искрено се заблагодариле. Овие случки ни ги кажаа, но ако сум згрешила и ако некој го прочита сето ова и не било како што сум слушнала (а им се случило нив) слободно нека ме поправат. Настанот ни го кажа жената која работи во манастирот.
Можеби сте слушнале или сте биле на поколонение во Лесновскиот манастир. До своето претставување пред Бога таму живееше една света душа ( до1990 година), епископот Гаврил Светогорец. За време на неговиот живот, а по неговото упокојување, денес се случуваат безброј чудеса на неговиот гроб. Едно и доста големо е следново, што може да се види. Светлината која свети од неговиот гроб. Чудо кое не е привидение или монтажа туку е сведоштво на монасите и луѓето кои живеат во селото. Житие Спојлер Епископот Велички Гаврил е роден на 1926 год. Во Штип од Православни родители Методиј (подоцна со монашко име Кирил) и Горица Парнаџиеви. Уште како млад се карактеризирал со посебна кротост и послушност. Во учењето бил остроумен и со посебен наследен талент во ликовната уметност која ја крунисал и со диплома од белградскиот универзитет на отсек вајарство во 1955 год. Бил еден од подобрите вајари во државата. Подоцна се вработува како професор по историја на уметноста и ликовно образование во штипската гимназија. Иако служел во световните служби, сепак никако не ја заборавал и Божјата служба. Имал навика секојдневно да присуствува на Богослужбите во катедралната црква св. Никола во Штип. Во тоа време, иако било време на најстрог атеизам и комунизам со програмиран прогон на Црквата, тој не се откажал од Бога. Дури и своите ученици ги поучувал во верата. За Велигден редовно им делел по едно црвено велигденско јајце и им велел: Деца, изедете ги јајцата, згмечете ја лушпата и расфрлете ја по градот за да видат сите дека Христос воскресна! Иако по ништо не заостанувал зад своите врсници, па дури и во многу работи бил за чекор напред, неговиот живот во се’ бил монашки и пред да се замонаши. Во својот дом постојано пребивал во неговата соба читајќи, молејќи и живеејќи за Бога. А кога во неговиот дом доаѓале гости, тој културно и од учтивост се поздравувал со нив и повторно се повлекувал во својата соба како пчела во својата кошница. Девственоста ја сметал за голема светиња. Вo 1963 год. го остава светот и светската служба и заминува со сиот свој живот да му служи единствено на Бога. Заминува на Света Гора Атонска. За неговиот престој таму добил директно благослов од игуманијата на Света Гора – Богородица. Се раскажува дека кога стигнал во монашката држава, дошол на брегот на Белото море и сакал да се измие. Тогаш здогледал жена која умилно го гледала. По некое време жената, како што дошла, така и заминала. Размислил и заклучил дека тоа била Богородица, бидејќи пристапот на жени на Света Гора е строго забранет. Тоа го охрабрило во неговиот понатамошен подвиг. За жал, затоа што тој бил Македонец и не сакал да се запише под друга националност, за време на неговиот престој на Света Гора имал постојани политички проблеми од властите, меѓутоа, Бог го чувал преку целото тоа време. Се споменуваат две такви случки, кога во две различни прилики сакале да го протераат од Света Гора. Во едниот случај, кога влегол во една пештера каде еден пајак исплел толку голема пајажина што гонителите не го виделе, а во другиот случај, пак, го заштитиле змии. Таму се подвизувал во скитот „Камена“ во една пештера како послушник на отец Татјан (Рус), кој за жал, кратко време по тоа, се упокојува во Господа. Не Литургија и причест најчесто одел во манастирите Хиландар и Свети Павле, каде заради неговиот исклучителен тивок карактер го добил и називот „Невидливиот“, затоа што ниту го гледале кога доаѓа, ниту кога заминува, единствено можеле да го видат кога пристапувал да се причести со светите и спасоносни животворни тајни Христови. Бил замонашен во манастирот св. Павле со монашко име отец Гаврил Неговите подвизи на Света Гора никој не ги знае, останаа тајна за луѓето и пред Бога, но од неговиот живот откако во 1071 год. се врати во Македонија, можеме да ги претпоставиме. За отец Гаврил слободно можеме да речеме дека е еден од најголемите подвижници на денешнината. Имено, тој скоро никогаш не спиел, а тоа време кога спиел, лежел на земја или на тврда рогозина. Држел најстрог пост. Никогаш не јадел јадења со масло, а јадел една просфора во седмицата. Во празничните денови, заради послушност кон црковните правила, само го топнувал прстот во кандилото и го оближувал. Редовно ги служел сите Богослужби во манастирот. Се занимавал и со умната молитва во подвигот на очистување на срцето од страстите. Во непрестајното изговарање на името Исусово во очистеното срце. Стекнал и умно-срдечна молитва. Добил од Бога дар на прозорливост и чудотворство. Има многубројни сведоштва за светоста на неговиот живот и неговата жед за Бога. Еднаш еден човек кој многу добро го познавал ми има речено: Не сум видел човек кој толку го сакаше Бога. Кога во 1971 год. се враќа од Света Гора, барајќи мир за да може постојано да Му се моли на Бога, променува неколку манастири, св. Богородица – Матка, св. Богородица – Побожје, св. Димитриј – Марков Манастир, св. Преображение – Зрзе ?, за да во 1975 год. трајно се насели во манастирот на св. Гаврил Лесновски во Лесново – Брегалничка епархија, тогашна Злетовско-Струмичка, каде често знаел и со денови да се повлече од манастирот и да се насели во двете ближни пештери каде се подвизувал и неговиот исоименик св. Гаврил Лесновски. Секогаш избегнувал гужви и непријатности и во една таква прилика, бидејќи живееше во времето на атеизам, во неговиот манастир дошле една група војници. Тогаш тој се заклучил во својата ќелија и цела недела додека тие биле таму, не излегол, пребиваајќи во тишината на непрестајната умно-срдечна Исусова молитва. Имал голема љубов кон верниот народ. Често ги собирал луѓето за големите празници и им држел сеноќни бденија. Бил строг кон себе, а благ кон другите. Сите ги поучувал во кротост, љубов, долготрпеливост, саможртвеност, ревност за Бога, верата, молитвата… Имал голема вера и љубов кон Бога, така да за што и да го помолил Бога, веднаш го добивал. Има многубројни примери за чудостворноста на неговата молитва. Овде би споменале еден пример кога на едно негово духовно чедо внукот бил многу болем и пред тешка операција, за која докторите не гарантирале дека ќе остане жив. Во тие тешки моменти на тага, духовното чедо заборавило на својот духовен отец, но пред самиот ден на операцијата, во крајно бунило, добила просветлувачка помисла да појде кај дедо Гаврил (како што многумина го нарекуваа) и веднаш тргнала. Пред портите ја дочекал отец Гаврил со зборовите: Оди си дома, твојот внук е здрав. И кога се вратила дома, и’ кажале за чудесното излекување на нејзиниот внук, на што многу се чуделе и докторите. Исто така, едно дете сеуште е жив сведок дека по молитвите на о.Гаврил, неговиот јазик се ослободил и тој почнал да зборува. Манастирот во Лесново постанува кошница за сиот Боготражителски народ во тоа време. Притекнувале луѓе од сите краишта на државата и луѓе од најразличен профил и професија. Отец Гаврил станува возљубен духовен отец на многумина кои Го бараат Бога. Тој го обновува и руираниот стар конак во манстирот и ја подигнува и црквата Успение на Пресвета Богородица во Пробиштип, која е и прва и единствена црква во градот. Покрај сите свои подвизи и одговорности, учи и дипломира на теолошкиот факултет во Скопје (меѓу првите). Пишува и книги и есеи по повеќе црковни весници. Покрај уметничките рецензии, автор е и на збирката поезија 33 Песни за Ерусалим, Света Гора – Небесна Земја (1978 год.), Пред најголемиот јубилеј на човекот (1980), 2000-годишнина на Христијанството е на прагот (1981), Правила и одредби на Православната Црква за постот (1994) и Отец Херувим (199 и двете објавени постхумано. Во својата пастирска и духовничка дејност има зацртано три цели: Обнова на Лесновскиот манастир Обнова на монаштвото Свештено прославување на јубилејот 2000 години од Христијанството Неговата преподобност била почитувана и надвор од нашата Црква. Пред да дојде на Света Гора, Србите сакале да го нарпават Владика во СПЦ, имал блиски врски со о. Емилијан Симонопетарски, кој во тоа време бил игумен на Метеорите и сакал да го задржи отец Гаврил како игумен на еден од манастирите, подоцна го барале да биде игумен на скитот на св. Харитон Исповедник во Ерусалим. Во 1981 год. од Синодот на МПЦ бил унапреден во архимандрит на 28-ми август, на празникот на Успение на Пресвета Богородица, а во 1989 год. е хиротонисан и за епископ со титула Велички. Неговата блиска смрт си ја предвидел и самиот си отслужил 40 заупокоени Литургии. Се упокојува мирно на молитва со своето сакано Евангелие на гради и со бројаницата во рака. Пред да се упокои, самиот си се подготвил за својот погреб и на едно листе напишал: Јадењето подгответе го без масло, ги собрал своите духовни чеда од Лесново и рекол: Чеда мои, до сега бев со вас, и сега веќе одам во горниот Ерусалим и пак ќе бидам со вас и ќе ве чекам во Небесниот Ерусалим. Се упокојува на 12-ти јануари 1990 год. и навистина не ги оставил своите духовни чеда. По неговото заминување во Горниот Ерусалим, на многумина им се јавил во сон, а на едно негово духовно чедо на кое негло почнал да му слабее видот, му се јавува на сон, го излекува и се упатува кон црквичето Вознесение Христово – Штип. Во домот на едно негово духовно чедо, од неговата фотографија, кој и’ ја дал додека бил жив, почнало да тече свето миро. А и до ден денеска има значи и чудеса на неговиот гроб од каде се чувствува и благопријатна миризба низ воздухот, а селаните кажуваат дека по неговото упокојување во Господа, на неговиот гроб гледале светлина во вид на огнен столб. Неговата канонизација за светител е во тек. По молитвите на нашиот свет отец Гаврил Светогорец, епископ Велички, Господи Исусе Христе, помилуј не’! Амин. http://www.youtube.com/watch?v=fvxlEe4p ... re=related
А што знаете вие воопшто?! Се толкувате само вас како што ви одговара, затоа го извртевте светот со насилства. Убаво погоре ти кажаа земи прочитај, распрашај се добро па кажувај факти. Ти ова што го кажа за Евреите да не си го сонила?? Немој за нив да ни кажуваш твои верзии на приказните, знаеме кои се евреи кои муслимани. Сепак сме по писмени и едно 50 год понапред од вас. Ајт пријатно!
да, верувам, и имам забележано дека некој кога ќе ми направи нешто, истото дупло му се враќа, ама и обратно
Верувавам во Бог и верувам во неговите чуда бидејќи јас сум негово чудо еве ја мојата приказна: Родена сум со срцева маана докторот од мојот град 6 месеци ги мачел моите родители со тоа што не им давал упат за да ме носат на операција во Белград им велел абе ајде што само трошкови ќе стварате и така девојчево ќе живее уште 2-3 месеца после неколку закани од страна на татко ми земале упат и конечно во Белград таму во рок од 2 месеца ме оперисале 2 пати и им кажале на моите дека мора усште еднаш да се опарирам за да се излечам потполно уште и дознале дека срцето ми е на десната страна како и сите други органи... поминале операциите и пред да ми ја направат 3 финалната се растура Југославија моите во паника како ќе живеам со недовршена операција ајде со лекови докториве кажуваат некако ќе успеам до следната шанса кога ќе ми се пружи за операција... 14 години подоцна јас ситна, модри усни, нокти образи неоперисана ... моите ме чуваат како под стаклено ѕвоно лето нема сладолед и сонце зимо нема снегче... сите надвор јас дома.... на училиште одев со такси и со такси се враќав... еден ден седевме у двор со татко ми и со негов другар и тој му кажа дека има другар во Скопје кој работи во Филип Втори... ние утрето правец Скопје тој докторот ме прегледуваше 2 саати... ми рече да испаднам надвор а татко ми остана со него... по 15 мин излезе татко ми жолт ко крпа... ко попарен ме гушна и зема да плаче јас 14 год. не мислев ко сега помислив му рекле дека нема шанса за операција си доаѓаме дома и го слушнав на мајка ми и кажува дека му кажале дека случаевите како мене живеат 16-17 год. најмногу.... Tаа недела дома молк мене се ми удоволуваат... не ми дозволуваат да посумјам во ништо немаа појма дека јас знам.... Една вечер паметам врнеше дожд излегов надвор под изговор дека одам кај комшивка... седнав под скала и почнав да се молам ги склопив рацете и реков: "Исусе ако имам шанса да живеам повеќе од 17 години те молам дај ми ја... те сакам Амин" по два дена се јавија од Скопје хитно да отидеме пак ме прегледуваа 2 саати и пак ме избркаа надвор.. татко ми излезе по 15 мин среќен, пресреќен.... блескаше .... си доаѓаме дома за 5 дена ми средуваат пасош и правец Бугарија - Софија ме прегледуваат и ми закажуваат операција за на 8 март дoaѓаме дома на 27.02. парите собрани и заминавме на операција јас и татко ми мајка ми остана во Македонија зашто правеше пасош.... дојде и 8 март денот на операцијата ... ме земаа утрото у 7 а ме вратија поручекот во 17:15.. прво нешто кога ги отворив очите побарав огледало за да се видам дали устата ми е модра но не беше модро имав розево устенце... плачев од радост.... 10 дена поминаа и за 3 дена требаше да си дојдам во Македонија но.... Имаше една докторка која запна да ми ги сменат дреновите по тоооооолку изнсистирања и гласања ги сменија т.е пробаа да ги сменат.. при операцијата несакајќи ми го испукале белиот дриб ваљда со некој интрумент ме поткачиле ајде го средиле и тоа и кога конечно можеле да речат готово е виделе дека белиот дрог и дијафрагмата ми се споени ми ги споиле при шиењето ајде повторно сечење оделчување и пак шиење тој ден паѓам во кома во кома сум 20 дена конечно се ги отварам очите но докториве им велат на моите девојчево без апарати не дише одете си во Македонија и спремајте зе за погреб.... по 5 дена почнувам да дишам без апарати добро е... но бубрезите откажаа по 2 дена и тоа беше добро... паднав на 7 кг. по 10 дена ме симнаа на одделение... бев неподвижна секаде ме носеа во инвалидска количка... еден ден додека си лежев и цртав слушнав глас кој ми рече да станам од креветот спискав и за 1 минута собата се наполни со сестри и доктори и мајка ми плачев и реков дека само на мајка ми ќе и кажам... и кажав на мајка ми и таа ме фати под мишки и јас почнав чекор по чекор ко мало детенце кое штотуку почнува да оди... отидов до мивалникот кога се свртев сите сесри и доктори стоеа на врата и плачеа... после почнав да одам нормално сама... со витамини качив 11кг. и со 18гк. си дојдов во Македонија... сега пијам лекови и одам на редовни контроли.... само како последица ми остана висината 1.47 сум али не е важно тоа ВАЖНО СУМ ЖИВА И ДЕНЕС УСШЕАВ ДА ВИ ГО КАЖАМ ЧУДОТО ШТО БОГ ГО НАПРАВИ ЗА МЕНЕ....
Еленушка останав ваква! Очиве дури ми се наполнија! Душо мала, да си ми жива и здрава уште многу, многу години ... среќна за цел живот и да ги надминеш сите со животниот век!