Ама не е Божјо чудо. Таа сакала и целта и било да ги откаже. Не верувам во Божји чуда воопшто, ама се губи значењето ако се се препишува на тоа. Оперираат човек 10 саати, докториве папсани излегуваат и се наоѓа некој дс рече дека ова било чудо. Мислам не ви се мешам, си имате право да си верувате во што сакате ама малце смешно ми дојде.
А чекај луѓево на човеков што го оперираат по дома нема да се молат на Господ? На Исус? На Алах? на нешто?
Може ќе се моли некој, некој нема. Ако утре полагам и извадам 10 а сум била спремна, тогаш е ради мене. Ако извадам 10 а не сум се појавила на испитот тогаш речи слободно дека е Божјо Чудо. Исто и со тие во операциона сала. Ако човекот е речиси мртов и од нигде никаде оживее, Божјо Чудо. Ако го оперираат, ако докторите се мачат да го спасат со сето свое знаење и искуство, понижувачки е тоа да го препишеш на некој друг освен нив.
Не се разбираме. За ти да седнеш и да ги научиш испитите Господ тебе ти дал дарба за да учиш за да памтиш. Некој неможе ни 5 реченици да запамти. Човеков што го оперираат ако сака и најпаметниот доктор нека дојде нема да најде лек. Ако на нему му било пишано да се мачи пред да умре ќе се мачи. Исто и докторите. Не секој доктор има дарба да си ја работи работата како што треба. Никого не понижувам. Секој има различни гледишта на работите.
Veruvam, pred 13 god. Zivotot na mojata bratucetka visese na konec poradi soobrakajna nezgoda, no Gospod ja uslisi mojata molitva i taa denes e ziva i zdrava. Od avtomobilot samo taa ostana ziva-zaginaa nejziniot svrsenik, bratot-bliznak i mojata cimerka. Zatoa pomolete se, neka molitvata iskrena od srce pomogne na onoj komu mu e najpotrebna,Gospod e eden i edinstven.
Зависи каде седела во колата. Според најновите истражувања, најбезбедно е средното задно седиште. Најнебезбедно е седиштето на совозачот. Зависи од која страна е извршен импактот. Зависи и кој носел појас. Милион зависи. Најголема веројатност е колата да биде удрена од лева страна. Сочуство за погинатите, а братучетка ти да биде жива здрава уште 100 години. За мене господ се докторите, нашите животи се во нивни раце. Што се однесува на темата, не верувам во Божји чуда, јас го нарекувам праен/а во г*з, едноставно сплет на околности и среќа.
Ова се што си го напишал/а според мене нема никаква врска, се е до судбината и пишаното од тоа не се бега. На друзите во колата до таму им бил животот за жал, а на братучеткаи не и било пишано тогаш да си замине од овој свет. Верувам во судбината од тоа не се бега за жал до каде ни е пишано до таму.
Пиши им на истражувачите и научниците дека нема врска. Да продолжам, зависи дали шоферот конзумирал алкохол, зависи дали се деконцентрирал, зависи дали се работи за лизгав терен, зависи дали и воопшто имало трето лице која ја предизвикало и од каде. Зависи пред се ударот каде бил. Полицаец на место на несреќа кога ќе дојде, не запишува во својот записник, божја воља или судбина, туку се утврдуваат причините кои дошле до несреќата. Е сега сето ова некој го нарекува судбина, некој божјо чудо, јас верувам во физиката на нештата во случајов.
Ама тоа што шоферот конзумирал алкохол не исклучува дека може да постои судбина т.е детерминизам на настаните.
Можеби да, можеби, не. Како луѓе кои поседуваме емоции, секогаш ја бираме полесната страна на приказната, со цел да имаме придобивка, во смисол, душевен мир. Мојата реалност укажува на факти. Обично моментот судбина го кажуваме за работи кои се вон наша контрола. Истото е и со развој на болести. Некој има генетска основа, некој не води грижа за своето здравје, влијание на егзогени фактори и сл. Битно е дека секое остварено дело има корен и причина од каде дошло, а се наоѓа во нас самите или едноставно времето и просторот диригираат што би се случило. Секогаш имаш опција да ги смениш нештата, оттаму и нашата free will. Секое утро може да ти биде нов почеток или крај, што секој пат зависи кој правец ќе го фатиш.
Не можам да се согласам зашто кога ќе се каже судбина, тоа опфаќа предодреденост на секој можен настан што се случува, без разлика која е подлежечката причина за него, а не емоционално утешување.Нема врска дали некој е болен поради наследна болест или нездрав живот, ова гледиште подразбира дека секој сегмент од постоењето и индивидуалните одлуки се однапред "наместени" така да се случат иако ние мислиме дека ја имаме волјата да свесно менуваме и одлучуваме.На некој начин, се подразбира дека бирањето на одреден правец не е ништо друго туку само несвесно следење на тоа што е "запишано". Интересно гледиште според мене, едно од многуте можни објаснувања за реалноста. Извинете за офтопикот, нека преместат модераторите.
На крајот од денот, религија и животни прашања можат да се објаснат само низ филозофија, која е одраз од гледиштето на индивидуата. Никој не може да даде краен одговор на нештата, само хипотеза. Јас сакам да размислувам врз база на моите сетила, она што е во моментот, она што е објасниво според законите на природата и науката. Можеби навистина сметаме дека имаме слободна волја, а всушност самиот настан е предодреден уште пред нашето постоење. Јас велам постоиш се додека не ја завршиш улогата, односно својата кауза во општеството, директно или индиректно. Едноставно не верувам во чуда, туку улогата на своето постоење не е завршена. Но, немам против некој да верува во нешто, ако истото му создава душевен мир и спокој, што личности како мене ретко го наоѓаат.