Да прашам, дали ако сакаш да го посетиш манастирот Острог мораш да спиеш таму? И кажав на една комшивка и почна да збоеи дека морало ако идеш да спиеш, не е океј да не спиеш и ме фатимпремн шубе и неубаво чувство.. Јас немав поима за ова, мислев дека е како во Бигорски ме знам и сл манастири да си го посетам и да прошетам.. Некој што е повеќе запознаен ќе го замолам да ми објасни.
Мене ништо на овој свет не ме изненадува, ама во вакви работи не верувам. Психата им изведува чудесии на некои луѓе.
дали икона од Гаврил архангел се чува дома.Некој ми спомна дека бил ангел на смртта па не се редела дома....
Каков ангел на смртта, Св. Архангел Гаврил ѝ ја соопштува веста на Пресвета Богородица дека ќе зачни, исто и на отец Захариј дека Елисавета ќе зачни и ќе се роди Св. Јован Крстител. Се чува икона.
Јас чув вчера за Божјо чудо од личност која не измислува, баш човек на место е. Ми вели, други да ми кажаа немаше да им поверувам, ама ете со свои очи видов.
Наместо во Божји чуда, се верува во празни ветувања на разноразни полубогови , наместо милост, страв не обзема.
Верувам во Божји чуда. Една моја блиска личност ми кажа дека доживеала потешка сообраќајка, од која ниту таа ниту сопатниците не биле воопшто повредени. Од таква сообраќајка да излезат сите неповредени е за мене само едно од многуте Божји чуда.
Да, верувам, од секогаш сум бил верник и никогаш нема да престанам да верувам.Чудото кое ми се случи само ми ја зголеми вербата. На ден пателејмон во 2001 година се случи масакрот кај карпалак, сите загинати беа од Прилеп. Прилепчани беа гневни и возвратија жестоко во градот, се запали џамијата, неколку дуќани во чаршијата, бунтот беше од голем размер. Јас тогаш не ги сваќав сериозно последиците, имав само 11 години и бев љубопитен и ме копкаше да видам шо се случува. Мојот татко како воено лице беше ангажиран во конфликтот и неколку дена претходно беше вратен од фронтот, не ми дозволи да одам да видам шо се случува, јас како дете едвај чекав да замини за да појдам до центар и да ја задоволам љубопитноста. Без да знаат, зедов велосипед и заминав накај центарот. Кога преминував една високо прометна улица само слушнав силно вриштење од кочници и во истиот момент осетив како возот да ме поминал. Не совесен шофер ме удрил со 120км/ч. Цел искршен ме однеле на болница, во шок соба, задниот дел од черепот расцепен, ребра искршени, раце, нозе, зглобови изместени. Во кома сум бил неколку дена , не се знаело дали ќе преживеам, иако мене тоа ми изгледаше како да сонувам, и после секој сон следуваше друг сон, слушаш нешто , па сонуваш па пак слушаш итн...Како еден вид на трета димензија...Дури сум жив ќе го благословувам Доктор Гешоски и неговиот тим кој дале се од себе за да спасат детски живот, но и бога поради тоа што денот кога се случи нештото беше празник Св.Пантелејмон. После 22 години од случката, доживеав нешто поврзано со неа, т.е. годинава бевме во посета на црквата Свети Пантелејмон во долно Нерези, влегов во црквата, клекнав пред олтарот, на вратот секогаш носам ланче со крст, го извадив ланчето го стегнав силно и почнав да се молам (си имам свој начин на молење) Во еден момент во себе слушнав глас, СЕТИ СЕ, СЕТИ СЕ ЧЕДО, СЕТИ СЕ КОЈ СИ... Ладна пот ме облеа, почнав да плачам, дотрчаа луѓе, мислеа ми се снеможило, им реков во ред сум. Ми требаа неколку минути да си дојдам при себе, потоа побарав лист хартија и пенкало, напишав кој сум, од каде дојдов и шо доживеав и го оставив пред олтарот. Се надевам дека пишаното сеуште стои таму, можеби не во олтарот, можеби го зачувале во архивот, не знам...Доживувањето беше , не знам како да објаснам, прекрасно, преубаво, гласот како да ме погали по лицето...
нешто слични доживеав на неполни 17 години како жртва на сообраќајна незгода. Сообраќајката се случи ноќта сабота спроти недела на ден Велигден а јас од кома се разбудив дури на 3тиот ден од Велигден. Она што го видов сонив или не знам што беше тие 3 дена нема да го заборавам. Постојат божји чуда божја воља и молитви. И никој никогаш нема да ме разубеди во спротивното
Истово ова, пред неколку години, само на измеѓу-сон. Женски глас, беше до мене. Пак исто, и ова пред неколку години, само не можам да зборувамам во детаљи. Ама знам што видов, и не, не беше сон. Да почнам да се распишувам нема да собере во еден пост. Укратко, Да, верувам.
Да верувам , затоа што многу пати ми се има случено.А оваа е посебно едно од најубавите.Наши роднини со години не можеа да имаат деца пробуваа на разни начини и на крај се свртеа кон Бога , одеа по разни манастири неколку години и подоцна беа слушнале за еден манастир не знам точно како се викаше и отидоа таму.Кога отишле таму дошол еден монах и рекол ти ќе родиш женско дете ама да и го ставиш името Јована.И така и бидна роди женско дете и ја крсти Јована.
Јас сум медицинско лице имам доста учено студирано и видено и со две раце потпишувам дека за многу состојби спасот може да е најде само во божји храм и со молитви кон Бога. Има и милијарда примери дека е тоа така
здрава жива и Благословена. Многу усти замолкна, ама за жал за нивните невери недај Боже (или за среќа) треба да доживеат и/или поверуваат дека да, сепак имаме свој ГоспоДар
Верувам во Божји чуда . Ми се случиле многу , ама многу работи . Последната која се случи е , на чичкото на сопругот , јас и сопругот му го спасивме животот . Буквално . Човекот доживеал мозочен удар само половина час пред јас и маж ми да слеземе долу ( у главно имавме некои уредувања на колата , ја спремавме за регистрација , па да ја исчистиме и дотераме малку ) и застанавме во канцеларијата на човеков да пиеме кафе , неделно утро , лежерно . Он работи со архитектура па имаше проект на кој работеше и кој требаше да го заврши идната недела . Одеднаш почна да зборува со маж ми како да му е некој клиент , буквално не го препознаваше а практично го пораснал . Велам нешто не е во ред , и се јавивме на свекрва ми . Она мислеше пивнал , нина не беше дома ( мајка и е болна , жена во години , па отиднала да и даде лекови и храна да и однесе , да не се мачи да готви во таа состојба ) .. и после извесно време свекрва ми вели да не имал мозочен удар човекот , бидејќи сите симптоми кои ми ги кажувате , алудираат на тоа или е пивнат . Прашај те ја нина ви , се јавивме на неа вели не бе луѓе баш деновиве дома е цело време .. и правец у болница . Откриваат дека имал мозочен удар и го задржуваат на десет дена во болница , на јака терапија и инфузии по 4-5 дневно . Сите го мислиме и се молиме за него , во меѓувреме , дознаваме дека 21-виот ден е најкритичен ден , ако го преживее , ќе поживее . Вчера беше дваесет и првиот ден . Преживеа . Жив е и се надеваме ќе остане уште години и години . Мора да живее , за ќерката за сопругата , за семејството . Млад е , животот е пред него . Со Божја помош , ќе биде уште подобар , ќе заздрави , ќе се опорави . Ќе се врати оној стари добар чичо , во најдобрата верзија од себе , без алкохол , без цигари и со намалена количина на кофеин . Со поздрав начин на живот . Со Божја помош .