1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Верував и верувам после тоа што се случи, за кое ни самата не можам да си објаснам, имав пред некој ден пишано во сдк накратко, не сакав да навлегувам во детали, а и сега се мислев дали да пишам тука или не.Но, сметам дека треба, чувствувам потреба за да кажам.Сега скоро се случи, во четвртокот, чудно е многу за мене, бидејки не ми се случило никогаш до сега.Вечерта пред да си легнам, чувствував замор, но, не би рекла дека е од тоа, туку нешто друго е во прашање, а што незнам ни самата.Како што си легнав да спијам, ноќта накај 2 се разбудив, телото ми беше труп тешко,еден тон, а и ладно, камен, буквално не можев да се помрднам никако, дишењето ми беше минимално, колку да се рече дека дишам.Таа ситуација, траеше до 4 сабалјето, мака мачев за да се помрднам било како, но неможев, истовремено како да спиев, но бев будна, некоја безвезе состојба.Се преплашив, си реков: леле Господе аман, откако реков така,истовремено кај срцето почувствував топлина, почнав да чувствувам како ми отрпнуваат нозете, по што полека цело тело ми се затопли и ме фати нормална дремка, но не сакав после тоа да заспијам, страв ми беше и се уште ми е, да не се случи повторно.Откако станав, си го чувствував телото тешко, како да сум орала, што се вели, ми се плаче кога ќе се сетам, а што беше тоа, незнам. Едоставно се случи само по себе, здравствената состојба ми е добра, што значи не можам да си дадам себе си објаснување за ова, што би можело да биде.

    Верувам во Бог, верувам дека има нешто, сакам да кажам дека човек и да не верува дека постои, доволно е барем да си рече дека можеби има нешто, а што е почеток на вербата.
     
    На elisabeta, Divinebutterfly, FortuneTeller.xD и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    има господ, не мозе да казе некој нема и не верува, па Gосподи,кој не створи кој не создаде во коски во месо во крв? кој ни даде дуса, на кому се молиме кој е тој сто ни простува, на сите нас, било која нација сме или вера.кој е тој сто ја зима дусата ако не е господ,ако не постој господ,засто тогас сме на овој свет кој не донел, кој не створил? кој е тој сто ни дава храна плодови,зеленцук и ред други работи.
     
  3. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    1000% верувам! Што можи господ, никој не можи!
     
  4. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Во октомври 2000 година се случило следното чудо.

    На еден брачен пар им се разболело детенцето. Леукемија. И затоа неговите родители по медиумите некако интервенирале за да се пронајде коскена срж за трансплатација. Благодарност на Бога се средила работата, пронашле донатор, но за се направи тој хирушки зафат, но било потребно да одат во САД.
    Бидејќи биле православни христијани слушнале за безбројните чудеса што ги правела Св. Марина, чиј манастир го носело нејзинотот име, а се наоѓал на островот Андрос. Измолиле благослов од игуменот на манастирот, а тој им ветил дека ќе се моли, ќе ја моли Св. Марина за операцијата да биде успешна и со добри резултати. Па, така малку поспокојни заминале за САД.

    На денот кога требало да се прави операцијата, помеѓу лекарите, пристигнала една лекарка од Грција, која по секоја цена сакала да биде присутна на операцијата. Им рекла дека таа му е матичен лекар на детето, дека ја знае целата негова историја, па можеби ќе им биде од корист. На тоа главниот и одговорен лекар се согласил, зашто навистина можеби ќе му требала на операцијата. Процедурално ги потполнила дадените формулари и заедно со другите лекари ја започнале операцијата.

    За време на операцијата грчката лекарка им кажала се на лекарите. Во смисла каде е поубаво да се сече (иако на нив не им било прв пат), како, што и за многу брзо време ја извршиле операцијата што дотогаш не го направиле тоа.
    Лекарот од среќен посреќен, ги известува родителите дека операцијата е 100% успешна, само додава, дека и немало потреба што го донеле детето дури до таму, кога дома имаат прекрасна докторка.
    Тие се зачудиле, која е таа, зашто пристигнале само тие и никој друг не знаел? Потоа размислиле и си рекле дека возможно е некој од лекарите од Грција да пристигнал. Сакале да дознаат за да се заблагодарат.

    Лекарот им рекол (дејствието се случувало во ходникот пред операционата сала), „ - влезете, таа остана сама со него. „ Кога влегуваат докторката ја нема ( а се наоѓаат на висок кат од болницата).
    За да им помогне која била, по нејзиното име, им го носат формуларот за да им каже.
    А во формуларот пишувало „ ништо друго освен, Марина од Андрос„ .


    Разбрале дека Св. Марина била таа лекарка која го правела операција, заедно со другите лекари.
    Слава на Бога.
     
    На душленце, Cinderella12, anakonda88 и 17 други им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Од житието на Св. Теодора

    Уште од малечка го засакала Бог што секогаш посакува еден ден да стане негова невеста, да се замонаши. Нивниот духовник што бил на целото семејство, иако слеп, со своите духовни очи, ја видел нејзината душа и знаел дека еден ден таа ќе биде избраниот сад на Бог. Не и дозволувал да замине во манастир туку и викал дека има време и да почека.
    Еден ден таа заминала кај отецот во келијата, односно во пештерата во која живеел во планината. По патот застанала да одмори, но во близина на местото каде што имало разбојници. Во еден момент тие ја слушнале и започнале да трчаат за да ја стигнат. Но Бог не дозволил, таа сигурно стигнала до својот духовник. Но тоа не било толку лесно, зашто Господ во тој момент ставил рака за да се спаси. Имено трчајќи по неа одеднаш им дошле во пресрет мноштво пчели и ги нападнале. Така таа се спасила.
    Кога стигнала кај отецот тој и рекол дека е дојдено времето да стане монахиња. И дал расо ( монашка облека ) и таа заминала од кај него, упатувајќи се кон некој манастир кај што ќе ја однесе Бог.
    На враќање повторно ја пресретнале разбојниците, но таа облечена така, не ја познале. Ја прашале дали видела некоја девојка, но таа со машки глас одговорила дека никој не сретнала. Така спокојно заминала.
    Патот ја однел до еден машки манастир, но не случајно туку по Божја промисла. Како послушник го добила името Теодор и служела таму, но никој не знаел дека е жена. Секогаш вешто се криела од сите. Кога доаѓало времето за да се Причести со Светите Дарови таа ставала крпа на главата (зашто е жена), а за изговор, се оправдувала дека е болна, па за да не им пренесе на браќата, затоа така ставала крпа.
    По извесен период зашто Теодора била многу послушена, вредена, игуменот на манастирот ја испратил да оди до селото за да купи неопходни нешта за манастирот. По пат сретнува една девојка која качувајќи се на своето магаре си ја повредила ногата. Извадила марамче и и ја преврзила ногата. Целиот тој настан го гладале соселаните и во нивните мисли се раѓале лоши помисли дека монахот е со девојката.
    За да биде уште поголема трагедијата, таа девојка била ќерка на главниот разбојник. Имала момче со кое живеела во блуд и останала бремена од него. Тој пак за да се оправда смислил лукава клевета и и рекол на девојката да каже дека тоа бебе е од монахот (Св. Теодора). Премногу се плашел од нејзиниот татко, зашто познавајќи го, кога ќе дознае за тоа, со сигурност ќе го убие.
    Девојката го направила тоа и му го кажала тоа на својот татко. Од тој момент татко и кроел планови како до го убие тој монах.
    Пристигнал и тој ден.
    Додека сечела дрва заедно со еден друг монах, ги забележала разбојниците како и се доближуваат. Ја разбрала нивната намера за што се дојдени, но не ја знаела целосната вистина. Со молитва и вера во Бога ја прифатила таа казна.
    Започнала да бега, но ја стигнале и ја врзале за дрво. Толку силно ја измачиле и тепале што потоци од крв течеле од нејзиното тело. Од нив само побарала да се помоли, но ништо друго.
    Додека се молела посакала само три работи од Бог: нејзиното тело да биде храм Божји; крвта која блика од неа, да стане извор вода; а нејзинита коса (бидејќи е жена, а не маж и за конечно се открие тоа), да бидат високи дрвја.
    Кога се помолила, еден разбојник ја видел дека не е маж туку жена, силен блесок се појавил од небото што разбојниците се онесвестиле, а некои и починале.
    Откако ја предала својата душа на Бог, од под нејзините нозе извира поток со бистра вода.

    Најголемото чудо што денес се случува на тоа место е следното.

    Навистина на местото каде е убиена е изграден храм во нејзина чест што го носи нејзиното име. Храмот не е голем една просечна малечка соба. Најголемото чудо е тоа што на покривот од храмот, растат дрвја, односно 17 дрвја (кои ги означуваат годините на светителката) кои достигнуваат и по 30 метри. А додека долу во храмот, на таванот, нема ни една жила, ни ништо.
    Целиот овој случај го испитувале врвни научници. Сеуште не можат да го докажат тоа. Како на покрив растат дрвја кои нивната тежина се мери во тони, а сепак храмот не е уништен?! Како се хранат тие дрвја, од каде, со што?!
    Некој човек толку поскал да уништи се, што се качил на покривот со моторна пила да ги сече. Секој миг кога ќе ја доближел пилата до дрвото, таа се одбивала и отскокнувала на него што и се повредил самиот себе.
    Сеуште се докажува и тоа, како може тој храм воопшто да опстои кога од под него извира вода, толку многу (според извршените мерења) што едноставно нема никаква логика тој храм со толкава тежина (севкупно со дрвјата) сепак да стои! Едноставно одговорот е, дека е невозможно (според човекот).

    А вистинскиот одговор е во Господ Исус Христос кога вели:
    „ За луѓето тоа не е можно, но за Бога се е можно. „ - зашто Тој е Оној кој ги создал природните закони и само Тој може да ги промени.

    [​IMG]


    [​IMG]

    [​IMG]

    Водата која извира од под храмот

    [​IMG]

    Во внатрешноста на храмот

    [​IMG]

    [​IMG]
     
    На душленце, Cinderella12, feferona и 13 други им се допаѓа ова.
  6. angelce1

    angelce1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2009
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    234
    Каде се наоѓа храмот?
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Во Грција, Пелопонес :).
     
    На Cinderella12, papilona, MarchelineAmaru и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    Да верувам посебно со случка поврзана со брат ми.Мајка ми кога забременила, една ноќ сонувала стара жена, таа нема зборови да ја опиши, имала некој израз, некоја аура во неа старава жена, и и рекла „Да си го крстиш детево (имево на брат ми)“Мајка ми имево ич не и било убаво ама кога видела сабајлето дека бил некој празник, баш и не се сеќавам која светица се славеше , одма решила брат ми така да го крсти.Незнам ова малку ми е језиво ама го сметам за чудо.
     
  9. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Да верувам.И тоа многу.
     
  10. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Верувам во Бог ,нашиот Спасител , нека Му е вечна славата!
     
  11. JingYang

    JingYang Активен член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    12
    Дали на некого му се случило Божјо Чудо кога е во прашање љубов. Кога некого сакаш искрено со целото срце и сакаш се да биде во ред. Ги слуша ли Бог тие искрени молитви?
     
  12. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Бескрајната љубов на Мајката Божја

    Во еден женски манастир служела и една сестра која била замонашена уште од младост, како дете. Нејзиното послушание (работа) која требала да го извршува во манастирот било само украсувањето на иконата на Мајката Божја. Сите ја чувствувале како најчиста и најдостојна за тоа, зашто никогаш не го познала светот и не направила големи гревови.
    Исполнувајќи го своето послушание, доброзмаразителот намислил да ја одведе од правилниот Господов пат, па ја започнал својата борба со неа. Човекот кој бил поставен за чувар на манастирот и чистел во близина, станал главната причина за тоа. Младата и неискусна монахиња се заљубила во него и не можејќи да го издржи се тоа, намислила да го напушти манастирот и се омажи за него. Тоа и го направила. Тајно заминала со него и никој не го видел тоа. А ѓаволот го исполнил своето дело.
    Во светот живеела околу десет години, но не било се добро како што изгледало на почеток од сите ветувања на човекот кој го засакала. Започнал да пие и постојано да ја малтретира. Кутрата станала како исушено дрво кое не личело на себе. Постојано се каела за тоа што го направила и не можела повеќе да издржи, зашто посакувала уште еднаш да се врати во манастирот за само да се исповеда и добие прошка за сторениот грев. Во меѓувреме сопругот и починал и таа ослободена заминала во манастирот.
    На вратата од манастирот ја пречекала една монахиња која таа ја препознала, а таа бидеќји го променила својот изглед од годините и тешкиот живот и не ја препознала заминатата сестра. Тогаш ја запрашала:
    Каде може да ја најде сестрата која порано пред десет години побегна, а пред тоа беше на послушание да ја украсува иконата на Мајката Божја?
    Монахињата се насмевнала и и одговорила дека е тука. И рекла:
    Моментално е кај иконата на Мајката Божја и го извршува своето послушание, ја украсува иконата.
    Сестрата се зачудила и повторно и го поставила истото прашање. На крај зачудена заминала да ја види девојаката и да се поклони пред иконата на Мајката Божја.
    А таму, чудо.
    Пред неа во нејзиното монашко расо, стоела Мајката Божја, истиот лик од иконата.
    Сестрата паднала на колена и заплакала за сторениот грев. А Мајката Божја и рекла дека и простува и дека знаела дека ќе се врати, зашто ја прелагал ѓаволот, па затоа и го чувала местото и нејзиното посушание. Зашто била по душа чиста, се додека не го направила тој грев. Така Мајката Божја го соблекла расото и и го дала за да го облече. Во истиот момент Таа исчезнала.
    Сестрата се исповедала на духовникот и го замолила да го каже ова по нејзиното упокојување. Навистина не поминала долго време, а таа се упокоила.

    Настанот се случува во источна Украина во ова наше денешно време. Пред околу 12-15 години.

    Слава на Мајката Божја, која не сака и чува и покрај тоа што постојано грешиме.

    [​IMG]
     
    На душленце, Cinderella12, Abeja и 3 други им се допаѓа ова.
  13. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    161
    Може и да не е некое чудо, ама со што друго би го објаснила? Мене едниот радијатор во станот не ми работеше, а другите два нормално работеа. Дури требаше да идат и мајстори за тоа од топлификација. Јас за викенд бев дома, а кога се вратив, радијаторот работеше, и тоа токму на нашата слава Св. Архангел Михаил. Веќе долго време не работеше, а и јас сама сум во тој стан и никој нема друг одено. Па, татко ми ми вели: „Некој бил кај тебе на стан и ти го поправил“
     
  14. papilona

    papilona Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    177
    Допаѓања:
    144
    Дали си била таму? Откако го прочитав твојот пост 100 пати помислив на црквичката, би сакала да ја видам, од фотографии се чувствува колку е чудесно местото.
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Нажалост сеуште не сум се удостоила да отидам таму. Но ако е волјата Божја ќе биде, Господ здравје :inlove: .
    Се надевам дека и ти ќе се удостоиш на тоа еден ден :) .
     
  16. Daniela1988

    Daniela1988 Активен член

    Се зачлени на:
    6 декември 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    1
    Верувам дека постојат Божји чуда,но сеуште ми се нема случено.
     
  17. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
  18. tweety26

    tweety26 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Дефинитивно верувам,знам дека секогаш Бог ми ги слуша молитвите и премногу сум благодарна...знам дека секогаш ќе ме води кон патот што треба :)
     
  19. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    318
    Верувам многу .... :)
     
  20. mamas

    mamas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    42
    Верував и верувам од денеска уште повеке. Имам Епилепсија која е настаната од тежок удар во главата кога бев 5 години. Спас нема освен да си пијам лекови и да си ќутам. Моментално сум во Чикаго во Илиноис. Пред некој ден ми се јави другарче од Ск. што учи теологија и ми кажа дека некој отец кој има чудотворен крст, што содржи парче од крстот со крвта каде што бил распнат Исус Христос, е во моја близина во грчки манастир Св. Јован Златоуст. Тој со крстот поминувал по телото на човекот и каде има проблем таму се покажува. Денеска бев таму и му кажав на свештеникот за мојот проблем. Тој почна да проаѓа со крстот по мојата глава и од еднаш маж ми ме праша зошто човекот ме изгреба. Јас му реков дека не ме ни допрел а не да ме изгребал, и тогаш ми кажа дека имам црвена линија на левата страна на челото. Кога продолжи на задниот дел од главата ми се вцрвене вратот и осеќав јака болка во левата страна на главата. Искрено почнав да плачам бидејки не знаев што се случува, меѓутоа отецот ми кажа дека сето тоа е добар знак и ме покани повторно да дојдам до крајов на годината бидејки тој до тогаш е тука. Сега веќе неколку часа сум дома и главата мислам дека ке ми пукне од болка. Верувам во Бог и верувам во неговите чуда. Вербата да е мала колку една тронка, може да помести и планини.
     
    На душленце, afrodita94, Divinebutterfly и 8 други им се допаѓа ова.