1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Дали верувате во Божји чуда?

Дискусија во 'Религија' започната од Serafima, 9 декември 2010.

  1. tanja6

    tanja6 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    1.570
    Допаѓања:
    567
    Пол:
    Женски
    мила мамас,го прочитав твојот пост,и ме растрепери.Господ е голем,бројни се неговите чуда,се надевам дека ке оздравиш.имај верба.обавезно да отидеш уште еднаш.
     
    На mamas му/ѝ се допаѓа ова.
  2. mamas

    mamas Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    42
    планирам повторно да одам за викендов, се молам за сите луѓе што имаат некаква потешкотија. Бог е силен и ги слуша нашите моливти. Ти благодарам за поддршката. Господ е еден и тој е со нас.
     
  3. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Да и благодарна сум му на бога што ми ги слуша молитвите :)
     
  4. ivimis

    ivimis Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    195
    Допаѓања:
    523
    Да верувам , од кога почнав секој ден да се молам само добри работи ми се случуваат ..
    Бог ги слуша моите молитви
     
    На marica88 и aerodrom им се допаѓа ова.
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Во Русија се случило следниото чудо.

    Млад човек размислувал долго да отиде во црква и да се помоли. Но некако му поминувало времето, а тој секогаш одложувал. Еден ден се решил и заминал. На семафорите додека чекал да светне зеленото светло, помеѓу останатите луѓе, до него стоел еден старец. Толку бил стар, згрбавен, но толку мил на лице. Поразговарале малку и побарал од него да го пренесе преку улица. Младиот човек се согласил да му помогне и го пренел на другата страна. Само што го пуштил од раце, човекот станал невидлив.
    Младиот бил во бунило, што е сега ова? На крај некако се смирил и заминал во црквата каде и бил со намера да оди. Купил свеќи и влегол, но само што ја здогледал една икона целиот се стаписал. Тоа било иконата на Св. Николај, а ликот бил потполно истиот како човекот кој пред 5 минути го преминал преку улица.

    Св. Николај моли се за нас грешните.
     
    На Cinderella12, afrodita94, tessie и 13 други им се допаѓа ова.
  6. dete22

    dete22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 ноември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    3
    Верувам во Господ,цел живот верувам и се молам ... но божјо чудо не ми се десило а сакам да ми се случи да ме спаси од макиве...
     
    На TheDove му/ѝ се допаѓа ова.
  7. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.018
    Допаѓања:
    5.930
    Верувам во Божји чуда и верувам дека Бог е секогаш со мене и ми помага да ја донесам правилната одлука . Бог ме штити и ме чува....
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shortie

    Shortie Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2011
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    71
    Пол:
    Женски
    Јас дефинитивно верувам.затоа што ми има помогната и се чувстувам безбедна и исполнета покрај него!
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LoVeR

    LoVeR Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    886
    Допаѓања:
    1.046
    Да секако...ние сме деца на Бог како да не веруваме во неговите чуда...
     
    На aerodrom му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Aisha

    Aisha Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2011
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    37
    бог на секој после неговото искусеније му дава леснотија, кој има трпение има и спасеније,
     
  11. Vasko-St

    Vasko-St Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    8
    Прво да кажам дека верувам и во Бог и во неговите чуда. Прочитајте ги чудата на Св. Василије Остршки. Неговиот манастир се наоѓа во Црна Гора близу Цетинје и е посетен е од голем број веррници. Лично го имам посетено два пати, нокевав таму и можам да кажам дека чувството е прекрасно.
    Св. Василије Острошки се нарекува и жив светец поради следново чудо кое е опишано.
    - Неговите мошти се зачувани во целост, светецот е положен во ковчег и облечен во облека на владика со прикриено лице и опинци на нозете, покрај него цел ден минуваат верници, му се поклонуваат и упатуваат молитви а ноќта кога ковчегот се затвора, покрај него преспиваат болни кои се молат за излекуванје.
    По кажуванје и опис моштите на светецот се преоблекуваат на одредено време при што се забележува дека дел од облеката а посебно опинците се извалкани, што укажува на тоа дека Св. Василије станува и се движи. што го оправдува неговото име жив светец.
    Постојат уште голем број негови чуда кои може да се прочитаат овде http://slavoslovije.wordpress.com/2008/ ... ostroskog/. Поздрав
     
    На mila25ve, Ella.313, Makide и 3 други им се допаѓа ова.
  12. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.490
    Допаѓања:
    8.288
    Пол:
    Женски
    Верувам и моментално многу ми е тешко,ќе се молам затоа што Бог е секогаш со нас,дури и кога ни е најтешко ;(
     
    На Page му/ѝ се допаѓа ова.
  13. badem4e

    badem4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    секако дека верувам и тоа многу..
     
  14. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Баш вчера ми текна на еден случај,каде си помислив дека некоја виша сила го има направено крајниот резултат.

    Познавам една жена која не можеше долго време да има деца.Постојано го губеше плодот со спонтан абортус,имаше некакви компликации во бременоста итн.Тоа мислам дека се случи неколку пати,дури еднаш и и се роди бебенце,кое набргу почина.
    После некое време,жената остана бремена и роди здрава-ТРОЈКА.Три близначиња.Сега дечињата тргнаа во школо,прекрасни се.
    Верувам дека молитвите и биле исполнети.
     
    На Ella.313 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Мало дете со дар на прозорливост

    Во септември пред неколку години во Онколошкиот оддел на Универзитетската болницаа во Риос владееше голем неред. Малиот Димитарче неодложно го бараше болничкиот свештеник. Сакаше задолжително да се причести.
    Имаше 13 години. Речиси година и пол се наоѓаше на таа клиника. Една мала главоболка го донесе тука. Лекарите дијагнозираа рак на мозокот. Неговото потекло беше од Фиери, од Албанија. Неговите родители беа некрстени. Неколку години живееја во Патра. Тој, за кусо време по неговото доаѓање во болницата, посака да се крсти. Слушна за Христа и сакаше да стане Негово „дете’’ . Се крсти, „ Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух „ се разбира откако беше поучен во верата.
    Сите го засакаа на клиниката. Ракот напредуваше брзо и веќе го беше лишил од видот. Воопшто не гледаше ништо и никого. Но слушаше со големо и чудесно трпение. Не се жалеше. Велеше дека Бог го љуби многу. Се молеше и ги молеше неговите родители да го прават истото.
    Сите кои го посетуваа сфаќаа дека ова дете не е обично. Постојано зборуваше за Бога. Секогаш беше љубезен и радосен. Неговото лице блескаше. Сакаше често да се причестува со Светите Дарови. Кога понекогаш мајка му ќе беше во друг дел од клиниката, викаше:
    „Мајко дојди брзо. Доаѓа попчето со Христос. Се качува по скалите. Дојди да ме подготвиш. ’’
    И така и се случуваше. Свештеникот доаѓаше и го наоѓаше Димитарче седнат на креветот, со отворена уста како побожно се прекрстува. Иако не го знаеше точното време кога ќе дојде свештеникот со Чесните Дарови, со дарот на прозорливост го гледаше како доаѓа и покрај што имаше две затворени врати што ја делеа собата од ходникот од каде што доаѓаше свештеникот. Тоа го потврдува и побожната госпоѓа Марија Галиацату којашто доброволно се грижеше за ова дете.
    „Госпоѓо Марија, сакам да ви кажам нешто! ’’ - и рече еднаш.
    „Кога доаѓа попчето со Христос, го гледам на скалите како се качува и до него гледам два високи, убави луѓе во бела облека кои се наклонуваат кон Светиот Путир и со раширени раце го пазат. ’’
    Еднаш лекарот го праша:
    „ Како си Димитарче, како ти оди? ’’
    Му одговори:
    „Господине лекар, може ли да ви кажам нешто одблизу? Ја сум добар. А вие не грижете се што замина вашата сопруга. Бог ќе биде со вас, зашто сте добар човек. ’’
    Лекарот остана неподвижен некое време. Никој не знаеше за тажниот настан што се случи претходниот ден во неговиот дом, за тоа дека неговата жена го напушти и зеде друг маж.
    „ Тоа е дете Божјо ’’ - велеа оние кои го познаваа.
    Кога се причести за последен пат не можеше веќе да седи исправен на креветот, но со радост и копнеж Го прими Христа, лежејќи на креветот.
    „ Благодарам многу! „ - прошепоти и потоа се упокои.
    Свештеникот, кој, кога отиде утрото на гробиштата за да му изврши на Димитриче трисагија, рече:
    „ Првпат во мојот живот гледам вакво тело. Неговото лице е насмеано, блеска и има боја на килибар. ’’
    Неговите родители многу Го засакаа Христа и посакаа да се крстат.
     
    На Cinderella12, Makide, A-j-a и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.266
    Уште едно од безбројните Божји чуда, односно доказ дека Господ ја исполнува секоја искрена молитва.


    Муслиманка неродилка родила откако му се помолила на свети Николаj


    Во Башкирија жена муслиманка, која четиринаесет години безуспешно се лечела од неплодност, родила после молитва пред иконата на свети Николај Чудотворец во православен храм, соопштува Интерфакс-Религија.

    „Иако сум муслиманка, заради нешто поверував дека иконата ќе ми помогне“, вели среќната мајка, чии зборови ги наведува списанието „Комсомолска правда“.

    Да оди во храм ја посоветувале нејзините пријатели: бракот пукаше, а дијагнозата на лекарите звучеше како смртна пресуда за семејната среќа – да се роди со таква болест е невозможно.

    Жената првпат влегла во храм: „На почеток бев уплашена и не знаев како да се молам.“ Некој од парохијаните ја посаветувал да се помоли на свети Николај „едноставно и од душа“.

    Тогаш во главата и се јавила проста молитва: „Помогни, Николае Чудотворче, дарувај ни син, те молам…“ На крајот жената го симнала своето омилено герданче и го закачила пред иконата – постои верување дека таквите дарови помагаат молитвата да се услиши.

    По точно еден месец дознала дека очекува дете. Нејзиниот син Тамерлан секој ден и носи голема радост.
     
    На Makide, Srekicka, aaaaa и 2 други им се допаѓа ова.
  17. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Кога ќе ми се случи, ќе верувам...Иако пре би поверувала во игрички што си ги игра нашиот ум со нас , чисти случајности или незнаење, но не исклучувам...
     
  18. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Нормално дека верувам :)
     
  19. Page

    Page Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2012
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    359
    Си била една приказна за еден човек кој бил на еден брод и кого го снашла страшна бура. Неговиот брод се превртел и тој завршил на еден напуштен остров сосем сам. Поминувале недели, и тој се чувствувал толку очајно, толку избезумено. Не ни помислувал дека некогаш ќе биде пронајден. Тој се молел секој ден, но изгледало како Небото да молчело. Тој се трудел да даде се од себе. Тој дури изградил колиба со сламен покрив за засолниште и станал прилично добар во риболов и собирање храна.
    Времето поминувало и немало никакви знаци дека неговата положба ќе се промени. Всушност, еден ден баш кога помислил дека не може да биде полошо, излегол надвор да најде храна и кога се вратил видел дека неговата мала колиба која ја изградил била запалена. Тој само седел таму, запрепастен, гледајќи како единствената работа која ја имал како гори. Тоа било како да ставаш сол на неговата рана. Тој паднал на неговите колена и рекол : “ Господе, се предавам. Те молев да ми помогнеш, но постојано се случуваа лоши работи. “
    Па, еден час покасно, Крајбрежната стража се појавила да го спаси. Човекот не можел да поверува! Тој бил возбуден. Рекол: “ Како ме пронајдовте?“ Тие одговориле : “ Го видовме чадот како доаѓа од големиот оган кој ти го направи.“
    Пријатели, понекогаш она што изгледа како разочарување на нас е всушност Божјо подготвување за нас кон ново ниво. Можеби се чувствувате како овој човек, погоден од бурите на животот , сами на остров со вашата колиба запалена. Но, наместо да станете негативни и огорчени, забележете дека Бог се уште има добар план за вашиот живот. Тој делува во позадина. Тој ги зема тие разочарувања и обесхрабрувања
    и ги користи за да ве ослободи. Дури и кога не разбирате што се случува во вашите околности, разберете дека Бог ги користи за ваше добро. Тој има план да ве благослови и да ве развие и да ве направи посилни и подобри од кога и да е!
     
    На Akiii, guguence, stylishh и 7 други им се допаѓа ова.
  20. sunnygirl

    sunnygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2010
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    19
    гледам дека многу одговори се со примери од историјата или за тоа што сме чуле.
    јас верувам во чуда затоа што верувам дека Бог е добар и кога бараме искрено и се вера ќе добиеме одговор. можеби не тој што го сакаме ама Бог слуша.

    http://www.bible-verses-by-subject....arting-with-m/bible-verses-about-miracles.htm

    овде ќе најдете стихови од Библијата за чуда.
    Тоа што сакам да ви кажам е дека верувам во чуда од проста причина затоа што верувам во Бог.
    Имам и видено, на пр. сум видела жена која беше глува на едното уво да биде излечена, на еден другар ногата му се издолжи итн итн. Молитвата има моќ!
     
    На Makide му/ѝ се допаѓа ова.