Верувам Пред повеќе од 7 години кога мајка ми сеуште страдаше од висок притисок во еден момент и стана лошо. Но никогаш полошо од вообичаено. Рече:„Неможам да земам воздух„. Дишеше тешко. Незнаевме што да направиме со сестра ми. Го земав телефонот да викам брза помош, ми се блокираше мозокот и не ми текнуваше бројот. Ја прашав сестра ми и во тој момент мајка ми ми даде знак со прстот да не го правам тоа. Стана едвај и клекна пред иконите што ни се во ходникот. Јас и сестра ми стоевме покрај неа. За многу кратко време целиот стан мирисаше на темјан. Почнавме да се прашуваме со сестра ми кој запалил темјан, па ние немаме дома темјан. Ја отворивме надворешната врата, но влезот не мирисаше на темјан. Најјакиот мириз доаѓаше од дневната соба. Се вративме кај мајка ми, таа дишеше длабоко, се крстеше пред иконите и велеше ФАЛА ТИ БОЖЕ.
Не постојат чуда, туку постои недоволна запознаеност со духовно-божествените законитости на вечниот Живот и тогаш настаните кои луѓето не умеат да го објаснат со дотогашното знаење го нарекуваат чудо. Гледано меѓутоа од Духот, тоа не се чуда туку природни законитости кои доколку се земаат во предвид и според нив се постапува, даваат соодветни добри плодови. Многу од тнр. чуда кои ги правел Исус од Назарет се објаснети во Христовата објава (линк): „Ова е Мојата Реч: Алфа и Омега„
За Судовите Божји Некој монах од Скитската пустина, одејки во Александрија за да ѓи продаде своите ракотворби, забележал некој погреб. Бил умрен некој си управител, од градот каде што поминувал, голем паганин, кој ги измачувал многу христијаните, бидејки сето ова се има случено за време на големиот прогон. Бидејки беше убав ден цел град беше излезн на спроводот на погребот. Додека одел понатака кон Александрија дошол до некој пустиножител кој се хранел со корени, со кого се среќавал кога одел до Александрија, но тој веќе бил растргнат од хиени. Во тој момент монахот си помислил: со какви се не почести го погребаа управителот кој ѓи гонеше христијаните, додека пак пустиножителот кој цели 60 години му служеше на Бога во молитва и пост, Бог дозволи да го изедат хиени. Какви ли се судовите Божји? Зошто Бог иако предобар допушта да се случат вакви работи? Тогаш монахот решил да го моли Бога да му покаже какви се неговите судови и зошто така пресудил, бидејки некој кој е грешен и лош човек го погребуваат со сите почести, во животот му оди добро, додека некој праведен и чесен во животот му оди лошо. Од тој ден монахот почна да го моли Бога да му ѓи покаже судовите негови: “Господе, покажи ми ѓи судовите Твои да не би судел“. Така се молел монахот многу долго. Еден ден монахот, повторно заминал за Александрија да ѓи продаде своите ракотворби.Штом излегол на една убава пољана среднал друг млад монах. -Благослови Оче! -Господ нека те благослови, сине! -Каде одиш оче!? -Одам на пазар во Александрија да ги продадам своите ракотворби. -И јас одам до Александрија. -Слава Му на Бога што ми даде сопатник да не одам сам. Бидејки младиот монах го презел товарот на стариот монах, му рекол: -Оче знаеш што треба да прават монасите кога одат на пат?Треба да се молот, цело време треба разговараат со Бога. Тоа е должност на монасите и на христијаните да се молат кога се на пат. -Така оче, до Александрија ќе се молиме! -Да не прозбориме ниту еден збор, туку само да се молиме!Овие три дена додека патуваме ќе видиш многу страшни работи од мене, но да не ми судиш и да не ми преречиш ништо, и да не ја прегазиш својата заклетва. -Да синко!Ако Бог ми помогне, нема да повеќе да зборувам. – рече старецот. И така продолжиле по патот, а околу пладе кога сонцето запекло, наидоа на двајца браќа кои им рекоа: -Оци, од сега па натаму вие не можете да патувате бидејки е многу жешко. Дојдете кај нас да се одморите малку. Кога разбраа браќата дека монасите се од Скитската пустина, ги примија со уште поголеми почести: им ги измија нозете, им постелија да се одморот, и им поставија маса јадење во сребрен сад кој им бил оставен, и кого го пренесувале од колено на колено. Монасите јадеа, и после вечерата легнаа да се одморат малце. Пред вечерта, пред да заминат младиот монах го украл сребрениот сад. Стариот монах го забележал ова и во себе си рекол „Види го ова! Не примија, не гоштеваа, ни ги измија нозете, а овој им го украде сребрениот сад!“. Кога го заминале градчето, преминувајки една река, младиот монах го зел задот го благословил и го фрлил во реката. На ова стариот монах во себе си реко „Зошто сега го фрла? Зошто воопшто го земаше?“. Но бидејки имаше дадено завет да не зборува до Александрија, не му рече ништо. Доцна вечерта ѓи пречека некој млад брачен пар и исто така со љубов и почит ги примија во нивниот дом, и ги нагостија. Утрото пред да заминат младиот монах, влезе во собата на младенците, и бидејки имаа мало бебе кое им се беше родило пред неколку месеци, младиот монах го уби. Кога го виде сево ова стариот монах, во себе си рече „Со каков злосторник ли јас тргнав на пат!?“. Но тогаш се присети на зборовите на младиот монах „Од мене ќе видиш многу лоши работи, но немој случајно да прозбориш нешто бидејки ќе ја прекршиш заклетвата!“. Другиот ден околу пладне поминувајки низ некое село, ѓи сретнал некој домаќин и им рекол „Оци, веќе е пладне и не можете да патувате на горештините, дојдете кај мене и одморете се, а после продолжете го својот пат“. Кога стигнале кај него дома, во дворот имало врзано куче кое ја чувало куќата. Домаќинот ѓи нагостил,и откако заладило времето, тие тргнале да продолжат до Александрија. Младиот монах се привратил кај домаќинот и без да го види, го прекрстил кучето, по што тоа се затрчало и се фрлило во бездна и загинало. Стариот монах и ова го забележа, но сепак ништо не проговори бидејки имаше дадено завет. Утредента, патувајки поминале покрај некоја крчма, каде што имало многу пијани. Младиот монах се свртел према крчмата и направил три длабоки поклони. На што стариот монах се зачудил. На крајот на селото, поминале покрај некоја разрушена црква, при што младиот монах зел три камења, ги благословил и фрлил со нив на црквата кршејки ги прозорите во делот кај олтарот. Кога го видел сето ова стариот монах рекол во себе:„Овој не е Божји човек, бидејки на крчма се клаља а на црквата со камења фрла!“. На третиот ден, утрото поминувајки покрај некое село, поминале покрај некоја куќа, покриена со слама, и виделе на тремот пет деца како плачеле. Стариот монах извадил нешто од торбата и им дал на децата, а децата им кажале дека претходниот ден, ја погребале мајка им, а минатата година им починал и таткото. Само што заминале, стариот монах се вратил и им ја запалил куќата. На ова многу се налутил стариот монах, но сепак морал да се воздржи од коментари поради својот завет. Вечерта пристигнале во Александрија и на влезот наишле на некоја убава куќа, и младиот монах веднаш се нафрлил на куќата уништувајки ја и кршејки се што може да се скрши. Неможејки веќе да се воздржи стариот монах, а и веќе биле стигнале во Александрија така што веќе не го кршел заветот, му се свртел на младиот монах и веднаш почнал да го обвинува за неговите злодела: -Ти да ми кажеш мене, дали си човек или ѓавол. На ова младиот монах го запрашал: -Што лошо направив Оче? -Зошто го украде сребренот сад на браќата кои не примија со големи почести? -Зар мислиш дека направив лошо? Не! Таму направив три добри дела. Тој сребрен сад беше петолебница, од црквата на тоа село. Ја беше украл нивни прадедо, а браќата не знаеа за тоа. На неа беше напишано на црквено писмо „Ова е дар од таја и таја фамилија, и кој ќе ја отуѓи од црквата, да биде во пеколот додека не ја врати.“. Поради тој сад, девет души се во пеколот, а сега требаше и тие да одат во пеколот бидејки и тие ја користеа. И мене ми беше жал, но и мене не ми беше потребна, па затоа и ја фрлив во водата, а таму се капи црквениот служител, и бидејки тој го познава црквеното писмо, кога ќе ја пронајде ќе прочита и ќе ја однесе кај црковниот свештеник, кој ќе ја врати во олтарот. Со тоа 9 души ќе се избават од пеколот, браќата нема да одат во пеколот, и садот повторно ќе биде во црквата. -А кога го уби детето и тука ли добро дело направи? -Да! -Како, уби дете а велиш дека направи добро дело!? -Застани, и не суди според разумот! Тоа дете беше зачнато на денот на Христовото Воскресение. Бидејки родителите не се воздржаа на денот на Христовото Воскресение, по Божји суд детето ќе биде разбојник и на својата 20 година ќе ѓи убие своите родители, и многу проблеми ќе прави на светот, бидејки е зачнат на така голем ден. Јас и овдека направив три добри дела, спасувајки ја душата на детето и испраќајки ја чиста на небото, ѓи спасив родителите од убиството од страна на нивното дете, а родителите со плачот за нивното мртво дете ќе им се опрости нивниот грев, кој го направија на денот на Христовото воскресение. И ти ми викаш дека сум направил зло? -А зошто тогаш го уби кучето на домаќинот? -И таму направив добро дело.Кучето го чуваше домот на домаќинот, но наредниот ден требаше да побесни и кога домаќинката ќе му носи јадење, кучето требаше да ја касне. И бидејки не примија, зарем требаше да дозволам кучето да ја касне домаќинката? -А зошто се крстеше и клањаше на крчмата!? -И таму направив добро дело.Во крчмата се беше собрале, црковниот служител, некој богат кенз, и некој добар домаќин. Тие сакаа да ја возобноват разрушената црква во селото. И во моментот кога поминувавме, рекоа „Помогни ни Господи да ја изградиме црквата! Иако беа во крчма, луѓето сакаа да направат добро дело, па за тоа јас се прекрстив три пати и се поклонав, и реков „Господе помогни им да ја изградат црквата!“. -А зошто тогаш фрлаше со камења на црквата!? -Бидејки црквата беше разрушена, на Божјата трпеза, ѓаволи играа и се смееа бидејки беше запустен Божјиот Дом. Јас ги благословив камењата,и не мавав на црквата, туку ги бркав ѓаволите. -А зошто тогаш им ја запали куќата на сирачињата!? -Мене ми беше повеќе жал, околку што ти беше тебе! И направив добро дело. Децата останаа сирачиња да живеат во таа колибка, незнаејки дека во тремот на колибката има закопано богатство од нивнот прадедо.Кога ќе почнат да си ја градат куќата, ѓе го најдат богатството, и нема да живеат во сиромаштија. И ти викаш дека направив лошо дело! -А зошто тогаш ја искрши убавата куќа!? -Таа куќа беше изградена од крадени пари! И бидејки е изградена со крадени пари Бог заповеда: „Пошто е направена со туѓ труд, во оваа куќа маш и жена да не живеат. Жената која која живее тука треба да умре на пороѓај, така да мажот ќе остане сам.“ А со тоа што јас ја искршив куќата, домаќините ќе си изградат помала куќа со сопствен труд и жената нема да умре на пороѓај!. И ти викаш дека направив лошо дело!? Тогаш стариот монах го запрашал: -А сега да ми кажеш што си ти бидејки имаш ваква мудрост, и големи чуда направи? -Ќе ти кажам ако ми кажеш што бараше од Бога во молитвата твоја? -Јас веќе неколку години се молам на Бога да ми ѓи покаже неговите судови, бидејки мислам дека Бог допушта големи неправди. -ДА?Зар не си слушнал од пророкот Исаија? Колку се небесата високи од земјата, и колку е Исток одалечен од Запад, толку се и судовите мои повисоки од судовите ваши, и мислите мои од мислите ваши, синови мои. Како си се осудил ти, еден човек, да ги осознаеш судовите Божји, кои ни архангелите, ни херувимите не ги знаат? Но Бог е добар и не сакаше да те сотре, но ги услиши твоите молитви и ме испрати мене да ти ѓи открие судовите негови. А ти мене ме обвинуваше, и ми судеше, но твоите судови се различни од Божјите. Отсега да не судиш, и што и да видиш речи: Господи, ти се знаеш.Јас не ги познавам судовите твои. Свети оче, никој човек повеќе да не се осуди да ги испитува судовите Божји. Но бидејки си човек Бог ти прости и те удостои да ги осознаеш судовите негови. Од оваа приказна гледаме дека сето она што во светот изгледа криво и злобно, за нас за Бога не е така, бидејки не ги знаеме судовите негови. Не го испутувај неиспитливото, и не го барај да го достигнеш недостижното. АМИН. Извадок од книгата: Старец Клеопа, Бог е Голем!
Народот отсекогаш верувал во моќта на свети Наум да го излекува оној од кого лекарите дигнале рака, да им помогне на неротките да имаат пород, да ги усреќи несреќните. Но, свети Наум лекува и оддалеку и надалеку. Се споменува излекувањето на една Американка. Во 1986 година таа тешко се разболела. § немало спас, а лекарите кренале раце од неа. Четири дена била во кома и кога се освестила, на роднините им рекла да прашаат дали некаде во Југославија има црква „Свети Наум“. Им објаснила дека на сон и' дошол еден светец и и' рекол: ’Ако сакаш да оздравиш, на ’Свети Наум‘ во Југославија вети му нешто’. Нејзините блиски се обратиле во тогашната југословенска амбасада во САД и откако дознале за охридскиот манастир, испратиле пари. По извесно време, Американката оздравела и испратила писмо во кое подробно го објаснила случајот, а владиката го прочитал на празникот по службата во манастирот.
Среброљубец посрамен со чудо на светителот Некој трговец од Охрид, среброљубец и скржавец, дошол во манастирот за славата манастирска. Па гледајќи како многу богомолци, посиромашни од него даваат прилозиза манастирот, решил да даде една златна лира. Одвоил од кесето една лира, ја ставил во посебен џеб и пошол во црквата. Но кога влегол во цркват, наеднаш се поколебал во намерата. Му било жал да се раздели од парата. Некој пати ја земал лирата од џебот, но пак ја враќал назад. Најпосле излегол од црквата и не оставил никаков прилог. Кога се враќал со чамец за Охрид, удрил со раката во џебот, каде му стоела одвената лира, но, лира џебот немало ! Трагал секаде по својата облека, но лирата ја немало. Го извадил кесето и ги преброил парите – недостасува една лира ! Така ожалостен се вратил дома. После неколку дена добил писмо од игуманот, во кое овој му се заблагодарил на приложената златна лира. Тој многу се зачудил, бидејќи бил потполно свесен, дека не дал пари. Во една прилика се состанал тој со игуманот, и го прашал за оваа работа. Игуманот му одговорил, дека некоја жена ја донела златната лира и ја предала од негово име. ‘ Таа жена само ме молеше, да ти одговорам за приемот на парите. И јас тоа г сторив.’ Зачуден трговец ја виде во тоа таинствената моќ на Свети Наум, се засрамил, и му раскажал на игуманот се што било. Исто, го замолил игуманот да се помоли за него за Свети Науму да прости. Не ја сакал Свети Наум лирата на трговецот, туку спасението на неговата душа . Правејќи го ова чудо светителот со тоа го посрамил и излечил од среброљубие. Свети Наум е познат како исцелител од лудило. А среброљубието, како и секоја друга страст, е своевидно лудило.
Исцелување на сумашедшиот Поп Стеван Ѓорѓевиќ од Охрид го раскажува овој случај, на кој бил очевидец: “Во 1900 годинa седевме неколкумина после службата Божја под настрешницата пред црквата манастирска. Во манастирот во тоа време беше некој младич Ѓорѓи од Епир. Пред неколку недели негови роднини го довеле и оставиле во манастирот. Беше е совршено безумен и вон себе. По цел ден трчал околу црквата без одмор, бладал, зборувал без врска, не барал ни примал никаква храна, а одел је безмалку гол. Додека седевме и разговаравме Ѓорѓи неколку пати го оптрчал манастирот. На нас не обрнуваше внимание, како и да не постоиме. А и ние, веќе навикнати на неговото однесување, не обраќавме внимание на него. Ама наеднаш тој застана спрема нас и почна благо да ја врти главата кон вратите на црквата како да гледа некого. Потоа ги протри со рацете очите и лицето свое, го насочи својот поглед на нас и праша: -Каде сум ? Ние му одговоривме: во манастирот на свети Наум. Како ти е Ѓорѓе ? Тогаш тој кажа: - Бев во некој голем пламен. Пламенот одеше од појасот па нагоре кон главата. И целата глава ми беше во пламен. Но сега еве дојде пред мене еден старец, како свештеник, застана пред мене и дувна во пламенот. Сега пламенот го нема. А старецот влезе во црквата. Потоа Ѓорѓе погледа на себе, па почнал да навлекува некоја крпа, која му висела низ бедрата. Му донесоа преслека. Тој се облече. После два до три дена го пуштија од манастирот, и тој сам отиде дома. По силата, која Бог ја дарува на своите светители, и по човекољубието свети Наум наеднаш го исцелил овој човек. Слава на Бога и на Неговиот угодник светителот Наум !
Исцелување на двајца бесомачени Манастирот на свети Наум особено е прочуен заради исцелување на многу бесомачени и епилептичари. Не мора човек да се распрашува за разни случаи на такви исцеленија, за кои нема веќе живи сведоци. Доволни се и новите многубројни случаи, кои може да ги потврдат живи сведоци. Така, Јанко Димитријевиќ, чунар од Охрид, кажува, дека бил очевидец, кога довеле во манастирот двајца полудени браќа од Јабланица. Постариот Цветан, имал окови на нозете, и бил врзан со јажиња. Прво нега сам гозатвориле во мрачната црквена ќелија, и го заклучиле. Тој до полноќ се дерел и викал на цел глас, а од полноќ се смирил. Утредента го извеле од ќелијата мирен и потполно свесен и здрав. Кога го прашале: зошто до полноќ се дерел и викал, а после се смирил, тој одговорил: ‘не знам ни дали сум викал, ни зошто сум викал. Ништо за себе не знаев, додека не дојде кај мене еден човек на бел коњ и јуриша на мене за да ме прегази. После тоа заспав.’ И тоа му било прво спиење воопшто после долго време. Потоа го затвориле и другиот брат. И тој се исцели. И после два-три дена обајцата здрави си отишле дома. Светителот не дозволува да го украдат Еднаш дошле некои калуѓери од Грција да ги украдат моштите на свети Наум. Игуманот ги примил и угостил незнаејќи за нивната намера. Уште им дозволил, по нивната желба, да преноќат во гробницата на светителот. Таа нивна желба нималку не го зачудила игуманот, бидејќи многу болни и поклоници тоа го прават. После вечерата тие влегле во гробницата со своите торби, во кои под книгите биле лопати, ашови и други справе за рушење и откопување на гробот. Се заклучиле однатре, и кога сите заспале во манастирот, ја почнале својата работа. Но никако не им тргнало. Тие успеале, само да скршат од каменот на гробот. Одеднаш рацете целото тело им се фатиле, така што не мжеле да се помрднат, туку секој останал во онаа полжба во која се затекнал. Утредента параклисарот сакал да влезе во црквата но не можел. Тропал, тропал, но залудно. Му јавил на игуманот. Сите се собрале, па некако ја отвориле вратата. Кога во гробницата има и што да видат. Сликата била невидена и страшна. Калуѓерите крадци стоеле, клечеле, или седеле како камени кипови. Како кој замавнал со својата справа да удри во плочата, така се фатил и останал како скаменет. Почнал да ги викаат и тресат – но тие само укочено гледале. Игуманот са браќата брзо припаднал на молитва. Молитвата траела долго, додека крадците најпосле не се отпуштиле и помрднале. Им се одврзал и јазикот, и тие со срам и покајание го исповедале пред сите она што веќе било јасно. Кажале уште, дека некој на тоа ги наговорил. Потоа отишле од манастирот. Фалејќи и благословувајќи го Бога и проносувајќи ја славата на свети Наум чудотворец по светот. Илјада години лежат моштите на светителот во манастирот. Повеќе пати правени се и чесни и нечесни обиди, да се поместат, но секогаш без успех.
ПОМОШ ОД АРХАНГЕЛОТ МИХАИЛ ЗА ВРЕМЕ НА ОПЕРАЦИЈА Едно од чудата на Архангелот Михаил е исцелувањето на момчето Василиј Карастирис, на чија што операција присуствувал Архангелот. Играјќи, Василиј, паднал и сериозно си ја повредил главата. Го донеле во болница каде што докторите дијагностицирале: слепило и потполна парализа на ногата и раката. Дежурниот во болницата ги повикал родителите на несреќното дете, кај себе во кабинетот и им рекол: - Состојбата на момчето е мошне тешка. Неопходна е итна операција, но ќе бидам отворен, има многу мали шанси таа да успее. Еден до два отсто, ништо повеќе. Треба веднаш да се донесе одлука, додека постојат сеуште било какви можности. На мајката и се сторило дека земјата се отвара под нејзините нозе. Таткото запрашал: - Докторе, зарем не постои друга можност? - За жал, не. - Одговорил докторот. Не размислувајќи долго, таткото дал согласност за операција. Додека детето го подготвувале за операција, како што после тоа детето само раскажуваше, ги покриле неговите очи, но темнината исчезнала и се појавила светлина: видел храм со големи сводови и фасада обложена со црвен камен. Од отворените врати на храмот излегувала заслепувачка светлина. Василиј се приближил до вратата и ... што видел! Преубав младич, озарен со светлина, ги подавал рацете кон него и повикувал: - Дојди ваму Василиј! Не се плаши, ќе оздравиш. Јас ќе ја водам раката на докторот и операцијата ќе биде успешна. Детето му пришло на младичот кој го повикувал, паднало на колена, ги гушнало неговите нозе и ја потпрело повредената глава на неговата лева нога. Младичот ја испружил раката и нежно го милувал детенцето. Пред исчезнувањето на видението, детето успеало да забележи во длабочината на храмот, темна икона со сребрена рамка. Операцијата се завршила успешно. Видот и движењето потполно се вратиле. Тоа се случило на 21 ноември, на празникот Свети Архангел Михаил. Успехот на операцијата докторите го сметале за чудо. Поминале години. Цело тоа време Василевото семејство залудно го барал оној, кој што на нивниот син му го вратил здравјето, додека еден ден, во една емисија на телевизија, Василиј го препознал храмот од своето видение. Со мноштвото поклоници тој отишол на Мандамадос и го посетил храмот на Светиот Архистратиг Михаил, принесувајќи му искрени солзи на благодарност.
ДА верувам,бидејќи ми се има случено. Се занимавам со коњички спортови и на велика сабота отидов на јавање скокав со коњот и наеднаш коњот тргна да ја скока пградата од мањажот(место каде што се јава) која е висока 1.50 м јас паднав ја пуков кацигата од толку силен пад имав од шок амнезија ме однесоа на доктор докторите се чудеа како немам ништо повредено на тој голем пад немав ништо скршено или набиено
Една девојка сонила сон како нејзиниот помалечок брат го тепаат и измачуваат некои пијани момчиња. Тој сон толку ја потресол, што таа истиот и го кажала на својата баба. Само што го слушнала тоа, бабата воздивнала и лажицата која ја држела во своите раце ја испуштила од возбуденост. Се испоставило дека и таа го сонила истиот сон. По извесно време се враќа дома и мајката на девојката. Само што слушнала и таа се зачудила. На крај излегло дека и мајката го сонила потполно истиот сон. Како го мачат, тепаат синот, а тој паѓа на земја целиот во крв. Сите три стојат заедно и се шокирани. Во меѓувреме си доаѓа и момчето од факултет. Им кажува дека ќе оди кај свој другар на гости и дека нема шанси да ги послуша нивните предупредувања. Па така заминал. Мајката, бабата и сестрата, сите се разделуваат во своите соби. Не знаејќи како да помогнат, сите започнуваат да се молат. Истиот ден (поточно наредниот), во еден часот по полноќ, ѕвони некој кај нив. Кога гледаат, тоа бил тој, момчето. Сите зачудени го запрашуваат, зошто се вратил? А тој само им одговорил дека се предомислил. Се напил една чаша вотка, за да се смири малку, а потоа заминал да спие. Утрото им раскажал што всушност се случило. Кога влегол во воз да патува, во неговото купе влегла една жена, која седнала спроти него. Не била толку соодветно облечена како за зима, но она што запомнил е дека носела марама на главата. И цело време чудно го гледала, со своите карактеристично сини очи чиј поглед како да го вкочаниле . На другата станица, влегле неколку крупни и пијани момчиња. Постојано пиеле алкохол, гласно разговарале и пцуеле. Само што седнале, жената го фатила под рака момчето и тивко му рекла: Одиме! Слегле на следната станица. Момчето само што се симнало од возот, погледнало назад и видело дека тие пијани момчиња, започнале меѓусебно да се тепаат. Избезумен од страв се завртел, но до него немало никој. Ја снемало жената што била заедно со него. Така, веднаш се качил на друг воз и си заминал за дома, шокиран од се што се случило. По извесно време, сестрата го однела својот брат да се поклонат пред моштите на една светителка. Само што влегол во капелата каде биле положени нејзините мошти, момчето останало зачудено гледајќи ја иконата на светителката. Со побледени усни од возбуда и со тивок глас прошепотило: Господи, тоа е таа!!! На крај девојката, бабата и мајката признале меѓусебно дека тој ден кога сите три се молеле, истовремено се молеле на една иста светителка, на Св. Ксенија Петроградска. Спојлер
Верувам. И ќе верувам. Не се сеќавам баш убаво, затоа што, оддамна ми го имаат кажано. Баба ми, неможела 10тина години, да има деца. Потоа на сон, сонила некого од светците. Таа се нишала на лулашка, до некое море. Светецот, и подал 2 јаболки. И после извесно време, баба ми, ги родила вујко ми, и мајка ми. А сега, кога го прочитав ова, и кога слушнав на вести, се наежив цела.. http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?m ... ntId=89744
Баш ме зачуди ова со иконите Којзнае дали е вистина. Можеби сакаат само да привлечат внимание и верници а можеби и навистина е чудо..
Дури и кога би било чудо, што понатака со тоа? Исус кога ги правел тнр. чуда(исцелувања, будење од „мртви„, нахранување на илјадници луѓе и тн.) ги правел за да им помогне на луѓето а не за да ги фасцинира или да придобие верници.
Некој ако не верува што и да се случи никогаш нема да поверува. Ќе најде некое логично, научно објаснување. И самиот Исус да се симне и да застане пред неверникот и да му рече Јас сум Исус, тој ќе рече, аха, да, се зафркава некој со мене. Јас верувам во вакви работи, верувам во Господ. Знам на мајка што ќе и се случеше и како се спаси. И фала им на светците и на Господ.
И јас верувам во Господ, верувам и во чуда, ама ова баш и не ми личи на некое чудо направено од светец. Нели и самите кажаа на вестите дека црквата подолго време не била достапна за јавноста што значи дека слободно можеле да ги обноват иконите без никој да забележи.